fbpx
Таг: Јавно обвинителство

таг: Јавно обвинителство

Обвинителството ќе им дозволи на тројца онколошки пациенти да имаат увид во предистрагата

Обвинителството денеска ќе побара од неформалната организација преку која пациентите ги изнесуваат своите барања да избере тројца онколошки пациенти кои во текот на целата постапка ќе имаат директен увид во прибраните докази и во преземените дејствија. Пациентите ќе треба претходно да потпишат изјави со кои ќе се гарантира тајноста на постапката и на личните податоци во кои ќе имаат...

Онколошките пациенти влегуваат во обвинителството: Бараме вистина и одговорност!

По завршените работни обврски и два родителски состанока, 41-годишната Ана Марјановиќ и вчера, трет ден по ред, со своите „соборци“ стои со транспарентот во рака пред Јавното обвинителство, барајќи одговори за случајот со Клиниката за онкологија - дали имало злоупотреби со терапиите што ги примале пациентите болни од рак и дали ќе има одговорност. Како пациент на клиниката, дијагностицирана...

Раководството на Клиниката за онкологија и друг лекарски и медицински персонал соработува со обвинителството

Во предистражната постапка за евентуални злоупотреби на Клиниката за онкологија соработува и помага и раководството на Клиниката за онкологија, но и друг лекарски и медицински персонал, информираше денеска Јавното обвинителство, по објавите во медиумите дека терапијата за болните од рак, а особено скапата биолошка терапија, била препродавана на црниот пазар од вработени на Клиниката. Од обвинителството ги охрабруваат сите...

Jавно обвинителство: Лани имало посложени облици на организиран криминал

Двојно поголем е бројот на лица кои се опфатени со посебни истражни мерки во однос на претходната година, покажува Извештајот за примена на посебните истражни мерки во текот на 2022 година што го објави Јавното обвинителство и го достави до Собранието на Република Северна Македонија. Истовремено, бројот на случаи во кои се применети вакви мерки е намален, што директно укажува...

Уапсен скопјанец под сомнеж дека учествувал во купувањето на возилото за двојното убиство во „Шиша бар“

Полициски службеници од СВР Скопје заедно со специјалната единица „Тигар“ и Секторот за меѓународна полициска соработка - Отсек потраги извршиле претрес на дом и го привеле Г.М. (31) од Скопје, кој бил баран со потерница од надлежното обвинителство во врска со убиството во кафе бар „Шиша бар“ во Скопје што се случи на 6 март годинава. Тој е задржан во...

Притвор за осомничен за силување дете во гевгелиско

Јавен обвинител од гевгелиското обвинителство донел Наредба за спроведување истражна постапка против лице со двојно македонско и холандско државјанство, поради сомнение дека сторил кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“. Според обвинителството, осомничениот, на 4 август, во неговата куќа во гевгелиско, извршил полово дејствие врз дете родено 2011 година, искористувајќи го моментот кога детето останало само со...

Обвинителството ги утврдува причините за сообраќајната несреќа во која загина пешак

Извршен е увид на лице место, прибрани се траги и обезбедени се снимки од видео надзор. Возачите на двата автомобила се задржани на лекување, велат од Јавното обвинителство, по вчерашната стравотна сообраќајна несреќа на улицата „Словенечка“ во Скопје во која загина пешак. Од обвинителството велат дека се работи на утврдување на причините за несреќата. Сообраќајната несреќа се случи синоќа во 23.20...

Обвинителството ќе испитува дали и зошто Груби користел возило кое формално не е негово

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издал наредба да се обезбеди документацијата за начинот и времето на стекнување, сопственоста и користењето на возилото кое вчера околу 3,30 часот утрината беше опожарено, а се тврдеше дека е во сопственост на првиот вицепремиер Артан Груби, соопштија од обвинителството. Иако, според МВР, возилото марка „ауди“ се води на името на соседот на...

Контраспин: Наместо фронт за борба против корупцијата, фронт против ДКСК

Во еден ден негативни реакции против ДКСК дојдоа од четири места од ЈО (жестока), од МВР, од ДИК (жестока), од Државно правобранителство, а ден претходно и од градоначалничката на Скопје. Повод – наодите и заклучоците на ДКСК за три предмети – (не)извршување на заплена на имот во случајот Труст (милионски суми во евра), сомнежи за кражба на лични податоци...

Обвинителството истражува убиство во велешко

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против 25 годишен жител на селото Виничани, за кого постои основано сомнение дека со умисла лишил од живот едно лице, со што сторил кривично дело  Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик, инфомираат во Обвинителството. „На 19 јули настанала вербална расправија за водоводна цевка во селото меѓу таткото...

Институциите им „раскинуваат“ на антикорупционерите по вчерашното отворање предмети за корупција

По вчерашната седница на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), на која беа иницирани повеќе постапки каде постојат сериозни сомнежи за криминални дејствија, со реакции се јавуваат и министри и институции, но и Јавното обвинителство - сите ги отфрлаат наодите и сомнежите на антикорупционерите и меѓу редови соопштуваат дека соработката ќе се сведе на минимум. По оценката на ДКСК...

Обвинителството ја замрзна соработката со Антикорупциската комисија

Јавното обвинителство ја оцени како целосно беспредметна и непотребна иницијативата на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во врска со конфискацијата на имотот во предметот „Труст“. Од обвинителството излегоа со тврдење дека ги замрзнуваат сите активности предвидени и со меморандумот што го потпишаа пред три дена со Антикорупциската комисија. Иако јавниот обвинител на Љубомир Јовески пред три дена, на...

Уапсени 15 лица за проневера на 840.000 евра, меѓу нив и ексфункционерот на ДУИ, Исмет Гури

Обвинител донел наредба за спроведување на истражна постапка против три фирми и 15 лица, меѓу кои и поранешниот функционер од ДУИ, Исмет Гури, неговиот син и вработени во УЈП. Од обвинителството тврдат дека станува збор за повеќемесечна предистражна постапка координирана од јавен обвинител од обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а денеска од страна на МВР била...

Мазнева не пријавила ниту во МВР ниту во обвинителството дека вработени земале плата, а не оделе на работа

Ниту во Министерството за внатрешни работи, ниту пак во Јавното обвинителство нема евидентирани кривични пријави, во врска со лицата за кои директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Мазнева-Николиќ, изјави дека живеат во Германија и Швајцарија, а земаат плата од Комунална хигиена. Мазнева ова го изјави на заедничката прес-конференција со Данела Арсовска, градоначалничка на Град Скопје, по драматичните случувања во јавното...

Јавните обвинители со упатство како да постапуваат по ревизорските извештаи

Јавното обвинителство ќе изготви задолжително упатство со насоки до јавните обвинители за начинот како да постапуваат по ревизорските извештаи. Ова е заклучено денеска на работниот состанок меѓу главниот државен ревизор Максим Ацевски и заменик главниот државен ревизор Орхан Адеми со јавниот обвинител Љубомир Јовески и јавниот обвинител – раководител на Одделението во ЈОРСМ за соработка со други институции, Башким Бесими. Средбата...

Претреси на 24 локации и уапсени 18 лица во голема истражна акција за шверц на луксузни автомобили

Дваесет лица се сомничат, а 18 се уапсени во голема истрага на полицијата и на обвинителството. Во текот на ноќта и утринава, извршени биле претреси на 24 локации, запленети биле 14 автомобили и еден мотор, во вредност од половина милион евра. По две лица се трага и за нив ќе биде предложена мерка притвор во отсуство. Истрагата, како што соопшти...

15 луѓе, преку пет држави, за 11 споменици – истрага за тоа како се переле пари од „Скопје 2014“

Воинот на коњ, двата пара лавови, Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев, Методија Андонов Ченто, Цар Самоил, Јустинијан Први, АСНОМ, Основачите на ВМРО. Ова се единаесетте споменици за кои Јавното обвинителство, по долги години предистражна постапка, отвори истрага - сомнежите се дека 15 лица переле пари за нивното леење во Италија. Од буџетот на граѓаните се плаќале високи суми...

Латас и Лазаров не се чувствуваат виновни за изговореното во спорниот поткаст на Јутјуб

Драган Павловиќ-Латас и јутјуберот Стефан Лазаров на денешното судско рочиште рекоа дека не се чувствуваат виновни за обвинението за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем. Обвинението беше поднесено од Основното јавно обвинителство по објавениот поткаст на 14 февруари годинава, во кој Латас му беше гостин на Лазаров во поткастот. Латас рече дека не се чувствува виновен...

Обвинителството нареди истрага против косовски државјанин кај кого е пронајдено големо количество муниција

Основното јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 37-годишен државјанин на Косово со престојувалиште во Кондово, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Како што соопштија од Обвинителството, на 18 јуни,...

Обвинителен акт против 11 диви копачи на културно наследство

По истражна постапка што се спроведуваше од 13 декември минатата година, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднел обвинителен акт против 11 лица. Петмина од обвинетите, освен за кривичното дело „злосторничко здружување“, се товарат и за кривичното дело „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или културни реткости“, а...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...