fbpx
Таг: јавен радиодифузен сервис

таг: јавен радиодифузен сервис

ЕК извештај: Новинарите сè повеќе напаѓани и изложени на самоцензура, медиумите финансиски неодржливи

Општиот контекст останува поволен за слободата на медиумите и овозможува критичко известување на медиумите и покрај сериозните наоди кои се дел од овој извештај. Посебно влијание на работата на новинарите имаше кризата предизвикана од ковид-19 каде беше зголемена тензијата во секторот. Нападите кон новинарите се зголемија а ветената нулта толеранција не се оствари зошто степенот на неказнивност остана висок,...

Српската РТС се загуби во календарот: ВМРО-ДПМНЕ избра претседателски кандидат

Српскиот јавен радиодифузен сервис РТС вчеравечер на својата веб-страница објави вест за вчерашниот разговор на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на кој се договориле двата партнера од владејачката коалиција на претседателските избори на 21 април да излезат со заеднички кандидат. Оваа информација на РТС jа презедоа повеќе портали, без проверка. Пренесувајќи што пишуваат македонските медиуми...

ЕК: Има напредок во слободата на изразување, намален е притисокот врз новинарите

Климата за слободата на медиумите и слободата на изразување е подобрена, со поотворена политичка дебата и покритичко известување во медиумите. Забележан е пад во притисокот врз новинарите. Известувањето од изборните кампањи и поизбалансирано од порано. Владиното рекламирање е прекинато. Клучно е власта да практикува нулта толеранција кон сите инциденти на физички и вербални напади или закани врз новинарите, се...

МРД на расчекор меѓу амбисот и сериозен играч во емитување дигитални канали

Македонската радиодифузија (МРД), во изминатите години фукционирала со помалку од предвидените средства, поради ненаплатена радиодифузна такса, што довело до криза кога се во прашање поголемите инвестиции. Од друга, страна познавачите на оваа област се убедени дека МРД, за која сега ќе се одвојуваат средства директно од Буџетот, има доволни капацитети да емитува повеќе од трите канали на Македонската радио-телевизија....

Историско-барокните документарци „изеле“ 1,8 милиони евра од буџетот на МРТ

Документарните емисии и серијали со историска содржина изработени во копродукција со независни куќи, во периодот 2013 - 2015 „изеле“ вкупно 1,8 милиони евра, покажува истражувањето на БИРН за копродукциските договори склучени во 2013, 2014 и 2015 година. Снимените содржини се аудиовизуелен одраз на архитектонското „Скопје 2014“, односно обид преку малите екрани да се пренесе пораката за „библискиот“ народ со континуитет...

МРТ и понатаму на врвот на листата на должници кон УЈП

Јавниот радиодифузен сервис - Македонската радио-телевизија (МРТ) - повторно е на врвот на листата на должници кон Управата за јавни приходи (УЈП). Во најновиот список на должници кон УЈП, за побарувањата доспеани до 31 август, а неплатени до 30 ноември годинава, е наведено дека МРТ должи 105.573.870 денари (1,712 милиони евра) за данок на добивка, како и 26.862.255 денари (435.720...

Програмите на МРТ на јазиците на националностите едвај составуваат крај со крај

„Ромската редакција во МТВ има само еден човек, за програмата на српски јазик ангажирани се еден или двајца. Вработените во редакциите на помалите етнички заедници и во телевизијата и во радиото на јавниот радиодифузен сервис честопати работат во руинирани простории, без доволно столчиња и бироа, а тешко доаѓаат до техника и камери. Се чувствуваат изолирани и другите, а демотивирани...

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...