fbpx
Таг: јавен превоз

таг: јавен превоз

Прво нов ГУП, потоа изведба на Park & Ride терминали за решавање на паркирањето во Скопје

Изградбата на патничките транспортни терминали во Скопје ќе ја чека изработката на новиот Генерален урбанистички план за периодот 2022-2032 година. Популарните Park & Ride терминали во македонскиот главен град се ветија пред една деценија, но до денешен ден не се изградија на влезовите во Скопје, каде би можело да се паркира возилото и од таа точка да се продолжи...

Поради ковид-19, со јавниот превоз во Скопје лани превезени за 30 милиони патници помалку [инфографик]

Ковид-19 пандемијата предизвика намалување на бројот на превезени патници во скопскиот јавен превоз на историски најниско ниво. Автобусите на ЈСП-Скопје и на приватните превозници лани превезле 27.709.556 патници, што е за речиси 30 милиони патници помалку во споредба со 2019 година. Во годината пред ковид кризата, јавниот превоз во Скопје го користеле над 57,2 милиони патници. Статистичките податоци покажуваат дека...

Идејниот проект во март, се чека на Собранието за потпишување на договорот за „трамвајот на тркала“

Градот Скопје во текот на март очекува да го добие идејниот проект и пропратната документација за првата линија на брзиот автобуски систем (БАС) во Скопје на потегот од Ѓорче Петров до Ново Лисиче. Градските власти за „Мета.мк“ велат дека немаат никакви најави за доцнење во изработката на идејниот проект, за кој беше склучен договор за проектирање минатата есен. По изработката...

Порталб: По најавите за протести, Теута Арифи најавува промена на цените за јавниот превоз во Тетово (инфографик)

Три дена откако студентите и студентските организации од Тетово најавија протести и го искажаа својот револт поради фактот дека во ценовникот за јавен превоз немаше ставка со која се предвидени олеснување на цените за младите, туку само за јавната администрација, градоначалничката Теута Арифи, оствари средба со претседателот на Студентскиот парламент во УЈИЕ, Агрон Демири, по што Арифи изјави дека...

Старите велосипеди се продаваат, нема нов систем за изнајмување велосипеди во Скопје

ЈП „Градски паркинг“ - Скопје ќе продава 4 тротинети, 7 електрични велосипеди и 22 обични велосипеди кои беа набавени за изнајмување од страна на граѓаните, јавува СДК.МК. Станува збор за велосипеди кои беа дел од претходниот проект „Изнајми велосипед“ кој стартуваше во главниот град пред повеќе од 10 години. Освен дека ќе бидат отуѓени по пат на јавно наддавање,...

Порталб: Студентите во Тетово ќе плаќаат за јавен превоз повеќе од административците, најавуваат протести

Усвојувањето на ценовникот за јавен превоз во Тетово денеска беше проследено со реакции на студентите и студентските организации, бидејќи цените за студентите се поскапи од оние за општинските административци, а не беа прифатени предлозите на советниците за движење БЕСА и Алијанса за Албанците за олеснувања за студентите. Директорот на ЈП „Тетово Транспорт“ ја остави отворена можноста за промени во...

Пеш или на велосипед кога е чисто, во автобус кога е загадено се најдобрите опции за што помала изложеност на ПМ честички

Пешачење или возење велосипед е најдобрата опција за движење кога загадувањето на воздухот е мало, но и обратно, тоа се најризичните изложувања на ПМ честичките кога аерозагадувањето е во високи концентрации, покажува истражувањето експертски тим на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип во соработка со Центарот за климатски промени, во кое се испитуваше персоналната изложеност на загадување на луѓето на...

Порталб: За 9 дена Тетово треба да има пет градски автобуси, aко не ги донесат ќе има казни

Остануваат девет дена од крајниот рок кога петте автобуси за јавен превоз треба да пристигнат во Тетово. Претседателот на Советот на општината, Беким Мемети, за „Порталб.мк“ изјави дека автобусите ќе пристигнат на време бидејќи во спротивно, ќе има казни за соодветната компанија. „Рокот од датумот на потпишување на договорот до датумот на испорака на автобусите е шест недели, тие сè...

Јавниот превоз во Скопје од 1 до 3 јануари ќе сообраќа по неделен возен ред

Јавното сообраќајно претпријатие -Скопје (ЈСП Скопје) информира дека в петок (1.01.2021 година), возилата од јавниот превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред, при што првите вклучувања на возилата ќе бидат подоцна од воообичаеното, по 6:30 часот наутро на градските линии, односно по 7 часот на приградските линии. Распоредот на првите вклучувања на сите градски и приградски линии,...

Скопскиот јавен превоз со преполовен број патници, да се мисли како да се врати довербата по ковид-19 [инфографик]

Ковид-19 пандемијата го преполови бројот на превезени патници во скопскиот јавен превоз. Во периодот јануари-септември 2020 година, со автобусите на ЈСП-Скопје и на приватните превозници се превезени 16,1 милиони патници, што е за 15.434.000 патници помалку во однос на идентичниот период лани, се вели во Извештајот за остварените резултати од работењето на ЈСП-Скопје во периодот јануари-септември 2020 година. Опаѓањето...

Јавен систем за самоизнајмување велосипеди во Скопје и догодина нема да се имплементира

Жителите и посетителите на Скопје и догодина нема да можат да користат јавен систем за самоизнајмување велосипеди. Скопје е еден од ретките европски главни градови во кои нема ваков систем што треба да ја надополни понудата за патување со јавен превоз, кој би им овозможил на граѓаните евтино и едноставно да изнајмат велосипед на една локација и да го...

НаТочак: Бројот на скопјани што користеле велосипед се зголемил во корона кризата

Итни мерки во јавниот простор во насока на стимулирање на велосипедскиот и пешачкиот сообраќај се потребни во Скопје, покажува онлајн анкетата на 1.615 испитаници спроведена во периодот од 8 до 22 ноември од граѓанската иницијатива НаТочак и Одржливи иницијативи во рамките на проектот „Да зборуваме за климатските промени“, спроведуван од Еко Свест, ЦНВП Македонија и ДЕМ, а финансиски поддржан...

Потпишан договорот за градски автобуси за Тетово, се очекува да пристигнат за шест недели

Договор за набавка на пет автобуси кои ќе се користат за јавен превоз на граѓаните во општина Тетово е потпишан вчера, а, според договорот, автобусите треба да пристигнат во Тетово во рок од шест недели. Како добавувач е избрана  компанијата „АутоМакедонија“ со седиште во Скопје, пишува Порталб.мк. Една недела откако Министерството за финансии го одобри барањето на Општина Тетово за...

Полицијата вчера открила 43 технички неисправни возила за јавен превоз низ земјава

Министерството за внатрешни работи (МВР) во вчерашната акциска контрола за техничката исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници открила 43 прекршоци низ целата земја. Притоа, најмногу прекршоци се откриени на територијата на СВР Тетово, каде законски биле санкционирани 24 технички неисправни возила, и тоа 7 во Тетово и 17 во Гостивар. Од нив, 17 возила веднаш биле...

Ковид-19 за девет месеци донесе огромни штети во превозот на патници во земјава [инфографик]

Како последица на ковид-19 пандемијата, превозот на патници во земјава руши негативни рекорди. Авиосообраќајот, железничкиот транспорт, меѓуградскиот и меѓународен автобуски превоз, како и јавниот превоз во градовите, бележат огромно намалување на бројот на превезени патници во првите девет месеци од годинава, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во периодот јануари-септември 2020 година, градско-приградскиот превоз го користеле 31.210.000 патници, а...

Владата го усвои, предлог-законот за финансирање на „трамвајот на тркала“ во Скопје оди во Собранието

Владата на вчерашната седница го утврди текстот на Предлог на законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) по Договорот за заем за финансирање на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“, информираат од владината прес-служба. Од ЕБОР побаравме кредит од 70 милиони евра за изведба на двете...

Ако се почитуваат мерките, ризикот од КОВИД-19 во автобус или воз е минимален

Јавниот превоз во земјава трпи сериозни штети од ковид-19 пандемијата, а веќе подолго време се посочува како ризична локација на која може да се пренесува корона вирусот меѓу граѓаните. Владата на крајот на октомври воведе мерка за ограничување на исполнетоста на возилата за превоз на патници до 50 отсто од нивниот максимален капацитет. „Мета.мк“ контактираше со дел од превозниците,...

Порталб: Кривични пријави против 14 превозници без лиценци во Тетово, „легалните“ автобуси никаде ги нема

Во Општина Тетово продолжува акцијата за казнување на нелегалните превозници. Во рок од околу еден месец, 14 лица беа фатени од полицијата како превезуваат патници, без дозвола за дејност. Потсетуваме, дека друго решение за превоз на патници од околните села нема, пишува „Порталб.мк“. Лицата кои биле фатени како нелегално ја вршат оваа активност, живеат во околните тетовски села, како и...

Активистичка акција во Тетово: Автобуси духови поставени пред новите автобуски станици

Со акцијата „За прв пат во светот, автобус дух!“, група активисти во Тетово поставија автобуси духови пред автобуските станици за чекање, коишто неодамна беа поставени во градот од Општина Тетово. „Поаѓајќи од досегашното искуство, се поставува прашањето дали автобуските станици ќе ги дочекат автобусите. Токму затоа, група активисти од Тетово, поставија автобуси духови пред станиците за чекање, кои ќе им...

Владата поради ковид-19 додели неповратна помош од 2,2 милиони евра за скопскиот јавен превоз

Фото: Борче Поповски
Огромните загуби од околу 4 милиони евра што ги предизвика корона кризата на ЈСП-Скопје, како последица на намалениот број на патници и приходи од продажба на билети доведоа до тоа Владата да одвои неповратни финансиски средства од околу 2,2 милиони евра за ова јавно претпријатие. На вчерашната седница беше донесена одлука за одобрување на средства од државниот буџет на...

ХДЗ освои најмногу гласови на хрватските парламентарни избори, но не и мнозинство во парламентот

Владејачката партија Хрватска демократска заедница (ХДЗ) освои 60 пратеничка места од можни 151 на вчерашните парламентарни избори во Хрватска, пренесува Гардијан. Ова се резултатите откако се изброија над 90...