fbpx
Таг: јавен превоз

таг: јавен превоз

Во јавниот превоз повторно санкционирани 59 возила, дури 27 од нив имале неисправни кочници

Полицијата упорна да ги санкционира транспортерите кои превезуваат патници со неисправни возила, но и дел од нив упорно продолжуваат да возат со превозни средства со кои можат да ја загрозат безбедноста на граѓаните. По неколкуте сообраќајни несреќи во кои учествуваа автобуси и комби возила, меѓу кои најтешката се случи во февруари 2019 година со автобусот на „Дурмо турс“ кај...

Ковид-19 предизвика финансиски штети во транспортот и во првиот квартал од годинава

Ковид-19 пандемијата продолжува да предизвикува финансиски штети и намалување на обемот на работа на транспортот во земјава. Според податоците на Државниот завод за статистика, во превозот на патници забележано е значително намалување на нивниот број во првите три месеци од 2021 година. Бројот на превезени патници во патниот патнички превоз изнесувал 580.000, во градско-приградскиот превоз 8.562.000, во железничкиот превоз...

Ковид кризата продолжи негативно да влијае на работењето на автобуските превозници во земјава

Автобускиот превоз во земјава и на почетокот од 2021 година со негативни резултати во работењето како резултатот на ковид-19 пандемијата. Во периодот јануари-март 2021 година, во градскиот превоз биле превезени 5.097.000 патници, во приградскиот превоз 3.481.000 патници, во меѓуградскиот превоз 546.000 патници, а со автобус надвор од земјава патувале само 34.000 патници, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Статистичките...

Од утре јавниот превоз во Скопје ќе функционира без ограничувања, по вообичаениот возен ред

ЈСП-Скопје информира дека скопскиот јавен превоз од утре (12 мај) ќе сообраќа без временски ограничувања, по вообичаениот возен ред на градско-приградските линии што е достапен на веб-страницата на ЈСП. Воедно, од Јавното сообраќајно претпријатие соопштуваат дека сите билетарници и центри за персонализација ќе работат вообичаено. „Посочениот режим е согласно денешната одлука на Влада на РСМ, од 12 мај забраната за движење...

Градската железница му е неопходна на Скопје за да се намали притисокот од урбанизацијата [фото+инфографик]

Скопските општини Карпош, Центар и Аеродром во изминативе неколку години се наоѓаат под засилен револт од дел од граѓаните, еколозите и активистите од невладините организации поради забрзаното искористување на преостанатите слободни јавни површини за изградба на нови станбени, деловни и комерцијални објекти. Недостигот на паркинг места, доволно зеленило, место за децата во околната градинка и училиште, локации за рекреација...

„Трамвајот на тркала“ ќе се гради со 70 милиони евра заем од ЕБОР, рокот за изведба е крајот на 2025 година

Најдоцна до крајот на 2024 година во Скопје ќе треба да профункционира линијата од Ново Лисиче до Ѓорче Петров на брзиот автобуски систем (БАС) во Скопје, додека втората линија од „трамвајот на тркала“ ќе се пушти во употреба во 2025 година. Ова го најави скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кој денеска заедно со министрите за финансии Фатмир Бесими и транспорт...

Железничките станици и стојалишта во Скопје – заборавени од времето и од надлежните институции [галерија]

И покрај ветувањата за нивна ревитализација од пред неколку години, железничките станици и стојалишта во Скопскиот регион се посебна хорор приказна за граѓаните кои патуваат со воз. „Мета.мк“ направи обиколка на дел од локациите на кои патниците треба да се симнат или качат на воз во главниот град и откри дека станиците и стојалиштата се наоѓаат во катастрофална состојба. До...

Град Скопје: „Брзите автобуси“ на две линии ќе ги поврзат Ѓорче Петров и Ново Лисиче, како и Бутел и Пинтија

Град Скопје соопшти дека за почетокот на спроведувањето на проектот за брз автобуски превоз во Скопје се очекува Владата да го потпише договорот со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) за заем од 70 милиони евра со рок на отплата од 15 години, како и експерти на ЕБРД да ја доработат техничката документација што ја подготвувале екипи на...

Со градска железница, би се патувало барем двојно побрзо во споредба со автобус во Скопскиот регион [инфографик]

Доколку во Скопје би постоела градско-приградска железница како средство за масовен превоз на патници, тогаш времето за патување до приградските населби околу главниот град би се скратило барем за половина во споредба со постојното времетраење на патувањата со градско-приградските линии на ЈСП-Скопје и приватните автобуски превозници. Споредбата на возните редови на ЈСП-Скопје и на Железници на РСМ-Транспорт покажува дека на...

Јавниот превоз од денеска ќе сообраќа до 20 часот, билетарниците на ЈСП ќе работат до 18:30 часот

ЈСП-Скопје информира дека од денеска, вторник, 6.04.2021 година, до вторник, 20.04.2021 година, јавниот автобуски превоз во Скопје ќе сообраќа до 20 часот, а билетарниците и центрите за персонализација на ЈСП ќе работат до 18.30 часот. „Режимот на јавниот превоз е согласно последната одлука на Влада на РСМ за забрана на движење на населението во период од 20 до 5 часот,...

Март помина, идејниот проект за „трамвајот на тркала“ во Скопје не е објавен

Проектантите доцнат со изработка на проектната документација или Градот Скопје тактизира со објавување на идејниот проект за првата линија од брзиот автобуски систем (БАС) на потегот од Ново Лисиче до Ѓорче Петров? Кога беше потпишан договорот со проектантите на почетокот од октомври лани, рокот за изработка на проектната документација беше договорено да биде 100 работни дена. Од градските власти првично...

За брз и квалитетен јавен превоз, на Скопје му се потребни итни инвестиции [видео+фото]

Македонскиот главен град веќе три и пол децении чека и не може никако да ја дочека изградбата на трамвајот. Годините минуваат, новите технологии забрзано се воведуваат во системите за масовен превоз низ градовите во светот, а идејата за изградба на класичен трамвај во Скопје замина неславно во историјата. Додека експертите, невладините организации, политичарите и граѓаните се расправаат за тоа дали...

Власта и опозицијата не се согласуваат околу изградбата на „трамвајот на тркала“ во Скопје

По речиси четири месеци лутање низ собраниските лавиринти, низ филтерот на Комисијата за финансирање и буџет денеска помина владиниот предлог-закон за задолжување на земјава кај Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за изградба на две линии од „трамвајот на тркала“ во Скопје. Владата го утврди текстот на предлог-законот за брзиот автобуски превоз-БРТ уште кон средината на ноември минатата...

„Скопска“ да носи поволности и да се плаќаат други услуги во градот, јавниот превоз со тоа ќе привлече патници

Електронскиот систем за наплата на билети и картичката „Скопска“ во скопскиот јавен превоз беше воспоставен во 2015 година и од тогаш до денес нема никакви измени во неговото функционирање, со исклучок на променетиот дизајн на картичките. За разлика од Скопје, околните главни градови од регионов воведоа многу поволности и нови услуги со ваквите картички за граѓаните, кои допринесуваат за...

Поради полицискиот час, ЈСП ги објави последните термини на поаѓања на линиите од јавниот превоз

ЈСП-Скопје информира дека од денеска, среда (10.03.2021 година) јавниот превоз ќе сообраќа до 22 часот. Режимот на јавниот превоз е согласно одлуката на Владата на РСМ за забрана на движење на населението во период од 22 до 5 часот, почнувајќи од денеска до 22 март. Од Јавното сообраќајно претпријатие ги потсетуваат корисниците на јавниот превоз, дека и натаму не важи...

Ефикасноста на скопскиот јавен превоз опаѓа низ годините, има помалку патници на изминат километар [инфографик]

Фото: Небојша Гелевски
ЈСП-Скопје во 2019 година успеало да превезе 2,47 патници на поминат километар, што претставува најниска вредност на овој индикатор во претходните седум години. Бројот на превезени патници на поминат километар на автобусите се добива при делење на вкупниот број на патници со поминатите километри на автобусите, со што се добива ефикасноста на јавниот превоз. Во скопскиот јавен превоз низ...

Во сообраќајниот хаос, јавниот превоз во Скопје секоја година ја намалува брзината на движење [инфографик]

Со околу 150.000 автомобили и десетици илјади други возила што секојдневно се движат по скопските улици, јавниот превоз во главниот град од година во година станува сè побавен за патниците. Набавката на нови возила од граѓаните низ годините и непрописното паркирање на автомобили на улиците го зголемува сообраќајниот метеж, кој пак предизвикува намалување на комерцијалната брзина на движење на...

Повторно неисправни возила во јавниот превоз, полицијата вчера санкционирала 74 возачи

Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на вчерашниот ден, во периодот од 08 до 12 часот, спровела акциска контрола за контрола на возилата со кои се врши јавен превоз на патници низ земјава. При контролата санкционирани се 74 возила, информираа денеска од МВР. Најмногу од санкционираните возила, вкупно 28, се на територијата на СВР Тетово, додека 15 се на...

Ковид кризата лани го стави „на кислородна поддршка“ и јавниот превоз низ државата [инфографик]

Во 2020 година со градско-приградскиот превоз во Северна Македонија биле превезени само 40.523.000 патници, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Станува збор за историски најнизок број на превезени патници со јавниот превоз низ општините во земјава, а што првенствено е резултат на ковид пандемијатаФотро. Споредено со 2019 година, бројот на патници во градско-приградскиот превоз на национално ниво е намален...

Порталб: Тетово без посебна лента за автобуси, јавниот превоз може да го отежни сообраќајниот метеж

Општина Тетово нема изнајдено решение за сообраќајниот метеж што со години го спречува слободното движење на возилата. Проблемот ќе биде отежнат кога во сообраќај ќе се воведат и автобусите како дел од градскиот превоз, за кои не е обезбедена посебна лента или барем не е планирано ефикасно организирање на сообраќајот. Одлуката за купувањето на автобусите ќе биде бесмислена ако...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...