fbpx
Таг: јавен превоз

таг: јавен превоз

Се запали автобус на ЈСП во Аеродром вчеравечер, нема повредени лица

Двокатен кинески автобус на ЈСП-Скопје што сообраќал на линијата број 7 од Лисиче кон Карпош вчера вечер околу 18:30 часот се запали на булеварот Трета македонска бригада во Аеродром. Возачот го приметил чадот кај моторот од автобусот, застанал, ги евакуирал патниците и повикал пожарникари. Нема повредени лица, а од ЈСП Скопје излегоа со информација дека предизвикана е единствено материјална...

Владата засега не добила информација од Град Скопје за прекинување на тендерот за БРТ-то, став допрва ќе гради

Владата на РСМ и Министерството за финансии засега немаат добиено информација од Градот Скопје дека планираат да ја прекинат реализацијата на проектот за воведување Бас рапид транзит - БРТ во Скопје, односно дека се откажуваат од автобуското метро. „Доколку Владата и Министерството за финансии добијат официјално известување од страна на Град Скопје, дополнително ќе се произнесат за истото и воедно...

Експертите ѝ порачуваат на Арсовска во однос БРТ системот: Не брзајте со стратешки одлуки!

За 1% пропадна референдумот за воведување на трамвај во Скопје кон крајот на 1980-тите години, по што беа потребни 30 години за да почне повторно да се спроведува постапка за воведување на алтернативен јавен превоз во главниот град. Не брзајте со одлуките, е ставот на експертите по вчерашната изјава на скопската градоначалничка Данела Арсовска дека нема да го реализира...

Порталб: Во јавниот превоз во Тетово во функција само линијата број 1

На граѓаните и натаму им е нејасно како сообраќаат автобусите во Тетово. Од вчера повторно има промени. Сега се скратени линиите на јавниот превоз на Тетово, односно на услуга на граѓаните ќе биде само линијата број 1, која ќе кружи на секои 15 минути од 6 часот наутро до 20 часот навечер. Директорот на ЈП „Тетово Транспорт“ за Порталб.мк...

Распишан тендерот за изградба на брзиот автобуски превоз – БРТ во Скопје

Tри дена пред одржувањето на вториот круг од локалните избори во Скопје, скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска објави дека е распишан тендерот за изградба на брзиот автобуски систем - БРТ. „Скопје е првиот град на Балканот кој ќе воведе БРТ систем, што не е само успех за градот туку и за целата држава“, изјави градоначалникот Шилегов. Тендерската постапка следува откако Европската...

Љубљана за Форбс е најзелениот европски град, 70 отсто од отпадот се селектира и има бесплатни велосипеди

Списанието Форбс направи рангирање на 20-те европски градови кои се најдобри зелени престолнини за 2022 година. Како и во изминатиов период, словенечкиот главен град Љубљана се наоѓа на врвот од оваа европска листа, поради серија на позитивни зафати кои придонесуваат за зачувување на животната средина. Иако е еден од најмалите европски престолнини, Љубљана има над 200 километри велосипедски патеки, кои...

Сојузот на средношколци од кандидатите за градоначалници бара праведен јавен превоз за сите средношколци

Сојузот на средношколци ги контактираше кандидатите за градоначалници на Скопје кои се натпреваруваат во вториот круг од Локалните избори 2021 година, со цел решавање на проблемите со кои се соочуваат средношколците околу јавниот превоз, информираат од таму. Имено, Сојузот на средношколци бара бесплатен превоз за сите средношколци без разлика од типот на училиштето во кое учат, како и во текот...

ЈСП воведува нова линија „29“, од Жданец преку Трнодол до „Скопје Сити Мол“

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ соопшти дека од понеделник, 25 октомври, ќе почне да функционира линија „29“ која ќе сообраќа од Жданец преку Трнодол до Карпош 3 („Скопје Сити мол“) и обратно. „Линијата ќе профункционира на барање на жителите на Жданец и Трнодол, за да им се олесни пристапот до централниот дел на општината и градот, а истовремено и како предлог...

ЈСП: Бруцошите можат да извадат бесплатен годишен билет, другите студенти да си ги продолжат билетите

ЈСП-Скопје ги информира редовните студенти запишани за прв пат во учебната 2021/2022 година на некој од државните факултети во Скопје дека имаат право на користење на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз. Издавањето на овој билет се врши во центрите за персонализација на ЈСП, при што неопходно е лично присуство на студентот, кој треба да приложи потврда...

Европската недела на мобилност ја “пречекавме” со милион патници помалку во јавниот превоз

Активности за одбележување на Европската недела на мобилност деновиве се редат во Скопје, но заедно со нив и поразителните податоци за тоа колку навистина граѓаните ја практикуваат одржливата урбана мобилност во своите секојдневни патувања. Според последните податоци на ЈСП-Скопје, јавниот превоз во главниот град во првото полугодие од годинава успеал да превезе речиси милион патници помалку во споредба со периодот...

Порталб: Од денеска започна да функционира јавниот превоз во Тетово, возењето сé уште е бесплатно

Денеска почнаа да сообраќаат редовните автобуски линии во Тетово, со распоред од понеделник до сабота, во периодот од 06 до 20 часот. Билетите сé уште не се во продажба, затоа возењето сé уште е бесплатно, но според ЈП „Тетово транспорт“ билетите ќе бидат готови набргу. Порталб.мк испрати прашања до ова претпријатие во врска со работата на автобусите, но одговорот...

Еколошките активисти од Зелен хуман град бараат транспарентност на Планот за одржлива мобилност на Скопје

Еколошките активисти од Зелен хуман град бараат транспарентност во изработката на Планот за одржлива мобилност на Скопје (SUMP). Овој пан, според објавата на тендерот, треба да ги интегрира јавниот превоз, намалувањето на моторниот сообраќај, паркинзите, пешаците, реалокација на постоен автомобилски простор кон одржлива мобилност, возењето велосипед, пристапноста за лицата со посебни потреби, постарите, децата, лицата со помали приходи, уредувањето...

Од утре повеќе градски автобуси во Скопје, пензионерите и понатаму не може да се возат бесплатно

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) - Скопје соопшти дека од утре, 1 септември, поради почетокот на учебната година и очекуваната поголема фрекфенција на корисници на јавниот превоз, во сообраќај ќе бидат вклучени зголемен број автобуси на градските и приградските линии. Автобусите ќе сообраќаат по делничен возен ред, односно јавниот превоз ќе го опслужуваат зголемен број на возила во споредба со изминатите...

Возењето џип најмногу загадува, велосипедот и јавниот превоз најеколошки [инфографик]

Старите половни дизелаши испуштаат најмногу штетни гасови во атмосферата, додека велосипедот како превозно средство е убедливо најеколошко од аспектот на спречување на климатските промени. Податоците на Министерството за животна средина и просторно планирање објавени на веб-страницата klimatskipromeni.mk покажуваат дека меѓу дизелашите најголеми загадувачи се џиповите, односно теренските возила. Во нивната анализа е направена споредба на различни видови на возила во...

Во август ќе се распише тендерот за изградба на првата БРТ линија од Ново Лисиче до Ѓорче Петров

Меѓународниот тендер за изведба на првата БРТ линија во Скопје од Ново Лисиче до Ѓорче Петров ќе биде распишан во текот на август годинава, изјави градоначалникот Петре Шилегов на денешната презентација на системот за брз автобуски превоз во Скопје што се одржа во хотелот Хилтон. Тендерската постапка ќе се состои од две фази, при што најпрво ќе следи претквалификациската фаза...

Порталб: Градските автобуси за Тетово шест месеци „спијат“ на паркинг

Додека директорот на ЈП „Тетово Транспорт“, Дарко Спировски, чека нов сообраќаен режим во Тетово за автобусите да започнат да сообраќаат, бидејќи, според него, во моментов нема услови за тоа, Секторот за сообраќај во Тетово не размислува за такво нешто. Од таму нагласуваат дека режимот е подготвен пред две децении, а, иако признаваат дека ќе има проблем со точноста на...

ЈСП: Бесплатниот превоз за ученици и средношколци во Скопје не важи за време на летниот распуст

ЈСП-Скопје ги информира основците и средношколците дека ученичките билети за бесплатен превоз не важат за време на летниот распуст. Наместо бесплатен превоз, во претстојните летни месеци на основците и на средношколците им се нуди можност да купат месечен билет по повластена цена. Месечен билет за јули или август чини 600 денари, информираат од ЈСП. Месечниот билет за основците и средношколците...

Некогаш царска, Софија сега живее и „се вози“ во 21. век (репортажа)

Според многумина „главната“ софиска улица „Витоша“, односно како што многу почесто ќе чуете од софијанци „Витошка“, во вечерта на денот кога официјално беше соопштено дека во Бугарија пристигнал особено опасниот „индиски“ сој на корона вирусот не оддаваше впечаток дека се случува нешто невоообичаено, а не пак дека во земјата стасала нова опасна закана. Во четвртокот вечерта „Витошка“, која, ако сакате...

Од први јули зелена агенда преку еколошка такса од 3,5 денари по литар за сите горива

Премиерот Зоран Заев денеска соопшти дека од 1 јули годинава ќе се воведе еколошка такса со која за 3,5 денари ќе поскапат сите горива во земјава. Ќе поскапи нафтата, бензините, дизелот и сите останати нафтени деривати, при што олеснување за граѓаните ќе биде намалувањето на ДДВ-то на електричната енергија од 18 на 5 отсто. „Согласно обврските што ги имаме кон...

Скопје ќе добие студија врз чија основа би се вршеле промени на градско-приградските линии

Градот Скопје денеска го потпиша договорот за изработка на Студија за оптимизација на мрежите на линии на автобускиот јавен превоз во Скопје. Потребата од ваква студија се наметна заради фактот што актуелната мрежа на градско-приградските автобуски линии, според која е организиран јавниот автобуски превоз во Скопје, е направена врз основа на студија која датира од пред точно 40 години...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...