fbpx
Таг: јавен превоз

таг: јавен превоз

ЈСП: Студентите да го продолжат билетот доколку сакаат да користат бесплатен превоз и наредната година

Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје (ЈСП Скопје) информираше дека е неопходно корисниците на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз да го продолжат, односно заверат билетот за 2023 година доколку сакаат да користат јавен превоз и во текот на наредната година. Продолжувањето на билетот се врши во кој било центар за персонализација на ЈСП Скопје, со лично присуство...

ЈСП го активира бесплатниот превоз поради загадениот воздух

Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје (ЈСП Скопје) ги информираше корисниците на јавен превоз дека, почнувајќи од денеска, се активира мерката бесплатен јавен превоз во главниот град. Причина за воведување на мерката е надминувањето на прагот на алармирање на суспендираните честички со големина до 10 микрометри. За надминувањето на прагот на алармирање поради аерозагадувањето во главниот град и препораките поради алармантната...

Град Скопје и Арсовска бараат превозници и за линиите 9, 11 и 12

Град Скопје денеска објави нов оглас за доделување пакет линии и за давање дозволи за линиски превоз на патници во главниот град. Новиот оглас се однесува за линиите 9, 11 и 12, за чие опслужување се бараат најмалку 22 автобуси. Ова е втор оглас за приватни превозници што го распишува градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, откако ги раскина договорите...

По барањето на премиерот, приватните превозници ги тргнаа блокадите од пред Град Скопје

Откако премиерот Димитар Ковачевски денеска рече дека нема намера да ги прими приватните превозници на средба додека траат блокадите, возачите од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ попладнево ги тргнаа автобусите што беа паркирани на булеварот „Илинден“ пред Град Скопје. Приватните превозници денеска изјавија дека ќе ги тргнат блокадите за да се оствари средбата со премиерот Ковачевски, која што ја побараа од...

Превозниците наместо со Арсовска бараат средба со премиерот, а тој не прифаќа да разговара под притисок и уцени

Приватните автобуски превозници кои протестираат на булеварот Илинден кај бараките на Град Скопје откако ги тргнаа блокадите на крстосниците кај трговскиот центар Мавровка и кај Црвенот крст бараат да бидат примени во Владата бидејќи градоначалничката Данела Арсовска одбива да разговара со нив. Дополнително, тие се заканија дека ќе ги радикализираат протестите ако тоа не се случи. Сепак, премиерот Димитар Ковачевски...

Приватните превозници со блокади пред Град Скопје, сообраќајниот метеж се префрли во Карпош

Сообраќајниот метеж во Скопје, утрово се префрли на територијата на Општина Карпош, поради протестот на приватните превозници пред бараките на Град Скопје. Булеварот „Илинден“ остана и денеска блокиран на потегот од кај Зоолошката градина до раскрсницата кај фонтаната во Градски парк. Утрово колони возила се појавија на улицата „Франклин Рузвелт“, на булеварот „Илинден“ и на улиците низ Дебар Маало. Приватните...

По објавата на Порталб, ЈП Тетово транспорт поставува клупи на автобуските постојки

По неколку написи на Порталб.мк за недостатокот на клупи на автобуските постојки во Тетово и по импровизацијата од страна на граѓаните со столчиња и мебел од нивните домови, ЈП Тетово транспорт поставува клупи на овие постојки. „Иако секојдневно се соочуваме со потешкотии и пречки во сообраќајот, ЈП Тетово транспорт во соработка со Општина Тетово денес започна со поставување на столчиња...

Град Скопје бара нови приватни превозници што ќе возат на линиите „20“ и „22“

Градот Скопје денеска го објави огласот за доделување пакет линии и за давање на дозволи за линиски превоз на патници на територијата на главниот град. Градските власти бараат приватни превозници за линиите „20“ и „22“, при што пакетот на линии ќе им се додели на оние превозници што ќе обезбедат минимум 20 автобуси и 44 возачи за одржување на...

Трет ден граѓаните го обиколуваат пола Скопје за да стасаат на работа

Трет ден автобуси на приватните превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ се паркирани на крстосниците кај трговскиот центар „Мавровка“, кај Црвен крст како и на улицата „Илинденска“ кај бараките кај Град Скопје. Сообраќајот се одвива отежнато, а возачите се принудени да менуваат траси на движење за да можат да стасаат на работните места и во училиште. Како што најавија организаторите...

Продолжуваат блокадите во Скопје, сообраќајот и денеска се одвива отежнато

Приватните автобуски превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ втор ден по ред протестираат со блокади на повеќе важни сообраќајни точки во Скопје. Нивните автобуси останаа на улица и во текот на ноќта. Како што најавија, таму ќе останат сè додека не почне подмирувањето на долгот што Град Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) го имаат кон нив. Поради блокадите, сообраќајот во...

Расправијата меѓу Ленин и Данела го оневозможи сообраќајот во главниот град

Приватните превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ утринава речиси целосно го блокираа сообраќајот во Скопје паркирајќи ги своите автобуси на крстосниците кај Црвен крст, ТЦ „Мавровка“ и Булеварот Илинден. Поради протестот овие улици се затворени и движењето во главниот град стана мачење за сите останати учесници во сообраќајот. Доцнат и автобусите од јавниот превоз. На некои автобуски линии се чека...

Приватните превозници на протест, сообраќајот во главниот град речиси оневозможен

Работната недела во главниот град започна и завршува со сообраќаен хаос. Превозниците од приватните „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ утрово повторно го блокираа сообраќајот во Скопје, овој пат на булеварот „Илинден“, што создаде колони од возила на повеќе улици. Приватните превозници од 6 часот наутро ги блокираа двете крајни десни сообраќајни ленти во двете насоки на движење, на потегот од крстосницата...

Приватниците до петок ќе чекаат исплата на долгот од ЈСП, во спротивно цело Скопје под блокада

Посетата на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер на Скопје доведе до тоа приватните превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ да им остават дополнителен рок од два дена на ЈСП-Скопје и градските власти за да го исплатат наводниот долг што го имаат кон нив. Доколку од денеска до четврток не се постигне договор за исплата со Град Скопје и ЈСП, тогаш...

Скопје утрово во сообраќаен колапс поради блокадата на „Слобода превоз“

Речиси сите пристапи кон центарот на градот утрово беа блокирани поради штрајкот на превозниците на крстосницата кај трговскиот центар „Мавровка“. Поради блокадата на една од најфрекфентните крстосници, стотици возила беа заглавени и чекаа во колони, па возачите не можеа на време да стасаат на своите работни места. „Живеам во Чаир. Се качив утрово во автобус со број 19. Поради метежот,...

Град Скопје со повик ќе избира приватни автобуски превозници

На ден пред најавените блокади од приватните превозници на улиците, скопската градоначалничка Данела Арсовска денеска информираше дека Градот Скопје ќе објави нов јавен повик на којшто ќе може да се пријават сите заинтересирани возачи кои и досега возеле на градско-приградските линии. Арсовска најави дека ЈСП-Скопје во иднина ќе им префрла директно средства за извозените километри на линиите, со што...

Приватниците не возат, денеска беа на протест пред Град Скопје, најавуваат и блокади

Возачите на приватните автобуски превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ денеска ги паркираа автобусите пред седиштето на Град Скопје на булеварот „Илинден“, барајќи средба со скопската градоначалничка Данела Арсовска. Од денеска ниту еден приватен превозник не сообраќа на градските и приградските линии од јавниот превоз. Поради ова, на постојките и во автобусите на ЈСП се создава гужви, додека некои од...

Приватните автобуски превозници најавија блокада на скопските улици и тужби

Приватните автобуски превозници, кои вчера повторно беа критикувани од скопската градоначалничка Данела Арсовска, денеска повторно побараа средба со неа за да ѝ ги презентираат нивните аргументи. Порачаа дека ако не дојде до разбирање, ќе преземат поригорозни чекори, како блокирање на скопските улици. Директорот на „Слобода превоз“ – Ленин Јовановски порача дека околу милион евра, колку што им се должи за...

Нема договор меѓу „Слобода превоз“ и Град Скопје, приватните превозници се закануваат со протести

По денешната средба меѓу „Слобода превоз“ и Градот Скопје, не е постигнат договор за исплата на долгот на градските власти кон приватните превозници. Околу 1 милион евра должи ЈСП-Скопје кон приватните превозници, што доведе до тоа „Слобода превоз“ утрово да прекине со сообраќај на линиите 9, 12, 22, 23 и 45. ЈСП Скопје денеска остана единствен превозник на овие...

Владата наместо Град Скопје би ги градела пречистителната станица, автобуското метро и другите капитални проекти

Владин тим работи во рамките на своите надлежности за да ги доврши започнатите капитални проекти во Градот Скопје, информираше премиерот Димитар Ковачевски. Тој најави дека Владата ќе ги преземе ингеренциите од скопската градоначалничка Данела Арсовска за реконструкцијата на Универзалната сала, но и за пречистителната станица за отпадни води, брзиот автобуски систем, клучката кај Момин поток, патот за Визбегово и...

„Слобода превоз“ денеска не вози низ Скопје, ЈСП со автобуси ги заменува на пет линии

Скопјани утрово повторно имаа проблеми со јавниот превоз поради тоа што на линиите што ги одржува „Слобода превоз“ не возат нивните автобуси. Приватните превозници од „Слобода превоз“ не возат на линиите 9, 12, 22, 23 и 45, кои целосно или во голем дел ги опслужуваат токму приватните автобуси. Претставници на „Слобода превоз“ денеска се на разговор за решавање на...

Мерките што важеа во ковид пандемијата злоупотребени за антикампања на Филипче

Во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот и за глобалната пандемија, која имаше влијание врз целиот свет во поглед на економијата и бизнисот, а и неосновано се обвинува...