fbpx
Таг: јавен превоз

таг: јавен превоз

Поради короната ќе доцни пристигнувањето на новите автобуси за ЈСП – Скопје

Пандемијата на корона вирусот ќе влијае и на испораката на новите еколошки автобуси за ЈСП - Скопје. Првата пратка од новиот возен парк требаше да пристигне до крајот на март, но поради околностите со вирусот Ковид-19 во речиси цела Европа таа ќе се одложи на неодредено време. Од Јавното сообраќајно претпријатие за „Мета.мк“ велат дека се во постојана комуникација...

Хелсиншки: Нејасна е целта на полицискиот час, ако парковите и игралиштата се преполни преку ден

За Хелсиншкиот комитет за човекови права е нејасна целта на радикалната забрана за движење на населението во периодот од 21 до 6 часот секој ден и насловувањето на оваа мерка како „полициски час“, доколку во текот на денот парковите, игралиштата и другите јавни површини остануваат главни собиралишта на големи групи луѓе. „Можноста за ширење на вирусот е еднакво голема во...

Охрид: Како им е на оние што мора да работат и ризикуваат за нам да ни биде полесно

Тие не може да работат од дома. Mора секој ден да бидат на своите работни места со цел, животот непречено да тече. Ова е сторија за дел од хероите во нашата држава кои секојдневно ризикуваат, работејќи ја својата работа. Љупчо Ничевски, еден од возачите на градските линии во Охрид, вели дека во моментов се вози редуцирано, има помала фреквенција на...

Со пари од ЕБОР ќе се изработува Студија за реструктурирање на автобускиот превоз во Скопје

По одлуката на македонската влада за поддршка на проектот за воведување на брз автобуски систем (БРТ) во Скопје, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) објави дека ќе го поддржи Градот Скопје во овој проект преку издвојување на средства од подигнатиот кредит за изработка на Студија за реструктурирање на јавниот автобуски превоз во Скопје. „Целта на оваа задача е да...

Јавен превоз лани користеле 72 милиони патници, продолжува трендот на опаѓање (инфографик)

Со јавен превоз во сите градови од земјава лани биле превезени 72.040.000 патници, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Со линиите од градскиот превоз во 2019 година патувале 42.404.000 патници, додека автобусите од приградските линии превезле 29.636.000 патници. Во овие бројки се вклучени податоците од главниот град, но и од градско-приградскиот превоз што се одржува во Куманово, Велес,...

Билетот за едно возење од денеска може да се користи на сите линии на ЈСП

Откако беше пуштен во пробна употреба на дел од линиите од скопскиот јавен превоз, билетот за едно возење од денес може да се користи на сите градско-приградски линии во Скопје, информираат од ЈСП. Билетот за едно возење чини 50 денари и истиот може да се купи во сите возила на ЈСП Скопје и во билетарниците на јавното сообраќајно претпријатие. „Билетот...

За две години, нула изнајмени велосипеди и нула денари заработка за „Градски паркинг“ (инфографик)

И покрај тоа што Градот Скопје има поставено цел до 2021 година дури 5 отсто од вкупниот број на патувања на граѓаните да бидат со велосипеди, во реалноста бројките покажуваат дека јавниот систем за изнајмување велосипеди не функционира веќе две години. Остварените приходи на ЈП „Градски паркинг“ од изнајмување велосипеди во 2018 и 2019 година изнесувале 0 денари, а...

Со новите МАН автобуси и мобилната апликација, ЈСП очекува да се зголеми бројот на патници (инфографик)

Со автобусите на ЈСП - Скопје лани биле превезени над 44,1 милиони патници или за околу половина милион помалку во споредба со 2018 година. Трендот на намалување на превезените патници трае минимум шест години наназад, при што од ЈСП се надеваат дека ваквата негативна состојба ќе биде сопрена годинава со набавката на новите МАН автобуси и воведувањето на новите...

Брзиот скопски „трамвај на тркала“ запре на бавната реакција за финансирање на проектот

„Трамвајот на тркала“ (брз автобуски систем - БРТ) во Скопје на почетокот од декември помпезно се најави дека ќе добие владина поддршка за пронаоѓање средства, но засега нема информации кои чекори досега се преземени за неговата реализација. Министерството за финансии повеќе од три недели не одговара на прашањата на „Мета.мк“ за тоа до каде е процедурата за аплицирање за...

„Скопска“ купена пред повеќе од четири години ќе мора да се замени со нова

Граѓаните кои први ја набавиле персонализираната картичка „Скопска“ за користење на јавниот превоз пред повеќе од четири години ќе мора да ја променат со нова. ЈСП - Скопје во моментов е во процедура за набавка на нови електронски картички и билети, со тендер што беше распишан до 30 јануари. Новите картички сукцесивно ќе се набавуваат, а со цел да...

Билетот за едно возење се користи на дел од линиите, наскоро и апликација на ЈСП за мобилни

ЈСП - Скопје го пушти во функција билетот за едно возење на дел од линиите од скопскиот јавен превоз. Граѓаните кои патуваат кон Матка со автобус веќе можат да го купат електронскиот билет за едно возење, по цена од 50 денари. Од ова претпријатие за „Мета.мк“ велат дека се набавени 300.000 билети за едно возење, кои во многу скоро...

Во Тетово престануваат да важат мерките за заштита од загаденост

Во Тетово престануваат да важат мерките за заштита од загаденост на воздухот, бидејќи PM-10 честичките се под дефинираниот праг, информираат од владината прес - служба. Согласно податоците од Државен автоматски мониторинг систем за квалитет на воздух (ДАМСК) за ден 27 јануари (понеделник), средно - дневните концентрации на РМ-10 се под дефинираниот праг на алармирање од 175 микрограми на метар кубен и...

Вонредни мерки поради загадувањето: Во Скопје паркирањето двојно поскапо, градските автобуси ќе возат бесплатно

Од 18 часот денеска превозот во Скопје во автобусите на ЈСП и на приватните превозници ќе биде бесплатен за сите граѓани, а паркирањето на паркинзите со кои управува ЈП Градски паркинг ќе поскапи двојно. Мерките ќе важат сè до надминување на сегашната ситуација со голема загаденост на воздухот, информираше Град Скопје. Градската управа ги воведе овие и други мерки откако...

За комбинираниот билет за јавен превоз сите надлежни се прогласуваат за ненадлежни

Никој не е надлежен за воведувањето на комбиниран билет за јавен превоз за граѓаните кои секојдневно патуваат во Скопје од околните градови. Она што е нормална пракса за било која развиена земја, кај нас не може да се воведе со години наназад, и покрај тоа што жителите на Велес, Куманово и Тетово редовно ја бараат. Комбинираниот билет би им...

Заврши распустот – ЈСП од утре ќе вози по вообичаениот возен ред

Јавниот превоз во Скопје од утре повторно ќе функционира по вообичаениот зимски возен ред. Од ЈСП - Скопје информираат дека редукцијата на автобусите на градските и приградските линии траела во изминативе три недели, а истата завршува со крајот на ученичкиот зимски распуст и враќањето на учениците во училишните клупи. „Од утре, автоматски продолжува и важноста на ученичките бесплатни билети за...

„МАН“ во март ќе ги испорача првите 6 еко-автобуси за ЈСП – Скопје

За два месеца ќе пристигнат првите 6 еколошки автобуси од германскиот производител „МАН“ за обнова на возниот парк на ЈСП - Скопје, информираат од Град Скопје за „Мета.мк“. Градските власти велат дека испораката на автобусите ќе се одвива во согласност со договорот потпишан кон крајот на септември минатата година. Новите автобуси ќе пристигнуваат етапно и ќе се пуштаат во...

Проблемот со паркирањето во Скопје е равенка со многу непознати (инфографик + видео)

Уништено зеленило, паркирани возила по улиците, караници и тепачки меѓу возачите и секојдневни нервози при барањето слободно паркинг место се само мал дел од последиците што ги чувствуваат граѓаните од проблемот со недоволно паркинг места во Скопје. Бројот на автомобили во градот расте многу побрзо од изградбата на нови објекти за паркирање, додека јавниот превоз бележи континуирано намалување на...

Скопскиот јавен превоз на 1, 6 и 7 јануари по неделен зимски возен ред

По повод претстојните новогодишни и божиќни празници, автобусите од скопскиот јавен превоз ќе сообраќаат по изменет возен ред од вообичаениот, а изменето работно време ќе има и Жичарницата на Водно, информираат од ЈСП - Скопје. Ноќните линии на 31 декември (вторник) кон 1 јануари (среда) ќе сообраќаат по возен ред како во сабота кон недела. На 1 јануари (среда) автобусите...

33 години неуспешни обиди за изградба на трамвај во Скопје (хронологија)

Приказната за изградба на трамвај во Скопје е стара неколку децении, исто како и реалната работа на градските власти за неговата реализација. Пребарувањето низ архивите околу темата за трамвајот, „Мета.мк“ ја однесе назад во далечната 1986 година, кога започнала изработката на првичната документација за воведување на новото средство за масовен транспорт во Скопје. По 33 години, Владата и Градот Скопје...

Субвенциите за еколошки мотори на автобусите и годинава останаа неискористени од приватниците

Приватните автобуски превозници од скопскиот јавен превоз и годинава не пројавија интерес за искористување на субвенциите на Град Скопје за адаптирање на моторите на автобусите на еколошки горива. Минатата година останаа неискористени средства во висина од 20 милиони денари, а идентичниот износ ќе остане неискористен и во 2019 година поради непостоење на интерес од приватните превозници. - Градот Скопје на...

Украинците не си ја продале православната вера, таа е доминантна во Украина

Високи 72 отсто од Украинците се декларираат како православни христијани од кои 54 отсто се приврзаници на автокефалната православна црква на Украина, 14 отсто се идентификувале како православни христијани...