fbpx
Таг: јавен превоз

таг: јавен превоз

Полицијата за два месеца изрекла 527 казни за техничка неисправност на возила за превоз на патници [инфографик]

Министерството за внатрешни работи (МВР) само во текот на септември и октомври годинава изрекло 527 глоби поради техничка неисправност на возилата со кои се врши превоз на патници, информираат за „Мета.мк“ од МВР. Во двата месеца биле спроведени контроли над возилата со кои се врши јавен превоз на патници (автобуси, такси возила, комбиња) во меѓуопштинскиот и во градско-приградскиот превоз...

Порталб: Автобуски постојки поставени, но автобуси во Тетово сѐ уште нема

Со иронија, сарказам и шеги, некои граѓани од Општина Тетово на социјалните мрежи го коментираат поставувањето на автобуските станици за јавен превоз во Тетово, имајќи предвид дека автобуси сè уште нема, пишува „Порталб.мк“. Овие постојки се наоѓаат на неколку локации во градот, почнувајќи од универзитетскиот пат до центарот. Во меѓувреме, Теута Арифи за „Порталб.мк“ вети дека пред Нова година ќе...

Порталб: Во Тетово за еден месец 61 казна за дивите превозници, општината нема решение за нив

Во отсуство на јавен превоз во Тетово, во последните десет години во градот функционираат приватни превозници. Иако ја вршат својата активност на црно, тие се многу неопходни за граѓаните од околните села и особено за студентите. Еден од возачите за „Порталб.мк“ изјави дека нема сметка да го регистрира својот бизнис и да плати дополнителни даноци. А пак, за само...

Приходите во слободен пад: ЈСП и приватните превозници возат на сметка на градскиот буџет (инфографик)

Градот Скопје по сите основи на ЈСП-Скопје годинава досега му префрлил над 712 милиони денари, односно над 11,5 милиони евра. Според податоците објавени на open.finance.gov.mk од Министерството за финансии, ЈСП-Скопје како примател во изминативе 10 месеци инкасирало за над 60,4 милиони денари (980.000 евра) повеќе средства од Градот Скопје во споредба со целата 2019 година. Имено, лани од Градот...

Опозицијата побара дополнително време да ги разгледа новите построги мерки за ковид-19

На денешната собраниска седница, на барање на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, не се најдоа измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, по скратена постапка, кои се всушност новите построги мерки за заштита од коронавирусот. Се очекува Собранието да расправа за Законот на следната собраниска седница, на 27 октомври, кога се очекува на работа да се...

Порталб: Во Тетово одредени локациите за над 40 постојки, но автобуси сè уште нема

Во Општина Тетово автобуси за јавен превоз нема. Сепак, локациите за автобуски постојки се одредени, и тоа предвидени се вкупно 45 локации низ целата општина. Постапката за набавка на пет автобуси е вратена на точката нула, пишува „Порталб.мк“. Тетово е познат како град со преоптоварен транспорт и инфраструктура, додека слободни јавни простори има многу малку. Така, изборот на локациите за...

Полицијата вчера исклучила од сообраќај 28 возила за јавен превоз во Скопје, 23 од нив немале исправни кочници

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје, санкционираше прекршоци за техничка неисправност на возилата кои вршат меѓуградски превоз на патници. „Санкционирани се 28 возила, од кои 23 поради неисправен уред за сопирање, а пет поради други неисправности. Возилата се исклучени од сообраќај и...

Порталб: Студентите се соочуваат со трошоци, а дел од нив немаат соодветен превоз до факултет

Превозот, храната и сè друго студентите од Северна Македонија го плаќаат исто како и другите граѓани, односно за нив нема никакви попусти или бенефиции, како во земјите од ЕУ, каде стремиме да се приклучиме. Студентот Фисник Џелили ни ги кажа предизвиците и дневните трошоци за да стигне до факултет, додека Министерството за образование и наука не даде одговор дали...

Полицијата вчера исклучила од сообраќај 15 возила за јавен превоз во Скопје (фото+видео)

Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на вчерашниот ден (05.10.) во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје санкционираше прекршоци за техничка неисправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници. „Санкционирани се 15 возила, од кои 12 поради неисправен уред за сопирање, две возила поради неисправен уред за управување, а едно...

ЈСП вклучи повеќе автобуси на поголем дел од линиите во јавниот превоз

ЈСП информира дека од денеска, 6 октомври на поголемиот дел од автобуските линии се вклучени поголем број возила во однос на изминатиов период, поточно дел од линиите во јавниот превоз почнаа да сообраќаат по летен, делничен возен ред. „Станува збор за линиите 2, 2А, 5, 24, 41, 42, 43, 50, 53, 55А, 57, 63, 63А, 65, 65Б, 67, 163, 165,...

Порталб: Пропадна тендерот за набавка на автобуси за јавен превоз во Тетово, распишан нов

Општина Тетово ја поништи постапката за јавна набавка на пет автобуси за организирање на јавниот превоз, кои градоначалничката Теута Арифи ги ветува девет години наназад. Причината поради која пропадна тендерот е „недостаток на понудувачи кои ги исполнуваат условите“, пишува „Порталб.мк“. Веднаш по поништување на постапката за набавка на петте автобуси, истата беше повторно објавена. Понудите од заинтересираните компании во втората...

Град Скопје ја избра фирмата што ќе го изработи идејниот проект за „трамвајот на тркала“

Скопската градска власт ги избра проектантите што ќе го изработат идејниот проект за првата линија на брзиот автобуски систем - БАС (Bus Rapid Transit) во Скопје. Станува збор за група од двајца понудувачи, Друштвото за трговија и проектантски услуги 24 ИНГ ДООЕЛ од Битола и Трговското друштво за проектирање, инженеринг и консалтинг ПРИМА ИНЖЕНЕРИНГ од Скопје. Првата линија од...

Во Транспортен центар од денеска може да се паркираат велосипеди на неколку дена (галерија)

Отворен е велопаркингот во склоп на Транспортниот центар Скопје, реализиран според проектот „Велоштад“ на Михајло Стојановски и Теа Дамјановска, кој беше избран како најкреативен дизајн на велосипедски паркинг на јавниот повик кој го објави Центарот за иновации на Град Скопје – Скопје Лаб. „Се надеваме дека Велопаркингот ќе ги поттикне граѓаните поактивно да користат велосипеди и ќе придонесе кон повеќе...

Денот без автомобили го одбележуваме симболично, стапката на моторизација незапирливо расте (инфографик)

Светскиот ден без автомобили, 22 Септември, и годинава со симболични настани се одбележува од страна на државните институции и општините низ земјава. Функционерите по правило токму денешниот ден го користат за фотографирање како се движат пешки до работа или како возат велосипеди. Сепак, официјалните статистички податоци покажуваат дека стапката на моторизација на населението во земјава незапирливо расте од година...

Во земјава лани биле регистрирани 3.144 автобуси, со просечна старост од 18,1 години (инфографик)

Автобускиот превоз во земјава и лани се одвивал со полнолетен возен парк. Просечната старост на автобусите што сообраќаат во градско-приградскиот, меѓуградскиот и меѓународниот превоз во 2019 година изнесувала 18,1 години. Споредбата на податоците на Државниот завод за статистика покажува дека старосната граница на возниот парк од околу 18 години речиси не е воопшто изменета во изминативе една и пол...

Од утре повторно бесплатен јавен превоз за средношколците во Скопје

Од утре, 1 септември повторно ќе важат бесплатните годишни средношколски билети за користење на јавниот превоз, информираат од Јавно сообраќајно претпријатие - Скопје (ЈСП). Оттаму потсетуваат дека од пред три месеца во функција се и бесплатните годишни студентски билети, а и натаму не важи одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица (жени со 62 год, мажи со 64 год) во...

Воведувањето комбиниран билет за воз и јавен превоз ќе почека на надминување на корона кризата

Ковид-19 кризата е причина за прекинување на сите контакти меѓу Градот Скопје и Железници на РСМ-Транспорт околу можноста за воведување на комбинираниот билет за воз и јавен превоз, како и други поволности за патниците што ги користат овие средства за масовен превоз. Од Град Скопје за „Мета.мк“ информираат дека вработените во нивниот Сектор за сообраќај имале контакт со Железници...

Ковид-19 предизвика историски негативни резултати во транспортот на патници во земјава

Јавниот превоз во градовите, меѓуградскиот и меѓународен автобуски превоз и патничкиот железнички сообраќај во вториот квартал од годинава регистрираа убедливо најмал број на превезени патници што некогаш е забележан во едно тримесечје во историјата на нашата земја. Транспортните компании претрпеле милионски загуби на патници во периодот од април до јуни 2020 година, кога беа на сила и најстрогите мерки...

Комбиниран билет за воз и јавен превоз нема, дивите таксисти со полни раце работа (инфографик)

Фото: Борче Поповски
Нема никакво придвижување од надлежните власти за воведување на комбиниран билет за воз и јавен превоз, којшто би го користеле граѓаните кои секојдневно патуваат меѓу Скопје и околните градови Велес, Куманово и Тетово. Од Железници на РСМ-Транспорт за „Мета.мк“ информираат дека досега немале разговори со Град Скопје и ЈСП-Скопје околу можноста за воведување на комбиниран билет за воз и...

Општина Тетово ги разгледува понудите на компаниите за набавка на градски автобуси

Извор на фотографија: Општина Прилеп
Се разгледува документацијата на заинтересираните компании за купување на новите автобуси за јавен градски превоз во Тетово, што се ветуваат веќе неколку години од Општина Тетово, велат од локалните власти. Доцнењето на постапката за избор на најповолен понудувач е поради парламентарните избори во земјава, пишува „Порталб.мк“. Општината не дава точен датум кога треба да заврши разгледувањето на понудите. Општина Тетово...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...