вторник, 19 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Јапонија | 172 резултати

По атентатот, поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе почина

јули 8, 2022

Кратко време откако беше пренесен во болница по атенатот врз него, поранешниот премиер на Јапонија, Шинзо Абе, починал во болница откако состојбата му се влошила, јави Би-Би-Си. Абе (67) држеше говор во рамките на изборна кампања во градот Нара на југот на јапонија, по што беше застрелан. Напаѓачот, 41-годишник, беше совладан по нападот и однесен […]

Над 150 учесници на првиот фестивал на јапонската култура во земјава

јуни 2, 2022

Во Јавна соба во Скопје во саботата се одржа првиот фестивал на јапонската култура во Македонија организиран од Japan@mk. Фестивалот наречен „Нихон џи“ обедини различни аспекти од јапонската култура на едно место преку промоција на македонски граѓани, уметници, модни дизајнери, поети, архитекти, тренери на боречки вештини, ентузијасти, гикови, гејмери и косплеери кои се инспирирани од […]

Силен земјотрес со јачина од 7,3 степени стресе во близина на брегот на Фукушима

март 16, 2022

Силен земјотрес со јачина од 7,3 степени во близина на брегот на Фукушима на северот на Јапонија предизвика предупредување за цунами. Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека земјотресот се случил на 36 милји под морето, пренесе АП. Регионот е дел од северна Јапонија, која беше уништена од смртоносниот земјотрес и цунами од 9 степени пред 11 […]

Вистиномер: Лага е дека Јапонија го напушта вакцинирањето против ковид-19 и почнува со примена на ивермектин

ноември 26, 2021

Постот што го анализираме шири лаги во врска со сузбивањето на пандемијата на коронавирус во Јапонија и мерките за борба против истата. Не е точно дека Јапонија „става крај на лудилото со ковид-19“, така што ја напушта вакцинацијата и почнува со примена на ивермектин. Во Јапонија се спроведува масовна вакцинација на населението, а ивермектинот не […]

Јапонија донираше 663.000 евра во музички инструменти, опрема и осветлување на Националната опера и балет

септември 20, 2021

Нови музички инструменти, опрема за озвучување и осветлување денеска беа предадени на Националната опера и балет од страна на Владата на Јапонија. Вредноста на донацијата изнесува 663.000 евра, информираат од Амбасадата на Јапонија во Скопје. На денешниот настан присуствуваа амбасадорот на Јапонија, Савада Хиронори, главниот претставник на Јапонската агенција за меѓународна соработка – Џајка Балкан, […]

Јапонија повлече над 1,6 милиони дози вакцини „Модерна“ поради стравувања од загаденост

август 26, 2021

Во Јапонија се повлечени околу 1,63 милиони дози на вакцината против ковид-19 на „Модерна“ поради контаминираност, односно загаденост, јави Би-Би-Си. Министерството за здравство соопшти дека „туѓи материјали“ се пронајдени во некои дози од пратката од околу 560.000 виали (шишенца). Компанијата „Такеда Фармасеутикал“, којашто ја продава и дистрибуира вакцината во Јапонија соопшти дека „Модерна“ блокирала вкупно […]

Стартот на Олимписките игри во Токио неизвесен до последен момент

јули 21, 2021

Извршниот директор на Олимписките игри „Токио 2020“, Тоширо Муто, не ја исклучува можноста за откажување на игрите во последен момент поради зголемениот број случаи на ковид-19, извести „Си-ен-ен“. Вчера беа пријавени над 1.300 нови случаи на ковид-19 во Токио, што претставува второ највисоко дневно зголемување на бројот на нови случаи во градот од 21 јануари. […]

Вистиномер: Нема докази дека 460 научници и лекари во Јапонија барале од владата да престане вакцинацијата

јули 18, 2021

Вистиномер.мк рецензира пост на Фејсбук во кој се тврди дека 460 научници и професори од Јапонија пред 2 дена до јапонската влада испратиле документ, во кој бараат итно да сопре вакцинацијата против ковид-19, која, исто така, во постот се нарекува и „генетска терапија“. Во постот се претставува настанот како нешто што традиционалните медиуми го прикриле од јавноста, а […]

Токио не се откажува од одржувањето на Олимписките игри во јули

јуни 5, 2021

И покрај притисокот од јавноста и предупредувањата за можните ризици поради пандемијата, првата жена на организаторскиот комитет на Олимписките игри во Токио, Сеико Хашимото, вели дека игрите ќе се одржат според планираното. „Не можеме повторно да одложуваме“, изјавила Хашимото, а пренесе „Гардијан“. Шигеру Оми, високиот медицински претставник кој ја советува јапонската влада при справувањето со […]

Донација на механизација вредна 40.178 евра од Јапонија за комуналното претпријатие во Градско

мај 7, 2021

Јапонија, преку својата програма за мали грантови (GGP) денеска на Општина Градско, односно на Јавното комунално претпријатие „Клепа“, му подари трактор со соодветна придружна механизација, во вкупна вредност од 40.178 евра. На церемонијата за врачување на донацијата присуствуваа Такахаши Сатору, Заменик шеф на Мисијата на Амбасадата на Јапонија, Градоначалникот на Градско, Роберт Бешовски, и директорот […]

Јапонија со минута молк одбележа 10 години од разорниот земјотрес во Фукушима

март 11, 2021

Во Јапонија денеска се одбележува 10 годишнината од смртоносниот земјотрес во Фукушима, цунамито и нуклеарната катастрофа што го зафатија северниот регион од земјата и однесоа близу 20.000 животи, додека околу половина милион жители беа раселени. Денеска во 14:46 часот (06:46 по средно-европско време), кога се случи земјотресот,  преживеаните со минута молчење, се помолија за жртвите […]

Почесен црн појас за амбасадорката на Јапонија од македонската џудо федерација

октомври 7, 2020

Џудо федерацијата на Република Северна Македонија ѝ додели почесен црн појас – 1 дан на амбасадорката на Јапонија во Македoнија, Кеико Ханеда, јави ipon.mk. Церемонијaта на предавањето на почесната награда се одржа вчера во службените простории на амбасадата. Во име на федерацијата плакетата и црниот појас со посвета ги предаде делегација предводена од претседателот Владимир […]

Потпишан грант за јапонска помош од 813.000 евра за јакнење на капацитетите во здравството

октомври 6, 2020

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров заедно со амбасадорката на Јапонија во Северна Македонија, Кеико Ханеда, денеска потпишаа Договор за јапонска грант помош во висина од 813.000 евра за економски и социјален развој. На средбата Димитров истакна дека оваа итна помош од Владата на Јапонија е повеќе од добредојдена и значително ќе придонесе во […]

Летечките автомобили би можеле да бидат реалност за три години отсега

август 21, 2020

Летечките автомобили би можеле да бидат реалност во блиска иднина, бидејќи Јапонија планира да ги комерцијализира до 2023 година. Од јапонската компанија SkyDive се надеваат дека ќе продадат најмалку 100 возила до 2028 година по цена на „скап автомобил“, пренесува „Јапонија тајмс“. Јапонскиот SkyDrive, еден од најновите стартапи со летачки автомобили на земјата, неодамна го […]

Јапонците имаат најмоќен пасош, може да патуваат без визи во 191 земја, Македонците во 124

јули 9, 2020

Најновите податоци од истражувањето кое го спроведе компанијата „Хенли и Партнери“ за индексот на јачината на пасошите на државите во светот, покажуваат дека најсилен пасош на светот моментално е јапонскиот, чии сопственици можат да патуваат слободно во 191 земја во светот. Следува сингапурскиот со 190 слободни дестинации, а третото место го делат јужнокорејскиот и германскиот […]

Еден од тројцата Македонци на бродот во Јокохама заразен со корона вирусот

февруари 13, 2020

Еден од тројца Македонци што се наоѓаат во карантин на бродот “Diamond Princess” закотвен во јапонскиот град Јокохама е заразен со новиот корона вирус (COVID-19), соопштија од Министерството за надворешни работи (МНР). По потврдувањето на овој случај, Македонецот е хоспитализиран во здравствена установа во Јапонија. Македонската амбасада во Токио е во комуникација со споменатиот македонски […]

Тајфунот во Јапонија одзеде 70 животи, се трага по 12 лица

октомври 15, 2019

Спасувачите во Јапонија и денеска работат со крајни залагања, трагајќи по 12 лица што уште се водат како исчезнати по ударот на тајфунот во саботата. Последиците по градбите и инфраструктурата се огромни, а досега е потврдена смртта на речиси 70 лица. Силните ветришта и обилните врнежи од дожд што ги донесе тајфунот предизвика бројни поплави […]

Владата донесе одлука за финансиска помош на Грција и на Јапонија

јули 25, 2018

Владата исто така донела одлука за финансиска помош исто од шест милиони денари, да биде испратена и до Владата на Јапонија за поддршка во справувањето со последиците од земјотресот што неодамна ја погоди оваа земја. Владата на вчерашната седница донела одлука да испрати финансиска помош во висина од шест милиони денари до Владата на Грција […]

Кина годинава ќе биде поголем увозник на гас од Јапонија, поради борбата со загадувањето

јануари 4, 2018

Поради борбата со загадениот воздух, Кина оваа година може да ја надмине Јапонија во увоз на природен гас. Кина, која е најголем увозник на нафта и јаглен, е трет најголем потрошувач на природен гас, по САД и Русија и 40 проценти од потребите за гас ги подмирува од увоз, бидејќи домашното производство не може да ја задоволи […]

Американски воен авион се урна кај Окинава

ноември 22, 2017

Авион на американската воена морнарица, кој носел 11 патници и членови на екипажот, се урна во море, источно од Окинава, јавува „Би-би-си“. Веста, како што наведува британскиот јавен сервис, ја потврдиле воени претставници на американската воена морнарица. Авионот бил на пат да слета на носачот на авиони „УСС Роналд Реган“.

Страна 3 од 9