Таг: Извештај за напредокот
таг: Извештај за напредокот
Возен ред без поаѓања на возови, бројот на превезени патници лани само 400.000 [инфографик]
Патнички возови кои се внесени во актуелниот возен ред, но не сообраќаат. Нервозни граѓани кои се упатиле до железничките станици, но не успеале да се информираат дека поаѓањето на возот е откажано. Веќе подолг период не сообраќаат патничките возови кон Кичево, Кочани и Приштина, иако се впишани во актуелниот возен ред на Железници на РСМ-Транспорт. Од почетокот на јануари...
И јануари помина, нема тендер за изградба на регионалната депонија во Свети Николе
Првиот месец од 2023 година помина, но не се остварија најавите за објавување на тендерот за изградба на првата регионална депонија по ЕУ стандарди во земјава. Модерната фабрика за отпад за Источниот и Североисточниот регион треба да се гради во Општина Свети Николе, а од Министерството за животна средина и просторно планирање кон крајот на ноември лани најавија дека...
2022 година за младите од земјава: Невработеност, миграција, нарушено ментално здравје и заборавени од институциите
Младите во Северна Македонија и во текот на 2022 година се соочија со низа проблеми кои директно се одразуваат на нивниот живот. Тие во вокабуларот на политичарите се врвен приоритет, но во пракса властите не прават доволно за нивната иднина. Во продолжение Порталб.мк ви нуди еден преглед на тоа што ја одбележа 2022 година во однос на младите.
Висока стапка на...
До крајот на годината тендер за регионалната депонија во Свети Николе, изградбата догодина
Со задоцнување од речиси една година, наскоро ќе се објави меѓународниот тендер за изградба на регионалната депонија во Општина Свети Николе и шесте претоварни станици во Источниот и Североисточниот плански регион. Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на денешниот брифинг за новинарите изјави дека подготвената тендерска документација е целосно ревидирана и до крајот на неделава ќе...
Политиките за животна средина и клима високо целат, но малку се имплементираат
Европските директиви кои ги засегнуваат прашањата од животната средина и климатските промени се генерално имплементирани во домашното законодавство, но и понатаму недостасува ефикасна имплементација. Сè уште не е донесен Законот за климатска акција, најголемите енергетски капацитети работат без А-интегрирани дозволи, амбициозните климатски политики не се во согласност со актуелните активности, принципот загадувачот плаќа не се спроведува доследно и нема...
Невработеноста е главен проблем на младите во земјава, алармира и Европската Комисија [инфографик]
Невработеноста кај младите останува проблем во чија насока Северна Македонија мора да работи напорно. Ова беше констатирано во последниот Извештај за 2022 година за напредокот на Северна Македонија на нејзиниот евроинтегративен пат. Младите и задоволувањето на нивните потреби останува предизвик кој мора да се адресира и реши. Извештајот ги истакнува недостатоците на кои земјата треба да работи, како и...
ЕУ бара Македонија да ги исполни обврските од Парискиот договор за климатските промени
Македонија да си ги исполни обврските преземени со потпишувањето на Парискиот договор за климатските промени во 2016 година и да го донесе Законот за климатска акција. Ова е една од трите клучни задолженија кои ги доби земјава за наредната година од Европската Комисија (ЕК) во Извештајот за реформскиот напредок кон европските интеграции за 2022 година.
„Долгорочната Стратегија за климатска акција...
ЕУ петта година критикува во Извештајот за загадувањето на воздухот, голем напредок нема
И во 2022 година, како и во претходните години, Европската комисија во Извештајот за напредокот на земјава во европските интеграции повторно со забелешки за аерозагадувањето. Во поглавјето Животна средина и климатски промени, ЕУ на македонските власти како прво задолжение на кое треба особено да работат во идната година им го потенцира забрзувањето на напорите за намалување на загаденоста на...
Проширувањето пред проширување
Годинешниов пакет документи за проширувањето на Европската комисија има две одлики. Најпрвин, тој е последен со седум држави. Од следната година ќе се однесува на десет држави, вклучувајќи ги Украина, Молдавија и Грузија. Втората одлика е силната геополитичка боја на Стратегијата за проширување, во која на преден план е влијанието на руската агресија врз Украина врз проширувањето. Секако, и...
Кочењето на регионалната депонија во Свети Николе стигна до Извештајот на ЕК
Македонските власти наредната година треба особено да се посветат на спроведувањето на мерките за воспоставување на регионален систем за управување со отпад, особено во Источниот и Североисточниот регион. Општина Свети Николе е експлицитно наведена дека го кочи процесот за изградба на современата регионална депонија за двата региона, за која веќе се обезбедени финансиски средства од ЕУ.
„Започнаа активности за изградба...
ЕУ со исти критики како и лани: Да се забрза изградбата на Коридорите 8 и 10д и реформите во железницата
Критиките во транспортниот сектор од Европската комисија се речиси идентични како и лани, односно остануваат како барања за исполнување од власта. Во Извештајот за напредокот на Северна Македонија во европските интеграции за 2022 година се критикуваат истите проекти како и лани - изградбата на пругата кон Бугарија, патниот Коридор 10-д од Градско до Прилеп, заедничките железнички гранични премини, недостигот...
Вархеји: Северна Македонија има издржан реформски напредок кон ЕУ
Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји денеска ги презентираше извештаите за земјите од Западен Балкан и Турција пред Европскиот парламент. Во врска со извештајот за Северна Македонија, тој изјави дека 2022 беше важна година со отпочнувањето на преговарачкиот процес.
„Северна Македонија го отпочна преговарачкиот процес со првата политичка меѓувладина конференција што одамна требаше да се случи, ова е пробив за земјата,...
Законот за климатска акција годинава нема да се донесе, морало да се доусогласи со Енергетската заедница
Ново одложување на донесувањето на Законот за климатска акција во земјава. Од Министерството за животна средина и просторно планирање на почетокот од годинава ветија дека законското решение ќе влезе во владина постапка за усвојување до крајот на првиот квартал од 2022 година, по што би се испратил на гласање во Собранието.
Сепак, од министерството сега велат дека Законот за климатска...
Обемот на несобран отпад низ годините расте, општините ја кочат изградбата на регионалните депонии [инфографик]
Проблемот со управувањето на отпадот во Македонија продолжува да расте, а главната опасност е можноста за создавање на нови диви депонии низ општините. Податоците низ годините покажуваат дека количеството на создаден комунален отпад од граѓаните и компаниите се зголемува побрзо од обемот на отпад што можат да го соберат јавните комунални претпријатија низ општините.
Според податоците на Државниот завод за...
Реформите на МРТ стојат во место, приходите и бројот на вработени продолжува да опаѓа [инфографик]
Нема позитивни придвижувања за решавање на проблемите со кои се соочуваа Македонската радио-телевизија, реформите стојат во место, а со текот на времето се појавуваат нови, дополнителни предизвици што го доведуваат во прашање нормалното функционирање на јавниот радиодифузен сервис на земјава.
Најновиот мониторинг-извештај со наслов „Следење на процесот на евроинтеграции: Реформи во Јавната администрација“ изработен од Фондацијата „Метаморфозис“ за првиот квартал...
Образованието во РСМ наместо напредок бележи назадување, забелешки има и од ЕУ
Северна Македонија има постигнато ограничен напредок во областа на образованието, земјата ги нема спроведено повеќето препораки на Европската комисија до 2020 година. Додека од Министерството за образование и наука (МОН) велат дека иницирале многу реформи, експертите предупредуваат дека образованието кај нас е запоставено многу. Потребни се итни реформи во основното образование, треба многу да се работи на условите во...
Кредитот од ЕБОР за регионалните депонии пред финално одобрување, општините да не ги кочат проектите
Пред финално одобрување е кредитот во висина од 55,3 милиони евра за изградба на современите депонии за секој одделен регион во земјава. Следната недела кај нас доаѓаат експерти за животна средина и отпад од Лондон, така што владините очекувања се дека Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во брзо време ќе го одобри кредитот со којшто Северна Македонија...
Општина Свети Николе без одговори околу изградбата на идната регионална депонија
Општинското раководство во Свети Николе се промени, а Мета.мк од новата власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ не може веќе неколку недели да добие одговори на прашањата во врска со изградбата на првата регионална депонија по ЕУ стандарди во земјава.
Мета.мк испрати прашања до Општина Свети Николе за тоа до каде е постапката за изборот на нов директор на Јавното меѓу-регионално претпријатие...
Наместо во ветерот и дождот, спас за аерозагадувањето да се гледа во формирање на Фонд за животна средина
Почна сезоната на опасно живеење во македонските градови поради високото ниво на загадување на воздухот. Во доцните попладневни и вечерните часови, воздухот во Скопје и низ другите населени места го менува мирисот, додека мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање и апликацијата Мој воздух веќе почнаа да алармираат за денови со високо ниво на загадување од...
Дебата на Метаморфозис: Медиумските реформи треба да се континуитет, а не тргни-застани процес
Фондацијата Метаморфозис вчера организираше дебата за реформите во медиумскиот сектор, која што се одржа по презентацијата на сопствениот извештај „Реформи на половина пат - политичката волја час ја има, час ја нема“ од мониторингот на следење на реформите во областа на медиумите.
На дебатата беа потврдени наодите од извештајот, при што заеднички заклучок на соговорниците беше дека нема исполнување на...