петок, 12 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: изборни резултати | 58 резултати

Левичарот со хрватски корени Габриел Бориц е нов претседател на Чиле

декември 20, 2021

Левичарскиот кандидат Габриел Бориц, којшто е поранешен студентски лидер со хрватски корени, е избран за нов претседател на Чиле во вториот круг од претседателските избори, пренесува Гардијан. На пребројани речиси 97 отсто од гласовите на вчерашните избори, Бориц освоил 55,8 отсто од гласовите и води со 12 проценти пред крајнодесничарскиот противкандидат Хозе Антонио Каст. Пред […]

И повторно лупа врз исходот од бугарски избори: Меѓу кажаното и пишаното

ноември 24, 2021

По третите парламентарни избори оваа година, можно е Бугарија да добие Влада. Резултатите, математички гледано, тоа не го гарантираат. Сепак, политичката игра е надвор од доменот на математиката, а картите се малку поинаку поделени во оваа трета рунда. Изненадувачката победа на новоформираната „Продолжуваме со промените“, благодарејќи на анти-корупциската платформа, харизмата на лидерите и нивниот имиџ […]

Продолжува бранот оставки во Бугарија по парламентарните избори

ноември 16, 2021

Претседателката на БСП, Корнелија Нинова, денеска поднесе оставка на функцијата поради катастрофалните резултати на парламентарните избори во неделата, јави „Медиапул“. Оставката на Нинова дојде еден ден по оставките на други лидери на бугарски политички партии што поминаа лошо на изборите. Претседателот на бугарското ВМРО, Красимир Каракачанов, поднесе оставка вчера, заедно со неговите заменици – европратеникот […]

Помалите партии од власта против ново парламентарно мнозинство и избори, и ДУИ се противи на оставката на Заев

ноември 1, 2021

Помалите партии ЛДП, ДОМ и ДПА, кои настапија самостојно на локалните избори, денеска најавија дека нема да поддржат формирање на ново парламентарно мнозинство во Собранието, ниту пак се сложни за одржување на предвремени парламентарни избори. „Ние сме дел од парламентарното мнозинство и не поддржуваме одржување на нови парламентарни избори“, изјави денеска пратеничката Маја Морачанин од […]

Само две кандидатки избрани за градоначалнички на локалните избори во земјава

ноември 1, 2021

Во вчерашниот втор круг од локалните избори во земјава, само две кандидатки добија доволен број гласови за да бидат избрани за идни градоначалнички на општините. Останатите 79 градоначалнички позиции им припаднаа на мажите. Единствен исклучок се идната скопска градоначалничка Данела Арсовска, која што како кандидат беше поддржана од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ и Жаклина Јовановска од […]

ВМРО-ДПМНЕ освои 20 градоначалници во вториот круг, СДСМ и ДУИ добија по седум градоначалници

ноември 1, 2021

Идентично како и во првиот круг од локалните избори, опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ и во вториот круг што се одржа денеска освои најголем број на градоначалнички места – во вкупно 20 општини. Според првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија, ВМРО-ДПМНЕ ги освои градоначалничките места во: Пехчево, Ново Село, Кочани, Василево, Конче, Радовиш, Македонска Каменица, Кратово, […]

Таравари победи во Гостивар, кандидатите на ДУИ станаа градоначалници во Кичево и Струга

октомври 31, 2021

Кандидатот на Алијанса на Албанците и Алтернатива, Арбен Таравари победи во вториот круг од изборите во Гостивар, додека кандидатите на ДУИ во Кичево и Струга се пред победа за градоначалничките места во овие два места. Досегашниот градоначалник на Гостивар Таравари прогласи победа. Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), на пребројани 99,89 отсто од гласовите, […]

Зоран Заев си поднесе оставка од премиерското место и од лидерската позиција на СДСМ

октомври 31, 2021

Зоран Заев поднесе оставка од претседателската позиција во СДСМ и од премиерската позиција, соопштувајќи ја одлуката на вечерашната прес-конференција. И во вакви околности, тој останува на ставот дека не треба да има вонредни парламентарни избори. Заев рече оти претстојат одлични услови за работа во претстојните две и пол години, а тој ќе остане да помогне […]

Мицкоски: Македонија мора да се менува, а промените започнаа од вечерва

октомври 31, 2021

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва прогласи победа во дваесеттина општини на вториот круг од локалните избори што се одржаа денеска. На прес-конференцијата, тој им ги честиташе победите на своите кандидати за градоначалници во Битола, Брвеница, Василево, Вевчани, Гевгелија, Демир Хисар, Зелениково, Конче, Кочани, Кратово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Охрид, Пехчево, Радовиш, Ранковце, Ресен, […]

Богданка Кузеска од СДСМ: Изборите беа фер, слободни и демократски

октомври 31, 2021

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на вечерашнава прес-конференција рече дека денеска се одржале фер, слободни и демократски избори. Огромно мнозинство од граѓаните излегле на гласање, изјави таа. Кузеска изјави дека денеска победила демократијата и слободната волја на граѓаните и покрај обидите за компромитирање на изборниот процес. Таквите режимски методи биле откриени и по нив постапуваат, […]

Управниот суд ги поништи изборните резултати од две избирачки места во Дебар и Шуто Оризари

октомври 25, 2021

Тужбите на Алијансата на Албанците и Алтернатива за Дебар и на движењето Одлучно за промени за Шуто Оризари се прифатени од Управниот суд, што значи дека во недела во овие две општини ќе има прегласување за првиот круг на по едно избирачко место. Во општина Дебар, поништени се резултатите за избирачкото место бр.0543 за гласањето […]

Досега поднесени 15 приговори до ДИК во однос на првиот круг од локалните избори

октомври 20, 2021

Државната изборна комисија (ДИК) до овој момент добила вкупно 15 приговори во однос на првиот круг од локалните избори. Два приговора од опозициската коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ се поднесени за прекршување на изборниот молк, додека останатите 13 приговори се однесуваат на постапката за гласање и за постапката за сумирање и утврдување на резултатите до Државната […]

Неважечките ливчиња побројни од освоените гласови на Алијанса и Алтернатива или независните листи

октомври 19, 2021

Волјата на граѓаните преточена во резултатите на локалните избори предизвика „земјотрес“ на политичката сцена. Но, има ли скриена порака која треба сериозно да ја разберат нашите политичари? Според синоќешните резултати за советничките листи во општините, без градот Скопје и без резултатите од околу 40 избирачки места, ВМРО-ДПМНЕ освои 288.044 гласови, СДСМ 238.031, ДУИ 104.554, Алијанса […]

Во Карпош, во вториот круг ќе се натпреваруваат Душко Весковски и Стевчо Јакимовски

октомври 18, 2021

По маратонското пребројување на гласовите, на официјалната веб-страница страница на ДИК е објавено кои двајца кандидати ќе се спротивстават меѓусебно во вториот круг на локалните избори во општина Карпош. По преброени 99,86 отсто од гласовите, јасно е дека во вториот круг ќе оди Стевчо Јакимовски од ГРОМ како второрангиран, за кој вчера гласале 6.830 гласачи. […]

Петре Шилегов: Во вториот круг влегуваме изедначено

октомври 18, 2021

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Петре Шилегов на денешната прес-конференција посочи дека вчера имало успешен демократски ден и празник на демократијата. „Драги скопјанки и скопјани, вчера имавме успешен демократски ден и празник за демократијата. Им честитам на сите кандидати за резултатот во првиот круг и на граѓаните кои излегоа на гласање. Сакам […]

Данела Арсовска и Петре Шилегов одат во втор круг, градоначалник веќе добија Гази Баба, Сарај, Бутел, Аеродром и Кисела Вода

октомври 18, 2021

Иден скопски градоначалник ќе се бира во втор круг што ќе се одржи на 31 октомври. Според досега преброените гласови објавени на веб-страницата за локалните избори на Државната изборна комисија (ДИК), односно околу 80 отсто од нив, битката за Скопје ја водат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Во трката за нов градоначалник на главниот град досегашниот Петре […]

Во Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Охрид, Гостивар, Струга, Кочани и Гевгелија ќе има втор круг на 31 октомври

октомври 18, 2021

Во најголем дел од поголемите општини во земјава ќе се одржи втор круг од локалните избори на 31 октомври. Државната изборна комисија (ДИК) веќе ги преброи гласовите и резултатите покажуваат дека во поголемите населени места има тесна разлика меѓу најголемите политички партии. Врз основа на преброени 100 отсто од гласовите во Битола, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ […]

Заев: Победивме и водиме во над 30 општини и Градот Скопје, ќе ја обединиме владината коалиција во втор круг

октомври 18, 2021

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев доцна синоќа рече дека социјалдемократите и нивната коалиција успеале да победат во прв круг или имаат сериозно водство и влез во втор круг во над 30 општини низ земјата. Тој прогласи победа во Градот Скопје, како и во општините Струмица, Крива Паланка, Карпош, Центар, Шуто Оризари, Кочани, Делчево, Крушево, Ресен, […]

Локалните избори во детали: Советите се бираат во еден круг, за градоначалник можно е да има и втор круг

октомври 16, 2021

На Локалните избори 2021 право на глас ќе имаат 1.824.864 гласачи впишани во Избирачкиот список. На седмите по ред избори за градоначалници и општински совети за 80 општини и Град Скопје, граѓаните утре ќе избираат нови градоначалници и општински совети од пријавените 299 кандидати за градоначалници и 10.532 кандидати за членови во општинските совети, покажуваат […]

Канадскиот премиер Трудо освои трет мандат, победувајќи ги конзервативците

септември 21, 2021

Либералната партија на канадскиот премиер Џастин Трудо е победник на предвремените избори што се одржаа во Канада, јавува Гардијан. Либералите освоија 156 места во парламентот од неопходните 170 за формирање на новата влада. Конзервативната партија пак се стекна со 121 место во парламентот. Со ваквите изборни резултати, премиерот Трудо е на чекор пред обезбедување на […]

Страна 2 од 3