Таг: изборна кампања

таг: изборна кампања

„Субверзивен фронт“: ЛГБТИ-заедницата е силно гласачко тело – „Гласај за еднаквост“

Здружението за критички пристап кон родот и сексуалноста „Субверзивен фронт“ во пресрет на парламентарните избори, закажани за 11 декември, ја почна кампањата насловена „Гласај за еднаквост“. Целта на кампањата е да се вметне еднаквоста на ЛГБТИ-луѓето во јавната политичка агенда на партиите, не само за време на кампањата за претстојните избори, туку и по нив. Пред почетокот на кампањата, како што...

Трет ден митинзи: ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, СДСМ во Кичево, ДПА во Челопек

Политичките партии денеска продолжуваат со изборната кампања за претстојните парламентарни избори закажани за 11 декември, со митинзи и со средби со граѓани низ Македонија. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија денешните изборни активности ќе ги почнат во 17.30 часот со митинг во Неготино, а централниот митинг денеска ќе биде во Кавадарци, во 20 часот. Коалицијата предводена од СДСМ попладнево во 17.30...

ДУИ вети дека во секое семејство ќе има барем по еден вработен

Лидерот на Демократската унија на Албанците (ДУИ), Али Ахмети, денеска во Скопје ја промовираше изборната програма на партијата за претстојните парламентарни избори, закажани за 11 декември. Ахмети посочи дека програмата е подготвена од интелектуалци и од експерти докажани на своето поле. - Сигурен сум и верувам дека ние можеме да ја оствариме оваа програма и затоа на веб-страницата на ДУИ дадовме можност да...

Коалицијата за промени и правда бара нов договор за специјално судско одделение

Ако сакаме да имаме процес на стабилизација на состојбата во Македонија, Специјалното јавно обвинителство мора да продолжи да работи професионално, одговорно, транспарентно и со полна пареа, а по изборите да биде направен нов договор за формирање специјално одделение во Кривичниот суд, кој ќе ги процесира предметите на СЈО. Ова денеска на прес-конференција пред СЈО го истакна претседателот на Демократскиот...

ДПА под мотото „Чекориме право“ најави камапња за позитивни промени

Демократската партија на Албанците изборната кампања за претстојните предвремени парламентарни избори ја почна во скопско Студеничани под мотото „Чекориме право“. Лидерот на партијата, Мендух Тачи, соопшти дека ДПА ќе води кампања за позитивни промени и го повика членството и симпатизерите овие избори да бидат мирни и демократски, бидејќи тоа е во интерес на Албанците. - Се разбира дека сме во состојба...

Груевски од Охрид: Одиме на голема победа, одиме на 63 пратеници

„Сега му е мајката да им покажеме што е Македонија! Одиме на голема победа, одиме на 63 пратеници!“, им се обрати вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на повеќе десетици илјади присутни на градскиот плоштад Свети Климент Охридски во Охрид. Коалицијата за подобра Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во согласност со партиската традиција, изборната кампања ја почна од овој град кој...

Заев ја почна изборната кампања од Крушево и од Прилеп го повика Груевски на ТВ-дуел

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, со митинзи во Прилеп и во Крушево симболично ја почна изборната кампања за предвремените парламентарни избори, закажани за 11 декември. Во својот говор пред прилепчани, презентирајќи ја програмата на СДСМ и на Коалицијата за живот во Македонија, Заев најави економски реформи, поврат на ДДВ, зголемување на минималната плата, зголемување на просечната плата на 500...

СДСМ во изборната кампања ќе зборува за младите, ВМРО-ДПМНЕ – за вработувања

Лидерите на двете најголеми политички партии, Никола Груевски и Зоран Заев, ги најавија програмите и чекорите на кои ќе се фокусираат во наредните 20 дена заради придобивање на гласовите на граѓаните на изборите закажани за 11 декември. Лидерот на опозицискиот СДСМ денеска истакна дека сè што ќе зборуваат во изборната кампања „ќе биде за младите и заради младите“. „Сè што ќе...

СЕММ: Како никогаш досега, потребно е да се известува етички

На почетокот на изборната кампања, Советот на етика во медиумите апелира за целосна професионална одговорност во новинарството, промовирање партиципативен политички процес и за континуиран пристап на јавноста до релевантни и веродостојни информации. Во апелот на СЕММ стои дека медиумите не треба да дозволат да бидат манипулирани од политичарите и од другите актери во изборниот политички процес, бидејќи тоа значи директна...

Почна кампањата: Пропагандните спотови се вртат на ТВ, а банерите се појавија на порталите

Политичките партии денеска ја почнаа изборната кампања за предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември. На телевизиите од утринава се вртат пропагандни спотови, а на порталите веќе има банери со носителите на пратеничките листи. ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО за Македонија теренската кампања ќе ја почнат од Охрид, СДСМ од Прилеп, а ДУИ од Липково. ВМРО за Македонија почетокот на кампањата го закажа за...

Што смее, а што не смее да се прави за време на кампања?

Доколку партиите не се премислат и не ги одложат изборите повторно, на 12 октомври треба да се распушти Собранието и да се распишат избори, а на 21 ноември да почне изборната кампања. Според Изборниот законик, изборната кампања почнува 20 дена пред денот на изборите, а и во првиот и во вториот круг таа завршува 24 часа пред денот на гласањето. Кампањата...

Јанева ги побарала од судот предметите за Мартин Нешковски и за Љубе Бошкоски

Покрај докази од предметот „Пуч“, специјалната обвинителка Катица Јанева од судот ги побарала и предметите за убиството на Мартин Нешковски и за случајот „Изборна кампања“, во кој осуден е Љубе Бошкоски, соопшти денеска Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Од кабинетот на Јанева, укажуваат дека не наишле на соработка од страна на судот, кој не им ги доставил предметите, туку побарал обвинителите...

Петти мировник на ОН е ранет во јужен Либан, САД и Европа ги осудија нападите на Израел врз мировниците

Петти мировник на ОН е ранет во јужен Либан откако бил погоден од огнено оружје, соопштија привремените сили на ОН во Либан (Унифил). Во соопштение, Унифил вели дека мировникот во...