fbpx
Таг: изборна кампања

таг: изборна кампања

Трамп го обвини Обама дека го прислушувал пред изборите

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска го обвини својот претходник, Барак Обама, дека го прислушувал пред претседателските избори, кои се одржаа на 8 ноември минатата година. Трамп обвинувањата за прислушување ги изнесе во неколку пораки на својот твитер-профил, не наведувајќи детали или докази. „Страшно. Штотуку дознав дека Обама ме прислушувал во Кулата Трамп непосредно пред мојата победа“, напиша Трамп на „Твитер“. https://twitter.com/realDonaldTrump/status/837989835818287106 Тој...

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов e новата Радмила Шекеринска

Милионерот Петре Шилегов во изборната кампања на СДСМ донирал 60.000 денари или тројно помалку од парите кои на партијата великодушно и ги дале невработениот студент Ивана Туфегџиќ и соросовиот платеник Павле Богоевски, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Во него се додава дека „Шилегов, за разлика од Туфегџиќ и Богоевски кои повеќе време минаа одработувајќи за СДСМ на терен, имал...

Саркози се соочува со судење за нелегално финансирање на кампањата во 2012 година

Поранешниот претседател на Франција, Николас Сакрози, треба да седне на обвинитела клупа во судски процес против него за нелегално финансирање на неговата изборна кампања во 2012 година, пренесува „Би-би-си“, повикувајќи се на судски извори. Саркози се соочува со обвинение дека неговата партија ги фалсификувала сметките за да сокрие 22,5 милиони евра од трошоците за кампањата за претседателските избори во 2012...

Партиите имале 1,4 милиони евра, а потрошиле 3,1 милиони евра за кампањата

За време на изборната кампања, политичките партии потрошиле двапати повеќе пари од што имале приходи. Вкупните приходи на сите политички партии изнесувале 88.314.902 денари (1.436.015 евра), а расходите биле 195.501.767 денари (3.178.890 евра). Ова денеска го соопшти „Транспарентност Македонија“ при презентирање на резултатите добиени од надзорот на трошењата на политичките партии во периодот од 1 до 9 декември и од анализата...

Ова не се избори за СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, туку за Македонија, порача Заев од Охрид

„Македонија не може да оди напред и да биде просперитетна и сигурна земја, без да се открие вистината докрај за тоа кој ги уби децата кај Смиљковско Езеро, кој го уби Мартин Нешкоски, без да се открие целата вистина за кумановско Диво Насеље“, порача вечерва од митингот во Охрид, лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Заев рече дека мултиетничка Македонија е...

АВМУ: Медиумите од изборниот процес да известуваат избалансирано и непристрасно

Неколку политички субјекти – учесници во изборниот процес ја информирале Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) дека одредени медиуми не известуваат за нивните активности од изборната кампања. Од АВМУ велат дека медиумите треба да обезбедат избалансирано покривање на изборниот процес во согласност со принципот на пропорционалност според бројот на потврдени листи на кандидати за пратеници. Од агенцијата истакнуваат дека...

ВМРО-ДПМЕ денеска во Крива Паланка, СДСМ во Битола, а ДУИ во Куманово

На 13. ден од изборната кампања, политичките партии продолжуваат со митинзите и со средбите со граѓани на кои ги претставуваат своите изборни програми за предвремените парламентарни избори, закажани за 11 декември. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија денеска ќе одржат митинзи во Кратово во 12 часот, во Пробиштип во 17.30 часот и во Крива Паланка во 20 часот. Социјалдемократскиот сојуз на...

Омбудсманот предупреди да не се употребуваат деца во изборната кампања

Народниот правобранител Иџет Мемети соопшти дека отворил постапка за злоупотребување деца од страна на политичка партија. На новинарско прашање за вклученост на деца во предизборните кампањи, народниот правобранител рече дека досега има неколку јавувања на граѓани и на вработени по однос на прекршување на изборното право за време на кампањата. - По наша иницијатива, имаме отворено една постапка во однос...

„Стандард“: Настапот на Курц во Скопје е задоцнета и лоша исплата за бегалската криза

Настапот на шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц, на централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, во неделата, е задоцнета и лоша исплата на долгот кон македонските власти за затворањето на македонско-грчката граница и за запирањето на протекот на мигранти кон Австрија и кон Западна Европа, пишува виенски „Стандард“. „Изминативе месеци, многумина се прашуваа што доби македонската влада со затворањето на границата...

ВМРО-ДПМНЕ денеска во Кочани, СДСМ во Берово, ДУИ во Врапчиште, а ДПА во Тетово

Политичките партии денеска, на десеттиот ден од изборната кампања за претстојните парламентарни избори, закажани за 11 декември, ќе одржат митинзи и средби со граѓаните во повеќе градови во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија денеска ќе одржат митинзи во Виница и во Кочани, додека СДСМ и Коалицијата за живот во Македонија денеска ќе бидат во Пехчево и во Берово. Демократската...

Заев од Неготино и Кавадарци вети дека ќе го врати достоинството на земјоделците

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска на митинзите во Неготино и Кавадарци порача дека во Македонија може да се има подобар живот и подобар стандард. - Ќе има живот за сите нас. На дофат ни е тој живот. Просечната плата од 500 евра ќе ви овозможи да имате пристоен живот. Нема повеќе да се срамите од вашето дете кога му...

ВМРО-ДПМНЕ со централен митинг во Скопје, СДСМ во Свети Николе и во Велес

На седмиот ден од кампањата за предвремените парламентарни избори закажани на 11 декември, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија денеска ќе имаат централен митинг во Скопје, со почеток од 19 часот. Карванот на СДСМ и на Коалицијата за живот во Македонија, пак, денеска ќе бидат во Свети Николе во 17.30 часот и во Велес во 19 часот. Носителот на кандидатската листа на Демократската...

Ахмети: Албанците не се дискриминирани како што манипулираат опозиционите албански партии

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на вечерашниот митинг одржан во Општина Боговиње, пред присутните изјави дека Албанците не се дискриминирани и дека нивната состојба, според него, во сите сегменти од општествениот живот е многу подобрена за разлика од порано. - Значи, многу е тешко да се набројуваат сите проекти и достигнувања на ДУИ. Имаме направено многу нешта што се во корист...

Народот е желен за живот и за слобода, оцени Заев од Виница

Лидерот на СДСМ и носител на кандидатската листа на партијата во четвртата изборна единица, Зоран Заев, вечерва на митингот во Виница побара поддршката од граѓаните за „Планот за живот за младите да останат во Македонија“. Тој истакна дена неговиот политички опонент, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, измислува анкети, но оти тоа нема да му помогне. - Груевски може да измислува анкети колку...

Нема да дозволиме Македонија да стане експеримент на поединци, порача Груевски

Лидерот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вечерва на митинзите на Коалицијата за подобра Македонија во Валандово и во Гевгелија порача дека претстојните избори се трет референдум во Македонија. Во својот говор, Груевски, кој е носител на листата во четвртата изборна единица, рече дека од граѓаните зависи во каква Македонија сакаат да живеат. - Изборот е многу јасен и многу очигледен - една...

ДОМ: Градовите се задушуваат, а институциите се во изборна кампања

ДОМ протестира што градовите се задушуваат од загадување на воздухот, а надлежните лица од институциите се растрчани во изборна кампања! „Нема кој да донесе одлука и да даде налог за итни мерки, ниту доволно службеници кои тоа ќе го спроведат. Партизираните институции се неспособни да си ги извршуваат своите обврски и не е доволен напорот на професионални службеници кои се...

„Субверзивен фронт“: ЛГБТИ-заедницата е силно гласачко тело – „Гласај за еднаквост“

Здружението за критички пристап кон родот и сексуалноста „Субверзивен фронт“ во пресрет на парламентарните избори, закажани за 11 декември, ја почна кампањата насловена „Гласај за еднаквост“. Целта на кампањата е да се вметне еднаквоста на ЛГБТИ-луѓето во јавната политичка агенда на партиите, не само за време на кампањата за претстојните избори, туку и по нив. Пред почетокот на кампањата, како што...

Трет ден митинзи: ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, СДСМ во Кичево, ДПА во Челопек

Политичките партии денеска продолжуваат со изборната кампања за претстојните парламентарни избори закажани за 11 декември, со митинзи и со средби со граѓани низ Македонија. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија денешните изборни активности ќе ги почнат во 17.30 часот со митинг во Неготино, а централниот митинг денеска ќе биде во Кавадарци, во 20 часот. Коалицијата предводена од СДСМ попладнево во 17.30...

ДУИ вети дека во секое семејство ќе има барем по еден вработен

Лидерот на Демократската унија на Албанците (ДУИ), Али Ахмети, денеска во Скопје ја промовираше изборната програма на партијата за претстојните парламентарни избори, закажани за 11 декември. Ахмети посочи дека програмата е подготвена од интелектуалци и од експерти докажани на своето поле. - Сигурен сум и верувам дека ние можеме да ја оствариме оваа програма и затоа на веб-страницата на ДУИ дадовме можност да...

Коалицијата за промени и правда бара нов договор за специјално судско одделение

Ако сакаме да имаме процес на стабилизација на состојбата во Македонија, Специјалното јавно обвинителство мора да продолжи да работи професионално, одговорно, транспарентно и со полна пареа, а по изборите да биде направен нов договор за формирање специјално одделение во Кривичниот суд, кој ќе ги процесира предметите на СЈО. Ова денеска на прес-конференција пред СЈО го истакна претседателот на Демократскиот...

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви, изјави дека Израел ќе одговори на иранскиот воздушен напад, но дека сè уште размислуваат кога и како ќе го направат тоа. Иранскиот...