Таг: изборна кампања
таг: изборна кампања
ААВМУ бара казни од 4.000 евра за Алсат-М и Шења за неизбалансирано известување во кампањата
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) поведе прекршочни постапки против телевизиите Алсат-М и Шења, бидејќи спротивно од одредбите во Изборниот законик при известувањето за изборната кампања не обезбедиле избалансирано покривање на изборниот процес во дневно-информативните и во посебните информативни емисии во согласност со принципот на пропорционалност според бројот на потврдени листи на кандидати за пратеници.
Од Основниот кривичен...
Политичките реклами на „Можеме“ доминирале на телевизија, „Обнова“ најмногу се вртела на радио (инфографик)
Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ доминирала во емитувањето на политички реклами на телевизиите за време на изборната кампања, додека коалицијата „Обнова“ на ВМРО-ДПМНЕ свртела најмногу политички реклами на радио-станиците. Ова го покажува Извештајот за емитуваното платено политичко рекламирање на програмите на радиодифузерите за време на кампањата за изборите на 15 јули, којшто Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги...
ЗНМ: Директорот на АВМУ непрофесионално етикетира медиуми
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) во изминатите неколку недели внимателно ја следеше работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) во делот на постапување против радиодифузерите за евентуални прекршувања на правилата предвидени во Изборниот законик. На барање, пак на дел од медиумите против кои беа поведени постапки за прекршување на изборен молк, од ЗНМ велат дека...
Јавните пари за политички реклами го влошија медиумското известување за изборите
Набљудувачката мисија на ОБСЕ за предвремените избори што се оддржaа на 15 јули во Северна Македонија има сериозни забелешки за начинот на известување на медиумите во текот на изборната кампања.
„На медиумското известување за изборите му недостасуваше критички осврт на платформите, а одредбите во врска со платеното политичко рекламирање ги фаворизираа трите најголеми партии“, стои во првичната оценка на мисијата...
ААВМУ бара прекршочна постапка против „Алсат-М“ и „Шења“, не информирале балансирано за изборната кампања
Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми на 29. седница го разгледа Извештајот од изборното медиумско претставување за време на Предвремените парламентарни избори 2020 година.
„Во таа насока Советот заклучи против телевизиите „Алсат-М“ и „Шења“ да се покрене прекршочна постапка пред надлежниот суд бидејќи спротивно на членот 75 став 1, а во врска со член 75-а став 1 точка...
ААВМУ: Комерцијалните телевизии акцентот во известувањето за изборите го ставија врз коалициите Можеме и Обнова
Ниту една од комерцијалните телевизии не успеа целосно да го спроведе принципот за известување пропорционално на бројот на потврдени кандидатски листи и интензитетот на кампањата, за време на предвремените парламентарни избори.
Ова е еден од клучните наоди во Извештајот за мониторингот над известувањето на комерцијалните телевизии во периодот од 24 јуни до 12 јули 2020 година, од страна на Агенцијата...
ААВМУ: МРТ генерално обезбедила избалансираност во известувањето во изборната кампања
Четирите програмски сервиси на Македонската радио-телевизија (МРТ) генерално обезбедиле избалансираност во вестите во поглед на изборното медиумско известување, но ригидните математички формули од Изборниот законик ги покажаа своите слабости и на овие избори. Ова се главните заклучоци на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) во Извештајот од изборното медиумско претставување за предвремените парламентарни избори 2020 година.
Посочувајќи го...
ДЗР ги објави партиските извештаи, ВМРО-ДПМНЕ добила најмногу донации за кампањата
Државниот завод за ревизија (ДЗР) ги објави извештаите на политичките партии за вкупните приходи од примени донации на трансакциските сметки за финансирање на изборната кампања за предвремените парламентарни избори 2020 година.
Партиите доставувале по два извештаи, еден од денот на отворање на трансакциската сметка до крајот на десеттиот ден од изборната кампања и вториот од единаесетиот ден од изборната кампања...
Црната медиумска кампања на изборите се водеше на дел од онлајн медиумите и на социјалните мрежи
Како во изборната кампања, така и за време на изборниот молк, дел од онлајн медиумите во земјава, како и одредени личности но и анонимуси на социјалните мрежи, ја одиграа нечистата пропагандна кампања за партиите на изминатите парламентарни избори. Ваквиот заклучок произлегува од констатациите изнесени во мониторингот на медиумите што го извршија мисијата на ОБСЕ/ОДИХР и на организацијата ЦИВИЛ.
Специјалната мисија...
ОБСЕ/ОДИХР: Националните радиодифузери немаа темелно аналитичко известување за време на кампањата
Набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР во однос на набљудувањето на националните радиодифузери за време на изборниот процес констатирале дека бројните дебати и ток-шоу емисии главно биле користени од учесниците како платформи за взаемни лични критики.
Исто така, во прелиминарниот извештај се додава дека информативните емисии на сите национални радиодифузери кои ги следеше Специјалната мисија за проценка на изборите (СМПИ) на ОДИХР, површно...
ОДИХР: МТВ се придржуваше до одредбите од Изборниот законик за известување во текот на кампањата
Специјалната мисија за проценка на изборите (СМПИ) на ОБСЕ/ОДИХР во Изјавата за прелиминарните наоди и заклучоци за предвремените парламентарни избори одвои посебно мислење и за медиумското известување на јавниот сервис. Во објавениот документ се вели дека информативните емисии на МРТ во текот на кампањата се регулирани со прецизни одредби во Изборниот законик, кои пак биле критикувани од повеќето соговорници...
ССНМ, ЗНМ и СЕММ остро ги осудуваат заканите кон дописничката Милевска
Здружението на новинари (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика на медиумите во Македонија (СЕММ) најостро реагираат на говорот на омраза и директните закани по живот упатени преку социјалната мрежа Твитер, до новинарката Тања Милевска, дописник за државната агенција МИА од Брисел.
„Како новинарски организации упатуваме на фактот дека и говорот на омраза и...
Партиска пропаганда на денот на избори поради немање изборен молк
На вонредните парламентарни избори што треба да се одржат на 15 јули идната недела на денот на гласање нема да има изборен молк. Тоа значи дека учесниците на изборите на денот на гласање ќе можат да ги користат медиумите и социјалните мрежи за да ги повикаат граѓаните да гласаат за нив и при тоа ни партиите ни медиумите нема...
МРТ во изборните програми: СДСМ ја гледа како заштитник од дезинформации, ВМРО ќе ја уредува со нов закон
Идниот развој на јавниот радиодифузен сервис е вклучен во изборната програма на двете најголеми политички партии што ќе се натпреваруваат на изборите на 15 јули. За владејачкиот СДСМ, приоритет е Националната радио-телевизија да прерасне во вистински јавен радиодифузер, кој мора да биде во тек со времето и да биде присутен на сите современи платформи и да биде достапен до...
ЦИВИЛ: Социјалните мрежи и дел од медиумите и на овие избори се користат за ширење лажни вести и омраза
Граѓанската организација ЦИВИЛ денеска одржа прес-конференција за да ги претстават нивните досегашни наоди од мониторингот на платеното политичко рекламирање и медиумското известување пред и за време на изборната кампања за изборите што ќе се одржат на 15 јули. Од тимот на ЦИВИЛ посочија дека првата недела од предизборната кампања почнала жестоко и валкано, со жалење дека дезинформациите, клеветите, вербалното...
ДУИ со претставка до ААВМУ, Агенцијата бара баланс во дебатните емисии на медиумите
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) вчера добила претставка од политичката партија ДУИ, во која таа реагира на организирањето дебатни емисии на програмите на медиумите. Агенцијата веднаш направила увид во податоците од мониторингот на досегашното изборно медиумско претставување, при што упати апел до медиумите за баланс при организирањето дебатни емисии.
„Радиодифузерите, доколку одлучат да емитуваат дебати и други...
Чулев: Не сум на пратеничка листа па да го кршам законот со користење на службено возило
По објавувањето на фотографии од министерот за внатрешни работи работи, Наќе Чулев, кој на средби со граѓаните заминал со службеното возило и полициска придружба на две други возила, во јавноста беа изнесени информации дека со тоа го прекршил законот и ја злоупотребил позицијата. Чулев негира дека го прекршил законот, а како што изјави денеска во Штип, службеното возило го...
ААВМУ мониторира 14 медиуми, регистрирано едно прекршување кај политичките реклами
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) врши мониторинг на изборното медиумско претставување на 14 медиуми, како и мониторинг на платеното политичко рекламирање за изборите на 15 јули на сите радиодифузери од Регистарот на медиуми на ДИК. На денешниот јавен состанoк, директорот на Агенцијата Зоран Трајчевски посочи дека на првиот ден од изборната кампања, ААВМУ констатирала дека повеќе...
ССНМ, ЗНМ и Советот за етика со прашања до политичките партии
Во пресрет на изборната кампања која започнува денес, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) јавно поставија десет прашања до политичките партии и коалиции кои ќе настапат на предвремените парламентарни избори 2020 година.
Дел од прашањата се однесуваат на ставовите на партиите за реформите...
Спасовски: Отворањето на границите не е поврзано со изборите, така одлучи Комисијата за заразни болести
На првиот ден од започнувањето на изборната кампања, техничкиот премиер Оливер Спасовски, демантираше дека одлуката за отворањето на границите е политичка, односно дека е поради одржувањето на изборите на 15 јули, за да можат непречено да дојдат и гласаат иселениците. Тој рече дека таа била донесена исклучиво како резултат на мислењето на епидемиолозите. Анализите на Комисијата за заразни болести,...