fbpx
Таг: избори

таг: избори

За избори во април, Собранието се распушта во февруари, листите готови во март

Според најавите на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, и на лидерите на политичките партии, предвремени парламентарни избори ќе се одржат најдоцна до крајот на април идната година. Според Уставот, Собранието мора да се распушти 60 дена пред изборите, значи во февруари, листите на пратеници треба да бидат објавени 23 дена пред датумот на изборите, а ДИК мора избирачкиот список да...

Парламентарни избори во Турција

Во Турција утринава се отворени избирачки места на кои граѓаните на земјата ќе гласаат за новиот состав на парламентот. Овие избори се важен тест за партијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган, чија желба да го измени уставот и да добие поголеми претседателски овластувања би можела да биде спречена од прокурдската Демократска народна партија (ХДП). Гласачките места, на кои ќе можат...

Хан му се јави на Заев: Лидерите да го почитуваат договореното од 2 јуни

Еврокомесарот за меѓусоседска политика и проширување, Јоханес Хан, попладнево телефонски разговарал со лидерот на опозицијата, Зоран Заев, „за да појасни едно од прашањата поврзани со меѓупартискиот дијалог, во кој олеснувач е Европската унија, во насока на договорот постигнат во Скопје на 2 јуни“, се наведува во изјавата ЕК, обајвена на нејзината официјална интернет-страница. Телефонскиот разговор меѓу Хан и Заев уследи откако...

По новата „бомба“ на Заев: Живи ли се преговорите и договорот за избори во април?

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во 14.40 часот денеска, пред седиштето на партијата, даде изјава дека нема да учествува на средбата што треба да се одржи на 10 јуни во Брисел. Новата „бомба“ на Заев одекна исто толку силно како и претходните со прислушуваните разговори и беше поттикната од изјавата на еврокомесарот Хан, дадена во Вашингтон, во која тој вели дека...

Кандидат за премиер на Данска позира гол на изборeн плакат

Данскиот политичар Џон Ерик Вагнер се фотографирал целосно гол, со машките атрибути во преден план, затоа што сака да стане премиер на Данска. Плакати со 53-годишниот гол Вагнер го преплавија Копенхаген, а на нив е испишано мотото: „Гласајте за Вагнер. Ќе ви се исплати“. Danish politician's racy election posters have ... nothing to hide #JohnErikWagner... http://t.co/Y9KUA4BHhr pic.twitter.com/eysbeZxJw3 — Most Trending Pranks (@Prankolizer) June...

Истражување: Студентите не гласаат на студентски избори

Младински образовен форум за вчерашната трибина „Студентот како носител на општествени промени“, го презентираше резултатите од истражувањето „Студентот како носител на општествени промени - истражување за локусот на контрола“. Според резултатите од истражувањето, поголемиот број студенти имаат надворешен локус на контрола, односно сметаат дека не можат да влијаат за промена на својата средина и сметаат дека контролата за општествените случувања...

Хан: Предвремени избори до крајот на април наредната година

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, по повеќечасовната средба со лидерите на политичките партии во Македонија, рече дека е договорено предвремени избори да има во април наредната година, а дотогаш, во таканаречениот транзициски период, треба да се направи прочистување на избирачкиот список. Хан се заблагодари на трпението и рече дека имале многу интересна и конструктивна средба. - Како што гледате, опкружен сум со...

Македонците во Албанија се подготвуваат за локалните избори на 21 јуни

Етничките Македонци од Албанија, на локалните избори што ќе се одржат на 21 јуни годинава, ќе се борат за едно градоначалничко место во Пустец и ќе имаат 16 листи за советници, во исто толку општини. Партијата на Македонците, Македонска алијанса за европска интеграција, на овие локални избори влегува како дел од владејачката коалиција „Алијанса за европска Албанија“. Единствениот кандидат за градоначалник,...

Анджеј Дуда е новиот претседател на Полска

Кандидатот на десничарската партија Право и правда, конзервативецот Анджеј Дуда, со 53 отсто од гласовите во вториот круг на претседателските избори во Полска го победи досегашниот претседател Бронислав Коморовски. Дуда го победи Коморовски во првиот круг со 34,76 проценти наспроти 33,77 отсто од гласовите, но не успеа да ги усвои потребните 50 отсто плус еден глас. Коморовски стана претседател пред пет...

Конзервативците на Камерон ја одбранија власта

Конзервативецот Дејвид Камерон на изборите во Велика Британија, според излезните анкети, освоил 329 пратенички места од вкупно 650 во Долниот дом на Парламентот, додека лабуристите освоија 233 места. Покрај лабуристите, неочекуван крах претрпеа и либералите на Ник Клег, додека шкотските националисти – СНП достигнаа историски успех. Според анкетите, шкотските националисти – СНП ќе добијат 56 мандати, а следат либералдемократите со скромни осум,...

Шкотските националисти ќе пресудат на изборите во Британија

Двете водечки британски партии тврдат дека се борат за апсолутно мнозинство во парламентот и се надеваат дека во последен момент тоа и ќе им успее. Сепак, анкетите, два дена до парламентарните избори, покажуваат дека парламентот ќе биде поделен, а лабуристите или конзервативците ќе мора да состават владата коалицирајќи со една или со повеќе помали партии. Се очекува в четврток само две...

Едмонд Темелко третпат ќе се кандидира за градоначалник на Пустец

Едмонд Темелко третпат ќе бара доверба од граѓаните за мандат на градоначалник на општината Пустец. Платформата со која Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) ќе оди на изборите останува непроменета, односно унапредување на правата на македонското малцинство во Албанија, изучување на македонскиот јазик на целата територија на Република Албанија, соодветна застапеност во администрацијата, вложување во инфраструктурата во регионите каде живеат...

Велика Британија го распушта парламентот и почнува изборната кампања

Британскиот премиер Дејвид Камерон побара од кралицата Елизабета Втора да го распушти парламентот, со што и официјално ќе почне предизборната кампања за парламентарни избори, закажани за 7 мај. Денот на одржувањето на изборите е одреден уште во 2010 година, кога Камерон ја оформи коалицијата со центристичките либерални демократи. Исходот од претстојните избори е неизвесен бидејќи конзервативците и лабуристите се еднакви според...

„Бомбите“ на ПЦЕР ќе пукаат пред Влада, нема пари за стриминг

Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) утре во 11.30 часот ќе одржи мирен протестен марш кој ќе почне од паркиралиштето кај спортската сала „Кале“. Учесниците ќе се движат до зградата на Владата, каде пред присутните и пред целата јавност ќе се обратат повеќе активисти, меѓу кои и претседателот на ПЦЕР, Самка Ибраимовски. На протестот ќе бидат презентирани и нови аудиоснимки...

Изненадувачки убедлива победа на Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера победи со огромно мнозинство на парламентарните избори, објави изборната комисија откако ги преброи сите гласачки ливчиња. Десничарската Ликуд освои 30 места во 120-члениот парламент Кнесет, додека нејзиниот главен противник, Ционистичкиот сојуз на левиот центар, освои 24 места, објавија израелските медиуми откако беа пребројани 99,5 отсто од ливчињата. Во проценти, изборната комисија објави дека Ликуд освоила нешто...

Ќе се одржат предвремени избори во Израел

Тесна битка на предвремените парламентарни избори во Израел ќе водат ривалите Бенјамин Нетанјаху, актуелниот премиер и лидер на владејачката партија Ликуд, и Јицак Херцог, шефот на центролевичарската Ционистичка партија. Најголема поддршка меѓу израелските гласачи има Ционистичката партија на Херцог, но според анкетите, ниту една од главните партии не би требало да смета на повеќе од 25 отсто од гласовите. Политичките аналитичари сметаат...

Нетанјаху призна дека може да ги изгуби изборите

Израелскиот премиер во заминување, Бенјамин Нетанјаху, денеска призна дека постои можност да претрпи пораз на парламентарните избори и предупреди дека ќе дојде до дипломатски пораз „на сите полиња“ доколку победи неговиот лабуристички противник Исак Херцог. - Нашата сигурност е во голема опасност затоа што постои реална можност да ги изгубиме овие избори – рече Нетанјаху за „Ерусалим пост“, неколку дена...

Заев вечерва во „Универзална“ ќе понуди преодна влада?

Вечерва во „Универзална сала“, со почеток во 19 часот,  ќе се одржи трибина „Вистината за Македонија: Изборен грабеж“, организирана од СДСМ. Како што најави лидерот на опозицијата, Зоран Заев, на трибината ќе ги објават доказите за тоа како ВМРО-ДПМНЕ во неколку изборни циклуси ги фалсификувала изборите. На последната прес-конференција на Заев, која се одржа во петокот, лидерот на СДСМ рече...

ДИК во понеделник ќе има став за снимките на Заев

По вчера објавените снимки на лидерот на СДСМ, Зоран Заев , во кои, тој тврди, владини функционери местат и фалсификуваат избори, денеска членови на Државната изборна комисија изјавија дека в понеделник ќе разговараат за темата на седница на комисијата, објави „Нова ТВ“. Актуелниот претседател на ДИК, Никола Рилкоски, во изјава за медиуми, вели дека не е информиран за снимките и...

Заев за „Би-Би-Си“: Се потврди грабежот во последните три изборни циклуси

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по објавувањето на седмата „бомба“ поврзана со изборните нерегуларности во 2011 година за време на предвремените парламентарни избори и во 2013 година за локалните избори, даде интервју за „Би-Би-Си“. Заев тврди дека, за време на овој процес на споделување на сите докази и аргументи, ќе се покаже што се случувало во последните три изборни циклуси,...

Амбасадорот на Обединетото Кралство за почетокот на реализацијата на Меѓународната стратегија за жените и девојките 2023-2030 

Понекогаш се чини дека борбата за родова еднаквост станува сѐ потешка и потешка. Жените во Иран се малтретирани поради начинот на којшто се облекуваат, девојките во Авганистан се спречени...