fbpx
Таг: избори

таг: избори

По и пред бугарските избори: Повеќе реализам и внимателност

Слави Трифонов на основачкото собрание на „Има таков народ“ на 16 февруари 2020 година. Фото: Tnvsjk2013/Викимедија комонс. Creative Commons Attribution-Share Alike 4.0
Веќе е извесно дека мартовските парламентарни избори во Бугарија нема да донесат политичка влада. Во новиот фрагментиран парламент значајно ослабеа позициите на владејачката ГЕРБ на премиерот Борисов (иако сѐ уште прва) и опозициската Бугарската социјалистичка партија (БСП), која падна на трето место. Новата анти-естаблишмент партија „Има таков народ“ изненадувачки го доби второто место, а во парламентот влезе и сличната по...

Бугарија полека оди кон нови избори – Трифонов порача дека неговата партија ќе го врати мандатот

Слави Трифонов на основачкото собрание на „Има таков народ“ на 16 февруари 2020 година. Фото: Tnvsjk2013/Викимедија комонс. Creative Commons Attribution-Share Alike 4.0
Состојбата по парламентарните избори во Бугарија денеска дополнително се комплицираше, откако стана јасно дека и партијата „Има таков народ“ на шоуменот Слави Трифонов, инаку втора политичка сила според бројот на освоени гласови, ќе го врати мандатот за формирање влада што бугарскиот претседател Румен Радев треба да им го додели оваа седмица. Тој дополнително ги навреди сите партии што досега...

ГЕРБ води на изборите во Бугарија, ВМРО во неизвесност, Борисов предложи експертска влада

Според најновите резултати од пребројувањето на гласовите објавени од Централната изборна комисија (ЦИК) на Бугарија, објавени во 9:30 часот по бугарско време (8:30 по македонско), води партијата на досегашниот премиер Бојко Борисов, ГЕРБ, која има 24,88 отсто од гласовите, според обработени 54,63 отсто гласачки ливчиња. ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов, пак, сè уште не знае дали ќе влезе во парламентот....

Обработката на отпечатоци од прсти на изборите треба да добие дозвола од Агенцијата за заштита на личните податоци

И покрај тоа што лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се согласни околу набавката на апарати за отпечаток на прст за претстојните локални избори, Државната изборна комисија (ДИК) и стручните лица повоздржано реагираа во однос на предусловите што треба да се исполнат пред воопшто да се воведе обработката на отпечатоци од прсти на изборите. Од ДИК вчера во изјава за неколку...

ААВМУ: Прекршочна пријава против ТВ Ирис, заради неизбалансирано известување на предвремените избори во Штип

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) констатирала дека телевизија Ирис го прекршила членот 75, став 1 од Изборниот законик и оттука предлага да се покрене прекршочна постапка против овој медиум. „Радиодифузерот при известување за време на изборната кампања за Предвремените избори за градоначалник на Општина Пласница и на Општина Штип 2020 година, не обезбеди избалансирано покривање на изборниот...

СДСМ објави дека е постигнат цензус и прогласи победа на изборите за градоначалник во Штип

Постигнат е цензус на изборите за градоначалник во Штип и според Државната изборна комисија, до 18.30 часот, излезноста е 34,30 проценти односно, излегле да гласаат вкупно 14.328 гласачи. Според партискиот штаб на СДСМ до 19 часот гласале над 14.500 граѓани, со што е исполнет потребниот цензус. Иако почнува процесот на броење на гласовите, штипските социјалдемократи тврдат дека нивниот кандидат, д-р...

Цивил: Групирање со броење на гласачи и партиски возила забележани пред гласачки местa во Штип

Набљудувачите на Цивил, јавуваат за мирен тек на гласањето во Штип, со неколку прекршувања. „Пред гласачки места е забележано групирање на луѓе, кои следат кој излегува на гласање. Исто така во близина на гласачите места има и партиски возила, на кои е ликот и името на еден од кандидатите,“ објави на прес конференција, Џабир Дерала. Прекршување на избирачкиот молк е регистрирано...

Вонредни локални избори за градоначалник, излезноста во Штип е 2,94 а во Пласница 7,37 отсто од запишаните гласачи

Два часа по отворањето на вкупно 77 гласачки места во Општината Штип, Општинската изборна комисија ги сумираше првичните податоци од излезноста на Вонредните локални избори за избор на градоначалник. До 9 часот своето право на глас го оствриле 2,94 проценти од запишаните гласачи, или 1.227 граѓани. Право на глас имаат 41.777 граѓани, запишани во Избирачкиот список во Штип. Според Општинската...

Српскиот парламент треба да гласа за Ивица Дачиќ за нов парламентарен спикер

Српскиот парламент денеска треба да го одржи продолжението на конститутивната седница, на која што ќе се расправа за втората точка од дневниот ред - избор на претседател на законодавниот дом. Како што најави Александар Вучиќ, претседателот на Србија и на Српската напредна партија, која има апсолутно мнозинство во овој состав, лидерот на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, ќе биде...

На 13 декември ќе се одржат избори за градоначалник на општините Штип и Пласница

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска го потпиша Решението за распишување на предвремени избори за градоначалник на Општина Пласница и Општина Штип. Изборите на кои граѓаните ќе ги изберат двата нови градоначалника ќе се одржат на 13 декември 2020 година (недела), информираат од Собранието на РСМ. Решението ќе го спроведат Државната изборна комисија, Општинската изборна комисија...

Хакиран сајтот на парламентот на Црна Гора за време на вчерашните избори

Веб-сајтот на парламентот на Црна Гора, вчера, за време на одржувањето на парламентарните избори во земјата, бил цел на хакерски напад. Поради тоа веб-сајтот бил блокиран од 8.29 до 10.07 часот наутро, потврдија црногорските власти. Засега нема објаснување кој е извршител на нападот, ниту се знае како точно бил извршен нападот. И порталот на весникот „Вијести“ вчера соопшти дека еден месец...

Избори за претседател во Белорусија, до 14 часот излегле 65,19 проценти од гласачите

Во Белорусија денеска се одржуваат претседателски избори, на кои граѓаните избираат од петмина кандидати, актуелниот Александер Лукашенко, Светлана Тихановскаја, донеодамна малку позната професорка по англиски и уште тројца други. Агенцијата ТАС пренесе дека до 14 часот излегле на гласање 65,19 проценти од гласачите. Според заменик-претседателот на Централната изборна комисија, Владимир Ипатов, одѕивот по региони е најнизок во Минск –...

ДЗР ги објави извештаите: Како се трошеа парите за реклами за изборната кампања 2020?

Државниот завод за ревизија (ДЗР) ги објави извештаите од медиумите и другите прaвни субјекти за рекламниот простор искористен од секој од учесниците во изборната кампања за предвремените парламентарни избори 2020 и средствата кои се платени или се побаруваат по таа основа. Извештаи доставиле 19 правни субјекти, меѓутоа два од нив („Јени Балкан“ и „РФМ Радио“) само известуваат дека не емитувале...

ДЗР ги објави партиските извештаи, ВМРО-ДПМНЕ добила најмногу донации за кампањата

Државниот завод за ревизија (ДЗР) ги објави извештаите на политичките партии за вкупните приходи од примени донации на трансакциските сметки за финансирање на изборната кампања за предвремените парламентарни избори 2020 година. Партиите доставувале по два извештаи, еден од денот на отворање на трансакциската сметка до крајот на десеттиот ден од изборната кампања и вториот од единаесетиот ден од изборната кампања...

ДИК прими речиси 2.150 приговори за гласањето

Во Државната изборна комисија до вчера стигнаа вкупно 2. 142 приговори за гласањето на парламентарните избори во средата, 15 јули. Рокот за приговори истече вчера во 19:30, а ДИК мора да одговори на приговорите во рок од 72 часа по истекот на рокот за примање на приговорите, односно до вторник вечер. Најмногу приговори стигнаа од партијата Левица, која поднесе 1.982...

Чулев: Денешните избори поминаа во мирна, фер и демократска атмосфера

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев оцени дека денешните парламентарни избори минаа во мирна, фер и демократска атмосфера. Според него, тоа е уште еден доказ, како за демократската свест на граѓаните, така и за капацитетите на институциите, пред се на МВР, кои постапиле одговорно, бескомпромисно и неселективно согласно законските надлежности. Чулев додаде дека биле преземени и мерки за заштита на...

ОЈО регистрираше 10 случаи на агитирање и давање поткуп за гласање за одредени политички партии

Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела против изборите и гласањето при Основното јавно обвинителство ја известува јавноста дека до 17.00 часот изборите се одвиваат во мирна атмосфера, без значителен број изборни нерегуларности. „Во основните јавни обвинителства и на електронската адреса izbori@jorm.mk на која граѓаните можат да пријават сомнение за сторено кривично дело поврзано со...

ЦИВИЛ регистрираше 18 нови изборни нерегуларности

Освен трите инциденти регистрирани по почетокот на гласањето денеска, организацијата ЦИВИЛ, која го следи гласањето на голем број избирачки места, во меѓувреме регистрирала вкупно 18 инциденти или други изборни нерегуларности, соопштени Џабир Дерала, претседателот на ЦИВИЛ на прес-конференцијата во 10 часот. Меѓу нерегуларностите што се забележани, се контрола од партиски набљудувач кој што заокружува на ливчињата, некористење УВ ламба за...

Во Охридскиот регион гласањето почна навреме и се одвива без проблеми

Во 7 часот утрово навреме беа отворени сите 89 избирачки места во Општина Охрид, каде правото на глас можат да го остварат 52.510 граѓани запишани во Единствениот избирачки список, информира Климент Камнароски, претседател на Општинската изборна комисија (ОИК) - Охрид. Од избирачкото место 1238, населба Видобишта, утрово информираа дека гласачкото место е навреме отворено, избирачкиот одбор е во полн состав,...

Денеска гласаат затворениците, болните и немоќните лица

Фото: Борче Поповски
На вториот ден од гласањето за предвремените парламентарни избори, своето право на глас ќе можат да го остварат затворениците, лицата во домашен притвор, внатрешно раселените лица, како и болните и немоќните лица. Податоците на ДИК покажуваат дека правото на глас денеска ќе можат да го остварат 8.855 болни и немоќни лица, чии што пријави биле прифатени од вкупно 9.491...

Апелација потврди, велешанката Пале Иловска ослободена од вина за убиството на насилниот партнер

Велешанката Павлинка (Пале) Иловска, која лани со нож го усмрти својот насилен партнер, полицаец од Велес, и одговараше за кривично дело убиство во миг, е целосно ослободена од обвинението. Иако...