fbpx
Таг: Иван Николов Сачевалиев

таг: Иван Николов Сачевалиев

Обвинителството го преквалификува обвинението за Заев во „Поткуп“

Обвинителството денеска го преквалификува обвинението против Зоран Заев од „примање поткуп“ во „барање пари како поткуп“, а снимката која кружеше на „Јутјуб“ под името „Едно евро за Вицето“ е отфрлена како доказ. На завршните зборови во случајот „Поткуп“ во кој на Заев му се суди под наводи за примање поткуп, беше сменето обвинението, со што наместо затвор од минимум пет...

Снимката од „Поткуп“ се репризираше во судницата, завршни зборови на 15 мај

Деловите од снимката за наводните договарања од случајот „Поткуп“ на премиерот Зоран Заев кои беа објавени на „Јутјуб“ денеска беа пуштени во судницатa на Кривичниот суд, јави МКД. Судот констатираше дека постојат три прекини на снимката, а потоа го праша Заев дали е тоа неговата канцеларија. Обвинетиот премиер потврдно одговори и дополни дека снимката е нецелосна и на крајот е...

Заев: Ме местеа за поткуп за да ги спречат „бомбите“

Ме местеа за ги спречат „бомбите“, рече премиерот Зоран Заев, кој е обвинет за случајот „Поткуп“, по денешното судско рочиште во Основен суд Скопје 1.  Тој смета дека најверојатно станува збор за пазерање со одредени политички структури за да биде спречено објавувањето на „бомбите“. Откако на почетокот на денешното рочиште судијата Дарко Тодоровски соопшти дека Апелацискиот суд Скопје ја прифатил...

Продолжува судењето за предметот „Поткуп“ во кој е обвинет Заев

Во Основен суд Скопје 1, на денешното рочиште за предметот „Поткуп“, во кој е обвинет премиерот Зоран Заев за барање поткуп во времето кога беше градоначалник на Струмица, треба да продолжи слушањето на разговорите од посебните истражни мерки (ПИМ). Снимките кои ги обезбедил струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев, од кои еден дел можеше да види јавноста на „Јутјуб“, почна на...

Јавноста исклучена, во судница се слушаат прислушувани разговори за „Поткуп“

На судењето на случајот „Поткуп“, во кој обвинет е премиерот Зоран Заев, во судницата се слушаат прислушувани разговори кои со употреба на посебни истражни мерки биле обезбедени во истрагата за овој случај, објави „Фокус“. Поради тајноста на овие докази, а на кои се слуша гласот на Заев, јавноста беше исклучена од рочиштето. Засега е непознато и дали во судница јавно ќе...

Сачевалиев сведочеше дека го наведувал Заев

Иван Николов Сачевалиев, главниот сведок во случајот „Поткуп“ против Зоран Заев на денешното рочиште во Основен суд Скопје 1 сведочеше дека кога одел кај поранешниот градоначалник на Струмица опремен со камери, го наведувал обвинетиот Заев да изговара реченици за потребите на МВР и Обвинителството за организиран криминал, известува „СДК“. - Обвинетиот го снимав на закажаната средба во кабинетот на Заев....

На „Поткуп“ денеска нема да се објави целата снимка, Сачевалиев тврди дека Заев барал едно евро и за СДСМ

На денешното рочиште за „Поткуп“ кое се одржува во Основен суд Скопје 1, сепак, нема да се прикаже целосната снимка за овој случај, во кој е обвинет премиерот Зоран Заев. Причината е што Обвинителството побарало одлуката за објавување на снимката да ја добие на писмено, бидејќи сака да се жали за неа на повисок суд. Заев е обвинет дека како градоначалник...

Во Кривичен суд денеска ќе се гледа целата снимка за „Поткуп“

Во судењето за случајот „Поткуп“, во кое актуелниот премиер Зоран Заев е обвинет дека како градоначалник на Општина Струмица барал поткуп од струмичкиот бизнисмен Иван Сачевалиев, на денешното рочиште во Основен суд Скопје 1 ќе се прикаже целата снимка, на која и се темели случајот. На досегашните рочишта, Заев тврдеше дека снимката е нецелосна и недостигаат два дела, поради што...

Прифатени ПИ-мерките, почна судењето на Заев за „Поткуп“

Судијата Дарко Тодоровски го одби предлогот на одбраната на премиерот Зоран Заев за случајот „Поткуп“ да бидат отфрлени Посебните истражни (ПИ) мерки на обвинителството како незаконски и да не се користат како докази во процесот. Советот реши дека ПИ-мерите се стекнати легално и на законски начин. Станува збор за снимката со која беше објавена на „Јутјуб“ и на неколку национални...

Продолжува судењето на Заев за случајот „Поткуп“

Денеска во Кривичниот суд во Скопје треба да продолжи рочиштето од судскиот процес за случајот „Поткуп“, во кој обвинет е лидерот на опозицискиот СДСМ и градоначалник на Општина Струмица, Зоран Заев. Заев, според Обвинителството, се товари дека како градоначалник на Општина Струмица, од струмичкиот бизнисмен Иван Николов-Сачевалиев барал поткуп од 163.924 евра, односно по две евра за еден квадратен метар...

Украина не мобилизира лица со Даунов синдром

Лицата со хромозомски пореметувања со значителни дисфункции, вклучително и лицата со Даунов синдром, не можат да служат војска, според Правилникот за воено-медицински преглед во вооружените сили на Украина. Украинскиот...