fbpx
Таг: Италија

таг: Италија

Италија: Протести поради градење џамија кај „Кривата кула“ во Пиза

Повеќе стотини лица ја потпишаа петицијата против градење џамија во близина на „Кривата кула“ во Пиза, што значи дека на референдум ќе се одлучува дали храмот ќе биде граден. Во текот на вчерашниот ден се собрани 1.800 гласови против градење џамија, што е доволно за гласање за градбата. Потпретседателот на комитетот против градење на новата џамија, Џанлука Гамбини рече дека нема...

Разбиена криминална банда која шверцувала мигранти од Балканот во Италија

Четири лица, осомничени дека шверцувале мигранти од Балканот во Италија, се уапсени во координирана акција на италијанската, унгарската и словенечката полиција, јавуваат светските агенции. Италијанската полиција соопштила дека двајца од осомничените биле уапсени на северот на Италија, еден во Будимпешта и еден осомничен во градот Марибор во Словенија. Сите четворица се осомничени за злосторничко здружување. Како што соопштиле од италијанската полиција,...

Уапсени осум лица во Италија поради шверц на мигранти

Италијанската полиција денеска уапсила осум лица осомничени за шверц на луѓе и фалсификување на документи, јавуваат светските агенции. Водачот на групата, инаку радикален исламист со потекло од Тунис, според информациите, бил уапсен претходно. Осуммината уапсени, од кои ниту еден не е Италијанец, според италијанската полиција, од компанија за производство на текстил северно од Неапол набавувале лажни договори и листи...

Италија: Авион ја проби оградата на аеродромот во Милано и заврши на автопат

Карго-авион „боинг 737“ утринава при слетувањето на аеродромот „Орио ал Серио“ во Италија не успеал да се сопре на пистата, по што ја пробил оградата и излегол на автопатот, на кој во тој момент имало автомобили. Инцидентот се случил околу четири часот наутро во Бергамо, во близина на Милано. Авионот летал од аеродромот „Шарл де Гол“ во Париз. Нема повредени во...

Спасени 3.200 мигранти во Средоземно Море

Повеќе од 3.200 мигранти се спасени во Средоземно Море во 25 операции што беа спроведени во текот на вчерашниот ден, соопшти италијанската крајбрежна стража. Едно безживотно тело е најдено на еден од бродовите, стои во соопштението на италијанската крајбрежна стража, која ја координирала акцијата. Во операциите за спасување учествувале бродови на италијанската крајбрежна стража, Европските поморски сили во Медитеранот и невладините организации...

Италија и Шпанија ја зголемуваат контролата на границите со Франција

Италија и Шпанија ќе ја зајакнат контролата на границите со Франција по вчерашниот напад во Ница, во кој 84 лица загинаа, а неколку десетици се повредени, откако возач на камион, полн со оружје и со гранати, влета на шеталиште. Италијанскиот министер за внатрешни работи, Анџелино Алфано, соопшти дека Италија ќе ги зголеми контролите на трите гранични премини кон Франција и...

Грчкиот фонд за приватизација ќе ја прифати италијанската понуда за грчката железница

Грчката железница за 45 милиони евра ќе биде продадена на италијанската државна железница. Според првичните неофицијални информации, грчкиот Фонд за приватизација кој денеска ја разгледуваше понудата на италијанската компанија, ја прифатил понудата од 45 милиони евра со што ќе почне процесот за приватизација на грчката железница. Со железницата досега стопанисуваше грчката државна компанија ОСЕ, преку која се одвиваше патничкиот и...

Дваесет и седум загинати во железничката несреќа во Италија

Италијанскиот премиер Матео Ренци го посети местото на несреќата во Пуља, во која, според последните податоци што ги објави агенцијата АНСА, загинаа 27 лица, јавува „Би-би-си“. Десетици лица се повредени, а некои се во критична состојба по фронталниот судир на двата воза. Ова е една од најтешките железнички несреќи во Италија во последните години. Ренци нареди официјална истрага за несреќата. - Сакам да...

Сè поголем бројот на жртви во железничката несреќа во Италија

Најмалку 20 загинати и 35 повредени е последниот биланс од железничката несреќа во Италија, јавуваат италијанските медиуми, додавајќи дека конечниот број на жртвите ќе биде познат откако возовите ќе бидат целосно раздвоени. Двата воза, секој од нив со четири вагони, се судрија околу пладне, во делот меѓу градовите Андриа и Корато, на 50 километри од Бари. Италијанскиот премиер Матео Ренци нареди...

Судир на возови во Италија, загинаа најмалку 12 лица

Најмалку 12 лица загинаа, а повеќе десетици се повредени во директен судир на два воза на југот на Италија, објавија италијанските медиуми. На местото на несреќата пристигнаа полицијата и брзата помош која им помага на повредените. До несреќата дошло на пругата помеѓу градовите Руво ди Пуља и Корато, во близина на Бари, на крајбрежјето на Јадранско Море. Сè уште не е објавено колку...

Германија се пласираше во полуфинале на „Еуро 2016“

Репрезентацијата на Германија се пласираше во полуфиналето на Европското првенство во фудбал откако синоќа, по изведувањето пенали, ја победи Италија. За време на двете полувремиња и двете репрезентации постигнаа по еден гол, а по продолженијата резултатот остана ист. Полуфиналето во Европското првенство во фудбал ќе се одржи на 7 јули во Марсеј. Со Германија ќе игра подобриот од вечерашното четвртфинале меѓу...

Запленети 11 тони кокаин во Колумбија

Единаесет тони кокаин се запленети во заедничката акција на полициите на Италија, Колумбија и на САД, јавуваат светските медиуми. При акцијата се уапсени и 33 луѓе, кои биле дел од криминална мрежа која рафинирала наркотици во џунглата на Колумбија и ги шверцувала во контејнери со овошје. Дваесет и двајца од уапсените се Колумбијци, додека другите се Италијанци. Како што соопшти началникот...

Спасени повеќе од 2.000 бегалци во Средоземно Море

Италијанската крајбрежна стража успеала да спаси околу 2.000 мигранти недалеку од брегот на Либија, во последната серија спасувачки операции во Средоземно Море, јавуваат светските агенции. Според информациите објавени вчера, италијанската крајбрежна стража координирала 15 спасувачки операции, во кои 2.000 мигранти се спасени и сместени на безбедно. Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (ОН) проценува дека од почетокот на оваа година во...

Отворена изложба на икони од Охрид во понтификалниот универзитет „Урбаниана“ во Рим

Во просториите на понтификалниот универзитет Урбаниана во Рим (Via Urbano VIII, 16), синоќа, во рамките на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“ и по повод одбележувањето на Денот на светите браќа, сесловенските просветители Кирил и Методиј, беше отворена изложбата „Св. Климент Охридски и неговите претстави во ликовната уметност“. Со оваа изложба, во организација на Н.У. „Завод и Музеј“ од...

Јанева во Палермо на комеморација во чест на судијата Фалконе

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева денеска во Палермо, Италија учествува на комеморацијата во чест на сицилијанскиот истражен судија Џовани Фалконе, кој на денешен ден пред 24 години беше убиен во атентат организиран од мафијата, чии членови ги гонеше Фалконе, заедно со неговиот соработник Паоло Борселино. Организатор на комеморацијата, како што соопштија од СЈО, е Фондацијата „Франческа Морвиљо Фалконе“, а во...

Спасени 1.153 мигранти покрај брегот на Италија

Италијанската крајбрежна стража синоќа спасила 1.153 мигранти во водите меѓу италијанскиот остров Сицилија и Северна Африка. Според извештаите на италијанските медиуми, италијански, ирски и германски бродови, како и спасувачки чамци на организациите „Лекари без граници“ и „СОС Медитеране“, извршиле 11 одделни спасувачки операции. Според податоците на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), од 5 до 12 мај во Италија пристигнале повеќе од 2.600...

Денеска во Виена меѓународен министерски состанок за либиската криза

Во главниот град на Австрија, Виена, денеска се одржува меѓународен министерски состанок за решaвање на кризата во Либија, а на кој, како што е соопштено, учествуваат клучните земји од тој регион и најважните меѓународни дипломати. Американскиот Стеј департмент соопшти дека со состанокот ќе претседаваат САД и Италија и дека на него ќе се води расправа околу давањето поддршка на либиската...

Апсења во Италија поради планирани терористички напади

Италијанската полиција уапси двајца Авганистанци на југот на земјата кои се осомничени дека планирале терористички напади во Италија, Франција и во Велика Британија. Обвинителот Роберто Роси изјави дека нема докази дека нападите ќе бидат изведени, но оти постојат докази за планирани напади. Осомничени се Хаким Насири и Гулистан Ахмаџаи. Првиот е обвинет за меѓународен тероризам, а другиот за помагање илегална миграција. И...

Блокадата на италијанско-австриската граница ќе биде катастрофа за Европа

Австриската блокада на границата со Италија за да се спречи приливот на мигранти би била политичка катастрофа за Европа, предупреди денеска претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер. Австрија се закани дека ќе ги прошири мерките за гранична контрола на преминот Бренер, доколку Италија сама не ја зајакне контролата на приливот на бегалци што влегуваат на нејзина територија, а потоа низ тунел...

Италија го повлече амбасадорот во Египет поради убиство на студент

Италија го повлече својот амбасадор во Каиро поради итни консултации, во моменти кога Рим инсистира да ја дознае вистината за случајот со мачење и со убиство на италијански студент во Египет. Италијанското министерство за надворешни работи соопшти дека шефот на дипломатијата, Паоло Џентолини, донел таква одлука по дводневниот состанок во Рим со египетскиот истражител, претставници на италијанската полиција и со...

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...