fbpx
Таг: Италија

таг: Италија

Огромна дупка во Рим проголта седум автомобили

Над 20 семејства се евакуирани вчеравечер во населбата Балдуина на северозападот на Рим, откако нешто пред 18 часот се отворила голема дупка во која пропаднале седум автомобили. За среќа нема повредени. Земјиштето пропаднало создавајќи дупка длабока околу 10 метри, а некои жители велат дека претходно чувстувале тресење на подовите кога во близина се вршеле градежни работи.  Во текот на вечерта...

Најмалку тројца мртви во железничка несреќа кај Милано

Според сегашните информации, помеѓу три и пет луѓе го загубиле животот во тешката железничка несреќа што се случила утрово кога воз излетал од шините близу италијанскиот град Милано. Десет луѓе се во критична состојба во болница а стотина други се повредени, јавуваат италијанските медиуми. Државната железница „Феровие дело Стато“ соопшти дека регионален воз излетал од шините на околу 40 километри...

Заев до 17 јануари ќе биде на зимски одмор во Италија

Премиерот Зоран Заев од денеска до 17 јанаури ќе го користи зимскиот одмор во Италија, соопшти портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција. Како што додаде Бошњаковски, Заев со семејството веќе отпатувал за Италија. За Нова година, македонскиот премиер беше во приватна посета на Солун, каде домаќин му беше солунскиот градоначалник, Јанис Бутарис.

Почина озлогласен шеф на сицилијанската мафија

Озлогласениот шеф на сицилијанската мафија, Салваторе Тото Рина, почина во Парма во 87-година од животот, јавуваат италијанските медиуми. Рина е затворен во 1993 година, откако е осуден на 26 доживотни казни затвор. Се верува дека тој го наредил убиството на повеќе од 150 лица. Рина боледувал од рак и бил во медицински индуцирана кома. Семејството имало посебна дозвола да го посетува...

Во Италија запленета дрога на Исламска држава вредна 50 милиони евра

Во Италија се запленети повеќе од 24 милиони таблети синтетички опијати, чија вредност се пронесува на 50 милиони евра. Италијанските власти тврдат дека екстремистите на Исламска држава планирале со парите од продажбата да финансираат напади на повеќе места во светот. Апчињата ги заплениле припадниците на финансиската полиција и на царината во најголемото италијанско пристаниште Џоја Тауро, стои во соопштението на претседателот од локалниот...

Шумски пожари беснеат на северозападот на Италија

Повеќе од 200 пожарникари синоќа гаселе околу 15 шумски пожари што избиле во Пијемонт и во Ломбардија на северозападот на Италија, каде неколку стотини лица се евакуирани, соопштија утринава спасувачките екипи. Најмногу е загрозено подрачјето Суса, во регионот Пијемонт, каде пожарот, потпомогнат со ветерот, се приближил до населените места. Околу 200 пензионери од еден дом за стари лица доцна синоќа биле превентивно...

Рим ќе преговара со Ломбардија и со Венето за поголема автономија

Италијанскиот премиер Паоло Џентилони денеска изјави дека неговата влада е подготвена да почне разговори со претставниците на Ломбардија и на Венето, откако граѓаните на референдум во двата најбогати региони се изјаснија за поширока автономија. - Можно е и веројатно е – рече Џентилони, додавајќи дека одредени служби подобро би работеле ако покраините Ломбардија и Венето добијат поголеми овластувања. Регионалните лидери бараат...

Спасовски со италијанскиот колега Минити договарал проширување на соработката

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска во Трст, Италија, се сретнал со министерот за внатрешни работи на Италија, Марко Минити, при што се разговарало за продлабочување на соработката меѓу двете министерства. Како што соопшти македонското Министерство за внатрешни работи (МВР), двајцата министри констатирале дека соработката меѓу двете министерства е одлична, а особено значајна во областа на борбата против трговијата...

Ломбардија и Венето на референдуми ќе одлучуваат за поширока автономија

Во двата најбогати региони во Италија, Ломбардија и Венето, утре ќе се одржат референдуми на кои граѓаните ќе гласаат за нивна поширока автономија, пишуваат италијанските медиуми. Иако политичарите од Ломбардија и од Венето и претходно се залагаа за независност од Рим, лидерите на овие два соседни региони на северот на Италија јасно истакнале дека референдумите се однесуваат на автономија, а...

ЕУ најави помош за Италија за намалување на бројот на мигрантите

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, соопшти дека Европската Унија договорила зголемување на финансиската помош за Италија за напорите да се спречат мигрантите да дојдат до Европа преку Средоземно Море. Туск рекол дека ЕУ обезбедила „доволно финансии“ за Италија и дека Европската комисија ќе обезбеди парите да одат за борба против „илегалната миграција“. Тој додаде дека постои „вистинска шанса“ да се затвори централната...

Бројот на загинатите во поплавите во Италија достигна до седум лица

Бројот на загинатите во поплавите во централно-италијанскиот град Ливорно достигна до седум лица по откривањето на телото на уште една жртва што претходно се водеше како исчезната. Телото на 34-годишна жена е пронајдено во понеделникот попладне, во двор на куќа во градот, прекриено со кал. Таа и нејзиниот сопруг излегле да гледаат што се случува со поплавата, но биле...

Во поплава во Италија најмалку петмина загинати

Најмалку пет лица загинаа, а тројца се водат како исчезнати во бурата што денеска ја погоди Италија, а меѓу најпогодените се провинцијата Тоскана и градот Ливорно. Четири лица од исто семејство се пронајдени мртви во поплавена куќа во Ливорно, каде за четири часа падна обилен дожд, претворајќи ги улиците во реки, кои носеа сè пред себе. Италијански медиуми јавуваат дека загинале девојче,...

Полицијата во Рим се судри со мигрантите

Италијанската полиција се судри со мигрантите кои „окупираа“ помал плоштад во Рим, протестирајќи против наредбата да ја напуштат зградата во која се населиле. Полицијата, со опрема за разбивање демонстранти, употребила водени топови против мигрантите. Две лица се уапсени, соопшти полицијата, истакнувајќи дека бегалците имале плински боци и дека некои од нив и ги отвориле. Се наведува дека мигрантите фрлале камења и шишиња...

Меѓународната заедница загрижена поради актуелната ситуација на Косово

Амбасадорите на Франција, Германија, Италија, Велика Британија и САД се загрижени поради актуелната ситуација на Косово. Ставот на амбасадорите денеска го соопшти американската амбасада во Приштина. „Косово се соочува со многу предизвици, како актуелни, така и долгорочни, вклучувајќи ја програмата со ММФ, енергетската ситуација, но исто така и потребата за економски развој, јакнење на владеењето на правото, европската перспектива...

Рама во Трст облече костум, ама и бели патики

Албанскиот премиер Еди Рама на самитот Западен Балкан – ЕУ во италијанскиот град Трст се појави во „полежерно“ издание. На самитот на високо ниво, кој се одржува во рамки на Берлинскиот процес, Рама се појави во костум и во спортски бели патики од познатиот бренд „адидас“. Ова не е првпат Рама да се појави во „лежерна“ варијанта на поголеми дипломатски средби....

Во Трст почнува самитот Западен Балкан – ЕУ

Во Трст денеска почнува бизнис-форумот во рамки на самитот на лидерите на државите од Западен Балкан, на кој, покрај еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, учествуваат и министрите за трговија и за економија на земјите од Западен Балкан. Самитот се одржува во рамки на Берлинскиот процес, иницијатива покрената во 2014 година, а која има цел да ги...

Италија бара од европските партнери да ги отворат своите пристаништа за мигрантите

Италијанското министерство за внатрешни работи денеска побара од европските земји да ги отворат своите пристаништа за прием на бродови со мигранти, со што би се ублажил притисокот што го трпи Италија. Денеска во Париз се состанаа министрите за внатрешни работи на Италија, Франција и на Германија, Марко Минити, Жерар Коломб и Томас де Мезијер, кои ќе разговараат за приливот на...

Османи – Ромео: Време е да се затворат меѓуетничките, како и сите други отворени прашања

Време е да се затворат меѓуетничките, како и сите други отворени прашања кои се клучен елемент за евроатлантските аспирации на Македонија, истакнал вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на денешната средба со амбасадорот на Италија во земјава, Карло Ромео. „Имаме голем предизвик пред нас да надоместиме за изгубеното време и се надевам дека тоа ќе го направиме во тесна соработка...

Италијанскиот премиер Џентилони го покани Заев на самитот во Трст

Премиерот на Италија, Паоло Џентилони, испрати честитка до новиот премиер, Зоран Заев, за формирањето нова влада, соопшти денеска италијанската амбасада во Скопје. Џентилони, исто така, го поканил Заев да учествува на самитот во Трст, кој се одржува во рамки на Процесот Западен Балкан. https://twitter.com/ItalyinMKD/status/870642288141193216 И шефот на италијанската дипломатија, Анџелино Алфано, испрати честитка до неговиот нов колега, министерот за надворешни работи на...

По 23 години МВР ја заврши најдолгата потрага по бегалец од затвор

Македонската полиција извести дека со екстрадицијата на македонскиот државјанин Д.М. од Италија во Македонија на крајот од минатиот месец, Секторот за меѓународна полициска соработка на МВР ја завршил најдолгата потрага по бегалец во историјата на македонската полиција, која траела цели 23 години еден месец и 14 дена. Според соопштението на полицијата, на 12 јануари 1989 година Д.М. со соучесник извршиле...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...