fbpx
Таг: Италија

таг: Италија

Грција во целосен карантин, во ЕУ се преземаат дополнителни мерки

Грција е во целосен карантин како мерка за спречување на ширењето на новиот корона вирус и болеста COVID-19. Мерката стапи на сила рано утринава, а ја објави премиерот Киријакос Мицотакис. Во меѓувреме, остатокот од ЕУ се бори од петни жили за да ја заузда ситуацијата. „Наложив да се превземат сите мерки за целосна забрана за непотребно движење на населението во...

Апел од италијанските медицински лица: „Нема повеќе време, потребни ни се повеќе болници“ (видео)

Италијанскиот дневен весник „Ил фато куотидијано“ на својата веб-страница објави краток текст и видео со наслов - 'Коронавирус, апел од медицинскиот персонал: „Нема повеќе време. Потребни ни се повеќе болници. Ние сме како војници без оружје фрлени во првиот фронт на војната“.'  https://www.youtube.com/watch?v=NhMSeiI9Yi4 Моќниот апел пуштен од  Националната федерација за здравствена заштита e придружен со видео каде е опишана ситуацијата во која се наоѓаат...

Во Бугарија 16 нови случаи со корона вирус – заразени и деца на 4, 7 и 11 години

Официјална Софија во текот на ноќта објави дека се регистрирани нови 16 случаи со новиот корона вирус, а утрово не се регистрирани нови случаи. Бројката на нови случаи расте и во светот. Парламентот на Бугарија денеска објави вонредна состојба која ќе трае до 13 април. Во случаите од ноќеска има и три деца на 4, 7 и 11-годишна возраст. На две...

За гласање за изборите на 12 април се пријавиле 7.508 граѓани од дијаспората

До ноќеска на полноќ, до Државната изборна комисија (ДИК) пристигнале вкупно 7.508 пријави за гласање од граѓаните кои живеат во странство. ДИК досега прифатила 6.330 пријави, а во моментов во фаза на обработка се 1.164 пријави од гласачите. 475 пријави се одбиени, покажуваат податоците објавени на веб - страницата на ДИК. За да се одржи гласањето за дијаспората на 12...

МЗ: Сите што се тестирани денеска, немаат корона вирус

Министерството за здравство информираше дека резултатите на сите кои денеска се тестирале за заразеност со корона вирус се негативни, односно лицата не се заразени. Претпладнево за корона вирус било тестирано едно лице кое на 7 март пристигнало во земјава од Германија, како и осум лица поврзани со првата заболена пациентка од Скопје – сопатници и блиски контакти, кои во изминатите...

По Италија и Грција ги затвори школите поради корона вирус во три региони

Грција на 48 часа ги затвораат сите државни и приватни образовни институции во три региони Ахаиа, Закинтос и Илиас по препорака на Комисијата на експерти за заразни болести. Комисијата препорачува да се откажат секаков вид масовни собири, како театри, кина, спортски и културни настани, посети на археолошки локалитети и музеи. Италијанската влада вчера исто така донесе одлука сите училишта и универзитети...

Шилегов: Средношколските екскурзии за Италија се одложени на неодредено време

Градот Скопје во рамките на своите надлежности ги презема сите неопходни мерки за да се спречи ширење на вирусот Ковид 19, рече на денешната прес-конференција градоначалникот Петре Шилегов. Согласно со задолженијата добиени од владата, сите училишта своите планирани патувања и екскурзии во Република Италија ќе ги откажат или одложат на неопределено време. - За сите други патувања и екскурзии да...

Министерство за здравство: Пациентката сомнителна за новиот корона вирус не е заразена

Министерството за здравство соопшти дека резултатите на уште една пациентка за која претпладнево постоеше сомнеж за корона вирус, се негативни на вирусот, односно иако првичните испитувања дале сомнеж за заразеност, тоа не е така. Оваа пациентка е една од двата случаи кои се тестираа на Инфективната клиника во Скопје денеска, а и двата резултати се негативни на вирусот. Во моментов, пациентката...

Прв случај на корона вирус во земјава, властите тврдат дека се подготвени и дека нема место за паника

Педесетгодишна скопјанка е првиот регистриран случај на заболен пациент со корона вирус во земјава, потврди министерот за здравство Венко Филипче. Тој уверува дека нема простор за паника кај населението. Заболената еден месец престојувала во Италија. - Пациентката е сместена на Клиниката за инфективни болести во Скопје, во оддел за изолација, се третира соодветно на нејзината состојба. Епидемиолошките анализи укажале на...

За уште еден сомнителен пациент потврдено дека нема корона вирус

Уште една пациентка која вчера вечер на Инфективната клиника во Скопје како сомнителен случај била тестирана за корона вирус е со негативен резултат, односно го нема корона вирусот, соопшти Министерството за здравство. Претходно вчера беше тестиран еден патник кој пристигнал од Дубаи пред шест дена, а завчера вечерта беше тестиран сомнителен случај на патник кој допатувал од Милано. И патничката...

Србија забрани екскурзии во Италија, Адеми чека насоки од здравствените власти

Zdravstvo Filipce
Министерството за просвета, наука и технолошки развој во Србија денеска им наложи на сите училишта за средно образование д ги одложат студиските патувања и екскурзиите во Италија заради епидемијата на корона вирусот. Во меѓувреме, нашето Министерство за образование и наука (МОН) чека на насоките од Комисијата за заразни болести. Во Италија инаку досега петмина починаа од овој вирус, а 219...

МНР: Нема информација за наши граѓани во Италија кои се заболени од корона вирус

Министерството за надворешни работи согласно информациите добиени од Генералниот конзулат во Венеција - Италија, информира дека до овој момент нема информација за наши граѓани кои се заболени од коронавирусот. „Според последните информации, потврдени се 159 случаи на заразени лица со коронавирус. Министерството за надворешни работи преку Амбасадата во Рим и Генералниот конзулат во Венеција, редовно ја следи состојбата на македонските...

Италијанскиот Сенат и Велика Британија го ратификуваа протоколот за НАТО

Италијанскиот Сенат го ратификуваше Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО. Протоколот помина во Долниот дом на Парламентот, но ратификацијата во Сенатот се оддолжи поради политичката криза, која се реши со формирањето нова Влада на Италија. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на „Фејсбук“ информираше дека и Велика Британија ја завршила националната процедура за ратификување на протоколот за НАТО. „Убав ден! И Велика Британија...

Со сомнителни снимки од сомнителен извор се прави обид да се турне владата во Скопје

Не требаше да помине многу време од објавувањето на видео снимките од наводното земање на мито од страна на Бојан Јовановски и Зоран Милески - Кичеец во домот на Јордан Камчев, па да се дознае дека весникот „La Verita“, чиј веб-сајт ги објави овие снимки, всушност, е близок до актуелните популистички власти во Италија и веќе подолго време објавува...

Во Дебар тројно убиство на сопружници и нивната малолетна ќерка

Основното јавно обвинителство Гостивар соопшти дека врши увид во приватна куќа во Дебар каде што се пронајдени безживотни тела на три лица. Според првичните сознанија на обвинителството, станува збор за тројно убиство, а жртвите се семејство – маж, жена и нивната ќерка на возраст од околу 13 години, кои времено живееле во Италија. Сторителот засега е непознат. Надлежен јавен обвинител е...

Порој однесе најмалку 10 животи во јужна Италија

Најмалку 10 жртви однесе порој што се појави по обилните дождови во јужниот италијански регион Калабрија. Загинатите биле туристи, главно Италијанци, кои вчера биле на планинарење и се движеле во исушената клисура, кога ненадејно надошла водата од обилните дождови. Според италијанската цивилна заштита, 18 луѓе се спасени, а шестмина се во болница. По преживеаните и телата загинатите се трагало вчеравечер...

Се расчистува шутот од мостот кај Џенова, потрагата по преживеани продолжува

Багери утрово почнаа да ги расчистуваат урнатините на надвозникот во близина на Џенова, кој се урна во вторникот. По три дена од трагичната несреќа, сè уште се трага по преживеани. Тешката механизација го тргна големиот вертикален дел на мостот, со што се отвора нов простор за потрага. Спасувачите трагаат по 10 до 20 луѓе, кои се водат за исчезнати. Неофицијално, во...

Се урна мост во Џенова, нема информации за повредени и загинати

Мост кој е дел од автопатот А10 се урна во близина на италијанскиот град Џенова, соопшти полицијата, и се стравува дека под урнатините има луѓе и автомобили. Мостот е висок околу 100 метри, а весникот „Кориере дела сера“ објави дека под него има затрупани луѓе. „Ла Република“ објави дека тој дел од градот е густо населен. Фотографиите од местото на настанот...

Италија протера македонски државјанин осомничен за тероризам

Италијанските власти протераа четири лица осомничени за тероризам, меѓу кои и еден македонски државјанин. „Четворицата странци, од нив еден Косовец (37) и еден Македонец (39), протерани се од Италија поради опасност по безбедноста на земјата. Еден од странците е Французин (28) кој го примил радикалниот ислам, додека другиот државјанин на Тунис (45)“, пишуваат албанските медиуми. Според нив, македонскиот државјанин претходно е...

Во Драч запленети половина тон кокаин

Албанската полиција во пристанишниот град Драч заплени над 500 килограми кокаин, пристигнат од Колумбија, кој требало да биде транспортиран кон Италија. Како што јави дописникот на МИА, дрогата, скриена во камион што патувал за Италија, била пронајдена со помош кучиња трагачи по наркотици. Според албанскиот Сектор за борба против тровијата со дрога, запленувањето на кокаинот следува по подолга истрага, а информации...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...