fbpx
Таг: Италија

таг: Италија

Италија: Спасени 50 мигранти

Италијанската морнарица спасила околу 50 мигранти кои со чамец испловиле од брегот на Либија, а се стравува дека во морето исчезнале уште толку лица, јавуваат италијанските медиуми. Морнарицата соопштила дека еден од нејзините бродови спасил луѓе во гумен чамец и оти мигрантите со патролен брод се предадени на крајбрежната стража. Преживеаните соопштиле дека со нив имало уште околу 50 лица пред...

Најмалку седум загинати при експлозија во фабрика за огномети во Италија

Најмалку седум луѓе загинале, а повеќемина се повредени во голема експлозија што денеска попладне се случила во фабрика за пиротехника и за огномети во близина на градот Бари, во Јужна Италија, пренесуваат светските агенции. Според извештаите, станува збор за фабриката „Брускела“ во градот Модуњо. Информациите што ги пренесуваат медиумите велат дека првична детонација предизвикала серија експлозии и пожар, кој се заканува...

Италијанската полиција заплени имот вреден 2 милијарди евра, сопственост на Ндрагета

Италијанската полиција во серија рации запленила имот вреден околу 2 милијарди евра, сопственост на моќната мафијашка организација Ндрагета, јавуваат медиумите. Според информациите, запленети биле 1.500 обложувалници, 82 интернет-страници за коцкање, 45 италијански и 11 странски фирми што ги поседувала Ндрагета, организација која, според експертите, ја раководи трговијата со кокаин во Европа, а од полицијата биле издадени и 41 налог за апсење. Како...

Повеќе од 160 пожари се шират низ Италија

Повеќе од 160 пожари се проширија во Италија, поради високата температура што ја зафати оваа држава. Цивилната заштита објави „црвен аларм“ во 23 града, што значи дека постои опасност и за луѓето кои немаат здравствени проблеми. Во првите две недели во јули, зголемен бил бројот на интервенции на лекарите низ улиците.

Путин им прати бакнеж на обожавателките во Италија

Рускиот претседател Владимир Путин го посети миланскиот „Експо“, каде обожавателите го пречекаа со аплаузи и со вресоци. Сепак, тоа што го привлече вниманието на медиумите, е бакнежот кој рускиот претседател им го испрати на обожавателките. Во стилот на филмските и на музичките ѕвезди, Путин, со насмевка на лице, мавтајќи им, им пратил бакнеж, а потоа се упатил на ручек со италијанскиот...

Министерот Цветков на конференција на ФАО во Рим

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков, денеска во Рим учествува на 39. Конференција на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации – ФАО во Рим, на која ќе биде избран новиот генерален директор, кој ќе раководи со агенцијата во следните четири години. Фокусот на осумдневната конференцијата ќе биде постигнувањето на милениумските развојни цели за искоренување на сиромаштијата,...

Два авиона се судрија над Јадранско Море

Едно лице загина, а едно е повредено при судир на два акробатски авиони едноседи, во близина на италијанскиот брег на Јадранско Море. Двете летала паднале во вода, при што едниот пилот загинал, а другиот е повреден, соопштија италијанските власти. Трагедијата се случила над плажа која била преполна, па многумина ја забележале несреќата со своите камери. Телевизијата „Скај ТГ24“ прикажа снимка на која се...

Охрид на Фестивалот на европските езера во Исео, Италија

Од утре до 2 јуни, Охрид ќе учествува на шестиот по ред Фестивал на европски езера, во Исео, Италија. На истото место, на 30 мај, ќе се одржи и вториот глобален состанок на официјалните делегации од членките на Европската мрежа на езера. Делегација на Општина Охрид ја предводи градоначалникот, Никола Бакрачески. Во рамките на фестивалот, кој годинава ќе трае четири дена, ќе...

Во Средоземно Море се спасени 900 мигранти

Повеќе од 900 мигранти се спасени во еден ден во Средоземно Море од три пренатрупани брода на пат од Северна Африка кон Европа, соопшти италијанската крајбрежна стража. Неименуван претставник рече дека мигрантите биле спасени вчера и оти едно тело е извлечено. Два брода на италијанската крајбрежна стража и еден трговски брод од непознато потекло спасиле вчера во водите кај Малта 328...

Новороденчињата во Италија ќе се проверуваат за наследни болести

Лекарите во Италија, во рок од 48 часа по раѓањето ќе ги прегледуваат новороденчињата за да утврдат можна појава на наследни болести, јавуваат италијанските медиуми, повикувајќи се на допис кој Министерството за здравство во Рим им го испратил на регионалните здравствени институции. Раните прегледи ќе им овозможат на здравствените работници да осмислат примена на соодветни третмани и пред детето да ги...

Спасени 247 илегални мигранти кај брегот на Либија

Вкупно 247 илегални мигранти вчера се спасени од брод во Средоземно Море, кој пловел во близина на брегот на Либија, соопштија италијанските власти, без притоа да откријат повеќе детали. Како што јавуваат италијанските медиуми, 334 мигранти кои во петокот беа спасени се транспортирани до пристаништето Аугуста на островот Сицилија.

Уапсени 18 терористи во Италија

Италијанската полиција уапси 18 лица поврзани со терористичка организација блиска до Ал каеда, која поддржува напади врз пакистанската Влада и врз американските сили во Авганистан. Како што јавуваат италијанските медиуми, уапсените се осомничени дека учествувале во нападот врз пазарот во пакистанскиот град Пешавар од 2009 година, во кој загинаа повеќе од 100 луѓе.

Охридско Езеро е старо најмалку еден милион години

Германски научници од експедиција која подолг период го истражува дното на Охридско Езеро, продолжуваат со испитувањето на земените примероци. Тие веќе излегоа со детален извештај за резултатите од истражувањето. Земените примероци се од средината на езерото, врз основа на кои научниците дошле до резултат дека Охридско Езеро е најстарото езеро во Европа, старо најмалку еден милион години. – Екосистемот откриен во...

Италијанските власти ги пронајдоа капетанот и помошникот на потонатиот брод

Италијанските спасувачки екипи успеаја да пронајдат двајца преживеани од бродоломот во близина на Либија, јавуваат италијанските медиуми. Како што соопшти италијанскиот министерот за инфраструктура, Грацијано Делрио, преживеаните се капетан и неговиот помошник. Двајцата се уапсени синоќа по пристигнувањето во сицилијанското пристаниште Катанија, а откако биле извлечени од морето, предадени им се на италијанските власти. Бродот со илегални мигранти потона во недела,...

Нема нови преживеани од бродоломот кај Либија

Не се пронајдени нови преживеани, ниту уште некоја жртва од превртувањето на бродот со мигранти кај брегот на Либија, соопшти денеска италијанската крајбрежна стража. Според изјави на преживеаните, на бродот имало околу 900 лица. Крајбрежната стража утринава потврди дека се пронајдени 24 мртви и 28 преживеани по најновата несреќа во Средоземно Море. Во минатонеделните две бродски несреќи, исчезнаа 450 лица.

Пукање во суд во Милано, убиени судијата и сведокот

Најмалку две лица се убиени, вклучувајќи еден судија, откако вооружено лице отвори оган во Палатата на правдата во Милано, соопштија властите, додавајќи дека осомничениот сè уште е на слобода. Како што јавуваат италијанските медиуми, повикувајќи се на полициски извори, напаѓачот, наводно, е обвинет во случај за банкрот. Според обвинителите, напаѓачот убил две лица, а едно ранил. Осомничениот, идентификуван како Клаудио...

Министерот за сообраќај на Италија поднесе оставка поради корупциски скандал

Оставка денеска поднесе италијанскиот министер за сообраќај и инфраструктура, Маурицио Лупи, поради, како што рече, политичка одговорност за местење тендерии. Против Лупи не е подигнато обвинение, ниту е покрената официјална истрага. Во корупцискиот скандал, вмешан е и синот на Лупи, кој од бизнисменот Стефан Пероти доби часовник „ролекс“ вреден 10.000 евра. Лупи посочи дека и нему му бил понуден часовник, но...

Сицилија: 50 загинати во бродолом

Најмалку 50 лица загинаа откако брод со мигранти потона во близина на Сицилија, соопшти Меѓународната организација за имиграција. Како што јавуваат италијанските медиуми, крајбрежните служби успеале да спасат 127 мигранти, од кои 27 деца и 51 жена.

Италија: Спасени 2.164 мигранти

Вкупно 2.164 мигранти од Либија вчера се спасени во Средоземно Море, во пределот меѓу либискиот брег и италијанскиот остров Лампедуза, до кој се обиделе да стигнат со 12 чамци, јавуваат италијанските медиуми, повикувајќи се на безбедносните служби. Минатонеделните поволни временски услови ги охрабриле мигрантите да тргнат на опасното патување од Северна Африка. Најголем дел од мигрантите се од Либија, каде политичкиот и...

Тепачка во италијанскиот парламент

Во италијанскиот парламент денеска дошло до тепачка меѓу пратениците, поради што потпретседателот Роберто Џакети бил принуден да ја прекине седницата. Како што пренесува агенцијата АНСА, за време на расправата за тековните реформи, дошло до жестока расправија меѓу двајца пратеници од партијата Левица, екологија, слобода(СЕЛ) и Демократската партија, кои потоа се нафрлиле еден на друг и почнале тепачка. Останатите пратеници во тие...

Во Нежилово одржана работилница на која 12 млади изработија стрипови

Во село Нежилово, од 18 до 21 април беше организирана четиридневна едукативна стрип работилница, на која 12 млади таленти од различни градови кои цртаа стрипови. Потоа, заедно со нивниот...