fbpx
Таг: Италија

таг: Италија

Уапсен Алжирец поврзан со нападите во Париз и Брисел

Италијанската полиција вчера уапсила Алжирец, кој во Белгија се бара во рамки на истрагата за лажните документи кои ги користеле напаѓачите во Брисел и Париз, јавуваат локалните медиуми, повикувајќи се на полициски извори. Осомничениот Џамал Един Оуали (40) е приведен врз основа на европски налог за негово апсење, во јужниот италијански регион Салерно, во заедничка акција на антитерористичките сили и...

Пресретнат шверцерски брод, спасени 2.000 бегалци

Две лица се пронајдени мртви, а речиси 2.000 се спасени од рацете на криумчари кога италијанската крајбрежна стража пресретна шверцерски брод од Сирија. Крајбрежната служба потврди дека спасувачката акција сè уште е во тек. Во Европа по овој пат од почетокот на 2014 година стигнале речиси 330.000 луѓе. Пред најновото спасување, УНХЦР пријави 9.500 пристигнати во италијанските пристаништа од почетокот на 2016 година. Тој...

Шест скијачи загинаа во лавина на италијанските Алпи

Лавина усмрти шест скијачи во Монте Невозо на италијанските Алпи, надвор од скијалиштето, соопштија италијанските власти. Италијанската полиција ја потврди информацијата за жртвите во лавината што се случила денеска околу пладне, на висина од околу 3.000 метри. Спасувачката акција сè уште е во тек. На местото на несреќата пристигнал хеликоптер со кој се донесени кучиња трагачи, кои се обидуваат да ги лоцираат преживеаните. Како...

Македонски државјанин уапсен во Италија, регрутирал борци за ИД

Антитерористичка единица на италијанската полиција, во околината на Венеција уапсила македонски државјанин, осомничен за регрутирање борци за учество во воените дејства на Блискиот Исток, на страната на Исламска држава (ИД), јавуваат италијанските медиуми. Полициската акција, како што пренесува „ Ла република“, била спроведена по наредба на обвинителството во Венеција, кое почнало истрага против неколку лица со потекло од Балканот. Идентитетот на...

Италија ги легализираше истополовите заедници

Италијанскиот премиер Матео Ренци ја оцени како „историска“ денешната одлука на Сенатот да ја поддржи легализацијата на заедниците на истополовите двојки. Припадниците на ЛГБТ-заедницата, сепак, изразија длабоко незадоволство затоа што законските измени не подразбираат и право хомосексуалните двојки да посвојуваат деца. Изминатите месеци во повеќе италијански градови беа одржани протести на кои се бараше легализација на истополовите заедници.

Ренци: Помалку пари за тие што не се солидарни во кризата

Италијанскиот премиер Матео Ренци ги предупредил источноевропските лидери дека ЕУ би можела да им ги намали паричните средства што им ги дава за развој на сиромашните региони доколку не помогнат во решавањето на бегалската криза, наведуваат учесници на самитот на европските лидери во Брисел. - Миграциската криза е заеднички проблем на сите земји-членки на ЕУ. Ако не покажете солидарност, тогаш земјите...

Рим ги цензурираше голите статуи за време на посетата на Рохани

Голите антички статуи во Рим денеска беа прекриени за време на посетата на иранскиот претседател Хасан Рохани на Италија, јавија локални медиуми. Бројни портали, меѓу кои и оние на весниците „Ла република“ и „Кориере дела Дера“, објавија фотографии од неколку поставки во музејот „Капитолини“ кои целосно биле прикриени со бели панели. Во музејот „Капитолини“ доцна синоќа Рохани и италијанскиот...

Во Италија и во Грција вчера влегле 2.000 бегалци

Во текот на вчерашниот ден, властите на Грција и на Италија соопштија дека во двете земји влегле околу 2.000 мигранти од Турција, односно од Северна Африка. Грчката крајбрежна стража информира дека во пристаништето Пиреја од Турција, преку островите Лезбос, Хиос и Самос, пристигнале околу 1.700 имигранти. Според истиот извор, од почетокот на неделава во Грција по морски пат од Турција влегле повеќе...

Ограничена употребата на возила во Милано

Италијанските власти одлучија да ја ограничат употребата на моторни возила во Милано во текот на три дена следната недела поради загаденоста на воздухот. Забраната ќе биде на сила од понеделник, 28 декември, во период од 10 до 16 часот. Градоначалникот на Милано, Џулијано Писапи, ги повика сите градски општини да го почитуваат тридневното ограничување на користењето моторни возила.

Во Средоземно Море спасени 651 мигрант

Во неколку спасувачки операции, во Средоземно Море се спасени вкупно 651 мигрант, соопшти денеска крајбрежната стража и воената морнарица на Италија. Се проценува дека добрите метеоролошки услови ги натерале луѓето повторно да тргнат на пат од Либија кон Италија. Како што се наведува во соопштението, крајбрежната стража спасила 360 лица, кои пловеле со три гумени чамци. Брод на организацијата „Лекари без граници“, пак, во...

Во Италија запленет кокаин вреден 70 милиони евра

Полицијата во Реџо Калабрија соопшти дека денеска запленила 334 килограми чист кокаин, чија вредност се проценува на 70 милиони евра. Дрогата е запленета за време на викендот, во индустриското пристаниште Џоја Тауро во Калабрија, едно од главните пристаништа преку кое се шверцува стока во Италија. Дрогата е пронајдена во два контејнера. Од Бразил пристигнале 55 килограми под декларација дека се превезува алуминиум....

Италија: Уапсен Албанец осомничен за тероризам

Италијанската полиција вчера уапсила четири лица осомничени дека се поврзани со терористички групи, јавуваат денеска албанските медиуми, наведувајќи дека еден од уапсените е државјанин на Албанија. Дваесетгодишниот Албанец, кој требало да замине за Малта, бил ставен на листата на лица со висок степен на опасност за извршување терористички акти. Според извештаите на медиумите, покрај Албанецот, полицијата уапсила еден Сириец и двајца...

Италија: Уапсени 17 терористи

Италијанската полиција денеска соопшти дека 17 лица се уапсени во различни европски држави во рамки на заедничката операција против осомничените терористички групи. Во соопштението не се наведуваат повеќе детели за операцијата. Во текстот се додава дека уапсените се осомничени за меѓународен тероризам. Полицискиот портпарол одби да каже колку апсења се извршени во Италија, но додаде дека меѓу уапсените нема Италијанци.

Иванов се сретна со италијанскиот претседател

Во рамките на посетата на Италијанската Република, претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов денеска имаше средба со претседателот на Италија, Серџо Матарела. Италија е пријател и поддржувач не само на Македонија, туку на целиот наш регион, затоа што без Балканот, Европската унија не може да биде целосна, изјави претседателот Иванов, по средбата со Серџо Матарела, посочувајќи дека двете држави ги поврзува традиционално...

Иванов денеска на средба со италијанскиот претседател

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во Италија ќе се сретне со италијанскиот претседател, Серџо Матарела. Во текот на вчерашниот ден, Иванов присуствуваше на церемонијата на поставување плоча во чест на свети Кирил и Методиј во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим, каде имаше пригодно обраќање. Во рамки на официјалната посета на Ватикан, претседателот Иванов имаше аудиенција кај папата Франциск,...

Отворена нова италијанска фабрика во ТИРЗ – Скопје

Италијанската фабрика за дигитална печатарска индустрија „Макдиа“ денеска свечено беше отворена и е седмата по ред компанија во Tехнолошко-индустриската развојна зона - Скопје. Компанијата во Македонија инвестираше 10 милиони евра, а ќе вработи 200 луѓе. Премиерот Никола Груевски, кој денеска присуствуваше на отворањето на новата фабрика, истакна дека бранот на инвестиции во Македонија продолжува, а технолошко-индустриските развојни зони се пример како од...

Италија ќе ѝ додели на Македонија 90.000 евра за справување со мигрантите

Деведесет илјади евра ќе ѝ додели италијанската влада на Македонија за справување со приливот на мигранти од Блискиот Исток. „Вонредната состојба предизвикана од приливот на мигранти од Блискиот Исток на пат кон Северна Европа претставува нов предизвик за Европа и за европските земји, со кој заеднички треба да се справат земјите-членки на ЕУ и земјите-кандидати од Западен Балкан. Имајќи ги...

Египетски милијардер сака да купи остров во Грција или Италија за да им помогне на мигрантите

Египетскиот милијардер Нагуиб Савирис се понудил да купи остров во Грција или Италија и да го развие за да им помогне на стотици илјади лица што бегаат од Сирија и од други земји зафатени со конфликт. Телекомуникацискиот моќник ја објави својата иницијатива на „Твитер“. „Грција или Италија, продадете ми остров. Ќе прогласам негова независност, ќе ги сместам мигрантите и ќе ум обезбедам работа за...

Германија, Италија и Франција бараат ревизија на политиката за азил на ЕУ

Министрите за надворешни работи на Германија, Италија и на Франција, вчера потпишаа документ со кој бараат ревизија на актуелните правила на Европската унија (ЕУ) за доделување азил и за „фер распределба“ на мигрантите во земјите-членки на унијата, соопшти шефот на италијанската дипломатија, Паоло Џентилони. Во документот, на кој освен на Џентилони, стојат и потписите на Лорен Фабиус и на Франк-Валтер...

Италија: Спасени 50 мигранти

Италијанската морнарица спасила околу 50 мигранти кои со чамец испловиле од брегот на Либија, а се стравува дека во морето исчезнале уште толку лица, јавуваат италијанските медиуми. Морнарицата соопштила дека еден од нејзините бродови спасил луѓе во гумен чамец и оти мигрантите со патролен брод се предадени на крајбрежната стража. Преживеаните соопштиле дека со нив имало уште околу 50 лица пред...

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...