недела, 7 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: истрага | 450 резултати

ОЛАФ води истрага за злоупотреба на ИПА-фондовите

јуни 29, 2016

Европската канцеларија што е надлежна за истраги поврзани со измами при Европската комисија, ОЛАФ, потврдува дека води истрага за злоупотреба на средствата од ИПА-фондовите во Македонија, јавува „МКД.мк“. Може да ви потврдиме дека ОЛАФ спроведува истрага за ИПА фондовите во Македонија. Истрагата е во тек, па не можеме да одиме во детали. Сето тоа е […]

Притворен осомничениот за убиството во Гостивар

јуни 29, 2016

Судија на претходна постапка му одредил 30 дена притвор на осомничениот за убиството на 26-годишниот жител на Гостивар, кое се случи завчера вечерта, по банална расправија на улица во градот, соопшти денеска Јавното обвинителство. Оттаму информираат дека надлежниот јавен обвинител од гостиварското Основно јавно обвинителство издал наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот, кој се […]

Убиен 26-годишен гостиварец, Обвинителството нареди истрага

јуни 28, 2016

Дваесет и шестгодишен гостиварец синоќа бил застрелан, по расправија на улица во градот, и неколку часа подоцна починал во Клиничкиот центар во Скопје додека лекарите се обидувале да му ги санираат повредите. Надележен јавен обвинител од гостиварското Основно јавно обвинителство издал наредба за спроведување истрага за пукањето, а денеска биле дадени наредби за вештачење на […]

Обвинителство: Ќе се вештачи лифтот во кој загина шестгодишно момче во Куманово

јуни 27, 2016

Основното јавно обвинителство Куманово почнало истрага која треба да ги утврди причините и околностите за смртта на шестгодишното момче што викендов загина во лифт во станбена зграда во Куманово. Од Јавното обвинителство денеска соопштија дека е издадена наредба за вештачење на лифтот, кое ќе се врши на Машинскиот факултет во Скопје. „По наредба на надлежен јавен обвинител, […]

Обвинителството ги истражува причините за смртта на родилката од Крива Паланка

јуни 16, 2016

Основното јавно обвинителство Куманово почнало предистражна постапка за причините за смртта на 37-годишната родилка од Крива Паланка, која вчера починала откако ѝ се влошила состојбата по породувањето во кумановската општа болница, соопшти денеска Јавното обвинителство. Како што информираат оттаму, родилката вчера била донесена на одделението за гинекологија и акушерство во кумановската болница, каде по неуспешниот […]

ЕП ќе формира комисија за документите од Панама

јуни 8, 2016

Комисија составена од 65 члена ќе има 12 месеци за да изработи и да достави извештај до Европскиот парламент за документите од Панама, соопштија од прес-службата на ЕП. Комисијата ќе разгледува обвиненија за непочитување на законите на ЕУ против перење пари и избегнување даноци. Мандатот на комисијата беше одобрен на 2 јуни од претседателот и […]

СЈО: Имаме изјава од Крпач дека му се заканувале

јуни 3, 2016

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) поседува изјава од Коста Крпач во која тој ги известува за заканите што ги добивал, изјави денеска на прес-конференција, портпаролката на СЈО, обвинителката Ленче Ристоска. Таа додаде дека овие докази ги имаат кај нив, а до Основното јавно обвинителство Скопје биле доставени сите релевантни податоци што можат да помогнат во истрагата за […]

Ристовска: Сè уште нема одговор за тоа како Иванов дозна за тајните предмети на СЈО

јуни 3, 2016

„Очекуваме и веруваме дека претседателот ќе ги почитува своите уставни обврски и дека ќе овозможи реализација на владеење на правото. Сè уште го очекуваме одговорот на прашањето што му го упативме, во врска со тоа од каде Иванов има информации за наши тајни предмети“, изјави на денешната прес-конференција Ленче Ристоска, обвинителка и портпаролка на Специјалното јавно […]

Брисел почна истрага за владиното субвенционирање нискобуџетни авиолетови

јуни 2, 2016

Портпаролот на Европската комисијата, Јакуб Адамовиц, потврди дека Брисел почнал истрага за владиното субвенционирање на нискобуџетни авиолетови кои за македонските граѓани обезбедуваат евтини летови. Според Адамовиц, Брисел е свесен за загриженоста на некои авиокомпании и аеродроми на Балканот во однос на она што се случува во Македонија, за што, според него, од ЕК се во контакт […]

Тела на младенчиња тигри најдени во фрижидер во Тајланд

јуни 1, 2016

Четириесет тела на младенчиња тигри биле пронајдени во фрижидер во будистички храм во Тајланд, кој е под истрага за трговија и злоупотреба на животни, јавува „Би-би-си“. Полицијата и службите за заштита на животни вчера започнале операција за отстранување на сите живи тигри од локацијата Канчанабури, која е позната како Храм на Тигрите. Во фрижидерот, според […]

Египет со подморница ги бара црните кутии од урнатиот патнички авион

мај 22, 2016

Египетските власти ангажирале подморница во потргата по црните кутии со податоците за летот на авионот на „Египет ер“ кој во четвртокот се урна во Средоземното море, пренесуваат медиумите. „Работиме напорно за да ги најдеме двете кутии“, изјавил египетскиот претседател Абдул Фатах ал-Сиси, во неговиот прв коментар во врска со несреќата, пренесува „Би-би-си“. Египетскиот министер за […]

Уапсени 135 лица во Кина поради шверц на вакцини

мај 21, 2016

Кинеските власти уапсиле 135 лица во 22 провинции поради илегална трговија со вакцини, јавуваат светските агенции. Државното обвинителство на Кина вчера објавило соопштение во кое било наведено дека е издаден налог за апсење на 125 лица, кои без дозвола тргувале со вакцини. Поради несовесно извршување на должноста биле уапсени уште 10 здравствени работници. Во соопштението […]

И по 20 дена од смртта на Крпач, Обвинителството сè уште „интензивно работи“

мај 17, 2016

Мистерија останува смртта на Коста Крпач, еден од 56-те лица аболирани од претседателот на државата, Ѓорге Иванов, иако минаа цели 20 дена откако тој беше пронајден мртов во својот дом во Капиштец, пред кој сè уште стои паркирано комбито во кое тој пукаше. Од Основното јавно обвинителство Скопје, кое обдукцискиот наод го доби уште наредниот ден, но […]

МВР: Снимателот на протестите пред МРТВ е полицаец, поведена е истрага

мај 8, 2016

Лицето што синоќа го снимаше протестот на „Шарената револуција“ пред зградата на „Македонска радио-телевизија“ е припадник на Единицата за брзо распоредување (ЕБР), потврди МВР. „Утврдено е дека лицето е припадник на ЕБР и се преземаат мерки за да се открие по чија наредба го вршел снимањето“, соопштија од МВР и додаваат дека деновиве ќе излезат со […]

Обвинителство: Во податоците од СЈО нема докази дека Крпач бил под притисок

мај 6, 2016

Во податоците што Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ги доставило до Основното јавно обвинителство Скопје, кое ја истражува смртта на Коста Крпач, немало ниту еден доказ дека тој бил под притисок, тврди ОЈО Скопје. Во денешното соопштение на јавното обвинителство се вели дека околу смртта на Коста Крпач во јавноста „се шират бројни шпекулации што ѝ […]

Обвинителството за смртта на Крпач бара податоци од СЈО, МВР и од судот

мај 3, 2016

Основното јавно обвинителство Скопје денеска од Специјалното јавно обвинителство, МВР и до Основниот суд Скопје 1 побарало да му достават податоци и документи во врска со истрагата за смртта на Коста Крпач. Податоците и документацијата, како што соопштиле од прес-службата на Обвинителството за „Телма“, биле побарани заради расветлување на настанот. Оттаму потврдиле дека се очекуваат дополнителни […]

СЈО: Крпач доброволно се јави како сведок, знаеме за притисоци врз него

април 28, 2016

Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) најостро ги демантира наводите на одредени медиуми дека правело каков било притисок врз сега покојниот Коста Крпач. „Ве известуваме дека лицето Коста Крпач доброволно се јави во ова јавно обвинителство и имаше својство на сведок во рамки […]

Во „Мосак Фонсека“ пронајдени уништени документи

април 23, 2016

Панамските истражители во текот на истрагата на канцеларијата на адвокатската компанија „Мосак Фонсека“ пронашле остатоци од уништени документи. „Одзедовме големо количество докази што ги најдовме во просториите на компанијата“, изјави вештакот за организиран криминал, Хавиер Карабаљо. Тој наведе дека помеѓу одземените документи имало многу хартии кои биле уништени во машини за уништување документација. Компанијата „Мосак Фонсека“ […]

СЈО отвори истражна постапка против битолскиот градоначалник, Владимир Талески

април 14, 2016

Нова истражна постапка, под име „Транспортер“, отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во која ги испитува сомнежите за сторени злоупотреби со превоз за ученици од страна на 22 лица, меѓу кои и градоначалнкот на Битола, Владимир Талески, како и претседателот на општинската комисија за јавни набавки. Тие, како што на денешната прес-конференција најави обвинителката Фатиме Фетаи, се […]

Грујовски во тефтер водел евиденција за следење на обвинителите на СЈО

април 8, 2016

Во станот на началникот на петтата управа на УБК, Горан Грујовски, првоосомничен во случајот „Тврдина“, обвинителите на СЈО пронашле тефтер во кој имало податоци дека агенти на УБК или приватно ангажирани лица, професионалци, ги следеле специјалните обвинители, пишува неделникот „Фокус“. Во тефтерот, покрај имињата и презимињата на обвинителите, имало податоци за местото на живеење, за врските […]

Страна 17 од 23