fbpx
Таг: Истанбул

таг: Истанбул

Во Истанбул убиен медиумски магнат

Основачот и претседателот на ТВ-компанијата ГЕМ, која емитува програма на персиски јазик, Саед Каримијан, е убиен во Истанбул. Тој е убиен во инстанбулскиот кварт Маслак, а полицијата го пронајде запаленото возило кое е користено во атентатот. Истрага сè уште е во тек. Каримијан е процесиран во отсуство пред судот во Техеран и осуден на шест години затвор поради ширење пропаганда против Иран. „Телевизија...

Во Истанбул уапсени 35 лица поврзани со ИД

Турската полиција уапси 35 лица во Истанбул во рамки на голема операција против џихадистичката групација Исламска држава, јавуваат турските медиуми. Единицата за борба против тероризмот извршила истовремено рации на повеќе од 40 различни адреси во истанбулските квартови Пендик и Султанбејли, при што одзела муниција, документи на организацијата и маскирни униформи.

Уапсен напаѓачот од новогодишната ноќ во Истанбул

Уапсен е напаѓачот кој во новогодишната ноќ во Истанбул уби 39 лица во ноќен клуб, јавуваат турските медиуми. Узбекистанецот Абдулкадир Машарипов е уапсен во заедничка операција на турските разузнавачки служби и на полицијата, во стан во истанбулскиот кварт Есенјурт. За време на апсењето, тој бил заедно со четиригодишниот син во куќа на свој пријател. Турските власти соопштија дека осомничениот го признал делото и...

Во новогодишниот масакр вмешана е и разузнавачка агенција, тврди Куртулмуш

Во нападот на ноќниот клуб „Реина“ во Истанбул во новогодишната ноќ, при кој загинаа 39 лица, е вмешана и една разузнавачка агенција, изјави заменик-премиерот на Турција, Нуман Куртулмуш. Тој истакна дека масовното пукање е извршено професионално. - Изгледа дека нападот во кубот „Реина“ не е само дело на терористичка организација, туку дека е вмешана и разузнавачка агенција. Тоа бил особено добро...

Уапсени двајца странци во Турција поради нападот во Истанбул

Турските власти денеска приведоа двајца странски државјани на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул во врска со нападот во истанбулскиот ноќен клуб, извршен за време на новогодишната ноќ. Двете лица се приведени на влезот на меѓународниот аеродром и се однесени во седиштето на полицијата во Истанбул, јави телевизијата „Доган“. Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава, а осомничениот сè уште е во бегство.

Осум лица уапсени за нападот во ноќниот клуб во Истанбул

Турската полиција уапси осум лица во истрагата што ја води за терористичкиот напад во популарниот ноќен клуб во Истанбул за време на новогодишната ноќ. Агенцијата „Доган“ наведува дека уште не се познати повеќе детали за уапсените. Ова се први апсења во врска со нападот во кој, за време на новогодишната ноќ, беа убиени 39 лица и ранети 69. Сè уште интензивно...

ИД презеде одговорност за нападот во ноќниот клуб во Истанбул

Исламска држава ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во Истанбул за време на новогодишната ноќ, кога беа убиени 39 лица, а ранети 69. „Во продолжението на благословените операции кои Исламска држава ги спроведува против Турција, херој е војникот на калифатот кој го нападна еден од најпознатите клубови во кој христијаните го слават нивниот празник“, се наведува во соопштението на ИД. Речиси...

Експлозија во Истанбул, тројца повредени

Во експлозија која денеска се случила во азискиот дел на Истанбул, три лица се повредени. До несреќата дошло кога експлодирал пакет што курир ѝ го испорачал на електронска компанија во делот на градот наречен Малтеп, кој е познат како комерцијален и станбен дел на градот. Во изминатите недели Турција е во состојба на зголемени мерки на претпазливост поради бројните напади и закани...

Апсења во Турција поради нападот во Истанбул

Турската полиција уапсила припадник на Работничката партија на Курдистан за кој постои сомневање дека вчера го извршил нападот во близина на полициската станица во Истанбул. Осомничениот е фатен со лажни документи во централната провинција Аксарај. При апсењето, со него во возилото имало уште две лица. Вкупно шест лица досега се приведени поради нападот во населбата Јенибоса, која се наоѓа неколку километри...

Обвиненија за 13 осомничени за нападот во Истанбул

Турските власти поднесоа обвиненија против 13 лица поради сомневање дека се вмешани во самоубиствениот напад на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул. Десет од осомничените, како што јавуваат турските медиуми, се државјани на Турција. Осомничените се наоѓаат во полициски притвор и се товарат дека припаѓаат на терористичка организација, како и за убиство и за загрозување на единството на државата. Турскиот премиер Бинали Јилдирим изнесе...

Еден од напаѓачите во Истанбул бил азилант во Австрија

Чеченецот Ахмед Чатаев, кој е еден од бомбашите самоубијци што усмртија 42 и повредија 239 лица на истанбулскиот аеродром „Ататурк“, од 2003 година како политички азилант живее во Австрија, објави виенскиот весник „Пресе“. Весникот наведува дека Чатаев во 2012 година заминал за Сирија, каде се бори на страна на џихадистите. Портпаролот на австриското министерство за внатрешни работи соопшти дека турските власти веќе...

Нападот на „Ататурк“ го извршиле лица по потекло од Русија, Узбекистан и од Киргистан

Бомбашите самоубијци што завчера при нападот во истанбулскиот аеродром „Ататурк“ усмртија 42 и повредија 239 лица, потекнуваат од Русија, Узбекистан и од Киргистан, јавуваат британските медиуми, повикувајќи се на неименуван турски претставник. Полицијата претходно соопшти дека во полициски рации на 16 локации во Истанбул и во Измир, уапсила 13 лица поврзани со нападот, од кои тројца биле странски државјани. Уапсените се...

Охриѓани не ги откажуваат туристичките аранжмани во Турција

Меѓу охриѓани нема откажувања за туристичките патувања и пакет-аранжмани за Истанбул и за другите туристички дестинации во Турција, по последниот терористички напад на истанбулскиот аеродром „Ататурк“. Од туристичката агенција „Венус травел“ информираат дека во моментов има туристи од Охрид кои се на летување во Турција, но се наоѓаат на други туристички локации, далеку од истанбулскиот аеродром. – Засега нема откажувања на...

ЦИА: Нападот на Истанбул ги има обележјата на ИД

Нападот во Истанбул, во кој загинаа 42 лица, ги носи обележјата на Исламска држава, оцени директорот на ЦИА, Џон Бренан, и предупреди дека САД не се заштитени од напади на џихадистите. - Срамниот напад на меѓународниот аеродром во Истанбул, во кој загинаа и беа повредени десетици лица, без сомнение ги носи обележјата на ИД – рече Бренан. Американскиот претседател, Барак Обама, вчера...

МНР нема податоци за повредени македонски државјани во Истанбул

Министерството за надворешни работи на Македонија нема информации за повредени македонски државјани во терористичкиот напад на истанбулскиот аеродром „Ататурк“, во кој загинаа 36, а повредени се 147 лица. Од МНР велат дека се во постојана комуникација со македонската амбасада во Анкара и со конзулатот во Истанбул, како и со турските власти. Авионот на турската компанија „Туркиш ерлајнс“, што синоќа полета од...

Уапсени тројца осомничени за терористичкиот напад во Истанбул

Властите во Турција уапсиле тројца осомничени за поврзаност со бомбашкиот напад во Истанбул во кој загинаа 11 лица. Обвинителството поднесе обвинение против еден осомничен за убиство со умисла и за учество во терористичка организација, додека другите двајца се обвинети само за учество во терористичка организација. Во нападот во вторникот загинаа шест полицајци и пет цивили. Турските власти го обвинија борците на Работничката...

Бројот на загинатите во експлозијата во Истанбул се искачи на 11

Бројот на загинатите во силната експлозија што утрово одекна во центарот на Истанбул, во близина на автобуската станица, се искачи на 11 лица. Загинаа седум полицајци и четири цивили, а повредени се 36 лица, соопштија официјални лица. https://twitter.com/enginozer_tr/status/740067577410523136 Автобус со полицајци бил мета на бомбашкиот напад во истанбулската област Везнечилер. Нападот се случил во раните утрински часови, во време на најголемиот метеж...

Експлозија во центарот на Истанбул, двајца загинати

Силна експлозија одекна во центарот на Истанбул во близина на автобуска станица во областа Везнечилер. При експлозијата две лица загинале, а осум се повредени. Мета на нападот бил полициски автобус. Голем број возила на итна медицинска помош се упатија кон местото на експлозијата. Нападот се случил во раните утрински часови, во време на најголемиот метеж во близина на историскиот дел на...

Едно лице загина во протестите во Истанбул

Едно лице загина во протестите во Истанбул, додека се обидувало да стаса до плоштадот Таксим. Полицијата употребила солзавец и водени топови против демонстрантите. Педесет и седумгодишниот Наил Мавус починал откако бил удрен од возилото со воден топ додека се обидувал да стаса до плоштадот. Голем број полициски припадници се обидуваат да ги спречат демонстрантите да стасаат до плоштадот Таксим.

Со перформансот „Музиката не познава граници“ децата од Центар на настап во Истанбул

„Музиката не познава граници“ беше музичко-сценскиот перформанс со кој учениците од основните училишта од општина Центар беа дел од  меѓународната манифестација по повод Светскиот ден на детето, која се одржа во Истанбул. По враќањето во Скопје, тие на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, му ги пренесоа своите впечатоци, доживувања и му изразија благодарност што им го овозможи ова незаборавно...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...