fbpx
Таг: Исламска држава

таг: Исламска држава

Уапсени 23 странци во Истанбул кои планирале голем напад

Во голема операција на антитерористичките единици денеска во најголемиот турски град Истанбул се уапсени 23 странски државјани, под сомнение дека се припадници на терористичката Исламска држава и дека подготвувале голем напад. При претресите биле запленети голем број на документи на ИД и дигитални материјали.

Ирак објави победа во војната против Исламска држава

Ирак денеска објави дека војната против Исламска држава (ИД) е завршена, по повеќе од три години воени операции со кои припадниците на терористичката ораганизација се изгонети од териториите во Ирак што ги беа окупирале. Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади прогласи дека ирачките вооружени сили целосно ја контролираат границата со Сирија, а владиниот портпарол појасни дека овој развој на настаните значи...

Во лабораторијата во Тетово се произведувала и омилената дрога на Исламска држава

Организатор на групата што стоела зад најголемата лабораторија за нелегално производство на синтетички дроги во Тетово, е Милан Зарубица, кој се смета за еден од најголемите креатори на ваков вид дроги, соопшти денеска министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ, во Белград, по повод заедничката акција на македонските и на српските обвинителства и полиции за разбивање на криминалната група. -...

Бројот на загинати во Египет се зголеми на 235 лица, претседателот најави „брутален“ одговор

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси денеска најави „брутален“ одговор по нападот врз џамијата во Синај, во кој, според новите сознанија, животите ги загубиле 235 луѓе. - Вооружените сили и полицијата ќе ги одмаздат нашите маченици и набргу со сила ќе ги вратат безбедноста и стабилноста - рече Сиси во телевизиското обраќање. Египетската војска почна со воздушни напади на подрачјето на Синај, концентрирајќи...

Строги мерки за безбедност во Њујорк за Денот на благодарноста

Во текот на денешниот ден, кога во САД се прославува Денот на благодарноста, во Њујорк ќе се спроведуваат строги мерки за безбедност, бидејќи терористичката групација Исламска држава пред извесно време овој ден го посочи како „одлична мета“ за напад. Безбедносните служби најмногу ќе бидат сконцентрирани на парадата, што традиционално се одржува секоја година. Денот на благодарноста се одбележува во четвртиот четврток...

Во Германија уапсени шест лица што планирале терористички напади

Во голема операција спроведена во неколку градови во Германија, полицијата уапсила шестмина Сиријци под сомнение за тероризам, јави германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. Уапсените се на возраст од 20 до 28 година и се членови на терористичката група Исламска држава, а планирале терористички напад на Германија. Апсењата се извршени во Касел, Хановер, Есен и во Лајпциг. Четворица од уапсените влегле во...

Офанзива на ирачките сили против последниот град под контрола на ИД

Ирачките сили денеска покренале офанзива за заземање на Рава, последниот град под контрола на Исламска држава. Заземањето на Рава ќе значи крај на периодот на владеење на ИД над териториите во Ирак и Сирија, заземени во 2014 година. Во офанзивата против милитантите во Рава учествуваат две ирачки пешадиски дивизии и сунитски племенски сили. Сириската војска прогласи победа над терористите на 9 ноември,...

Трамп-Путин: Нема воено решение за конфликтот во Сирија

Американскиот претседател, Доналд Трамп и неговиот руски колега, Владимир Путин во заедничко соопштение се согласиле да ги продолжат напорите во борбата против Исламска држава се додека терористичката организација не биде целосно поразена, соопшти Кремљ. Двајцата лидери исто така ја потврдиле својата посветеност на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Сирија и ги повикаа сите страни во судирот да земат активно...

Во Турција уапсени 100 осомничени припадници на ИД

Припадници на турската полиција уапсиле околу 100 лица, за кои се смета дека се поврзани со милитантната организација Исламска држава, јавуваат турските медиуми. Полицијата во Истанбул извршила симултани операции во неколку окрузи, при што се уапсени 82 лица со странско државјанство. Истовремено, од исто причини во јужната провинција Адена се приведени 11 сириски државјани. Во Анкара вчера беа уапсени повеќе од 170...

Во Италија запленета дрога на Исламска држава вредна 50 милиони евра

Во Италија се запленети повеќе од 24 милиони таблети синтетички опијати, чија вредност се пронесува на 50 милиони евра. Италијанските власти тврдат дека екстремистите на Исламска држава планирале со парите од продажбата да финансираат напади на повеќе места во светот. Апчињата ги заплениле припадниците на финансиската полиција и на царината во најголемото италијанско пристаниште Џоја Тауро, стои во соопштението на претседателот од локалниот...

ИД тврди дека Саипов бил нејзин борец

Сајфуло Саипов, напаѓачот кој со камионет усмрти осум лица на велосипедска патека во Њујорк, бил борец на таканаречената Исламска држава, тврди милитантната организација. ИД во неделното издание на пропагандниот весник „Ал-наба“ наведе дека напаѓачот бил еден од борците на калифатот, но не приложи докази за тврдењата. Осум лица загинаа, а 15 се повредени откако Саипов со камионет влета меѓу минувачи. Нападот...

Во Турција уапсени 283 лица, осомничени дека се членови на ИД

Турската полиција уапсила 283 лица, кои се осомничени дека се членови на Исламска држава, соопштија денеска турските власти. Апсењата, како што се наведува, се извршени во последните 10 дена, во 25 турски провинции. За време на акцијата, полицијата запленила 66 импровизирани експлозивни направи. Меѓу уапсените, 96 се државјани на Турција, додека 187 се страници, но не се прецизира чии државјани се. Исламска држава...

Спречен терористички напад во Германија

Германскиот министер за внатрешни работи, Томас де Мајзире, соопшти дека спречиле голем терористички напад апсејќи 19-годишен Сириец. - Денеска германските служби за безбедност успешно спречиле голем терористички напад во Германија. Операцијата е изведена во вистински момент, навреме и за да се обезбедат доволно докази и за да се спречи каква било опасност – рече де Мајзире. Уапсениот Јамен А., кој себеси се...

ИД ја презеде одговорноста за нападот во Кабул

Екстремистичката милитантна група Исламска држава ја презеде одговорноста за експлозијата во авганистанскиот главен град Кабул, во која загинаа повеќе лица, соопшти исламистичката новинска агенција „Амак“. Во нападот загинаа најмалку осум лица, а 15 се повредени. Агенцијата наведува дека станува збор за самоубиствена мисија, при која напаѓачот користел појас со експлозив. Тој се разнел во дипломатската населба Вазир Акбар Кан.

Ирачките сили тргнаа во офанзива против последното упориште на ИД

Ирачките сили денеска почнаа акција за преземање на последното упориште на Исламска држава во земјата. - Херојските борци напредуваат кон последното упориште на тероризмот во Ирак за да ги ослободат Ал-Каим, Рава и околните села во западната провинцијата Ал Анбар – рече ирачкиот премиер Хајдер ал Абади. Тој предупреди дека милитантите имаат можност или да се предадат или да умрат. Милитантите во...

Борците на ИД пукаат со оружје од НАТО, тврди сириски генерал

Сириската армија во источниот град Ал Мајадин, кој се сметаше за главно складиште на терористите на Исламска држава, пронашла толку многу оружје што ќе ѝ требаат шест дена за да го собере, соопшти бригадниот генерал на сириската војска, Хасан Сухаил, додавајќи дека поголем дел од оружјето потекнува од земји членки на НАТО. - Ќе ни требаат најмалку шест дена за...

Исламска држава протерана од најголемото нафтено поле во Сирија

Паравоените сили што ја имаат поддршката на САД денеска објавија дека го освоиле најголемото нафтено поле во Сирија во офанзивата против милитантите на Исламска држава (ИД) во источниот дел на земјата, јавуваат светските медиуми. Сириските демократски сили соопштија дека утрово ја презеле контролата над нафтеното поле Ал-Омар на источниот брег на Еуфрат. Со воздушна поддршка од САД, сириските демократски сили се...

Русија го спореди нападот на Рака со бомбардирањето на Дрезден

Русија ги осуди воздушните напади на меѓународната коалиција предводена од САД на сирискиот град Рака, кој беше упориште на Исламска држава (ИД), во кои, според тврдењата на Москва, загинале илјадници цивили, јавуваат светските агенции. Градот Рака, кој беше главен град на територијата под контрола на ИД, оваа недела беше освоен од курдските сили кои ја имаат поддршката на САД. Руското министерство...

Завршија воените операции во Рака

Силите што имаат поддршка од САД воспоставиле целосна контрола над Рака, упориштето на Исламска држава во Сирија. По силните борби, како што пренесуваат странските медиуми, во градот останеле неколку десетици милитанти. - Воените операции во Рака се завршени, а во тек е операција на чистење на градот, откривање на поединци и отстранување мини – соопшти портпаролот на Сирискиот демократски фронт, Талал...

Најмалку 18 загинати во самоубиствен бомбашки напад во Пакистан

Најмалку 18 лица се убиени, а повеќе од 30 се повредени во самоубиствен бомбашки напад кој денеска се случил во светилиште во пакистанската провинција Балучистан, јавуваат светските агенции. Одговорноста за нападот ја презела екстремистичката група Исламска држава (ИД). Бомбашкиот напад бил изврешен на влезот на светилиштето, каде за време на нападот пристигале голем број верници за да му оддадат почит на...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...