fbpx
Таг: ИСИС

таг: ИСИС

Џихадистите за помалку од две години погубиле 3.967 лица

Џихадистите на Исламска држава досега во Сирија погубиле вкупно 3.967 лица, наведува „Дејли мејл“. - ИД досега погубила 420 сопствени припадници поради предавство, шпионажа или, пак, обид за дезертирање – напиша невладиниот активист, Абу Мухамед. Неодамна, осум холандски платеници, припадници на Исламската држава, биле погубени поради обид за дезертирање и кавги со нивните претпоставени.

Руската војска бомбардираше област кај Палмира

Руската војска соопшти дека ја бомбардирала областа кај градот Палмира, упориште на Исламска држава во Сирија. Руските авиони уништиле дефанзивна позиција и противвоздушни системи на Исламска држава. Според сириската опсерваторија за човекови права, во нападите е погоден познатиот антички град што е под заштита на УНЕСКО и чиишто делови екстремистите претходно уништија. Руското министерство, пак, соопштило дека во предградие на Алепо...

Авиокомпаниите „Луфтханза“ и „Ер Франс“ нема да летаат над Синајскиот Полуостров

Двете најголеми европски авиокомпании, германската „Луфтханза“ и „Ер Франс КЛМ“, одлучија да не летаат над Синајски Полуостров сè додека не се утврдат причините за падот на рускиот патнички авион. Одлуката, како што наведуваат од две авиокомпании, е поради безбедносни причини. „Луфтханза“ има околу 10 летови кои поминуваат над Синајскиот Полуостров.  

ИД ја презеде вината за уривање на рускиот авион, Русија демантира

Исламска држава ја презеде вината за уривање на рускиот авион кој утринава полетал од Шарм ел Шеик, а превезувал повеќе од 200 патници кои го изгубија животот во несреќата. Министерството за транспорт на Русија, пак, ја демантира оваа информацијa. „Сега во различни медиуми се појавува информација дека рускиот патнички авион, кој летал од Шарм ел Шеик за Санкт Петербург, е соборен со...

Ципрас поради Македонија не отиде на состанокот за борба против ИД

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, поради Македонија, одби да присуствува на Генералното собрание на ОН, на клучен состанок за борбата против ИД. Ниту Ципрас, ниту шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, не се појавија на состанокот за борба против насилниот тероризам, организиран од американскиот претседател Барак Обама, бидејќи Македонија на него учествуваше под уставното име. Извори од кабинетот на грчкиот премиер истакнаа дека...

ИД повикува на освојување на Истанбул

Маскиран џихадист, кој се претставува како припадник на радикалната Исламска држава, ги повика Турците да се кренат против претседателот Реџеп Таип Ердоган, кого го нарекуваат наверник и да помогнат во освојувањето на Истанбул. Џихадистот на турски јазик во пораката го обвинува претседателот дека им ја продал земјата на крстоносците, и им дозволил на Американците да ги користат турските воздухопловни бази...

Тинејџери од ИД убија 25 луѓе

Видеоснимка која, наводно, покажува дека милитанти на Исламската држава убиваат 25 луѓе во амфитеатарот на античкиот град Палмира во Сирија, е објавена на интернет. Снимката го покажува убиството на војници кои се борат за режимот на претседателот Башар ал-Асад, а беа заробени во Хомс. Таа беше раширена на веб-страници за кои се знае дека се поврзани со милитантите на Исламската...

Исламска држава ѝ се закани со напад на Велика Британија

Закани за напади во Велика Британија на 7 јули упатила Исламска држава. На 7 јули навршуваат десет години од бранот напади во лондонскиот транспортен систем. На тој датум во 2005 година, четворица британски државјани од пакистанско потекло се разнесоа во метрото и во автобус на градскиот транспорт во Лондон. Убиени беа 52 лица, а повредени 700. Одговорноста за тогашниот напад ја презеде...

ИД нападна хотели во Багдад

Милитантите на Исламската држава ја презедоа одговорноста за нападите со автомобил-бомба пред два хотела во Багдад. Ирачките власти соопштија дека во два одделни напади во хотелите „Иштар“ и „Бабилон“ загинале најмалку 10 лица, а дузина биле повредени. Безбедносните сили соопштија дека пронашле уште еден автомобил-бомба на паркиалиштето на хотелот „Бабилон“, при што експлозивната направа била детонирана.

Убиен најбараниот терорист во Југоисточна Азија

Најбараниот терорист во Југоисточна Азија, Абдул Басит Усман, бил убиен во неделата потврдија од филипинската армија. Тој беше еден од водачите на најекстремната исламистичка група на Абу Сајаф, разгранок на Ал каеда во овој регион. Главата на терористот, организатор на бројни бомбашки напади, беше уценета на милион долари. Заедно со Усман биле ликвидирани и петмината членови од неговото лично обезбедување.

Акција за ослободување на Тикрит

Операција за заземање на градот Тикрит, кој е под контрола на џихадистите, почна ирачката армија поддржана од сојузничките шиитски и сунитски борци. Владините сили го напаѓаат родниот град на Садам Хусеин, со поддршка од артилеријата и од воени авиони. Неколку часа пред операцијата, ирачкиот премиер Хајдер ал Абади ги повика сунитските племенски борци да ги напуштат редовите на Исламска држава и им...

Јапонија со мерки за безбедност против џихадистите

За да се спречат терористички напади во транспортните средства и да се засили контролата при влез во земјата, јапонската влада нареди да се засилат мерките за безбедност. Ќе биде засилено обезбедувањето на аеродромите и на железничките објекти, како и проверките на пловните објекти што пристигнуваат од странство.

ИД бара 200 милиони долари за да не убие двајца Јапонци

Преку видеоснимка, џихадистите од Исламска држава побараа да им бидат исплатени откупнини во висина од 200 милиони долари во наредните 72 часа или во спротивно ќе убијат двајца Јапонци кои ги држат како заложници. На снимката се гледаат двајца заложници во портокалови костуми, а екстремистите ги идентификуваат како Кенџи Гото Џого и Харун Јукав. Јапонски претставници сè уште не ја коментирале...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...