понеделник, 15 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Ирма | 12 резултати

Ирма дивее на Флорида

септември 10, 2017

Ураганот Ирма, откако ги опустоши Карибите и ја поплави Хавана, предизвикувајќи хаос во остатокот од Куба, удри и по Флорида, кршејќи дрвја и оставајќи повеќе од милион луѓе без струја. Со ветришта кои дуваа до 210 километри на час, ураганот кој достигна до тропска бура од четврта категорија, предизвика и лизгање на земјиште на Флорида. […]

Ирма удри и на Флорида, бројот на загинати достигна 25 лица

септември 10, 2017

Ураганот Ирма се засили до бура од четврта категорија во својот пат кон Флорида, а бројот на загинати се зголеми на 25 лица. Во американската сојузна држава сега стотици илјади луѓе се без струја, што е исто како ситуацијата на Карибите во Централна Америка, откако ураганот удри таму пред 4-5 денови. Главното јадро на Ирма утрово […]

Ирма сее паника во Флорида додека продолжува да дивее на Куба

септември 9, 2017

Периферијата на ураганот Ирма, со силни ветришта и многу дожд „удри“ врз најјужниот дел на Флорида и го продолжи својот поход по јужната држава на САД како ураган од трета категорија. Со ветришта од 200 километри на час, Ирма продолжува да дивее и на Куба, а вистинскиот удар на ураганот врз јужна и централна Флорида, […]

Ураганот Ирма ја погоди Куба и оди кон Флорида

септември 9, 2017

Ураганот Ирма денеска, откако зајакна до бура од петти степен, сe насочи кон Флорида, оставајќи зад себе уништување и многу загинати луѓе на Карибите. Ирма претходно ја погоди Куба, а во подрачјето на Карибите и на Флорида предизвика можеби најголема евакуација во историјата на тој предел. Бројката на жртви на Ирма се искачи до 21 лице, […]

МНР: Нема пријавени македонски државјани погодени од ураганот Ирма

септември 9, 2017

Министерството за надворешни работи (МНР) претпладнево соопшти дека до амбасадата на Република Македонија во Вашингтон не се обратиле за помош македонски државјани погодени од ураганот Ирма, кој ги зафати Карибите и брегот на САД. Од министерството велат дека од социјалните служби дознале за еден македонски државјанин на островот Сент Мартин. „Воедно, во комуникација сме и […]

На Бахамите најголема евакуација во историјата, Ирма ќе го погоди и Мајами

септември 8, 2017

Ирма, најсилниот ураган во историјата на мерење на силата на овие временски непогоди, воопшто не ослабнува и го продолжува својот разорен поход на Карибите. Се приближува на Куба, а сосема сигурно на неговиот удар ќе се најде и Флорида и нејзиниот најголем град Мајами. По Ирма, пристигнува и ураганот Хозе, кој достигна трета категорија, а […]

Ирма убиваше на Карибите, се заканува на Куба и на Флорида

септември 8, 2017

Ураганот Ирма уби најмалку 12 луѓе на Карибите и нанесе катастрофални штети на објекти, пловила и на возила. Некои делови на Карибите се толку уништени што во нив нема никакви услови за живот. Но, ураганот нема да запре таму, туку го продолжува својот пат кон Куба, а се очекува да ја погоди и американската сојузна […]

Седум лица загинаа во налетот на ураганот Ирма, уште два урагани се движат кон САД

септември 7, 2017

Најмалку седум лица загинаа на Кариби во налетот на ураганот Ирма, чија брзина достигна и до 360 километри на час. Најголема штета предизвика на францускиот остров Свети Вартоломеј и на француско-холандскиот остров Свети Мартин, каде разорната моќ на ураганот се зголемила. Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба на Девствените Острови, во Порторико и на […]

Страна 1 од 1