петок, 12 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Ирак | 237 резултати

Шиитската милиција го опколи Мосул

ноември 23, 2016

Шиитската милиција која ја поддржува Иран, соопшти дека целосно го опколила Мосул, упориштето на Исламска држава во Ирак, со што, како што се наведува, милитантите во градот се отсечени од остатокот од Ирак и од Сирија. Во меѓувреме, ирачката војска соопшти дека меѓународната коалиција предводена од САД со воздушните напади извршени утринава, ја онеспособила четвртата бригада, […]

Ирачките сили ги продолжуваат борбите во Мосул

ноември 18, 2016

Ирачките сили денеска продолжија со ослободување на Мосул од Исламска држава, напредувајќи полека кон источните квартови. Ден по паузата поради лошите временски услови, утринава се продолжени воздушните и артилериските напади. Еден војник загинал во борбите, а цивилите, од кои некои биле ранети, бегале од судирите. Неименувани претставници велат дека целта на ирачката војска е да […]

ИД погуби 300 поранешни припадници на ирачката полиција

ноември 17, 2016

Организацијата „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ) денеска објави дека пред три недели борците на Исламска држава веројатно убиле повеќе од 300 поранешни припадници на ирачката полиција и ги закопале во масовна гробница во близина на местото Хамам ел Алил, јужно од Мосул. Жителите на местото наведуваат дека милитантите неколку недели пред повлекувањето убиле 200 лица, пренесуваат […]

Масовни убиства во околината на Мосул, јавува ОН

ноември 11, 2016

Милитантите на Исламска држава неделава убиле голем број луѓе околу Мосул, а забележано е наталожување на амонијак и на сулфур во цивилните области, кои се верува дека се користени како хемиско оружје, соопшти портпаролката на Обединетите нации (ОН), Равина Шамдасани. Прво е откриена масовна гробница со околу 100 обезглавени тела во Хамам ал-Халилу, во близина […]

Исламска држава киднапираше војници и семејства, можно е да се искористат како жив штит

ноември 8, 2016

Борците на терористичката организација Исламска држава киднапирале 295 поранешни припадници на ирачките безбедносни сили и присилиле околу 1.500 семејства да се повлечат со нив од ирачкиот град Хамам Ал Алил, информираат од Обединети нации. Киднапирањето се случило минатата седмица откако ирачките државни безбедносни сили, курдските борци и шиитската милиција, поддржани од американските воздушни сили, извршија […]

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во Тикрит и во Самара

ноември 6, 2016

Исламска држава ја презеде одговорноста за самоубиствените бомбашки напади во ирачките градови Тикрит и Самара, во кои загина 21 лице. ИД преку соопштение тврди дека имало три самоубиствени напади, два во Самара и еден во Тикрит. Ирачките власти, пак, информираа за два напади, од кои еден во Тикрит, кога самоубиец активирал експлозив во амбулантно возило на јужниот […]

Борба за Мосул и жесток отпор од припадниците на ИД

ноември 4, 2016

Елитните ирачки единици денеска се соочиле со жесток отпор во Мосул, градот кој две години беше под контрола на таканаречената Исламска држава. Командантот на единицата за борба против тероризмот, Мунтатар Салем, рече дека ирачките сили напредуваат и во моментов се борат во источниот дел на градот. Припадниците на Исламска држава возвраќаат со бомби и со […]

Офанзивата на Мосул запрена поради магла

ноември 2, 2016

Ирачките сили запреле и држат позиции во предградија во Мосул, а намалената видливост ги отежнува операциите за истерување на борците на Исламска држава од овој град, соопшти денеска генералот на специјалните ирачки сили, Хајдер Фадхил. Тој истакна дека за денеска не се планира понатамошно напредување поради големата влажност и облаците што ја намалуваат видливоста за авионите […]

ИД се обидела да донесе цивили во Мосул и да ги користи како жив штит

ноември 1, 2016

Исламска држава се обидела да префрли околу 25.000 цивили во Мосул, а се претпоставува дека планот на групацијата бил да ги користат тие луѓе како човечки штит во одбрана на своите позиции. Цивили од Хамам ал Али, град кој се наоѓа јужно од Мосул, се качени во камиони и во минибуси во раните утрински часови, […]

Ирачката војска влезе во предградие на Мосул

октомври 31, 2016

Ирачката војска денеска влезе во округот Карама, кој се наоѓа на истокот на Мосул, упориштето на Исламска држава. Ова е првпат ирачките војници да успеат да влезат во градот по двонеделните борби во околните подрачја, соопшти воен претставник. – Влеговме во Мосул. Сега се бориме во округот Карама – рече генерал Висам Араји од противтерористичката служба […]

Продолжува офанзивата против ИД во Ирак

октомври 31, 2016

Ирачките сили денеска ја продолжија координираната офанзива кон Мосул, последниот поголем град под контрола на Исламска држава, а нивна мета е источниот брег на реката Тигар, која го дели градот на два дела, соопштија властите. Единиците за борба против тероризмот го забавија своето напредување минатата недела откако освоија повеќе територии од другите сили на фронтот, […]

Ирачката војска пронашла импровизирана фабрика за бомби кај Мосул

октомври 27, 2016

Специјалните сили на ирачката војска денеска ја истражиле мрежата од подземни тунели источно од градот Мосул и пронашле импровизиран објект што милитантите на Исламска држава (ИД) го користеле за правење бомби, јавуваат светските агенции. Импровизираната фабрика за бомби била пронајдена во село во близината на Мосул, кое е ослободено во рамките на офанзивата на ирачките […]

Во офанзивата во Мосул се убиени 900 припадници на ИД

октомври 27, 2016

Американски генерал соопшти дека меѓу 800 и 900 припадници на Исламска држава се убиени по 17 октомври, од почетокот на копнената офанзива на ирачките сили за преземање на џихадистичкото упориште Мосул. – Проценуваме дека ирачките сили усмртиле околу 800 до 900 борци на ИД за време на операциите во изминатата недела и пол – рече […]

Околу 1.000 лица иселени од линијата на фронтот за ослободување на Мосул

октомври 26, 2016

Ирачките специјални сили преселиле околу илјада лица од село кое се наоѓа во близина на линијата на фронтот за ослободување на Мосул од Исламска држава. Според извештаите на ОН, милитантите во последните денови извршиле бројни злосторства. Меѓународната организација за миграција соопшти дека од почетокот на офанзивата на 17 октомври се раселени околу 9.000 лица. Повеќе […]

ОН: ИД масакрира цивили во близина на Мосул

октомври 25, 2016

Обединетите нации соопштија дека добиле извештаи оти Исламска држава масакрирала цивили во Ирак, додека ирачките владини сили се приближуваат до Мосул, последното прибежиште на ИД во земјата. Комисијата за човекови права на ОН соопшти дека околу 70 тела со рани од куршуми се откриени во куќа во село во близина на Тулул Насер, околу 35 […]

Запалена фабрика за сулфур во близина на Мосул, стотици лица затруени

октомври 22, 2016

Стотици луѓе побарале медицинска помош поради проблеми со дишењето од отровните испарувања што почнале да се шират од фабрика за сулфур во близина на Мосул, која најверојанто била запалена од милитантите на Исламска држава, јавуваат светските медиуми. Засега нема пријавено смртни случаи поврзани со инцидентот, соопштиле од болницата во местото Каијари, близу Мосул. Според војската на […]

Секретарот за одбрана на САД во ненадејна посета на Ирак

октомври 22, 2016

Секретарот за одбрана на Соединетите Американски Држави, Ештон Картер, денеска пристигнал во ненајавена посета на Ирак за да изврши увид во напредокот на офанзивата против милитантите на Исламска држава (ИД) во градот Мосул, јавуваат светските медиуми. Картер, како што пренесува „Би-би-си“, ненадејно пристигнал во Ирак, веднаш по неговите средби со лидерите на Турција во Анкара, […]

ИД го нападна ирачкиот град Киркук

октомври 21, 2016

Вооружени бунтовници денеска нападнале полициска станица во ирачкиот град Киркук, а борбите сè уште траат. Според очевидци, во градот се слушнале неколку експлозии, како и истрели од огнено оружје. Засега нема извештаи за жртви. „Би-би-си“ пренесува дека Исламска држава презела одговорност за нападот и оти нејзините припадници доаѓаат од неколку правци. Напаѓачи упаднале и во […]

Од Мосул побегнале 900 цивили, соопштија ОН

октомври 19, 2016

Најмалку 900 лица побегнале од ирачкиот град Мосул и преминале во Сирија, соопшти Агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР). Ова е прва поголема група цивили за кои е потврдено дека побегнале од Мосул од почетокот на офанзивата за ослободување северниот ирачки град, наведува „Би-би-си“. Како што се проценува, во Мосул има 1,5 милиони лица и […]

Обама: Ослободувањето на Мосул ќе биде тешка борба

октомври 19, 2016

Претседателот на САД, Барак Обама, оцени дека операцијата за ослободување на ирачкиот град Мосул, кој е под контрола на Исламска држава, ќе биде „тешка борба“. Обама проценува дека борбата ќе биде обележана и со напредување и со назадување, но истакна дека истиснувањето на Исламска држава од Мосул ќе биде уште еден чекор кон неjзиното конечно уништување. […]

Страна 4 од 12