Ирачките сили во офанзива во Киркук
октомври 16, 2017
Курдските претставници во Ирак денеска соопштија дека федералните ирачки сили и милицијата, кои имаат поддршка од државата, повеле „голем и повеќекратен напад“ за да го заземат спорниот град Киркук. Регионалниот совет за безбедност на Курдистан соопшти дека курдските пешмерга-сили уништиле најмалку пет возила од типот „хамви“ кои ги користела милицијата, по „неиспровоциран напад“ јужно од градот. […]