fbpx
Таг: Интернет

таг: Интернет

СДСМ купил веб-страница „Збогум Никола“, а МАРНЕТ ја продала на друг

СДСМ регистрирал интернет-страница www.zbogumnikola.com на која се одбројуваат деновите кога премиерот Никола Груевски треба да поднесе оставка, информираше денеска дополнителниот заменик-министер во Министерството за информатичко општество, Александар Кирацовски. Како што кажа Кирацовски, од СДСМ поднеле барање до МАРНЕТ за регистрација на интернет-страницата која требало да се вика „Збогум Никола“. По три часа добиле потврда дека називот, односно доменот, веќе е купен, а...

„Е-општество“: Мора да има рамнотежа меѓу слободата на изразување и правото на приватност

Треба да се постигне рамнотежа меѓу слободата на изразување и правото на приватност, е заклучокот од денешната единаесетта меѓународна конференција „Е-општество“, посветена на слободата и на приватноста на интернет, во организација на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и на Меѓународниот институт за човекови права и мир од Каен, Франција. Амбасадорката на Франција во Македонија, Лоренс Оер, вели дека интернетот...

Денеска конференција „Е-Општество“ за слобода и за приватност на интернет

„Слобода и приватност на интернет“ е темата на единаесеттата меѓународна конференција „Е-општество“, што се одржува денеска во хотелот „Холидеј ин“, а се спроведува во рамките на проектот „Децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија“, во соработка со Фондацијата за интернeт и општество „Метаморфозис“ и со Меѓународниот институт за човекови права и мир од Каен, Франција. Конференцијата ќе се...

Утре конференција „Е-општество“ за слобода и за приватност на интернет

„Слобода и приватност на интернет“ е темата на единаесеттата меѓународна конференција „Е-општество“, што ќе се одржи утре во хотелот „Холидеј ин“, а се спроведува во рамките на проектот „Децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија“, во соработка со Фондацијата за интернeт и општество „Метаморфозис“ и со Меѓународниот институт за човекови права и мир од Каен, Франција. Бардил Јашари,...

Бесплатен интернет на скопскиот аеродром

„ТАВ Македонија“ во соработка со „Македонски телеком“ воведе бесплатен интернет на скопскиот аеродром „Александар Велики“. Станува збор за бесплатен безжичен интернет кој е достапен во терминалната зграда и во салонот за важни личности на скопскиот аеродром, а кој патниците можат да го користат со едноставно приклучување на безжичната мрежа со име „Telekom HotSpot“. По поврзувањето на оваа мрежа, патниците преку интернет-пребарувачот...

Хакери украле повеќе од 20 милиони фунти од британски граѓани

Британската полиција ги предупреди сите корисници на интернет-банкарството да бидат особено внимателни затоа што откриле дека хакери украле повеќе од 20 милиони фунти од сметки на британски граѓани. Националната агенција за криминал (НКА) вели дека хакерите создале особено опасен вирус „дридекс“, кој може да преземе контрола над нечиј компјутер. Се претпоставува дека со вирусот се заразени повеќе илјади компјутери во Велика Британија. НКА...

Обука „Борба против говор на омраза на интернет“ денеска во Струга

Фондацијата „Метаморфозис“ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денеска во хотелот „Дрим“ во Струга, организираат еднодневен семинар и обуки за справување со говорот на омраза во медиумската сфера. Обуката е првенствено наменета за уредници, новинари и за администратори на веб-портали. Целта е да се придонесе за зајакнување на капацитетите на интернет-медиумите во Македонија за препознавање и за спротивставување на говорот на омраза и...

„Спаси го интернетот“ – кампања за зачувување на неутралноста на интернет

Европската комисија и Советот сакаат да усвојат пропис што ќе им овозможи на интернет-провајдерите (ISP) да прават дискриминација меѓу клиентите и да наплаќаат додатни суми за различни видови интернет-услуги. Повеќе невладини организации од Европа ја спроведуваат кампањата „Спаси го интернетот“ за зачувување на неутралноста на интернет-просторот. Само оние кои плаќаат повеќе ќе имаат полесен пристап до публиката на интернет, на тој начин...

Британски научници тврдат: Се зголемува продажбата на мајчино млеко преку интернет

Истражување, спроведено од британски научници, покажало дека се зголемува продажбата на мајчино млеко од доилки, кое преку интернет го купуваат фетишисти, бодибилдери и болни од рак, јавува „Би-Би-Си“. Тим научници од Универзитетот „Квин Мери“ во Лондон тврдат дека млекото што се продава е непастеризирано и може да содржи опасни бактерии. Тие велат дека тврдењата дека мајчиното млеко го зајакнува имуниот систем...

„Ербас“ ќе гради гигантска сателитска мрежа

Европскиот гигант „Ербас“ склучил договор за изградба на најголемата констелација на сателити во светот, пренесува „Би-Би-Си“. Компанијата планира да произведе 900 сателити за концернот „Уан веб“ (OneWeb), кој има намера да го прошири интернет-пристапот низ целиот свет. Договорот бил објавен на Париското аерошоу и, според плановите, првично ќе бидат лансираат повеќе од 600 сателити, додека другите ќе се чуваат како резерва. Консталацијата...

Повеќе од милијарда лица го користат бесплатниот интернет на „Фејсбук“

Неколку недели откако е објавено дека Internet.org на компанијата „Фејсбук“ ја надминал бројката од 800 милиони корисници во девет земји, извршниот директор Марк Зукерберг објави дека сервисот сега е достапен за повеќе милијарда луѓе во светот. „Овозможувањето на корисниците бесплатно да пристапат кон интернет е исправна работа. Ќе продолжиме да поврзуваме уште повеќе земји и нема да запреме сè додека...

Македонците сè повеќе купуваат преку интернет

Tрговијата и плаќањето преку интернет во Македонија рапидно расте, па за 11 месеци од минатата година (од јануари до ноември), Македонците преку интернет потрошиле речиси 10,5 милиони евра. Податоците за платежни картички и плаќање преку нив, на Народната банка на Република Македонија, покажуваат дека од септември до ноември минатата година, интернет-потрошувачите во земјава месечно трошеле повеќе од еден милион евра....

Како изгледа безжичниот интернет

Чарлс Лор, хакер од Мериленд, направи радарски вифи-систем за кој вели дека овозможува да го видите сигналот во својот дом. За тоа користел посебен уред, кој во основа емитувал боја на светлина и прави мапа за јачината на сигналот на одредена локација. - Компјутерот ги примаше информациите и правеше мапа за јачината на сигналот. Комплетната слика тогаш ја открива варијабилноста...

#Бомба, #ОставкаЗаТодоров, #ТикТакТикТак и #Тамара го возбудија македонскиот интернет

Значително ослабнат интернет, голем број на веб-портали што не се отвораат или за кои долго се чека да се отворат за некоја информација поврзана со „бомбата“, огромна раздвиженост на социјалните мрежи - ова се резултатите од настанот на денот, односно прес-конференцијата на Зоран Заев, која стана и настан на интернетот во поновата македонска историја. Неколку корисници на „Твитер“, меѓу кои и...

Канада дневно следи милиони луѓе на интернет

Канадските разузнавачки служби секојдневно следат милиони луѓе на интернет за да се разоткријат терористите и нивните планови, јавува телевизиската куќа „Си-Би-Си“, повикувајќи се на поранешниот соработник на американската Национална агенција за безбедност, Едвард Сноуден. Во рамките на проектот, со кој раководи канадскиот Центар за безбедност за комуникации, секојдневно се собираат 10-15 милиони интернет-документи, вклучувајќи ги и оние од мобилните телефони....

Светските граѓански здруженија покренаа „Интернет социјален форум“

Дваесет и четири меѓународни граѓански организации во  Женева формираа „Интернет социјален форум“ (Internet Social Forum), кој има цел да треба да биде алтернатива на „Светската мрежна иницијатива“ (Net Mundial Initiative), формирана на минатогодишниот Светски економски форум, кој во август се одржа во Бразил. Иницијаторите бараат итно да се обрне внимание на сè поголемата централизација и социо-политичка контрола на интернетот, истакнувајќи дека...

Џихадистите го освојуваат интернетот, може ли некој да ги спречи?

Паралелно со вистинските вооружени пресметки во Париз и со антитерористичките акции кои следуваа потоа во Германија, Франција и во Белгија, во кои се убиени и уапсени повеќе екстремисти, на интернет се води жестока воена пропаганда предводена од џихадистите кои ја контролираат територијата на Исламската држава. Екстремните исламисти кои се борат во Ирак и во Сирија интензивно го користат интернетот, социјалните мрежи и софистицираните...

„Гугл“ добил 345 милиони барања за повлекување на интернет-страници

Компанијата „Гугл“ во 2014 година добила повеќе од 345 милиони барања за повлекување на интернет-страници од својот пребарувач поради авторски права. Бројката е за 75 отсто поголема во споредба со 2012 година, а се очекува да порасне во 2015 година. Кога станува збор за домеини кои најмногу се погодени со обвиненија за кршење на авторските права тоа се 4shared.com, rapidgator.net и uploaded.net....

ИД погуби осум лица

Припадниците на екстремистичката сунитска група Исламска држава, во ирачката провинција Салахедин, убија осум лица, од кои четворица полицајци. ИД на интернет објави фотографии од погубувањето. На фотографиите, седуммина од убиените се облечени во портокалова облека, слична на онаа што ја носеа и ликвидираните новинари и хуманитарните работници. ИД контролира голем дел од територијата во Ирак и во Сирија, каде прогласи калифат.

Северна Кореја повторно доби интернет

По повеќечасовен прекин, повторно е воспоставен интернет во Северна Кореја. По конфронтацијата со САД поради хакерскиот напад на компанијата „Сони“, во оваа земја беше икслучен интернетот, а како што соопшти американската компанија за надгледување на инфраструктура на интернетот, причината за прекин на интернет-врските во Северна Кореја не е познат. Неколку американски официјални лица, инволвирани во истрагата за нападот на „Сони“, изјавија...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...