среда, 22 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Инстаграм | 98 резултати

Лажни видеа од Путин и Зеленски шират дезинформации за руско-украинската војна

март 18, 2022

Повторно се појави т.н. „дипфејк“ видео споделено на Твитер, на кое се чини дека рускиот претседател Владимир Путин прогласува мир, објави британскиот јавен сервис Би-би-си. Во меѓувреме, оваа недела платформите на Мета и Јутјуб отстранија исто такво лажно видео од претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во кое тој зборува дека се предава. Неубедливиот фалсификат на […]

Кание Вест суспендиран од Инстаграм на 24 часа откако упати расна навреда кон Тревор Ноа

март 17, 2022

Кание Вест е суспендиран од социјалната мрежа Инстаграм откако објави расна навреда упатена кон водителот на „Дејли шоу“ Тревор Ноа, потврди за Си-Ен-Ен портпаролот на Мета, сопственик на Фејсбук и Инстаграм. Наводно, Вест ги прекрши политиките на платформата за говор на омраза, малтретирање и вознемирување. Нему му е ограничено да објавува, коментира и да врши […]

Русија го блокираше пристапот и до Инстаграм

март 13, 2022

Рускиот државен надзорен орган за медиуми, Роскомнадзор, соопшти дека Инстаграм ќе биде блокиран во земјата поради „повици за насилство“ против руските војници, јавува „Би-би-си“. Одлуката на руските власти следи откако компанијата-сопственик на Инстаграм, „Мета“, најави дека ќе им дозволи на своите корисници во некои земји да повикуваат на насилство против рускиот претседатеп Владимир Путин и […]

Прашањето за заштита на личните податоци може да ги исклучи Фејсбук и Инстаграм од Европа

февруари 8, 2022

Корисниците на Фејсбук и Инстаграм од Европа можат да останат без можност да ги користат своите профили, доколку на компанијата „Мета“ не ѝ се дозволи да обработува податоци на корисниците од Европа на своите сервери лоцирани во САД, јавува Јуроњуз. Компанијата „Мета“ информираше за ваквата опасност, а како што наведуваат тие, ова би било резултат […]

По најавата на Инстаграм, и ТикТок тестира „претплати“ на каналите на креаторите

јануари 21, 2022

Видео платформата ТикТок најави дека тестира поддршка за претплати од страна на корисниците, со што им го отвора патот на креаторите да наплатат за нивните содржини. Оваа информација ја сподели „Д Врџ“ (The Verge), повикувајќи се на „The Information“. Засега нема информации кај колку креатори се тестира оваа нова функција, ниту пак кога истата би […]

Инстаграм почна со тестирање на „претплати“ на профилите на креаторите

јануари 20, 2022

Инстаграм тестира нова функција која ќе им овозможи на корисниците, за одредена месечна претплата, да уживаат во ексклузивна содржина создадена од нивните омилени креатори. Според објавата на блогот на матичната компанија „Мета“ (Meta Platforms), Инстаграм ќе им даде слобода на креаторите да ја изберат цената по која сакаат гледачите да се претплатат на нивната содржина. […]

Шифрирањето на пораките на Фејсбук и Инстаграм се одложува за една година

ноември 23, 2021

Се одложуваат плановите за воведување на шифрирање (end-to-end encryption) на пораките што се испраќаат на Фејсбук (Facebook) и Инстаграм (Instagram), поради спор околу безбедноста на децата, соопшти „Би-би-си“. Матичната компанија на Фејсбук, која сега го носи името „Мета“ (Meta), соопшти дека шифрирањето на пораките на апликациите ќе се случи во 2023 година. Претходно беше најавено […]

Како да се заштитите од несовесните продавачи на интернет: Секојдневни се поплаките од измамени купувачи

ноември 6, 2021

Уште со почетокот на ковид-19 пандемијата драстично се зголеми е-трговијата. Затворени во домовите, потрошувачите одбраа безбедна варијанта за купување која не ги доведува во ризик од зараза, и почнаа повеќе да купуваат онлајн. За тоа сведочат и статистиките од Народната банка во извештаите за движењата во платниот промет, каде е наведено дека во условите наметнати […]

Апликациите на Фејсбук беа недостапни повеќе од шест часа поради „внатрешно техничко прашање“

октомври 5, 2021

Најголемата социјална мрежа во светот, Фејсбук и нејзините платформи Инстаграм и Вотсап во текот на вчерашниот ден беа недостапни за корисниците повеќе од шест часа. Од Фејсбук објаснија дека се работи за внатрешно техничко прашање, кое не само што влијаело на услугите на социјалните мрежи, туку, наводно, ги погодило и работните електронски адреси на вработените […]

Фејсбук ги спои Инстаграм и Месинџер – сега корисниците на двете платформи комуницираат непречено

октомври 4, 2021

На почетокот на овој месец Фејсбук и Инстаграм пуштија во употреба нова функција, која со најновите ажурирања може да се користи во двете апликации. По две години подготовки, отсега корисниците ќе можат да разменуваат пораки меѓу Инстаграм и Месинџер, соопшти Фејсбук. На Месинџер корисниците ќе можат да ги видат своите Инстаграм контакти и преку Месинџер […]

Фејсбук ќе потроши 50 милиони долари во изградба на „метаверзумот“, се откажа од „Instagram Kids“

септември 28, 2021

Фејсбук објави фонд од 50 милиони американски долари, за кој вели дека ќе му помогне да го развие својот „метаверзум“ поодговорно. Според информациите, средствата од овој фонд во наредните две години ќе бидат инвестирани во програми и надворешни истражувања. Својот „метаверзум“, Фејсбук го опишува како „следната компјутерска платформа“, а компанијата вели дека ќе работи со […]

Исчезнатата Инстаграм авантуристка Габи Петито е пронајдена мртва

септември 21, 2021

Приказната за исчезнатата авантуристка Габи Петито, која моментите од своите патувања ги споделува на социјалната мрежа Инстаграм, продолжува да ја бранува јавноста во САД. 22-годишната американка од Флорида, заедно со нејзиниот свршеник Лондри, кој има 23 години, во текот на летото заминале на патување низ американскиот запад со бело комбе, пишува „Си-ен-ен“. Лондри во својот […]

Инстаграм ќе побара од сите корисници да го потврдат нивниот датум на раѓање

септември 2, 2021

За да можат младите на возраст под 18 години безбедно да го користат Инстаграм, оваа социјална мрежа ќе побара од сите корисници да го потврдат нивниот датум на раѓање, пренесува „Гардијан“. Компанијата „Фејсбук“, во чија сопственост е Инстаграм, соопшти дека новите корисници ќе мора да го внесат датумот на раѓање, но истото ќе се побара […]

Инстаграм ги прави автоматски затворени профилите на тинејџерите под 16 години

јули 29, 2021

Профилите на новите корисници на Инстаграм кои се помлади од 16 години, автоматски ќе бидат поставени како приватни, односно затворени, што значи дека само одобрените следбеници ќе можат да ги гледаат, лајкуваат или коментираат нивните слики и објави, се вели во најновото соопштение на оваа социјална мрежа. Тестовите на Инстаграм покажале дека само еден од […]

„Фејсбук“ да го откаже планот за детска верзија на Инстаграм, бараат експерти за јавно здравје

април 17, 2021

„Кампањата за без комерцијално детство“ упатила писмо до извршниот директор на „Фејсбук“, Марк Закерберг, во кое го повикува да ги откаже плановите за лансирање на верзија од социјалната мрежа Инстаграм која ќе биде наменета за деца под 13 години. Писмото е потпишано од 99 организации и поединци-експерти за јавно здравје, кои тврдат дека „платформата опседната […]

„Фејсбук“ започнува глобална кампања за да им помогне на милиони луѓе да се вакцинираат

март 15, 2021

„Фејсбук“ започнува глобална кампања која ќе има за цел да ги запознае корисниците подобро со фактите за вакцините против ковид-19, но и да им го олесни пристапот при процесот на вакцинирање. „Денес започнуваме глобална кампања за да им помогнеме на 50 милиони луѓе да се доближат уште еден чекор до добивање вакцини. Веќе поврзавме над […]

Инстаграм го надополнува “Instagram Live” со “Live Rooms”

март 3, 2021

На први март на блогот на Инстаграм беше објавено дека додаваат нова функционалност на веќе постоечката опција „Live“. Оваа нова опција се однесува на бројот на луѓе со коишто можат корисниците да разговараат во живо. Досега само двајца можеа да вршат пренос во живо додека со новите „Live Rooms“, а сега бројката се зголемува на […]

Инстаграм воведува нови правила против говорот на омраза во приватните пораки

февруари 11, 2021

На 10 февруари на блогот на Инстаграм беше објавено дека ги ажурираат правилата поврзани со говорот на омраза, особено кон приватните пораки. Оваа новина доаѓа откако неодамна беа упатени расистички коментари онлајн насочени кон фудбалери од Велика Британија. „Бидејќи приватните пораки се за приватни разговори ние не користиме технологија која проаткивно ќе забележува содржина како […]

Инстаграм додава нова опција – „неодамна избришано“

февруари 8, 2021

На 2 февруари на блогот на Инстаграм беше објавено дека во најновата верзија на нивната апликација ќе биде додадена опцијата „неодамна избришано“. Заедно со оваа опција се додадени заштити против хакери. За пристап до папката каде неодамна избришаните објави се складираат од корисниците ќе биде побарана верификација. Овие две функционалности се превенција на несаканото бришење […]

Интервју со фуд блогерот Бранко Попоски: Готвењето е љубов, исполнување, задоволство

јануари 30, 2021

“Кратoк, би рекол дека не може да биде, зaшто секогаш кога ќе ми кажат ‘Дај нешто кратко и концизно’, а јас сум човек кој што многу сака да зборуваме не само за себе туку и за другите, потребни се повеќе од еден лист А4 формат хартија”, смеејќи вели Бранко Попоски, фуд блогер, кога побаравме да каже нешто […]

Страна 3 од 5