fbpx
Таг: инфраструктура

таг: инфраструктура

Патарините се мал дел од инвестициите – патиштата ги градиме од кредити (инфографик)

Најголем дел од средствата што се инвестираат во патната инфраструктура во земјава се средства добиени од кредити. Дури 57,4% од средствата во годинешниов буџет на Јавното претпријатие за државни патишта се позајмувања од кинеската Ексим банка, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Светската банка (СБ) и Европската инвестициона банка (ЕИБ). Наспроти нив, само 15,4% од вкупните приходи планирани...

Првите 22 милиони евра од кинескиот кредит за автопатите треба да се платат во јули

Кинеската Ексим банка во јули ќе ја испорача за плаќање првата рата во висина од 22 милиони долари од кредитот за изградба на автопатите Миладиновци - Штип и Кичево - Охрид. И двата автопати доцнеа со рокот за изведба како последица на нерешената експропријација на земјиштето и пропустите во проектната документација. Автопатот Миладиновци - Штип беше пуштен во употреба пред...

Летово кон Грција ќе се вози по целосно реконструиран автопат

Реконструкцијата на автопатот Неготино - Демир Капија во двата правци е завршена и делницата долга 15,4 километри деновиве е пуштена во сообраќај по целата должина. Проектот вреден над 5 милиони евра доцнеше со изведба неколку месеци. - Се појави дополнително свлечиште, при што и тоа се санираше во должина од 300 метри - информира за „Мета“ директорот на Јавното претпријатие...

Над 41 милион возила лани платиле патарина на нашите автопати

Јавното претпријатие за државни патишта лани успеало на минимум да го сведе неплаќањето патарина на автопатите низ земјава. Во 2018 година на наплатните рампи патарина платиле 41.133.515 возачи, односно за речиси 10 милиони повеќе во споредба со 2014 година. Ланскиот процент на наплата на патарината достигнал 97 отсто. Неплаќачите се ловат на камери и врз основа на регистарската табличка на...

Приходите од патарините пораснале за 130% во последните осум години (инфографик)

Патарините се златната кокошка на Јавното претпријатие за државни патишта. Во последните 8 години приходите од патарини пораснале за 130%. Откако се зголеми цената за овој надоместок во јули 2014 година, ова претпријатие бележи забрзан раст на средствата што ги добиваат од граѓаните за користење на автопатите. За само 5 години, финансиите од наплата на патарина се зголемени за...

Хидроцентралите и рудниците да не се градат без да се прашаат граѓаните, бараат екологистите

Прогласувањето на рудниците како и на големите и малите хидроенергетски проекти за градби од државно значење е неприфатливо бидејќи претставува закана за природните подрачја во земјава, стои во обраќањето до јавноста на граѓанската организација „Еко-свест“. Тие реагираат на новиот предлог-закон за урбанистичко планирање, кој се наоѓа на втора по ред јавна расправа во Собранието. Граѓанските еколошки организации веќе подолго време...

Манчевски: Градовите ќе бидат покриени со „5G“ мрежа до 2027 година

Третата меѓународна конференција од областа на телекомуникациите на тема „5G и понатаму“ (5G and Beyond), денеска официјално се отвори во Скопје. Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на отворањето на конференцијата рече дека технологијата се очекува да донесе вистинска дигитална еволуција, поттикнување на економскиот раст, иновативноста и благосостојбата. „„5G“ ќе ги промени целите индустрии. Овие сектори ќе бидат целосно...

Со заем од 15,3 милиони евра ќе се градат 3 нови патарини на автопатите

Распишан тендерот за изградба на 3 нови патарини и за воведување на електронска наплата на наплатните рампи долж Коридорот 8 и автопатот Миладиновци - Штип. Со заем од 15,3 милиони евра преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе се изградат патарините „Кадрифаково“ и „Преод“ на автопатот Миладиновци - Штип, како и идната патарина „Арбиново“ на автопатот Кичево -...

Булеварот „Партизански одреди“ од наредна недела ќе се реконструира

Градот Скопје од наредната недела ќе ја почне реконструкцијата на булеварот „Партизански одреди“, на потегот од раскрсницата со булевар „8 - ми Септември“ до мостот Обединети нации. За да не се предизвикува поголем сообраќаен метеж, обновата на коловозот на оваа сообраќајница ќе се одвива фазно. - Сообраќајниот проект е изработен и истиот е предаден во СВР Скопје и очекуваме да...

Минимален попуст на патарините со електронска наплата за редовните возачи

Електронската наплата на македонските патарини долж Коридорот 10 ќе стартува во текот на месецов и со неа за прв пат ќе се воведе минимален попуст за редовните корисници на оваа услуга. Со најновата одлука на владата за висината и начинот на наплата на овој надоместок, редовните корисници ќе добијат попусти од 2 до 7 отсто на патарините при надополнувањето...

На автопатите има повеќе возила, а три пати помалку сообраќајки од обичните патишта (инфографик)

На македонските автопати се случиле за три пати помалку сообраќајни несреќи во споредба со обичните патишта. Според податоците на Државниот завод за статистика, во последните 5 години на автопатите имало во просек по 320 незгоди годишно. Наспроти нив, на патните правци што не се изградени на ниво на автопат во периодот 2014 - 2018 година во просек имало по...

Од денеска ќе може да се вози по автопатот Миладиновци – Штип

Министерството за транспорт и врски информира дека автопатот Миладиновци - Штип од денеска е пуштен во сообраќај во двата правци. Поради тоа што допрва треба да се довршат одредени инфраструктурни објекти долж автопатот, од Министерството апелираат до сите корисници да ја почитуваат поставената хоризонтална и вертикална сигнализација. „Упатуваме благодарност до сите граѓани кои во овие неколку месеци беа трпеливи во...

Цела година ќе се исправаат грешките во проектот на автопатот Кичево – Охрид

Најдоцна за една година треба да се заврши препроектирањето на утврдените пропусти кај автопатот Кичево - Охрид. Јавното претпријатие за државни патишта го објави тендерот за докомплетирање на проектната документација за делницата долга 57 километри, за која државата за нејзината изведба ќе треба да издвои вкупно 598 милиони евра. Како што се наведува во тендерот објавен на Електронскиот систем за...

На автопатот Миладиновци – Штип сè уште се работи

Не се оствари најавата на директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов дека автопатот Миладиновци - Штип ќе биде пуштен во употреба до крајот на мај. Помина и оваа недела, а од најавите нема ништо. Сепак, иако не е пуштен за употреба, со назнака дека не е безбеден, по автопатот се вози, во насока од Штип кон...

Автопатот „Арбен Џафери“ отворен за сообраќај од Приштина до Блаце

Izvor: Vlada na Kosovo
Косово денеска го пушти во употреба новиот автопат „Арбен Џафери“ што ја поврзува Приштина со Скопје. На свечениот чин присуствуваше целиот државен врв на Косово, македонскиот премиер Зоран Заев, собранискиот спикер Талат Џафери и црногорскиот премиер Душко Марковиќ. На автопатот долг 65,5 километри се наоѓа највисокиот и најдолг мост на Балканот, кој во должина од 6 километри надвиснува над...

Анѓушев: До крајот на мандатот на оваа влада, ќе се инвестира во Попова Шапка

На денешната прес-конференција, заменик-премиерот Анѓушев вети дека до крајот на мандатот на оваа влада ќе се знае судбината на Попова Шапка и ќе се најде инвеститор за реализација на истата, извести „Порталб“. -За време на мандатот на оваа влада, ако ништо друго, јас сум оптимист дека барем ќе најдеме инвеститор за тоа да се случи. Иако центар, како овој, не...

Првата фаза од експресниот пат Градско – Прилеп ќе доцни две години

Извор: Министерство за транспорт и врски
Наместо да биде завршен до почетокот на 2018 година, првата фаза од изградбата на експресниот пат Градско - Прилеп се очекува да биде завршена во 2020 година. Двегодишното доцнење на градежните работи на секцијата долга 10 километри меѓу Фаришката и Дреновската клисура е поради бројни пропусти во проектната документација. Пронајдените археолошки наоѓалишта, нерешената експропријација на земјиштето, недоволните геомеханички испитување...

На 8 црни точки на патиштата ќе се работи на подобрување на безбедноста (инфографик)

Јавното претпријатие за државни патишта ќе инвестира во подобрување на безбедноста во сообраќајот на 8 црни точки на македонските патишта. За да се намали ризикот од сообраќајни незгоди, на овие локации ќе се изведе нов асфалтен слој, ќе се работи на дренажата на патот, ќе се постават нови сообраќајни знаци, банкини и друга опрема, а ќе се изврши и...

Миладиновци – Штип: Изградба, провизии и доцнења (хронологија)

Со пробиен рок на изведба од дури две години, деновиве се привршуваат подготовките за пуштање во употреба на автопатот Миладиновци - Штип. Неговата изградба започна на 21 февруари 2014 година, со ветување од тогашната влада дека делницата долга 47 километри ќе биде завршена до 1 мај 2017 година. За проектот вреден 206 милиони евра кон крајот од 2013 година...

Експресниот пат Штип – Радовиш ќе биде предвремено изграден

Izvor: Facebook profil na minister Goran Sugareski
Како своевидна реткост во реализацијата на проектите од патната инфраструктура, новиот експресен пат Штип - Радовиш се гради побрзо од планираното. Досега се завршени околу 40% од градежните работи на идната траса долга 23 километри меѓу селото Софилари и рудникот „Бучим“. Оваа делница од идниот експресен пат ќе биде готова во текот на 2020 година, односно речиси една година...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...