недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: информации | 55 резултати

Спасовски: Евроазиските служби на Груби се како жолтите комбиња на Груевски

декември 1, 2016

Министерството за внатрешни работи нема информации за евроазиски тајни служби кои имаат влијание на безбедноста и на кризата во државата, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, додавајќи дека наводите за вакви служби, кои ги посочи шефот на кабинет на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и носител на листа во изборната единица 1, Артан […]

Просечната нето-плата во септември изнесувала 22.191 денар

ноември 23, 2016

Просечната месечна нето-плата во септември годинава изнесувала 22.191 денар, а бруто-платата – 32.640 денари, објави Државниот завод за статистика. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември во однос на истиот месец лани е зголемена за 0,8 отсто. Ваквото зголемување, според ДЗС, се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна нето-плата во секторите градежништво […]

Сообраќајната несреќа кај Демир Капија е информативна несреќа во известувањето

август 5, 2016

Почината скопјанка, починат маж, дете без повреди, дете во критична состојба, повредени три лица, сообраќајка помеѓу возило и автобус, сообраќајка меѓу две возила и автобус… Ова се варијациите на ист настан, за кој речиси сите медиуми, а особено портали, во трката за ексклузивна и првообјавена информација, потфрлија да известат точно, јасно, прецизно и, што е […]

СЈО: Доставивме податоци што можат да помогнат во истрагата за смртта на Крпач

мај 5, 2016

Специјалното јавно обвинителство го прифатило барањето на Основното јавно обвинителство за меѓуинституционална соработка во враска со испитувањето на околностите за смртта на Коста Крпач и доставило податоци што можат да помогнат за расчистување на случајот, соопштија денеска од кабинетот на специјалната обвинителка Катица Јанева. Од СЈО додаваат дека иако им биле побарани, до ОЈО Скопје не […]

ВМРО-ДПМНЕ: Јанкулоска и Јанакиески ниту се во бегство, ниту во некоја од амабасадите

февруари 12, 2016

Партијата на власт, ВМРО-ДПМНЕ, испрати демант на информациите на одредени медиуми дека поранешните министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, против кои се отворени истражни постапки во првата акција на Специјалното јавно обвинителство „Титаник“, наводно ја напуштиле државата и побарале засолниште во некоја од амбасадите. – Луѓето од ВМРО-ДПМНЕ за кои пласирате дезинформации дека наводно се во бегство […]

Палмите во Прилеп не се донација од Македонски шуми

јули 10, 2015

Јавното претпријатие Македонски шуми негира дека е донатор на неодамна засадените во паркот пред Општинската зграда во центарот на Прилеп. Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, испративме барање за информации до Општина Прилеп со кое побаравме да ни го достават заклучокот за објавување на одлуката за прифаќање на донацијата од Македонски […]

Пешевски: Хан немал прецизни информации за економскиот пораст

јули 9, 2015

Еврокомесарот Јоханес Хан можеби не располагал со најпрецизни податоци во овој момент, рече вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ја толкува оцената на еврокомесарот Јоханес Хан, кој во интервју рече дека економскиот пораст во Македонија од очекуваните четири отсто, моментно е нула проценти, пишува „Радио Слободна Европа“. Пешевски вели дека […]

ЕУ: Естонија и Полска да ги достават даночните информации

јуни 8, 2015

Европската унија им нареди на Естонија и на Полска што поскоро да ги достават информациите за даночните договори што ги имале со одредени компании, како што тоа го направиле останатите членки на ЕУ по аферата „Луксликс“ која покажа дека на меѓународните компании им се давани даночни олеснувања. Комисијата во декември им нареди на сите земји на ЕУ […]

Од Кабинетот на Иванов реагираат: Заев не смее да изнесува информации од Советот за безбедност

мај 12, 2015

Од Кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов, реагираат на, како што велат, изнесувањето информации од страна на Зоран Заев за седницата на Советот за безбедност што се одржа во неделата, јавува „Телма“ . Во реакцијата се вели дека Зоран Заев, како претседател на политичката партија СДСМ, бил повикан од претседателот Ѓорге Иванов да присуствува на седницата на […]

Се очекува Хилари Клинтон денеска да ја објави кандидатурата за претседател на САД

април 12, 2015

Се очекува Хилари Клинтон денеска да ја објави канидидатурата за претседател на Соединетите Американски Држави (САД), јавуваат американските медиуми. Тие тврдат дека Хилари денеска ќе ја објави кандидатурата за изборите што ќе одржат идната година. Извори блиски до поранешната прва дама на Америка информираат дека Клинтон ќе ја објави кандидатурата преку видеопорака што ќе ја пласира на социјалните медиуми. […]

Што е „државна тајна“ и кој може да ја знае?

април 4, 2015

„Лицето З.З. презентираше детали од договор за донација кој е класифициран со најголем степен на тајност, односно „државна тајна“ со што и директно ја доведе во опасност безбедноста на Република Македонија“. Вака МВР информираше дека почнало да работи на нова кривична пријава против Зоран Заев, која, како што е наведено во соопштението, се однесува на кривичното […]

Страна 3 од 3