Таг: инфлација
таг: инфлација
Цените на мало во февруари зголемени за 8,6 отсто во споредба со истиот месец лани
Раст на инфлацијата, односно трошоците на животот, во февруари 2022 година за 7,6 отсто во споредба со истиот месец минатата година. Цените на мало пак во вториот месец од годинава се зголемени за 8,6 отсто во однос на февруари 2020 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
За една година, најголем раст кај цените на мало е забележан во...
Анализа на Порталб: Од 2014 регистриран највисок ценовен раст – 2021 беше година на скапотија
Раст на цените на мало за цели 6 отсто во декември 2021 година во однос на истиот месец од 2020 година. Трошоците на живот зголемени за 4,9 отсто. Овие вредности се највисоки што се регистрирани во месец декември од 2014 година до сега. Светските анализи покажуваат дека и годинава се очекува раст на цените на металите и на храната,...
Анализа: Економијата во 2021 година – од економско заздравување до енергетска криза
Економијата излезе од зона на рецесија. Раст на увозот и извозот. Дел од инфраструктурните проекти останаа „заглавени“, но по две децении ветувања започна изградбата на автопатската делница Скопје-Блаце – стратешка за поврзување со Косово, нашиот значаен трговски пазар. Јавниот долг ги достигна највисоките вредности. Граѓаните се бореа со ценовен бран, Владата прогласи енергетска криза. „Порталб“ ги издвојува настаните и состојбите...
Порталб: Се ближат новогодишните празници – дали замрзнатите цени на храната ќе ја „одмрзнат“ трпезата?
Цените на основните прехранбени производи „замрзнаа“, но оваа мерка засега е со важност до крајот на јануари. Економистите велат дека привремено стандардот ќе се заштити, но мерката може да има и контраефект, пишува „Порталб“.
Домашните и странските прогнози упатуваат на тоа дека ценовниот раст ќе се прелее и на следната година. Оваа економска година, дел од производите достигнаа ценовен пик.
Празнично,...
Нов план за „борба“ со јавниот долг – задолженоста ќе се намалува, нови заеми преку нови обврзници!
„Се утврдува лимитот на вкупниот јавен долг на среден и долг рок којшто не треба да надмине ниво од 60 отсто од БДП“, се посочува во новата ревидирана Фискална стратегија 2022-2024 (со изгледи до 2026), а намалување на долговите се предвидени и во ревидираната Стратегија за управување со Јавниот долг. Но, оваа граница веќе е пробиена во текот на...
Инфлацијата во САД годинава се искачи на 6,8 отсто, највисока досега од 1982 година
Во САД во текот на 2021 година е регистрирана стапка на инфлација од 6,8 отсто и истата е на највисоко ниво во периодот од 1982 година до денес, јавува весникот Гардијан. Цените на нафтените деривати, храната, кириите и други производи и услуги растат во САД веќе шест месеци по ред, покажува извештајот на Одделот за труд.
Инфлацијата во ноември се...
За една година цените на мало пораснале за 6,2 отсто, стопанството предлага мерки
Индексот на трошоците на животот во ноември 2021 година, во однос на ноември 2020 година, бележи зголемување од 4,8 отсто, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 6,2 отсто, се наведува во најновиот извештај на Државниот завод за статистика.
И кај ноември во споредба со октомври 2021 година, трошоците на живот се зголемени за 0,7 отсто, додека цените...
Проекцијата на Народната банка за годинешната инфлација скокна од 2,2 на 3,1 проценти
Најавите за зголемување на процентот на инфлација се остварија на најновата седница на Советот на Народната банка, на која бил разгледан и усвоен најновиот Квартален извештај за макроекономските проекции. Наместо досегашната проекција од 2,2 проценти, ревидирана е стапката на инфлација на 3,1 проценти до крајот на годинава, информираат од Народната банка на Република Северна Македонија (НБРСМ).
Тие велат дека инфлацијата...
Нацевска: Денарот е стабилен, „подгревањето“ на инфлацијата е нешто што може да доведе до раст на цените
Денарот е стабилен, уверуваат од Народната банка. Вицегувернерката Емилија Нацевска, објасни дека поскапувањата кои се случуваат во изминатиов период се случуваа заради растот на цените на енергенсите на светските берзи по високиот пад минатата година, како и на привремените нарушувања на синџирите на снабдување предизвикани од пандемијата.
„Ова се промени од привремен карактер, коишто би стивнале до година, а „подгревање“...
Анализа на Порталб: Ценовен притисок – поскапи горива, метали, увозни производи, НБРСМ засега нема да интервенира
Инфлацијата ќе се зголемува, но просечната стапка нема да надмине 3 отсто. Ова се очекувањата на аналитичарите наведени во новото анкетно истражување на Народната банка. Јасно е дека и Македонија не е поштедена од ценовното цунами – поскапи горива, метали, увозни производи, пишува „Порталб“. Дали овој бран е од привремен карактер и дали Владата има план за ублажување на...
ММФ: Повисоката инфлација најмногу ги одразува глобалните притисоци, намалување следи во 2022 година
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во своите проекции презентирани во Светскиот економски преглед очекува дека инфлацијата во земјава во просек ќе достигне ниво од 3,1 проценти во 2021 година и ќе се намали на околу 2,2 проценти во 2022 година, информираат од Народна банка. На средбата на гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска со тимот од Одделот за Европа во Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводен...
Цените на мало во септември зголемени за 5,6 отсто, трошоците на живот со раст од 3,7 проценти
Индексот на трошоците на животот во септември 2021 година, во однос на септември 2020 година, бележи зголемување од 3,7 отсто, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 5,6 отсто, се наведува во најновиот извештај на Државниот завод за статистика.
Зголемување на трошоците на животот и цените на мало се забележува и во споредба на септември во однос на...
Митреска: Одредени ценовни притисоци се забележуваат и во македонската економија
„Исто како и во еврозоната, и во земјите од регионот, одредени ценовни притисоци се забележуваат и во македонската економиј“, посочи Ана Митреска, вицегувернерка на НБРСМ, на панел- дискусија организирана од реномираната инвестициска банка „Вуд и компанија“.
„Засега, слично како и другите централни банки, овие глобални движења ги оценуваме како привремени, поттикнати од растот на цените на примарните производи и...
Анализа на „Порталб.мк“: Поскапи бензини, „подгреана“ инфлација!
На почетокот од септември литар Еуросупер од 95 октани се продаваше за 72 денари а Еуросупер од 98 октани за цели 74 денари по литар. Изминатите неколку години ова се практично и највисоки цени на нафтените деривати во земјава, пишува „Порталб.мк“. Во август годинава во споредба со истиот месец лани измерена е и една од повисоките стапки на ценовен раст...
Фајнанс Тинк: Воведувањето на еколошката такса за нафтените деривати да се одвива постепено
Институтот за економски истражувања Фајнанс Тинк смета дека еколошката такса за нафтените деривати може да има еднократен краткорочен ефект врз инфлацијата кој би се движел од 0,15 до 0,3 проценти. Тие сметаат дека долгорочниот ефект од еколошката такса врз инфлацијата е потенцијално посилен, од 0,8 до 0,9 проценти, но емпириските докази за неговата статистичка значајност се поограничени. Токму поради...
НБРСМ: Домашната инфлација ќе зависи од увозните цени, но не се очекуваат големи ценовни притисоци
Висината на инфлацијата во македонската економија, како и кај повеќето земји од регионот, ќе зависи од промените на увозните цени. Тоа се глобални фактори коишто се оценети како привремени. А, иако се можни преносни ефекти, поголеми ценовни притисоци не се очекуваат. Оттука, како и со оглед на оценките за отсуство на притисоци од побарувачката, нема потреба од промени во...
ММФ: Инфлацијата и натаму ќе биде умерена и е одраз на глобалните фактори
Монетарната политика е соодветна и треба уште да биде олабавена. Скорешното зголемување на инфлацијата најмногу се должни на глобалните фактори и е привремено. Во последните месеци, растот на глобалните цени на енергијата и на храната влијаеше врз инфлацијата. Иако веројатно ќе има некои преносни ефекти, се очекува дека инфлацијата ќе се намали во втората половина од годината. Се очекува...
Анализа на Порталб.мк: Храната со повисоки цени од оние пред седум години-доаѓа ценовен бран
Ценовното цунами на светските берзи ја зафати и Северна Македонија. Најновите податоци за мај покажуваат раст на цените, а со тоа и пораст на трошоците на живот. Народната банка на РСМ за годинава веќе ја зголеми проекцијата за инфлација на 2,2 отсто, пишува „Порталб“.
Цените на маслото за јадење и натаму растат. По март, и во април статистичките податоци регистрираа зголемени трошоци на живот за...
АНАЛИЗА: Инфлацијата се „подгрева“ – можно поскапување на увозните производи!
Килограм шеќер 44 денари, литар масло за јадење 95 денари. Цените на основните прехранбени производи растат од почетокот на оваа година. На крајот од кварталот, Државниот завод за статистика и официјално потврди дека трошоците на живот во март во споредба со истиот месец лани се зголемени за 2,1 отсто, пишува Порталб.мк. Дел од трговците со увозна стока – пластика,...
НБРМ: Поумерени ефекти од ковид кризата во четвртиот квартал лани
Во првите три квартали од лани во просек, економијата бележи реален пад од 5,9 проценти, што е во согласност со очекувањата, информираат од Народна банка.
„Тековно расположливите високофреквентни податоци за четвртиот квартал од 2020 година упатуваат на поповолни движења во домашната економија и поумерени негативни ефекти од здравствената криза во споредба со претходниот квартал, во услови на релативно брзо закрепнување...