fbpx
Таг: инфлација

таг: инфлација

ММФ: Инфлацијата годинава 9,2 отсто, догодина ќе се намали на 3,5 отсто

Инфлацијата во Македонија започна да забавува, помогнато од пониските цени на енергијата и храната, но и како резултат на затегнувањето на монетарната политика од Народната банка - ова се заклучоците на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) која престојува месецов во земјава. Според нивните очекувања, инфлацијата годинава ќе изнесува 9,2 отсто, а во 2024 година ќе се намали на 3,5...

НБРСМ: Каматната стапка на благајничките записи покачена за дополнителни 0,25% на 6%

Народната банка на РСМ (НБРСМ) одлучи повторно да ја зголеми каматната стапка на благајничките записи за дополнителни 0,25 процентни поени до нивото од 6 проценти. Комитетот за оперативна монетарна политика одржал седница на 20 јуни 2023 година. „На седницата беше донесена одлука за зголемување и на каматните стапки на расположливите депозити, исто така за по 0,25 п.п., со што каматните...

ДЗС: Годишната инфлација во мај е 11,3 отсто

Трошоците на живот во мај 2023 година се зголемиле за 11,3 отсто во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во мај 2023 година, споредено со април годинава, трошоците на живот се зголемиле за 0,4 отсто, додека цените на мало се намалиле за 0,9 отсто. На годишно ниво, статистичките податоци за мај 2023 година покажуваат...

Истражување на НДИ: Граѓаните загрижени за високите цени и ниските плати, ќе ги поддржат партиите кои ќе ја подобрат економијата

Економските прашања се сè поважни за граѓаните на Северна Македонија поради инфлацијата и зголемените трошоци за електрична енергија, покажува новото истражување на јавното мислење кое од 13-24 април го спроведе Националниот демократски институт (НДИ). Педесет и осум проценти од анкетираните граѓани се многу загрижени за намалениот животен стандард, ниските плати и ниските пензии. Четири од десет испитаници трошат најголем дел...

Бесими за граѓанската обврзница: Безризичен инструмент кој ќе им донесе приноси на граѓаните

Издавањето на граѓанската обврзница, како нов инструмент на пазарот, ќе даде можност на граѓаните да ги инвестираат своите пари и за тоа да добијат добри и безбедни приноси, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими во гостувањето во емисијата „Вин Вин“ на Телма. „Воведувањето на граѓанската обврзница како инструмент на финансискиот пазар има повеќе придобивки. Првата е што граѓаните ќе имаат...

Бектеши: Инфлацијата се намалува, од четврток нема веќе замрзнати цени

Од четврток нема да има производи со замрзнати цени. Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека нема да ја продолжи мерката, чија важност завршува в среда, 31 мај. „Нема да продолжи мерката за замрзнување на цените на земјоделските производи, имајќи предвид дека цената на одредени производи веќе е пониска од утврденото ниво. Инфлацијата во делот на прехранбените производи нагло се...

Народна банка: Економскиот раст годинава 2,1 отсто, инфлацијата ќе се намали

Народната банка на РСМ (НБРСМ) проценува дека економскиот раст на Македонија годинава ќе изнесува 2,1 отсто, додека инфлацијата би се движела меѓу 8 и 9 отсто, до крајот на годинава. Проекциите за бруто-домашниот производ во наредните две години се непроменети, така што се очекува растот да изнесува 3,6 отсто во 2024 и 4 отсто во 2025 година. „Енергетската компонента во...

Опаѓа притисокот, во април годишната стапка на инфлација се намалила на 13 отсто

Годишната стапка на инфлација во април 2023 година, во споредба со истиот месец лани бележи зголемување од 13 отсто, a индексот на цените на мало, бележи зголемување од 10,1 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. И покрај постепеното стишување на инфлацијата, статистичките податоци покажуваат дека таа во април била најголема кај храната и безалкохолните пијалоци, и тоа...

АНАЛИЗА: Се стега кредитниот ремен, каматата надмина 5 отсто

Кредитите и дефинитивно значајно поскапеа. Ако 2022 година започна со камата од 4,3 отсто, во оваа нова банкарска година каматата на вкупните кредити достигна 5%, а новоодобрените дури се и со повисока камата. Високите камати веќе се одразија врз кредитирањето и има забавено темпо во првиот квартал од оваа година. Кај граѓаните најголем дел од долгот кон банките е...

„Фич“ го подобри кредитниот рејтинг на земјава

Агенцијата „Фич“ го ревидираше изгледот на кредитниот рејтинг на земјава од негативен во стабилен, соопштија Министерството за финансии и Народната банка. Од „Фич“ велат дека отпорноста на домашната економија кон влијанијата на глобалната пандемија и конфликтот во Украина, како и макроекономската стабилност која се одржува со кредибилна и кохерентна финансиска политика, конзистентна со долго одржуваниот фиксен девизен курс, овозможија РС...

Цените на горивата паднаа, билетите во меѓуградскиот автобуски превоз останаа скапи [инфографик]

Цените на нафтените деривати на бензинските станици во земјава се стабилизираа, но цените на автобуските билети за меѓуградски превоз, и покрај поевтинувањето на горивата, остануваат високи. Приватните превозници не кажуваат зошто не ги намалат цените на билетите како што ги покачија кога вртоглаво поскапеа и горивата, а нивните здруженија ваквата состојба ја правдаат со „другите поскапени трошоци“. Бараат субвенции...

Намалени трошоците за живот во однос на февруари, инфлацијата во март 14,7 отсто

Трошоците за живот и цените на мало во март се намалиле за 0,1 отсто во споредба со февруари, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Според ДЗС, намалување на индексите на трошоците на животот во март, во споредба со февруари, е забележано кај лебот и житата за 4,7 отсто, кај млекото за 4,6 отсто, маслото и маснотиите за 2,4 отсто,...

Централната банка на САД ја зголеми референтната каматна стапка

Американската централна банка повторно ги зголеми каматните стапки, и покрај стравувањата дека овој потег би можел да придонесе за финансиски превирања по низата банкарски неуспеси. Федералните резерви (ФЕД) ја зголемија основната стапка за 0,25 процентни поени, нарекувајќи го банкарскиот систем „здрав и еластичен“. Но, исто така, предупреди дека последиците од неуспесите на банките може да му наштетат на економскиот раст...

Битиќи: Годинава ќе ја преполовиме инфлацијата, следната економски ќе закрепнеме

Во оваа тековна 2023 година ќе ја преполовиме инфлацијата, а наредната ќе биде година на економско закрепнување со позитивен економски тренд, изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во интервју за ТВ Стар од Штип. „Европа, каде што ние припаѓаме, поточно во земјите на Европска Унија (ЕУ) и земјите аспиранти, заклучокот е еден, дека добро се справивме со енергетската, и...

Бежоска: Имаме најсинхронизирано затегнување на монетарната политика од централните банки во изминатите 50 години

„Затегнувањето на монетарната политика, коешто е глобален феномен, е неопходно заради намалувањето на инфлациските очекувања и за стабилизирање на инфлацијата како предуслов за одржлив раст. Се соочуваме со најсинхронизираниот циклус на затегнување на монетарната политика од страна на централните банки во изминатите 50 години. Зголемувањето на основните каматни стапки може на краток рок да има ефект врз економската активност,...

Цените на тестенините од утре ќе се замрзнат, најавува Бектеши

По замрзнувањето на цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари од почетокот на март, министерот за економија Крешник Бектеши најавува дека од утре ќе се замрзнат цените на тестенините, при што тој очекува во маркетите овие производи да се продаваат по цени пониски за над 10 отсто. Бектеши денеска најави дека се во постојана комуникација со производителите на...

Храната за една година поскапела 26 отсто, инфлацијата во февруари е 16,7 отсто

За период од една година, храната и безалкохолните пијалоци поскапеле за 25,3 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Индексот на трошоците на животот во февруари 2023, во споредба со истиот месец лани, бележи зголемување од 16,7 отсто, а индексот на цените на мало е зголемен за 12,4 отсто. Ако се погледнат статистичките податоци за индексот на трошоците за...

Пекарите со уцена: Ќе престанеле да произведуваат леб ако се замрзне неговата цена

Пекарската индустрија со уцена до владата откако министерот за економија Крешник Бектеши во саботата најави дека владата утре ќе донесе одлука за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари. По денешниот состанок на компаниите од пекарската индустрија во Стопанската комора на Македонија тие се заканија дека ќе престанат со производството на леб, доколку стапи на...

Бектеши: Во вторник ќе се замрзне на цената на лебот на 33 денари

Владата во вторник ќе донесе одлука за замрзнување на цената на лебот, по што белиот и полубелиот леб нема да смее да се продава по цена од над 33 денари. Ова ќе биде само прв чекор, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. „Ќе следат и нови одлуки за замрзнување на цените. Се прават анализи за тестенините и тие средства...

Ќе нема субвенционирана струја за прехранбената индустрија која не ги намали цените

Министерството за економија испратило предлог-одлука до Владата за укинување на мерката за субвенционирана електрична енергија на компаниите од прехранбената индустрија. Мерката се однесува на компаниите кои произведуваат масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи и други прехранбени продукти. Како што стои во соопштението, анализите на Министерството за економија покажале дека кај голем дел од компаниите...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...