понеделник, 16 март, 2026
Meta.mk

Ознака: Индија | 123 резултати

Топлотниот бран усмрти 2.330 лица во Индија

2 јуни 2015

Најмалку 2.330 лица настрадаа во топлотниот бран што ја погоди Индија, соопштија индиските власти, додавајќи дека во некои градови температурата се искачила и до 48 Целзиусови степени. Најтешко погодена е сојузната држава Андра Прадеш, во која во последните 24 часа загинале 42 лица од вкупно 1.719, соопшти директорот на установата за управување со катастрофи. Во соседната […]

Бројот на починати од топлото време во Индија надмина 1.800 луѓе

29 мај 2015

Бројот на починати од високата температура во Индија порасна на 1.826. Топлотниот бран трае веќе со недели. Метеоролозите наведуваат дека топлотниот бран би можел да потрае уште најмалку два дена во поголеми делови на Индија, од државата Тамил Наду на југот до Химашал Прадеш во подножјето на Хималаите. Најголем број лица починале од последица на дехидрација и […]

Топлотниот бран во Индија однесе 1.500 животи

28 мај 2015

Повеќе од 1.500 човечки животи зеде топлотниот бран што ја зафати Индија. Болниците се преполни со луѓе и повеќе нема место за тие што страдаат од последиците на топлотниот бран. Во некои делови на земјата, температурата се искачила и до 50 Целзиусови степени, а докторите ги предупредуваат луѓето да останат во своите домови и да не […]

Индија првпат именуваше трансродно лице за директор на училиште

27 мај 2015

Индија првпат именува трансродно лице за директор на женско средно училиште. Манабо Банерџи раководи со Женскиот колеџ во Крипнагар, во источната индиска држава Западен Бенгалж. Според наводите на локалните власти, Банерџи ќе ја преземе должноста на 9 јуни. Индиските трансродни активисти ја поздравија одлуката, наведувајќи дека тоа е ден на гордоста на нивната заедница, која […]

Илјада загинати во топлотниот бран во Индија

27 мај 2015

Бројот на починатите во топлотниот бран, чија температура во некои делови на Индија достигна и до 50 Целзиусови степени, е илјада. Повеќето смртни случаи се забележани во јужните држави, каде починаа повеќе од 750 лица. Болниците се во состојба на зголемена готовност поради големиот број пациенти, а властите ги советуваат жителите да не излегуваат од дома.

Повеќе од 430 луѓе умреле од топлотен бран во Индија

25 мај 2015

Повеќе од 430 луѓе умреле во две држави на југот на Индија поради топлотен бран. Неколку дена по ред температурата надминувала 50 Целзиусови степени, соопштија индиските власти. Се очекува бројот на мртви да се зголеми затоа што температурата не покажува знаци на намалување. Топлотниот бран ја зафати Индија пред неколку дена. Во главниот град, Њу Делхи, температурата достигна […]

Индиската полиција ќе користи дронови со солзавец на протести

9 април 2015

Полицијата од Лукнау, град во северниот дел на Индија, користи ново оружје за справување со насилните демонстранти – дронови со солзавец. Јашави Јадав, шеф на полицијата во Лукнау, соопшти дека неговите полицајци извршиле усшено пробно летање на дроновите, кои се обезбедени за поефикасно да се контролира масата. – Резултатите се брилијантни. Успеавме да научиме како прецизно да […]

Индија ја забрани полигамијата

10 февруари 2015

Врховниот суд на Индија соопшти дека „фундаменталното право на муслиманите да го практикуваат исламот“ не подразбира и право на полигамија. „Тоа што е заштитено со членот 25 (од Уставот) е верата, а не практиката која противречи на јавниот ред, здравјето или моралот. Полигамијата не е интегрален дел од религијата и моногамијата е реформа која е […]

Груевски во Индија ги презентираше можностите за инвестирање

16 јануари 2015

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, и владината делегација, во чиј состав се и министерот за привлекување странски инвестиции, Џери Наумоф, заменик-министерот за економија,  Христијан Делев, и заменик-директорот на Агенцијата за привлекување странски инвестиции и промоција на извозот, Климент Шекеровски, присуствуваа на бизнис-форум во градот Џајпур, Република Индија, каде беа презентирани можностите за […]

Владиниот тим на средби со менаџментите на компаниите од „ОПГ груп“

14 јануари 2015

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, во рамките на својата посета на Република Индија, во градовите Калкута и Ченаи, оствари повеќе поединечни средби со претставници на компании, на кои им ги претстави можностите за инвестирање што се нудат во Република Македонија. Тој се сретна со менаџментот на компанијата „ОПГ груп “, која се занимава […]

Премиерот Груевски на бизнис-форум во Ченаи, Индија

12 јануари 2015

Премиерот Никола Груевски, кој предводи владина делегација во економско-политичка посета на Индија, денеска ќе го посети градот Ченаи, каде на бизнис-форум ќе ги претстави можностите за инвестирање во Република Македонија. Во состав на владината делегација се министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции, Џери Наумоф, заменик-министерот за економија, Христијан Делев, и заменик-директорот на Агенцијата […]

Груевски ги повика индиските компании да инвестираат во Македонија

11 јануари 2015

Индиските компании се добредојдени да инвестираат во Македонија, изјави премиерот Никола Груевски по средбата со индискиот премиер Нарендра Моди, одржана на маргините на глобалниот самит „Вибрант Гуџерат“ во Ахмадабад, Индија. Како што јави „Македонската радио телевизија“, Груевски го информирал својот индиски колега за македонската економија, како и за постигнатите резултати кои се препознаени од Светската банка, која нè рангира на 30. место […]

Индија: 43 лица загинаа во напад на сепаратистите

23 декември 2014

Најмалку 43 лица, меѓу кои четири жени, денеска се убиени во повеќе напади на племенските сепаратисти во индиската држава Асам, на североистокот на земјата, соопшти полицијата. Нападите беа извршени во две области, Кокраџар и Сонитпур, а полицијата верува дека зад нив стојат припадниците на Националниот демократски фронт Бодоленд, кој со децении бара независност во дел […]

Индија: НБА ја промовира кошарката во училишта

4 декември 2014

Управата на НБА-лигата објави дека нејзината младинска програма во Индија забележала повеќе од 750.000 посетители и дека до 2016 година бројката може да достигне до милион. Комесарот на НБА, Адам Силвер, и сопственикот на тимот на Сакраменто, Вивек Ранадив, кој е роден во Индија, се наоѓаат во посета на земјата за да го прослават успехот на […]

Починатите стерилизирани жени биле затруени со лек

15 ноември 2014

Лек со примеси на отровни супстанции е причина за смртта на 13 неодамна стерилизирани Индијки, соопштија денеска властите по стерилизацијата. Отфрлени се претходните тврдења дека лекарска грешка е причина за смртта на жените. Индискиот министер за здравје, Амар Агарвал, изјави дека примеса на цинк-фосфат е најдена во лекот, чиј произведувач вчера беше уапсен. Агарвал додаде […]

Индија: Уапсен директор на фабрика за лекови поради смртта на стерилизираните жени

14 ноември 2014

Полицијата во Индија го уапси директорот на фабриката за лекови и неговите синови под обвинение дека ги снабдувале со лекови жените што подлегнале на масовна стерилизација, од кои 13 починаа. Приведените се товарат за измама. Властите сè уште го истражуваат случајот и утврдуваат дали антибиотиците и лековите против болки се одговорни за трагичниот крај на жените. […]

Индија: Уапсен лекарот кој со стерилизација усмрти 13 жени

13 ноември 2014

Индиската полиција го уапси лекарот кој при масовна стерилизација усмрти 13 жени. Како што соопшти полицијата, осомничениот лекар за неколку часа извршил 83 операции во државен здравствен камп во Биласпур, индиската држава Чатисгар. Според првичната истрага, инструментите со кои ги вршел операциите, наводно, не биле дезинфицирани поради што предизвикал инфекции кај починатите. Лекарот Р.К. Гупта […]

Осум Индијки починаа при масовна стерилизација

11 ноември 2014

Осум жени починаа, а десет се во критична состојба во индиската држава Чатисгар, по спроведувањето на државната програма за масовна стерилизација. Повеќето од 80 жени кои подлегнале на стерилизација во владиниот камп во областа Биласпур, набргу почнале да повраќаат, да им опаѓа пулсот и да имаат други компликации по интервенцијата, јавуваат светските агенции. Властите ќе […]

Индија тестираше балистичка ракета

9 ноември 2014

Индија денеска изврши ново успешно тестирање на балистичка ракета со среден дострел од типот „агни-2“, која е способна да носи нуклеарна боева глава, соопштија индиските вооружени сили. Ракетата, која е дел од оружјето на индиската армија, била лансирана од полигон на островот Вилар во Бенгалскиот Залив и успешно ја погодила зададената цел. Првиот тест на […]

Страна 6 од 6