fbpx
Таг: имунизација

таг: имунизација

Лага е дека вакцинираните деца ја губеле интелигенцијата

Фото: Pixabay/qimono
Благодарение на имунизацијата многу заразни болести кои во минатото претставувале значаен јавно-здрaвствен проблем затоа што предизвикувале висок морбидитет, односно морталитет кај децата и возрасните, или предизвикувале компликации и инвалидитет, денес се елиминирани или ставени под контрола, сведени на поединечни случаи без смртен исход и трајни последици. Имајќи ги предвид сите истражувања и факти, никако не може да се изведе...

Над 1.000 деца вакцинирани за пропуштени рутински вакцини со кампањата „Од врата до врата“

Повеќе од 1.000 деца се вакцинирани за пропуштени рутински вакцини во рамки на заедничката кампања „Од врата до врата“ на Министерството за здравство (МЗ) и Светската здравствена организација (СЗО), информираше МЗ. Кампањата започнала на 24 април и се спроведувала вкупно четири недели, како дел од Европската недела на имунизација, со финансиска поддршка од ЕУ. Во овој период биле посетени вкупно...

Родителите да не се колебаат, да ги вакцинираат своите деца, порачуваат здравствените власти

Кампањата за редовна имунизација, која денеска ја започна Министерството за здравство со поддршка на УНИЦЕФ, треба да се справи со колебливоста на родителите и старателите во процесот на донесување одлуки за вакцинирање на своите деца. Ова беше речено денеска при посетата на пунктот за имунизација во поликлиниката „Букурешт“ од заменик-министерката за здравство д-р Маја Манолева,  претставничката на УНИЦЕФ, Патриција...

Во Законот за заштита на правата на пациентите не се вели дека имате право да не ги вакцинирате децата

Во објавата неточно се тврди дека родителите кои не ја исполниле својата законска обврска да го вакцинираат нивното дете против заразни болести, не сториле никаков прекршок. Ова е целосно извртување на вистината. Според Законот, пациентот нема право да одбие медицинска интервенција, ако таквата постапка ќе предизвика некому штета, дали на пациентот или на други лица. А таков е случајот...

Не е точно дека вакцините се опасни и дека се најголема измама на светот

Имунизацијата претставува еднo од најголемите достигнувања во историјата на медицината и е најбезбедна, најефикасна и економски најоправдана превентивна мерка, која директно придонесува за намалување на морбидитетот и морталитетот од заразните заболувања. Вакцинацијата помага да се стават под контрола над 20 болести како туберкулоза, дифтерија, детска парализа, сипаници, заушки и многу други, кои без вакцините би биле смртоносни за многу...

Вакцините не се најголемото убиство во историјата на медицината

Во постот неточно се тврди дека вакцинацијата е најголемото убиство во историјата на медицината. Во САД, на пример, се пријавени само мал број на смртни случаи  после вакцинација, а Центарот за контрола и превенција на болести не најде линк меѓу тие пријави и двете дози вакцина. Постот, исто така, инсинуира дека вакцините не се безбедни за бремени жени. Повеќе...

Забрана за влез во објекти на невакцинираните е опција само ако се влоши епидемиолошката состојба

Во постот што го рецензираме, не се наведува контекстот, дека со законските измени предложено е додавање на уште една времена мерка која што не е на сила постојано, не се знае дали воопшто ќе стапи на сила и кога, но дадена е како опција во случај на епидемија. Ако се исполнат претходни услови, мерката треба да ја одобри Владата...

Студија на Лансет не покажува дека на вакцинираните им слабее генералниот имунитет

Во насловот споделен во постот неточно се тврди дека на вакцинираните ќе им опадне општиот имунитет, односно заштитата на нивното тело против болести, неколку месеци по вакцинацијата. Студијата на Лансет не покажува слабеење на имунитетот кај вакцинираните по неколку месеци, туку слабеење на заштитата што ја нуди вакцината против ковид-19 по неколку месеци. Тоа се две различни работи, пишува „Вистиномер“ во...

Вистиномер: Не е вистина дека во светските медиуми не се зборува за ковид-19

Пандемијата не е готова, светот е далеку од целосно спречување на ширење на вирусот. Тврдењето дека „никаде во светот веќе не се зборува за вирусот“ е најобична лага. Само во последниот месец за повторното ширење на вирусот, како последица на новите мутации на омикрон, известуваат: „Си-Ен-Ен“, „Њујорк Тајмс“, „Би-Би-Си“, „Гардијан“, „Економист“, „Гласот на Америка“, „Глобај њуз“, пишува „Вистиномер“ во...

Вистиномер: Вакцините не се тивко зло, не одбивајте да ги заштитите децата од смртоносни болести

Не е точно дека вакцините се штетни, дека се тивко зло, како што тврди оваа објава на Фејсбук која повикува децата да не се вакцинираат. Напротив, вакцините спасувале и спасуваат милиони луѓе годишно. Вакцинацијата помага да се стават под контрола над 20 болести како туберкулоза, дифтерија, детска парализа, сипаници, заушки и многу други, кои без вакцините би биле смртоносни...

Започнува карван за вакцинација против ковид-19 во повеќе општини

Министерството за здравство со поддршка од Светската здравствена организација, УСАИД и УНИЦЕФ од понеделник (21 март) почнува со карван за вакцинација против ковид-19, кој ќе опфати 14 локални заедници низ државата. На секое од овие места, согласно распоредот, граѓаните ќе имаат можност да се вакцинираат и да се информираат за придобивките од имунизацијата против ковид-19. Исто така, на овие...

Од февруари во Австрија задолжителна вакцинација против ковид-19

Австрискиот канцелар Карл Нехамер денеска соопшти дека од почетокот на февруари ќе се воведе задолжителна вакцинација против ковид-19 за возрасните лица, со закани од високи казни против антиваксерите, јавува Јуроњуз. Станува збор за прва европска земја во која што вакцинацијата станува задолжителна. Планот за задолжителна вакцинација треба да биде усвоен од австрискиот парламент во четврток, иако дел од опозициските партии...

МЗ: Смртноста од ковид-19 кај невакцинираните е драстично поголема

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани лица, од позитивни случаи со ковид-19, во период од 6 август заклучно со 23 декември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина. „Во период од 06 август до 23 декември, на територија на државата 66.857 граѓанин, се...

Вистиномер: Не е вистина дека вакцините не спречуваат заразни болести

Благодарејќи на имунизацијата многу заразни болести кои во минатото претставувале значаен јавно-здрaвствен проблем затоа што предизвикувале висок морбидитет, односно морталитет кај децата и возрасните, или предизвикувале компликации и инвалидитет, денес се елиминирани или ставени под контрола, сведени на поединечни случаи без смртен исход и трајни последици. Вакцините помагаат да се стават под контрола преку 20 болести како туберкулоза, дифтерија,...

МЗ: Две дози вакцина примиле 48 отсто од полнолетните граѓани во земјава

До вчера, 14 декември, вакцинирани се вкупно 838.987 граѓани, ревакцинирани се 810.990, а трета доза примиле 86.266 граѓани. Вкупно аплицирани се 1.736.243 дози вакцини, соопшти Министерството за здравство. Според досегашните податоци на МЗ, досега две дози примиле 48 отсто од полнолетните граѓани во земјава, а 57 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани. 22 отсто од вакцинираните граѓани...

Вистиномер: Општина Дебар со најниска стапка на имунизација против коронавирусот

Според статистиката на Институтот за јавно здравје, во Општина Дебар има најмал опфат на вакцинација против коронавирусот, само 28.3 отсто од вкупното население е вакцинирано. Од дебарската болницата, пак, велат дека доколку се изземат печалбарите во Дебар, околу 50 отсто од населението со постојано живеалиште е имунизирано, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Општина Дебар е...

Доктор Џавид Фејзули: Порано не се дискутираше дали да се прими вакцина или не

За време на епидемијата со големи сипаници – вариола вера, во поранешна Југославија за месец и половина се вакцинираше 18, 5 милиони народ. Тогаш немаше сакаш – не сакаш, вели во интервјуто за „Вистиномер“, пензионираниот раководител на службата за општа хигиена и здравствена екологија при Центарот за јавно здравје Тетово, доктор Џавид Фејзули. „Ние имаме Закон за заштита на...

Претседателот Пендаровски прими трета доза вакцина против ковид-19

Претседателот Стево Пендаровски, заедно со вработените во Кабинетот на Претседателот на РСМ, денеска ја примија третата доза вакцина против ковид-19. Пендаровски по примањето на бустер-дозата на Фејсбук напиша дека масовната вакцинација е најсигурниот и најбезбедниот начин за справување со ковид-19. „Да бидеме одговорни, да го заштитиме своето и здравјето на другите“, им порача претседателот Пендаровски на сите македонски граѓани кои размислуваат...

Студија во Велика Британија: Третата доза ковид вакцина значително го зајакнува имунитетот

Третата доза на вакцина против ковид-19 може значително да ја зајакне имунолошката одбрана на телото, покажува најновата студија од Велика Британија што го испитувала имунолошкиот одговор на околу 3.000 лица кои примиле бустер-доза, пишува весникот Гардијан. Истражувањето е објавено во угледното списание Lancet, при што научниците ги проучувале имунолошките одговори на лица кои примиле бустер-доза два до три месеци по...

Вистиномер: Дезинформациите ги празнат вакциналните пунктови во Тетово и Гостивар

Драстично е намален интересот за вакцинација во Тетово, а со тоа и потребата од медицински кадар и пунктови за имунизација. Вo јули и август на дневна основа се вакцинираа над 1.500 граѓани, претежно со прва доза. Сега дневно се вакцинираат од 200 до 300 лица, а половина од нив со бустер, односно трета доза. Дезинформациите се една од главните...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...