fbpx
Таг: имот

таг: имот

ВМРО-ДПМНЕ: Наследниците на Сојузот на комунисти се луксузираат на државен имот

Наследниците на поранешниот Сојуз на комунисти се луксузираат на државен имот, додека илјадници граѓани секојдневно се борат да обезбедат покрив над глава, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ за имотот на владејачката партија. Во него, исто така, се додава дека „малку им било на СДСМ што исфрлиле 200.000 луѓе на улица, туку имале потреба да украдат државен...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да објасни на кој начин стекна имот вреден 60 милиони евра

Со 60 милиони евра приграбени пари од џебот на граѓаните на Македонија, обвинетиот Груевски и неговата партија на власт, ВМРО-ДПМНЕ, купиле партиски имот распространет на 33.000 квадратни метри, се вели во соопштение на СДСМ. Во него се додава дека владејачката партија треба да им објасни на граѓаните на кој начин стекнала имот вреден 60 милиони евра. „Доколку се утврди дека овој имот...

Рокот за пријавување штети од поплавите е продолжен до 7 септември

Владата го продолжи рокот за пријавување штети од страна на жителите од поплавените подрачја, па наместо до денеска, граѓаните ќе може да пријавуваат до среда, 7 септември, информира Општина Гази Баба. Тие треба да ја пријават штетата што невремето на 6 август ја предизвика на имотот, моторните возила, земјоделските површини и на сточниот фонд. - Сите лица од поплавените подрачја што ги...

ВМРО-ДПМНЕ три дена молчи за тоа колку чини новиот партиски имот на Широк сокак

Разгранокот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во Битола три дена молчи во врска со прашањето колкав имот купи во градот и колку пари плати за него. Од ова лето партијата на власт во Битола е сместена во нови простории, сопственост на партијата. Советниците од опозициската Либерaл-демократска партија од Битола денска на прес-конференција вторпат јавно го поставија прашањето до општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ...

Повеќе од 350 пријави за штета поднесени во осигурителните компании

Повеќе од 350 пријави за штети во висина од 300 илјади евра досега прситигнале во осигурителните компании.  Како што соопштуваат од компаниите, 320 пријави се однесуваат на оштетен имот, а 30 за автомобили и други моторни возила. Според досега пристигнатите пријави, повеќето се поднесени од граѓани, а 70 пријави се поднесени од компаниите. Околу 420 фирми од Сингелиќ се пожалиле дека...

ЕУ размислува да го замрзне имотот и да им забрани патување на македонски политичари

Европската Унија би можела да воведе санкции, како што е забрана за патување и замрзнување на имотот на одделни македонски политичари што го опструираат решавањето на политичката криза, соопшти за „Ројтерс“ анонимен европски претставник. Според истиот извор, претседателот Ѓорге Иванов мора да ја поништи одлуката за аболиција на 56 политичари вмешани во аферата со прислушување, за да продолжат разговорите со ЕУ. -...

Турција го замрзна имотот на поранешниот претседател на Јемен

Турција ги замрзна средствата на поранешниот претседател на Јемен, Али Абдула Салех, во согласност со одлуката на Советот за безбедност на ОН, соопшти портпаролот на турската влада. Во соопштението се наведува дека е замрзнат имотот на Салех во турските банки и во другите финансиски институции, вклучувајќи ги и сефовите. Салех е осомничен дека во времето кога бил на власт присвоил околу 60...

Јанева: За украдените пари нема помилување

Никој не може да го задржи незаконски стекнатиот имот, тој подлежи на конфискација и за него не важи никаква аболиција или помилување, посочи специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, на денешната прес-конференција во обвинителството. - Би сакала да го цитирам член 97, став 3 од Кривичниот законик кој вели: „Одлука за конфискација судот ќе донесе во постапка определена со закон и...

ЛДП: Груевски да каже колку тежи неговиот личен и семеен имот

„Минатата недела Либерално-демократската партија излезе во јавноста со соопштение, односно со прашање за поранешниот премиер јавно да каже колку тежи неговиот имот. По 10 поминати дена од тоа соопштение, јавноста сè уште не доби одговор на прашањето колку е богат Никола Груевски“, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ЛДП, Филип Јаневиќ. - На веб-страницата на Државната комисија за спречување на корупцијата не може...

Имотот на „Злетово“ и „Тораница“ под хипотека, „Минстрој“ не може да работи

Новиот концесионер на рудниците „Злетово“ и „Тораница“, бугарската компанија „Минстрој“, нема да може да го користи погонот за флотација, без кој не е можен производствениот процес.  Тој нема да може да го користи и останатиот имот на досегашниот концесионер „Индоминерали и метали“, затоа што е ставен под хипотека. Основниот суд во Штип треба да одлучи што со хипотеката, откако Собранието на доверители...

Од УЈП очекуваат 400.000 пријави за данок, а поднесени се околу 145.000

До Управата за јавни приходи досега се доставени вкуно 145.475 годишни даночни пријави, а очекуваат да бидат поднесени 400.000 пријави. Граѓаните треба да поднесат годишна даночна пријава за остварени дополнителни приходи во текот на 2015 година, до 15 март 2016 година. Годишна даночна пријава (ГДП) задолжително се поднесува за остварен приход освен плата или пензија или приход од земјоделска, односно самостојна дејност, приходи...

Обесштетени граѓаните и земјоделците што претрпеа штети од ланските поплави

Една година по поплавите во штипско Ново Село и во Лакавичко, Владата и Општината Штип ги обесштетија граѓаните со поплавени домови и имоти. На 75 земјоделци и сопственици на имоти им биле уплатени 2.241.000 денари. - За разлика од порано кога се исплаќаше само 15 отсто од утврдената штета, сега станува збор за целосно обесштетување за поплавите што се случија...

Саемот за градежништво ќе се одржи од 1 до 5 март

Саемот на градежништво ќе се одржи од 1 до 5 март на Скопски саем, каде ќе се нудат и продаваат производи и услуги за работа, одржување, модернизирање, реновирање и за опремување објекти и имоти. Бројот на изложувачи и оваа година ја достигна бројката од 100 директни компании, респоредени во три саемски хали. Целта на годинешниот саем на градежништво е да...

Заев ќе става бројчаник за враќање на украдените пари како на Тајмс сквер

Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, вчера, одговарајќи на прашање во емисијата „Нова дебата“ на „Нова ТВ“ за тоа дали постои план за лоцирање и за враќање на сите народни пари, рече дека кога ќе дојде на власт СДСМ, ќе изгради споменик на кој ќе се покажува колку народни пари се вратени во буџетот. „Јас, колку што знам, станува збор за...

Иран доби пристап до имот вреден 100 милијарди долари

Иран денеска соопшти дека сега има пристап до имот вреден повеќе од 100 милијарди долари, кој беше замрзнат во странство поради санкциите кои се укинати со договорот за нуклеарната програма на оваа земја. Портпаролот на владата, Мохамед Багхер Нобахт, рече дека парите се акумулирани во банките во Кина, Индија, Јапонија, Јужна Кореја и во Турција откако во 2012 година се...

Верушевски и Лазаревски денеска си одат дома

Агенцијата за катастар и за недвижности денеска до Основниот суд Скопје 1 доставила известување дека е заведен под хипотека недвижниот имот што Зоран Верушевски и Ѓорги Лазаревски, обвинети во случајот „Пуч“, го понудија како гаранција за излегување од притвор. По извршените проверки, судот ги доставил известувањето од Агенцијата и правосилната одлука со која притворот на Верушевски и на Лазаревски се...

Чибишев: Соочени со безидејноста, од СДСМ шират невистини

СДСМ, соочен со безидејноста и со немањето поддршка за деструктивните политики, повторно се користи со начинот кој единствено го знае, а тоа е ширење невистини, изјави денеска на прес-конференција пратеникот Андон Чибишев од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. - ВМРО-ДПМНЕ по стоти пат ќе му одговори дека целокупниот имот, вклучително и зградата на новото седиште...

Шилегов: Како ВМРО-ДПМНЕ успеа да стекне имот вреден повеќе од 11 милиони евра?

„ВМРО-ДПМНЕ призна дека има купено огромен партиски имот низ цела Македонија. Станува збор за 63 објекти, на различни локации, со вкупна квадратура од близу 12.000 квадратни метри, во најголем дел купени во 2014 година. Овој имот на партијата на власт вреди повеќе од 11 милиони евра. Тоа се 685 милиони денари за партиски простории на ВМРО-ДПМНЕ“, обвини денеска на прес-конференција...

ВМРО-ДПМНЕ: Преку законски постапки ги купивме седиштата на општинските комитети

Седиштата за општинските комитети низ земјава, во кои нашите членови би имале елементарни услови за работа, ВМРО-ДПМНЕ ги купи преку транспарентна и законска постапка, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференцијата на СДСМ, на која ги обвинија дека за неполни две години купиле 63 објекта. - СДСМ е партија која наследи огромен имот од поранешниот Сојуз на комунисти на Македонија. До денес, тие користат...

Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ има 63 објекти на различни локации

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, на денешната прес-конференција истакна дека премиерот Никола Груевски се плаши од заминување од премиерската позиција. - На Никола Груевски му е јасно дека неговиот криминал, неговата корупција и изборниот грабеж што го спроведе, нема да останат неказнети. Денеска јавноста ќе добие уште еден доказ зошто Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ го кршат Договорот од Пржино и по секоја...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...