fbpx
Таг: името

таг: името

МНР не дало поддршка и не било информирано за посетата и за разговорите на Ахмети во Атина

Министерството за надворешни работи едноставно не дало поддршка на патувањето на функционери на ДУИ во Атина, реагираат од МНР по соопштението на ДУИ во кое стои дека посетата на лидерот, Али Ахмети, и на владините функционери на Атина е приватна и партиска „исто колку што беше партиска посетата на министерот за надворешни работи, Никола Попоски“. „МНР не даде, ниту сега дава...

Грција: Иредентизмот на македонската влада е пречка за решавање на спорот за името

Во Грција се прогнозира 2016 година да биде година на пресврт за решавање на клучните прашања од надворешната политика. Државното радио „Атина 984“ анализира дека голем број отворени прашања како спорот за името и кипарското прашање се под голем притисок и интензивни активности за нивен напредок и за решавање. Според анализата, грчката влада покрај тешките одлуки за спроведување на меморандумот...

Ципрас и Павлопулос разговараа околу спорот за името

Грчката влада загуби нови двајца пратеници на синоќешното гласање за дел од новите мерки договорени со европските партнери. Владиното мнозинство падна на 153 пратеници, ставајќи ја владата на СИРИЗА и на Независни Грци одново на стаклени нозе со минимална предност во Собранието. Откако вчера изутрина од пратеничката група на СИРИЗА се повлече поранешниот владин портпарол, Гаврил Сакеларидис, левичарите го исклучија...

Милошоски повторно на мета во Грција

Поранешниот шеф на македонската дипломатија, Антонио Милошоски, повторно е трн во грчко око. Грчките медиуми и политичари го осудуваат Милошоски за нова провокација, овојпат поради неговиот говор пред дијаспората во Онтарио, покрај огромна географска карта на Македонија која се протега до Халкидики и до Олимп. За новата активност на Милошоски се огласи одговорниот за надворешна политика на Нова демократија, Костас...

Интензивираната комуникација Атина – Скопје нема да прекине поради грчката криза

Независно од внатрешните политички превирања, грчкото министерство за надворешни работи планира да продолжи со интензивираната активна политика на соработка со Македонија во насока на подобрување на односите и решавање на спорот за името. Според информациите од дипломатски кругови во Грција, во грчкото МНР се размислува дека треба да се продолжат активностите околу спорот за името и покрај политичката неизвесност што владее...

Потенцијална македонска влада на национално единство ќе ја стави Грција во незгодна позиција

Формирањето влада на национално единство во Македонија би ја отежнало позицијата на Грција во врска со спорот за името и со приемот на државата во ЕУ и во НАТО. Грчкиот професор по меѓународни односи и директор на програмата за Југоисточна Европа на ЕЛИАМЕП, Јанис Армаколас, во интервју за весникот „То вима“ вели доколку се формира ваква влада во Македонија,...

Тито Петковски: Се покажа дека Груевски неправедно ми зеде 10.600 евра

Тито Петковски, претседател на НСДП, уште во 2008 година за „Фокус“ тврдеше дека премиерот Никола Груевски е подготвен на компромис со Грција за името Република Македонија (Скопје). За оваа изјава Груевски покрена тужба, а главен аргумент му беше изјавата кога Петковски тврди дека премиерот со писмо до генералниот секретар на Обединетите нации во 2008 година предложил дека името Република Македонија (Скопје)...

МНР: Атина побара 30 дена да предложи мерки за доверба

Македонското МНР за новинската агенција „Мета“ соопшти дека засега нема разговори за мерките за градење доверба бидејќи на Атина ѝ бил потребен еден месец за да излезе со предлог-мерки.  Грција ја обвини Македонија за ширење иредентизам преку училишните учебници, географските карти, како и со изјавите на високи државни функционери. Владата во Атина е загрижена дека Македонија има територијални претензии, поради што бара разговори за мерките за...

Ципрас ќе ја види Меркел во Берлин, Груевски, можеби, во Брисел

Македонскиот премиер Никола Груевски можеби ќе присуствува на самитот на шефови на држави, на влади и на опозициски партии на Европската народна партија (ЕПП), што ќе се одржи на 19 и на 20 март во Брисел. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател, Никола Груевски, се членки на ЕПП. Од партијата не успеавме да добиеме информација дали Груевски ќе присуствува на самитот во...

Грчките европратеници ѝ се нафрлија на Могерини поради Македонија

Високата претставничка за надворешна политика на Европската унија, Федерика Могерини, го крена притисокот во Грција со одлуката да нè именува Македонија. Веднаш скокнаа и реагираа грчките европратеници, а огромен дел од грчките медиуми ја осудија Могерини, оценувајќи дека ја испровоцирала Грција со тоа што наместо со привремената референца, ни се обратила со Македонија, говорејќи за ситуацијата во државата на прес-конференцијата со...

За Могерини станавме Македонија, за Хан останавме ФИРОМ

Високата претставничка за надворешни работи на Европската унија, Федерика Могерини, денеска во Брисел ја именуваше Македонија под нејзиното уставно име. - Да, е на нашата агенда. Заедно со комесарот (Јоханес) Хан, веќе ги посетивме, не Македонија, туку други земји на Балканот, како што е Босна и Херцеговина. Комесарот сам ќе зборува за тоа, но фокусот кој го имаме на Балканот...

Спорот за името, доминантен на средбата Коѕиас – Штајнмајер

Македонско-грчкиот спор не бил само набрзина спомнат, туку, изненадувачки, бил првата тема на разговорот меѓу шефовите на грчката и на германската дипломатија, Никос Коѕиас и Франк Валтер Штајнмајер. Ова го пренесува весникот „Катимерини“, коментирајќи дека агендата на минатонеделната средба во Берлин била сосема парадоксална и, на големо изненадување, наместо главната тема на агендата да бидат финансиските проблеми и економската...

Политика на градење мостови, вети новиот шеф на грчката дипломатија

Евангелос Венизелос му ја предаде штафетата и Министерството за надворешни работи на новиот шеф на грчката дипломатија, Никос Коѕиас. На процедурата на смена на министрите во министерството, Венизелос даде детален отчет за сработеното овие две години, спомнувајќи сосема кратко дека и НАТО и ЕУ ги прифатиле и ги признале грчките позиции околу спорот за името. - Што се однесува до...

Груевски и Туск разговарале за проблемот за името

Премиерот Никола Груевски, по средбата со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, изјави дека Македонија може да смета на негова подршка. Туск се интересирал за реформите во земјата, а најголем дел од средбата минала во дискусија за причината на грчката блокада за почнување на пристапните преговори на Македонија со Унијата. -Неизбежно беше да е спомне главната пречка за започнување на...

Атина по инцидентот на Венизелос: САД уште не ни простија за ветото во Букурешт

Скандалот со отсуството на Евангелос Венизелос на министерскиот состанок на НАТО поради заведувањето на Македонија под уставното име, предизвика „бум“ кај грчките медиуми и крена многу прав. Одлуката Македонија да биде потпишана под уставно име во Заедничката декларација на состанокот за одлуките во врска со ИСИС, за грчкиот печат се еднакви на дипломатски скандал. Според медиумите, ова е фаул на...

(ВИДЕО) Спираки со отровни стрели кон Милошоски

Продолжува да се разгорува расправијата меѓу грчката европратеничка Мариа Спираки и поранешниот шеф на македонската дипломатија Антонио Милошоски. Европратеничката од редовите на Нова демократија, која е дел од Мешовитиот комитет ЕУ-Македонија, не го премолче повикот на Милошоски, во знак на добрососедство, заедно да се искачат на Олимп и да ги развеат знамињата на двете држави, туку возврати со нова...

Венизелос: Спорот за името нема брзо да се реши

Шефот на грчката дипломатијата Евангелос Венизелос не гледа можност за решение за спорот за името во брзо време. Венизелос во интервју за неделникот „Риал њуз“ истакнува дека поради неконструктивност од македонска страна, нема да има нови случувања и развој на настаните за побрза разврска. „Нема нов предлог од Нимиц. Нема да има брз и итен развој на настаните околу спорот за...

„Гардијан“: Како Александар Македонски влијае на спорот за името

Интерент-изданието на „Гардијан“ анализира како проектот „Скопје 2014“ влијае врз односите помеѓу Македонија и Грција, пренесувајќи дека восочната фигура на Александар Велики има почесно место во македонскиот музеј, што е најновиот пример на симболичното добивање поени во спорот за името. „Љубовната врска на Никола Груевски со спомениците почна со Александар Велики. Во 2011 година, на големо чудење на Грција, македонскиот премиер...

Попоски за „Дојче веле“: Не смее да дојде до промена на Уставот за да се промени уставното име

Македонија е заинтересирана и вложува напори за решавање на спорот за името, но решението не смее да ги загрози македонските идентитетски параметри, изјави шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, во интервју за „Дочје веле“. - Не смее да дојде до промена на Уставот за промена на уставното име и на клучните параметри за кои сме утврдиле дека не може да бидат предмет...

Нова рунда преговори за името на 12 ноември

Посредувачот за спорот околу името, Метју Нимиц, ги повикал преговарачите на Македонија и на Грција, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис, на нова рунда преговори идната среда, 12 ноември, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк. Како што исвести Ери Канено, портпарол на ОН, двете страни ја прифатиле поканата.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...