петок, 12 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Илинден | 91 резултати

Граѓаните и политичарите на одмор, „борбата“ продолжува по 15 август

август 1, 2016

Гласањето за ребалансот на буџетот во петокот (29 јули 2016 г.) беше последниот парламентарен настан пред почетокот на летните одмори за политичарите, кој вообичаено трае две недели. Еден ден порано беа изгласани и и измените и дополнувањата на Законот за внатрешни работи, Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Законот за кривична постапка, Изборниот законик и на Законот […]

Коњаниците од „Илинденски марш 2016“ денеска тргнуваат за Крушево

јули 27, 2016

Денеска во 17.30 часот од паркот Јане Сандански во Општина Аеродром почнува „Илинденски марш 2016“. Маршот ќе заврши на 2 август во Крушево, каде што коњаниците ќе се приклучат на прославата по повод празникот Илинден. Маршот го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“. Точно 25 коњаници на возраст од 15 до […]

Македонско друштво „Илинден“ од Тирана – учесник на Националниот младински конгрес

јуни 18, 2016

Македонско друштво „Илинден“ од Тирана учествува на Националниот младински конгрес што се одржа денеска во Младински центар во Тирана. По вторпат досега друштвото да учествува на Националниот младински конгрес, а присутни се и претставници на македонското етничко малцинство во Република Албанија. – Во работата на Конгресот учествуваат педесетина младински организации од целата територија на земјата, […]

„Илинден“: Bо областа Голо Брдо ниту имало ниту ќe има Бугари

март 23, 2016

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана, заедно со разгранокот за Голо Брдо, најостро ја осудува декларацијата на претседателството на патриотската асоцијација „Хазиз Лила“, објавена во весникот „Дибра“, со провокативен „Дали има Бугари во Голо Брдо“? „Bо областа Голо Брдо и во цела Албанија ниту имало ниту ќe има Бугари. Така било, така и ќе остане“, реагираат […]

Весникот „Илинден“ прославува четири години постоење

февруари 9, 2016

Весникот на Mакедонците во Република Албанија, „Илинден“, со пригоден текст потсетува на четиригодишнината од постоењето. Првпат се појави во 2012 година, кога беше испечатено првото издание. – Нашата мисија е да го одржуваме и поттикнуваме македонскиот идентитет во Република Албанија, за преку културен израз, Македонците целосно да го остваруваат. Сакаме да веруваме дека ваквата активност ќе […]

Благодарници за седум години постоење на македонското друштво „Илинден” од Тирана

јануари 24, 2016

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана, одбележувајќи ја седумгодишнината од основањето, додели седум благодарници на истакнати претставници и на асоцијации од Албанија и од Македонија. Меѓу другите, благодарници им се доделени на здружението „Илинденски марш – Христо Узунов“ од Охрид, на бизнисменот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски и на Васил Дрвошанов, лингвист, критичар и поет од Скопје. – Благодарницата се дава […]

Друштвото „Илинден” ги стимулира децата во Албанија за изучување на македонскиот јазик

јануари 8, 2016

Македонското друштво „Илинден“ од Tирана, заедно со разгранокот за Голо Брдо, на децата што ги посетуваат бесплатните курсеви по македонски јазик во село Требиште, им подарија пакетчиња за новогодишните и за божиќните празници. „Македонско друштво „Илинден“ и на овој начин ги стимулира најмладите да се залагаат за чувањето на македонскиот јазик, македонската култура, традиција и […]

Македонците од Албанија и од дебарскиот регион разиваат заеднички образовни проекти

октомври 3, 2015

Македонско друштво „Илинден“ од Тирана, Република Албанија и Здружението за заштита и негување на културата, вредностите на рурален развој „Калуѓерица“ од Џепиште кај Дебар, Република Македонија, вчера потпишаа меморандум за соработка. Според документот, договорена е имплементација на програмските цели на двете организации, односно подготвување заеднички проекти од образовен, едукативен и друг карактер. За двете организации, исто […]

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана, рамноправен член на „Волонтеуропе“

септември 30, 2015

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана примено е за рамноправен член на асоцијацијата „Волонтеуропе“ (Volonteurope). Седиштето ѝ е во Холандија, но секретаријатот на асоцијацијата е во Лондон, Велика Британија. „Волонтеуропе“ е основана на 21 мај 1981 година, како меѓународна невладина организација во согласност со холандското право. Тоа е меѓународна мрежа за промовирање на волонтерството, активно граѓанство […]

Македонците во Тирана, концентрирани во централната општина

септември 23, 2015

Македонците во Тирана се концентрирани во централната општина, које е една од десетте во албанскиот главен град и според тамошната номенклатура, го носи бројот 1. Ова за „Мета“ го тврди претседателот на Македонско друштво „Илинден“ од Тирана, Никола Ѓурѓај, кој денска оствари средба со градоначалничката на оваа општина, Тренделина Јаку. – Ја информиравме градоначалничката за […]

ОМД: Лидерите да работат Македонија да биде модел за демократија

август 2, 2015

Сите политички лидери во Македонија да ги тргнат на страна нивните разлики и да ги стават во преден план иднината на државата и на македонските државјани, се вели во писмената изјава на Обединетата македонска дијаспора (ОМД), по поводот националниот празник 2 Август – Денот на Републиката. – ОМД верува дека Илинденското востание служи како постојан […]

Прилеп без државни знамиња за Илинден

август 2, 2015

Прилеп на Илинден осамна без истакнати државни знамиња. Локалната власт, според фотографиите што ги испратија жители на градот, не поставила ниту едно знаме за државниот празник на Република Македонија, 2 Август. Делагација на локалната самоуправа предводена од претседателот на Советот на Општина Прилеп, Никола Димески, претставници од политичките партии, Здружението на борци од Прилеп и група […]

Груевски: Паметните нации од секоја криза излегуваат посилни

август 2, 2015

Навраќајќи се на стремежите и оддавајќи почит на жртвите на илинденците и на учесниците во антифашстичката борба, премиерот, Никола Груевски, во свето обраќање пред споменикот на претседателот на Презедиумот на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто, во Скопје истакна дека нивната борба е поттик за „нашата борба и за нашиот стремеж кон највисоките цели. Посилна држава, посреќен и […]

Заев: Втори август е вечен потсетник на заветот за слобода

август 2, 2015

„Овој светол датум од историјата, 2 Август, кога ги чествуваме Крушевската Република од 1903 и Заседанието на АСНОМ од 1944 година, искажувајќи им почит на хероите кои ги положија своите животи за Македонија, е вечен потсетник на заветот за слобода, оставен на поколенијата, сегашните и на идните генерации“, стои во честитиката на претседателот на СДСМ, […]

Македонија ги слави двата Илиндена

август 2, 2015

Република Македонија денеска (2 август) ги слави двата најзначајни историски датума, одбележувајќи 112 години од почетокот на Илинденското востание во 1903 година и од Првото заседание на АСНОМ, во 1944 година. Централната манифестација за одбележување на празникот ќе се одржи во Крушево на Мечкин Камен, каде е предвидено полагање свежо цвеќе на споменикот на бранителите […]

Македонците во Албанија масовно го прославуваат Илинден

август 1, 2015

Во прославата на 2 Август – Националниот празник на Република Македонија, се вклучија и Македонците од Албанија. Општина Пустец, единствената локална единица во оваа земја и област населена исклучиво со Македонци, прославата ја организира утре, на 2 август, во Шулин, кај месноста Шулинска ледина, со почеток во 10.30 часот. Во рамките на одбележувањето на празникот, предвидена […]

Посебен сообраќаен режим за Илинден

јули 31, 2015

По повод одбележувањето на националниот празник Илинден, во рамките на предвидените манифестации во Скопје, Крушево (Мечкин Камен) и во меморијалниот комплекс Пелинце, Кумановско, ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим заради непречено и безбедно одвивање на закажаните настани, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите на МВР, в недела со почеток од 10.30 часот, во централното […]

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана бара дијаспората да гласа

јули 29, 2015

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана ги осудува предлозите со кои би се одзело правото на Македонците надвор од Република Македонија да гласаат на претседателски и на парламентарни избори во Република Македонија во трите изборни единици од дијаспората. – За нас, предлогот за одземање на правото на глас на Македонците надвор од Република Македонија претставува несфатлив […]

Понеделник, 3 август, е неработен ден за сите граѓани

јули 27, 2015

Денот на Републиката, 2 Aвгуст, односно 3 август – понеделник, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Втори август – Илинден е неработен во согласност со Законот за празниците на Република Македонија. Од Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани на Република Македонија им […]

Oбновa на фасадите на два објекта на булеварот Илинден

јуни 18, 2015

Во тек е изведбата на санаторско-реставраторските работи на фасадите на објектите бр. 68 и бр. 80 на булеварот Илинден во Скопје, датирани од периодот меѓу двете светски војни. Фасадите на објектот на булеварот Илинден бр.80 (или позната како зградата на МЦМ) ќе бидат готови во текот на летото. Санацијата на фасадите на булеварот Илинден бр. 68 треба да […]

Страна 4 од 5