среда, 20 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Илинден | 91 резултати

„Илинден“ ја поздрави одлуката на партијата на Македонците да не коалицира со Рама

мај 2, 2017

– Македонската алијанса за европско интеграција (МАЕИ), која е политички репрезент на етничките Македонци во Албанија, донесе правилна одлука во вистинско време, за коалицирање со партијата на Илир Мета – вели во изјава за „Мета“, претседателот на Македонското друштво „Илинден“ од Тирана, Никола Ѓурѓај. Македонскиот политички фактор во Албанија одбива соработка со Еди Рама и со […]

„Илинден“: Тирана ја потврди реалноста – во Албанија живеат Македонци, а не Бугари

април 14, 2017

Македонско друштво „Илинден“ од Тирана денеска се огласи со соопштение, поздравувајќи го усвоениот предлог-закон за малцинства од страна на владата на Република Албанија. Со него, како национални малцинства во Албанија се прогласуваат Македонците, Грците, Власите, Ромите, Египќаните, Црногорците, Бошњаците и Србите. – Ова е чекор напред и правна рамка за остварување на други права. Предлог-законот […]

„Илинден“ од Тирана ја осуди изјавата на албанската пратеничка Месила Дода

март 13, 2017

Македонско друштво „Илинден“ од Тирана преку соопштение попладнево остро ја осуди, како што ка нарекува, антимакедонската изјава на Месила Дода, пратеничката од Партијата за правда, интеграција и единство во албанскиот парламент. При посетата на Пешкопеја, Месила Дода рече дека Република Македонија е Илирида, ги повика политичките партии на Албанците во земјава самите да конституираат свој парламент, а отиде […]

Украдени пиштоли во Штип и во скопски Илинден

февруари 27, 2017

Во две кражби во Штип и во скопската населба Илинден се украдени два пиштоли, извести МВР. Случаите во полиција биле пријавени вчера. Во првиот, според сопственикот на стан на улицата Широк дол во Штип, во период од петокот до вчера, засега непознат провалник преку гаражата прилепена до зградата, дошол до кујнскиот прозорец кој насилно го […]

Маж од Трубарево пронајден мртов во населба Илинден

февруари 23, 2017

На улицата 34, кај местото Пуста Кула во населбата Илинден, вчера претпладне било најдено мртво тело на маж. Како што за „Мета“ информираше СВР Скопје, по пријавата на терен излегле полициска екипа и јавен обвинител. Утврдено е дека станува збор за Д.Д., 65-годишен жител на блиското село Трубарево. Откако лекар ја констатирал смртта, по наредба […]

„Илинден“ го осудува именувањето на Македонците од Албанија како Бугари

февруари 16, 2017

Македонско друштво „Илинден” од Тирана, заедно со огранокот за Голо Брдо, најостро го осудуваат Извештајот за напредокот на Албанија за членство во ЕУ, усвоен од Европскиот парламент, во делот каде што по предлог на бугарските европратеници Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски, Македонците во областите Голо Брдо, Мала Преспа и Гора се наведуваат како Бугари. „Македонско […]

Пет години од првиот број на македонскиот весник „Илинден“ во Албанија

февруари 7, 2017

Пред пет години, како двоброј за февруари и за март, беше испечатено првото издание од весникот „Илинден“, издание на истоименото македонското друштво од Тирана. Во изминатиов период, весникот предизвика голем интерес кај читателската публика во Албанија, но и меѓу македонската дијаспора во светот. Во петгодишниот период, весникот прерасна во медиум кој со сериозноста и со пристапот […]

Протест на друштвото „Илинден”: Во Албанија ниту имало, ниту има Бугари!

февруари 3, 2017

Македонско друштво „Илинден“ од Тирана, заедно со разгранокот за Голо Брдо, официјално протестираше, осудувајќи го барањето на бугарските европратеници, Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски, за признавање на „бугарско малцинство“ во Република Албанија. „Македонско друштво „Илинден“ ги отфрла тврдењата на бугарските претставници во ЕП, дека во Албанија има Бугари, како груб фалсификат на историјата и на […]

Македонците од Албанија го осудија Бушати за изразот „славомакедонци“

јануари 10, 2017

Вчерашната изјава на министерот за надворешни работи на Република Албанија, Дитмир Бушати, за албанската телевизија „Топ ченел“, во која за македонскиот народ тој го употреби изразот „славомакедонци“, наиде на општа осуда меѓу етничките Македонци во Албанија. Македонското друштво „Илинден“ од Tирана и разгранокот на друштвото за областа Голо Брдо денеска соопштија дека го осудуваат и […]

За албанскиот народен правобранител етничките Македонци се горанско малцинство

декември 11, 2016

За Народниот правобранител на Албанија, етничките Македонци од областа Гора се горанско малцинство. Официјално на овој став, реагираше македонскo друштво „Илинден“ од Tирана. – Народниот правобранител спомена дека во областа Гора „де факто“ постои горанско малцинство. Македонскo друштво „Илинден“ од Tирана посочува дека во областа Гора не постои никакво горанско малцинство. Во областа Гора има […]

Весникот „Илинден“ повторно и во печатена форма

септември 22, 2016

Весникот „Илинден“, гласило на Македонско друштво „Илинден“ од Тирана, повторно, покрај во електронска, излегува и во печатена форма. Тоа е овозможено со финансиската помош на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) од Торонто, Канда. Весникот ќе продолжи да се дели низ Албанија, но да се дистрибуира и во дијаспората, секаде каде што живеат Македонци. […]

СДСМ: Илинден не е за поделби!

август 2, 2016

ВМРО-ДПМНЕ и на Илинден не успеа да се надмине себеси и не се откажа од црните пропаганди, од туркањето на граѓаните кон поделби и од злоупотреба на државните функции и ресурси, реагираат од СДСМ на денешните говори на претставниците од власта, дадени на манифестациите со кои се чествуваше Илинден. Според опозициската партија, претседателот Ѓорѓе Иванов […]

Груевски: Народот е силата што ја создава државата и знае да носи мудри одлуки

август 2, 2016

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во обраќањето на традиционалната Илинденска средба што се одржа во потпелистерското село Трново порача дека победата, слободата, напредокот, развојот и успехот е финалната цел на неговата партија, а до неа, апоред него, се доаѓа со почитување и со спроведување на основните вредности, со стратегија и со тактика, но и со […]

Димитриев од Мечкин камен: Единствен излез од политичката криза се изборите

август 2, 2016

Премиерот Емил Димитриев во своето обраќање на централното чествување на 2 Август – Илинден на Мечкин камен во Крушево порача дека денешниот голем празник нè потсетува на минатото, но и нè поттикнува да размислуваме за иднината на нашата држава. Тој повика на единство на сите расположливи капацитети во државата во процесите за развој и за […]

Иванов од Пелинце повика на национално помирување

август 2, 2016

Претседателот Ѓорге Иванов денеска од Меморијалниот комплекс во Пелинце им го честита Илинден и првото заседание на АСНОМ на македонските граѓани и порача дека историјата покажала дека секогаш кога сме поделени, ние сме и поробени, а секогаш кога сме сплотени, сме слободни. – Но, ние веќе бевме помудри за два Илиндена, и за две изгубени […]

Вељаноски повика на единство и на обединување како на Илинден

август 2, 2016

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, денеска пред споменикот на претседателот на првиот президиум на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто, во Скопје, повика на единство и на обединување и порача дека за Македонија останува приоритет членството во НАТО и во ЕУ и вложувањето за развој на државата. – Како прв меѓу еднаквите пратеници, уште еднаш […]

Заев: Потребен е нов Илинден на кој ќе се обединиме и ќе се бориме за слобода и за живот

август 2, 2016

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска од Крушево го честита големиот државен празник, 2 Август – Илинден, во свое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Тој рече дека со години во Македонија е наметната една лажна привидна поделба на партизани и на комити за едната партија да се поврзе со наследството на борците […]

Илинденски пливачки маратон во Охрид

август 2, 2016

Во организација на пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“ од Охрид, денеска, по повод 2 Aвгуст- македонскиот национален празник, традиционално, по 37. пат, ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон – „Охрид 2016“. Овој спортски настан меѓу граѓаните е познат и како „Мал маратон“ бидејќи на него пливаат и помлади. Се плива на патеката Горица – Охрид, […]

Посебен сообраќаен режим по повод чествувањето на Илинден

август 2, 2016

По повод одбележувањето на националниот празник Илинден, во рамки на предвидените манифестации во Скопје, Крушево (Мечкин камен) и во меморијалниот комплекс Пелинце, Кумановско, ќе биде применет посебен сообраќаен режим за непречено и безбедно одвивање на закажаните настани за чествување на празникот. Утринава, од 9.30 часот во централното градско подрачје во Скопје е воспоставен посебен режим на […]

Македонија ги празнува двата Илиндена

август 2, 2016

Македонија денеска го одбележува Илинден и два важни историски настани поврзани со овој датум – 113 години од почетокот на Илинденското востание и 72 години од Првото заседание на АСНОМ. По повод историските датуми, денеска се одржуваат разни манифестации во земјата. Претседателот Ѓорге Иванов ќе се обрати на одбележувањето на празникот во Меморијалниот комплекс во Пелинце, […]

Страна 3 од 5