петок, 12 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: ИКТ | 19 резултати

Инспекторат: Нема ни компјутери ни опрема, па нема ни настава по информатика во школите

10 мај 2019

Поради нефункционалната информатичка технологија, наставниците не се во можност да реализираат ИКТ во наставата. Ова е констатирано во последниот извештај на просветните инспектори, кои дале и препорака училиштата да најдат начин како да го решат проблемот со поголема употреба на компјутери на часовите. Со оглед на тоа дека училиштата немаат можност самостојно да купат компјутерски […]

Преку проектот „Училишта на 21 век“, децата ќе стекнат дигитални вештини

12 март 2019

Британската влада инвестира 10 милиони фунти за да обучи еден милион ученици на Западен Балкан со дигитални вештини за иднината. Проектот „Училишта на 21 век“ од денеска ќе стартува и во нашата држава и ќе бидат опфатени 330 основни училишта. Децата на возраст од 10-15 години ќе имаат можност да развијат вештини за критичко размислување, […]

Прогресивниот данок може да предизвика одлив на мозоци и компании

5 ноември 2018

Владата не ги послуша апелите на компаниите кои се занимаваат со информациско-комуникациски технологии и иновации и најави дека од 1 јануари 2019 година ќе има прогресивно оданочување од 18 отсто за примањата на лицата кои имаат месечен личен доход над 90.000 денари. Според менаџерите на компаниите од овој секторот, воведувањето на прогресивното оданочување ќе ја […]

„Meet and Code 2018“ во рамките на Европската недела на програмирање

17 октомври 2018

Учениците во Македонија ќе имаат можност да се стекнат со знаења од областа на технологијата во рамките на Европската недела на програмирање, која се одржува од 6 до 21 октомври, преку настани поддржани од Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, во рамките на иницијативата „Meet and Code 2018 “. Од Фондацијата, како спроведувачи на проектот, нагласуваат […]

Жените претприемачи во земјава треба да се насочат кон ИКТ и СТЕМ секторот

3 октомври 2018

Пазарот е заситен од нано професиите како малите салони за убавина и малите фризерски салони. Марта Пејоска веќе четири години е сопственичка на единствената галерија и атеље за изработка и дизајн на современ накит и филигран во Охрид. Вели дека единствен начин да ја оствари својата визија е преку претприемништвото. Пејоска е само една од […]

Прифаќањето на дигиталните сертификати во регионот ќе биде во фокусот на Самитот

27 март 2018

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски во рамки на меѓународната конференција на тема „ИТ Хаб Конект 2018 – иновации, регулатива, инвестиции“, што се одржува во Софија, се сретна со еврокомесарката за дигитална економија и општество, Мариа Габриел и министерот за иновации и технолошки развој на Србија, Ненад Поповиќ. Манчевски на Габриел и ги претставил […]

Манчевски: Дигитализацијата во ИКТ-сферата е еден од приоритетите на ЕK

16 март 2018

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, на настанот „Самит на малите земји – нови трендови во бизнисот“, ја отвори панел сесијата „Што ќе донесе дигиталната трансформација во секојдневието на бизнисот“. Манчевски се осврна на дигиталната трансформација, на која што работи МИОА, со поддршка од бизнис-заедницата, регионот и Европската комисија. – Дигитализацијата и реформите […]

Владата формираше Национален совет за информатичка и компјутерска технологија

9 февруари 2018

Владата формираше Национален совет за информатичка и компјутерска технологија кој ќе изготви и ќе ја имплементира Националната стратегија за ИКТ, информираат од владината прес-служба. Советот денеска одржал прв состанок на кој било одлучено со него да претседава Владимир Цветковиќ, советник за ИКТ на премиерот Заев, а заменик претседател е министерот за информатичко општество и администрација, […]

Заев се сретна со претставници од „Хуавеи“, компанијата сака да инвестира во ИКТ-секторот

4 октомври 2017

Премиерот Зоран Заев, денеска примил во посета претставници на информатичката и на телекомуникациска компанија „Хуавеи“ од Кина. Од Владата информираат дека претставниците на компанијата биле заинтересирани за интензивна соработка во сферата на развојот на информатичкото општество и новите информатички технологии во Македонија. Во соопштението се вели дека тие го запознале премиерот со потенцијалите на компанијата, како на […]

Во соработка помеѓу МАСИТ и УСАИД, се обучуваат кадри за ИКТ-секторот

19 мај 2017

Вкупно 40 кандидати денеска почнуваат со обуката во рамки на проектот на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ за „Преквалификација на кадри“, во соработка со УСАИД. Од МАСИТ информираат дека по спроведеното истражување меѓу компаниите – членки на комората, констатиран е дефицит на кадри во ИКТ-секторот, од профилите за програмирање. „Како резултат на ова […]

Земјоделците треба да ја подобрат технологијата за да ги намалат трошоците

23 ноември 2016

Земјоделците треба да применуваат современи технолошки решенија доколку сакаат да бидат конкуретни на пазарот, беше истакнато на конференцијата „ИКТ во агробизнисот“, што денеска беше отворена во хотелот „Александар палас“. Конференцијата треба да понуди можности за поврзување на ИКТ-секторот со агросекторот за да им се помогне на земјоделците да ги намалат трошоците и да ги зголемат приносите. Министерката […]

Интернационални бизнис-средби за фирмите од ИТ-секторот во Скопје

17 ноември 2016

Вториот интернационален настан за деловни средби помеѓу фирми од секторот на информациони технологии „Гоу интернешнал – опен иновејшн ин ИКТ“ (Go International – open innovation in ICT”) ќе се одржи денеска и утре во Скопје. На дводневниот настан ќе учествуваат повеќе од 50 фирми од ИКТ-секторот кои доаѓаат од 13 земји. Фирмите преку одржување деловни […]

Просечната плата во ИКТ-индустријата е 738 евра

15 јули 2015

Просечната плата во ИКТ-индустријата е 738 евра и Македонија е меѓу најдобрите 10 земји што најмногу напредувале во периодот 2012 – 2015 година во поглед на развој на ИКТ. Во моментов таа се наоѓа на 47. место од 140 земји по развој на ИКТ. Ова беше истакнато на јавната расправа за краткорочната ИKТ предлог-стратегија за 2016-2017 година во Стопанската […]

Ивановски: ИКТ-секторот придонесе 450 милиони евра и бележи најмногу вработувања

15 јули 2015

Во 2013 година ИКТ-секторот придонесе со 450 милиони евра, а од 2010 до 2013 година бележи и најмногу вработувања, 138 проценти повеќе. Овој споредбен период од три години покажува и дека од вкупниот извоз во 2013 година, 120 милиони евра, најголем дел е развој на софтвер и на услуги. Ова го истакна министерот за информатичко општество и администарција, […]

Јавна расправа за ИКТ-стратегијата 2016-2017

13 јули 2015

Министерството за информатичко општество и администрација, во соработка со претставници на јавниот, приватниот и на академскиот сектор, изработи Краткорочна ИКТ (информациски и комуникациски технологии за развој) предлог-стратегија 2016-2017. Целта на стратегијата е развој на ИКТ-индустријата, односно зголемување на придонесот на ИКТ-индустријата во насока на одржлив економски развој и поддршка на создавање работни места во рамките на […]

Страна 1 од 1