fbpx
Таг: ИЈЗ

таг: ИЈЗ

За една недела, бројот на ковид позитивни зголемен за 35,5 проценти, а смртноста за 7,1 процент

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 28 септември до 04 октомври тестирани се вкупно 9.832 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на ковид-19, 1,5 отсто повеќе во однос на минатата недела. Регистрирани сe 1.203 нови позитивни случаи од 31 град во државата, што...

Жртви на ковид-19 денеска се 23 годишен и 29 годишен пациент од Скопје и од Струмица

Корона вирусот одзеде и два млади живота, лица на 23 и на 29 годишна возраст. Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа во земјава починале 9 лица од ковид-19: еден од Крива Паланка (52г), двајца од Гостивар (60г и 62г), еден од Куманово (60г), еден од Велес (70г), двајца од Скопје (71г и 23г) и двајца од...

ИЈЗ: Од 7 до 13 септември 705 нови случаи на ковид-19, за 10,8 отсто помалку од претходната недела

Во периодот од 7 до 13 септември вкупно се направени 8.353 тестирања на ковид-19, за 14,2 отсто помалку во споредба со една недела претходно, а се регистрирани  вкупно 705 нови позитивни случаи во 33 града во државата. Тоа е намалување од 10,8 отсто во однос на претходната недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (28,7 отсто), а...

Од 6 до 12 јули оздравеле 1.017 лекувани лица од ковид-19, за 40 отсто повеќе од една недела претходно

Значително зголемување на бројот на оздравени лица од ковид-19, а намалување на бројот на починати во споредба со претходната недела. Тоа го покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, објавен денеска, кој се однесува на периодот од 6 до 12 јули 2020 година. Како што соопшти Министерството за здравство, во овој период е регистриран рекорден број на оздравени...

Најголем дел од регистрираните активни случаи на ковид-19 се во скопските општини Чаир, Бутел, Сарај и Аеродром (инфографик)

Министерството за здравство информира дека според Институтот за јавно здравје, во Скопје заклучно со вчера активни се 450 лица позитивни на Ковид-19, или дадено по општини: во Чаир активни се 111, Бутел – 54, Сарај – 48, Аеродром – 45, Гази Баба – 42, Центар – 28, Карпош – 26, Кисела Вода - 18, Арачиново - 17, Студеничани -...

Министерство за здравство: Пациентите кои се позитивни во „Систина“, да направат тест во ИЈЗ

Во однос на објавите во дел од медиумите за бројот на позитивни случаи од тестираните пациенти во „Аџибадем Систина“, Министерството за здравство вели дека тие се поразлични од тестовите на сите останати институции. „Имено, тие тестови го детектираат присуството на анти тела на вирусот Ковид-19, додека останатите тестови го детектираат директното присуство на самиот вирус. За позитивни се сметаат оние пациенти...

Нема вонреден распуст, училиштата полупразни, бројот на грипозни расте

Нема вонреден распуст или прогласување епидемија, иако активноста на сезонскиот грип расте, досега се регистрирани 5.660 новозаболени лица од сите градови во државата, информираат од Институтот за јавно здравје. Бројот на новозаболени е зголемување за 74 отсто во споредба со минатата недела. Лабораториски е докажано присуство на инфлуенца тип А и Б, а најголем број од заболените лица припаѓаат...

Директорот на ИЈЗ доби кривична за нанесена штета од 662.000 евра

Директорот на Институт за јавно здравје (ИЈЗ), Шабан Мемети, но и раководител на Секторорот за логистика и правно-финансиски работи и референт на наплата на побарувања, добија кривични пријави од Управата за финансиска полиција (УФП), која ги товари дека нереагирајќи да се наплатат долгови, му нанеле на ИЈЗ штета од речиси 40,71 милиони денари, односно малку помалку од 662.000 евра. Мемети...

За една недела, двојно зголемен бројот на грипозни

Во текот на минатата недела пријавени се 58 случаи со заболувања слични на грип, што е двојно зголемување во споредба со неделата пред неа, информира Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). - Регистрираната инциденца оваа недела укажува на ниска активност на вирусот на грип. Во текот на изминатата недела, нема регистриран смртен случај асоциран со грип. Оваа недела, во вирусолошката лабораторија...

ИЈЗ за депонијата во Шутка: Итно преместување, дезинфекција и вакцинација

По пријавата од „Порталб.мк“, на 11 март 2019 година, Институтот за јавно здравје спроведе тестирање на штетите во дивата депонија помеѓу Шуто Оризари и Визбегово, во близина на хотелот „Њу Стар“. Откако евидентира некои големи недостатоци, ИЈЗ препорача итно да се спроведе преместување на депонијата, во постојната локација да се изврши дезинфекција и дератизација, и да се спроведе вакцинација...

Грипот годинава е поагресивен и затоа предизвикува компликации и смрт

Епидемиолозите очекуваат да има сè потешки случаи на мутиран свински грип, кој предизвикува потешки компликации. Проф. д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) вели дека оваа сезона се изразени чести промени и мутации на овој вирус. - Тие се многу чести кај вирусот на инфлуенца и затоа оваа година добивме поагресивен подтип на вирус, којшто предизвикува сериозни компликации,...

Седум смртни случаи поврзани со грип регистрирани минатата седмица

 Во текот на 11. седмица од оваа година, во Република Северна Македонија се пријавени 1.573 случаи со заболувања слични на грип, а регистрирани се дури седум смртни случаи, информира Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). - Бројот на пријавени лица оваа недела е поголем за 20,6 отсто споредено со 11-та недела од минатата сезона, а во однос на просекот за 11....

За една седмица, осум смртни случаи поврзани со грип

Во текот на изминатата седмица, регистрирани се осум смртни случаи асоцирани со грип, информира Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Оттаму појаснуваат дека се работи за пет лица од Скопје и по едно од Делчево, Охрид и Кавадарци. „Возраста на починатите се движи од 12 до 70 години. Кај седум лица е утврдена претходна хронична болест/ко-морбидитет. Кај сите починати е докажан...

Ни Институтот за јавно здравје не ги испитувал штетите од палењето на депонијата во Шутка

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) до вчера не презел мерки за испитување на штетите од загадувањето на воздухот и животната средина по палењето на депонијата во Шуто Оризари неколку пати во изминативе седници, известува „Порталб“. - Не, досега немаме реализирано никаква активност за тестирање нешто во тој регион  - вели професорот Драган Ѓорѓев од ИЈЗ. На прашањето од „Порталб“ зошто не...

Епидемија на морбили ќе има до летото

Секој ден на Клиниката за инфективни болести се пријавуваат во просек од седум до 10 лица заболени од морбили, а тоа темпо укажува дека епидемијата ќе трае до летоска, проценуваат во Министерството за здравство. За да биде прогласен крај на епидемија, треба два пати по 12 дена да нема пријавено ниту еден заболен. На Клиниката вчера имало седум нови случаи, од...

ИЈЗ: За една недела 3.209 заболени од грип и еден смртен случај

Во текот изминатата недела (од 18 февруари до 24 февруари), регистрирани се 3.209 заболени од грип, што е за девет отсто зголемување споредено со минатата недела кога беа регистрирани 2.943 заболени од грип, се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје. Во текот на оваа недела, регистриран е еден смртен случај поврзан со грип. Станува збор за лице на...

За една седмица бројот на грипозни пораснал за 20 отсто, има и случаи со свински грип

За една недела, за 20 отсто се покачил бројот на случаи со симптоми на грип, информираат во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во текот на четвртата седмица од оваа година, односно од 21 до 27 јануари во Македонија пријавени се 643 случаи со симптоми на грип и заболувања слични на грип. Утврден е и инфлуенца H1N1, познат во јавноста...

Во последните четири години опфатот со МРП вакцината е под 90 отсто

Падот на опфатот со првата доза на МРП вакцината (против морбили, паротитис и рубеола) е силно поврзан со влијанието на антивакциналното лоби кое зема засилен замав и во нашата земја, па многу родители или ја одбиваат МРП вакцинацијата или ја одложуваат до поголема возраст на своите деца. Ако се погледнат бројките од извештајот за имунизација кој го прави Институтот за...

ИЈЗ: Во Македонија нема Западнонилска треска

Во Македонија до вчера не е регистриран ниту еден случај на Западнонилска треска, болест што ја пренесуваат комарците, соопшти Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Здравствените власти потсетуваат дека ниту еден случај на заболен од оваа болест нема од 2016 година до вчера, за разлика од соседството, каде од почетокот на сезоната до 9 август има 13 смртни случаи. Така, од соседните...

Во Македонија нема Западнонилска треска, но набргу може да се појави

Во Македонија досега нема случаи треска предизикана од вирусот Западен Нил, но се очекува и кај нас да се појави болеста, соопшти Гордана Кузмановска, епидемиолог во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Таа рече дека лабораториските анализи на двата сомнителни случаи, возрасна жена и дете, биле негативни, односно не е утврдено присуство на вирусот. Кузмановска посочи на состојбата во соседството, со...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...