fbpx
Таг: Идризово

таг: Идризово

Уапсена осуденичка што се барала со судска наредба

Екипа на Секторот за внатрешни работи Скопје вчера уапсиле 65-годишна осуденичка, која со судска наредба се барала за издржување затворска казна, информира МВР. Станува збор за Елена Т. која треба да издржува казна затвор од две години за измама, а која веднаш била спроведена во скопскиот затвор „Идризово“.

Вранишковски ќе излезе, што за возврат ќе добие МПЦ?

Повикот на Синодот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) до надлежните власти во државата за милост кон расчинетиот владика Јован Вранишковски, во име на „повисоки цели“, за краток период го најде своето откровение. По одлежани три години и два месеци или повеќе од половина од пет и полгодишната затворска казна, Вранишковски за една недела треба да излезе...

Уапсени двајца скопјани кои се барале за издржување затворски казни

Двајца скопјани, кои се барале со судски налог за издржување затворски казни, во вторникот биле уапсени од екипи на скопската полиција, информираат од МВР. Станува збор за Исмаил Б. (41), кого судот го барал за издржување затворска казна од шест години за недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи и за разбојништво. Во другиот случај, полицијата го уапсила...

Обвинетите од „Монструм“ сакаат во „Идризово“ за полесно да контактираат со нарачателите?

Тројца од обвинетите од случајот „Монструм“ барале да бидат префрлени во скопскиот затвор „Идризово“ за да можат да комуницираат со нарачателите на петкратното убиство кај Смилковско Езеро, вели за „Мета“ родител на едно од убиените момчиња. - Тоа што сакаат да бидат префрлени од Битола и од Прилеп во затворот „Идризово“, значи само едно, а тоа е да дојдат до мобилни...

На огласот за вработување 400 полицајци, се пријавиле 3.273 кандидати

На третиот по ред оглас за вработување 400 полицајци за територијата на Скопје, се пријавиле 3.273 кандидати, информираше министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на денешната селекција на кандидатите во испитниот цетар во Идризово. Таа напомена дека има конкуренти од сите етнички заедници и дека не очекува да има проблем во селекциите. Од кандидатите, 2.703 се мажи, а 570 жени....

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...