fbpx
Таг: хуманитарна помош

таг: хуманитарна помош

На граѓаните најпотребни им се средства за чистење, дезинфекција и лекови

Волонтерите организирани преку групата „Хуманитарна помош за настраданите во поплавите во Скопје“ и денеска на пунктовите во „Сити мол“ и кај „Веро центар“ собираат донации од граѓаните за лицата кои беа погодени од поплавите. Како што велат волонтерите, моментално најпотребни се средства за чистење и дезинфекција. „Покрај храна и вода кои се најосновните работи, веќе имаме потреба од средства за чистење...

Специјалци не дозволуваат цивили со возила да влезат во Стајковци

Силно полициско и воено обезбедување утрово не дозволува влез на цивилни возила во Стајковци, јавува „Плусинфо“. Образложението е дека во селото ќе влезе тешка механизација која ќе биде вклучена во расчистување на штетите од поплавите кои создадоа огромни штети во овој регион, во саботата. Пред влезот на селото има полиција, воена полиција, специјални полициски сили, дури и возила на КФОР. Новинарските екипи...

ОН повика на прекин на борбите во Алепо

Обединетите нации повикаа на итен прекин на борбите во Алепо за на жителите да им се осигура хуманитарна помош и да се поправи електроенергетскиот систем. Светската организација предупреди дека недостигот на вода во градот и особено високите температури дополнително ги загрозува децата во градот, кој е по опсада и постојани напади. Од почетокот на конфликтот во Сирија загинаа 290 илјади лица,...

Пунктовите за хуманитарна помош организирани од волонтери се отворени

Од групата „Хуманитарна помош за настраданите семејства во Скопје“ демантираат дека нивните пунктови ќе бидат затворени. „Сите пунктови коишто се организирани на социјалните мрежи функционираат со целосна посветеност на волонтерите, секој добиен продукт се маркира со ознака „H“ и се носи секаде каде што е потребно - за што може да посведочат и сите граѓани коишто се имаат обратено за помош...

Од денеска само Црвениот крст ќе дели помош, неофицијалните пунктови се затвораат

Почнувајќи од денеска, сите пунктови на кои се собира хуманитарна помош за населението погодено во катастрофалните поплави кои се случија изминатиот викенд ќе бидат затворени, информираат од Црвениот крст. Од таму велат дека помош за настраданите ќе се собира во магацините на Црвен крст во Момин Поток и во училиштето Наум Наумовски Борче, а од таму активистите на Црвен крст со...

Алепо целосно отсечен, не стигнува хуманитарната помош

Поради интензивните борби меѓу сириските владини сили и бунтовниците околу градот Алепо, прекинат е единствениот пат по кој се доставува хуманитарната помош во тој дел на градот, потврди портпаролката на Обединетите нации, Александра Велучи. Како што рече Велучи, преминот, познат како патот Кастело, е единствен пристап до Алепо и непрооден е од минатата недела, кога борбите се влошиле. - ОН проценуваат...

САД: Дамаск не дозволува достава на хуманитарна помош

Американските власти го обвинија официјален Дамаск дека го спречува доставувањето хуманитарна помош до загрозените и до тешко пристапните места во Сирија, како што се предвидува со резолуцијата на ОН. - Жителите на загрозените и тешко пристапни реони минатиот месец добија помалку храна отколку во февруари. Ги повикавме сите што имаат влијание врз сириската влада да реагираат, бидејќи се покажа оти таа...

Тргна хуманитарната помош од Бугарија за бегалците во Македонија

Изутринава од Софија, два камиона со хуманитарна помош за бегалците и за мигрантите во транзитниот центар Табановце, крај Куманово, тргна кон Македонија, стои на веб-страницата на Владата на Бугарија. Донацијата е на иницијатива на бугарскиот премиер Бојко Борисов, а се прави во соработка со бугарскиот Црвен крст и со бугарски компании кои доброволно обезбедиле прехранбени продукти и минерална вода. Ова е...

Бугарија ќе донира хуманитарна помош за мигрантите во Македонија

Хуманитарна помош за мигрантите што се сместени во транзитните центри на територијата на Македонија, денеска ќе донира Република Бугарија. Донацијата ќе биде предадена во транзитниот центар за мигранти што се наоѓа во Табановце, во близина на Куманово. Минатата недела бугарскиот премиер Борко Борисов во телефонскиот разговор со македонскиот претседател Ѓорге Иванов најави дека Бугарија ќе испрати хуманитарна помош за бегалците во Македонија.

Хуманитарна помош за 13.000 семејства во Алепо

Конвој од 26 камиони, довезе хуманитарна помош за 13.000 семејства во покраината Алепо, на северот на Сирија, која е погодена од неодамнешни борби, објави Меѓународниот комитет на Црвен крст. Испораката на хуманитарна помош од сириската Црвена полумесечина во градовите Азаз, Африн и Тал Рифат ќе биде најголема во оваа област. Во меѓувреме, и во болниците била испорачана нова помош. По примирјето...

ЕУ: Помош за Грција и за другите членки од 700 милиони евра поради мигрантите

Европската унија денеска објави дека има намера за Грција и за другите земји-членки да издвои 700 милиони евра итна хуманитарна помош за тие да се изборат со бегалската криза. Планот за пружање помош во Брисел го изнесе еврокомесарот за хуманитарна помош и за управување со кризата, Христос Стилијанидес. Како што пренесуваат светските агенции, средствата ќе бидат одобрени за наредните три години. -...

Сирија: 50.000 лица без храна и без вода

Во сириската провинција околу градот Алепо се наоѓаат околу 50.000 раселени лица, предупреди Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК). Хуманитарната ситуација рапидно се влошува, затоа што е отсечен доводот на вода. МКЦК во соопштението наведува дека рутите за достава на помош се отсечени и оти цивилите се наоѓаат под силен притисок. - Температурата е екстремно ниска и луѓето таму се без соодветно...

Кери ја повика Русија да престане да ги бомбардира сириските бунтовници

Американскиот државен секретар Џон Кери ја предупреди Москва да престане со бомбардирањето на сириските бунтовнички групи, откако разговорите меѓу опозицијата и претставниците на Дамаск пропаднаа во Женева. Кери на својот руски колега, Сергеј Лавров, во телефонски разговор му рекол дека резолуцијата на Советот за безбедност на ОН повикува на безусловен прекин на огнот во Сирија за да се овозможи хуманитарната...

Нов конвој хуманитарна помош за Мадаја

Нов конвој со хуманитарна помош утринава од Дамаск тргна кон градот Мадаја, кој е под опсада на сириските сили и во кој жителите гладуваат. Портпаролот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст потврди дека конвојот од околу 50 камиони со храна и со лекови тргнал од Дамаск. По реакциите на меѓународната јавност поради вестите за алармантната ситуација во Мадаја, сириските власти попуштиле и...

Утре пристига хуманитарната помош за сирискиот град Мадаја

Светската програма за храна (ВФТ) денеска соопшти дека помошта за сирискиот град Мадаја, кој е под опсада, треба да пристигне утре наутро, јавува „Би-Би-Си“. Во конвојот, според ВФТ, ќе има доволно храна и лекови за еден месец за околу 40.000 луѓе во Мадаја, град во близина на границата со Либан, кој е под контрола на бунтовниците. Страдањето на жителите на Мадаја...

Во Непал, лекари оперираат на улица

Луѓето во Непал се на улица уште од саботата, стравуваат од нови потреси. Хуманитарната помош е при крај, а гладта и жедта земаат замав. Ова го раскажува хуманитарниот работник Сантош Шарма, кој учествува во помошта на загрозените. Земјотресот, според официјалните информации, однесе 3.700 животи. Десетина илјади жители на Непал останаа без покрив над глава и стравуваат да се вратат во своите...

Со предност од над 140.000 илјади гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...