недела, 7 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: ХИВ | 42 резултати

Дезинформации за корона вирусот доаѓаат и од „лекари“

март 9, 2020

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од […]

Бесплатни тестирања за ХИВ во Скопје во рамките на Европската недела

ноември 22, 2019

Во рамките на одбележувањето на Европската недела на тестирање за ХИВ (22-29.11.2019), ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, организира неколку настани, во рамките на кои и ќе се врши бесплатно тестирање на заинтересираните за заразеност со ХИВ. Одбележувањето на Европската недела на тестирање за ХИВ почнува вечерва, со настанот „Минус или плус – […]

Бесплатни тестирања за ХИВ и сексуално преносливи болести

мај 17, 2019

Од денеска до 24 мај, под мотото „Тестирај. Лекувај. Превенирај“, се одржува пролетната Европска недела на тестирање, кон која се приклучува и здружението ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, за и кај нас да се зголеми бројот на луѓе кои се тестираат за ХИВ и за другите сексуално преносливи инфекции, како дел од […]

Од понеделник започнува Европска недела на тестирање за ХИВ

ноември 23, 2018

Европската недела на тестирање за ХИВ започнува од понеделник (23 ноември) до 30 ноември, кон која по петти пат се приклучува и здружението ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување. „ХЕРА е само една од над 600 организации од 53 европски држави кои учествуваат во активностите на Европската недела на ХИВ тестирање, со цел […]

ХЕРА: Потребна е поголема поддршка од владите и од донаторите во борбата против ХИВ

декември 1, 2016

Денеска се одбележува Светскиот ден за борба против сида. По овој повод денеска се одржа првиот дел од дводневниот регионален состанок на Југоисточна Европа за ХИВ, на кој учествуваат 50 претставници од Глобалниот фонд, државни институции, граѓанскиот сектор и претставници од заедниците од вкупно осум земји. „Целта на регионалниот состанок е да се дискутираат механизмите за […]

СДСМ: Власта на Груевски ја зголемува можноста за ширење на ХИВ

октомври 6, 2016

Власта на Никола Груевски ги става под ризик граѓаните, ја зголемува можноста за ширење на ХИВ и ги загрозува животите на пациентите кои веќе се лекуваат, обвини денеска Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ, на прес-конференција пред Собранието, каде се одржува протест против кратењето на буџетот за превенција од ХИВ. – Кратат неверојатни 59 отсто од средствата предвидени […]

Протест пред Собрание за зголемување на буџетот за превенција на ХИВ

октомври 6, 2016

Денеска пред Собранието ќе се одржи протест на неколку невладини организации, кои ќе бараат да се зголеми буџетот за превенција и за лекување на ХИВ. Како што најавуваат невладините и граѓанските организации, протестот ќе се одржи затоа што во буџетот за 2017 година, глобалниот фонд за ХИВ/сида, туберкулоза и маларија се повлекува. „Владата на РМ […]

Нов случај на вирусот ХИВ во Штип

април 12, 2016

Од клиниките во Скопје до Институтот за јавно здравје во Штип е пријавено дека кај 34-годишен штипјанец е утврдено дека е носител на вирусот на ХИВ. Пријавата стигнала пред десетина дена. Пациентот е заведен под шифра и освен полот и возраста, другите податоци не се познати. Со овој најнов случај во Штип, бројот на носители […]

Тодоров: Во Македонија ќе се легализира канабисот за медицински цели

декември 16, 2015

Министерот за здравство, Никола Тодоров, денеска соопшти дека Mинистерството за здравство, по опсежните јавни дебати, ќе поднесе предлог-закон за употреба на канабисот за медицински цели. – По изнесување на различни искуства и воочување на добивките и ризиците од употребата на канабис во медицински цели, денеска сакам да информирам дека Министерството за здравство во соработка со Агенцијата […]

Во Македонија регистрирани 28 нови случаи на ХИВ

декември 1, 2015

Годинава во Република Македонија со инфекција од ХИВ се регистрирани 28 нови случаи, а едно лице со напредната инфекција од вирусот е починато. Најголем број од новозаболените се лица од машки пол и се заразиле преку хомосексуален контакт. Од 1987 година кога е регистриран првиот случај на заболување од ХИВ во Македонија, досега, бројот на […]

Најголем број нови случаи на заболени од ХИВ во историјата на Европа

декември 1, 2015

Канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) надлежна за европскиот регион, регистрирала повеќе од 142.000 лица кај кои е дијагностициран ХИВ во 2014 година, што претставува најголем број нови заразени лица за една година досега, од почетокот на нивното евидентирање во 80-тите години. Според најновите податоци на Европскиот центар за превенција и за контрола на болести (ЕЦПКБ) и […]

Во Австралија паника од масовна зараза со ХИВ од стоматолошки ординации

јули 2, 2015

Повеќе од 11.000 лица денеска повикаа австралиските здравствени власти да се тестираат поради можна и многу веројатна зараза со ХИВ. Почнувајќи од лани во ноември, најмалку во 12 стоматолошки ординации инспекторите откриле дека хигиената и несоодветната стерилизација на инструментите се потенцијални извори за зараза со ХИВ и со хепатит. Досега нема докази дека неколкуте детектирани […]

Уште два нови случаи на ХИВ/СИДА во Штип

јуни 26, 2015

Во Центарот за јавно здравје од Штип неодамна стигнале пријави од Клиниката за инфективни болести од Скопје, за два нови случаи на заболени со ХИВ/СИДА од Штип. Се работи за маж и за жена од 21 и од 34 години. Во јавноста не се соопштува за начинот на кој била пренесена болеста. Заболените се тестирале […]

Македонија доби нов грант од 4 милиони евра за ХИВ/СИДА, туберкулоза и за маларија

март 14, 2015

Министерството за здравство го доби вториот дел од грантот од Глобалниот фонд за ХИВ/СИДА, туберкулоза и за маларија, во вредност од 4 милиони евра, кој ќе почне да се реализира во периодот 2015/2016 година, информираше денеска на прес-конференција министерот за здравство, Никола Тодоров. Втората фаза од 4 милиони евра е дел од грантот за периодот […]

Паметни телефони прават ХИВ-тест

февруари 9, 2015

Научниците од Универзитетот „Колумбија“ направиле додаток за паметни телефони кој врши тестирање на крвта за сифилис или за ХИВ за 15 минути. Додатокот може да се користи на кој било телефон „андроид“ или „ајфон“, а за да се направи тестот, потребно е корисникот да стави капка крв од прстот на пластичниот дел од додатокот и да […]

Туберкулозата е убиец број еден на ХИВ-позитивните лица

декември 1, 2014

Во Македонија, на 1 декември, по повод Светскиот ден за борба со сидата, здружението МЕРЦ организира настан за зголемување на свесностa за туберкулозата како водечка причина за смртност на ХИВ-позитивните лица во светот. Претстaвници на здружението ќе споделуваат информации и промотивни матерјали на повеќе локации на територијата на Скопје за населението да биде запознаено за  начините […]

Денес се одбележува Светскиот ден на сидата

декември 1, 2014

Денеска, во 11 часот, пред платото на Универзитет „Свети Кирил и Методиј“, ќе се одржи едукативен  настан (делење летоци и кондоми „дурекс“), по повод Светскиот ден на сидата. Мотото на настанот е „Уживај во животот, преземи контрола, Стоп СИДА“, а ќе го организира Сојузот на студенти по медицина на Македонија, во соработка со Студентскиот парламент […]

Во 2014 година, регистирирани 39 случаи на ХИВ/СИДА

ноември 29, 2014

Во 2014 година, во Република Македонија се регистрирани нови 39 случаи на ХИВ/СИДА. Од нив, 16  се заболени од СИДА, а 23 лица се ХИВ-позитивни, објави Институтот за јавно здравје. Тековната година регистрирани се и три смртни исходи од СИДА. Според структура по пол, 37 лица од заболените се мажи, а две лица се од женски пол. 20 од […]

Страна 2 од 2