fbpx
Таг: хеликоптер

таг: хеликоптер

(Видео) Хеликоптерски снимки на пустошот што го остави невремето

Министерството за внатрешни работи попладнево објави снимки направени од хеликоптер од подрачјата во Скопје и околината кои беа најмногу погодени од невремето. На видеоматеријалот се гледаат поплавени домови, земјоделски површини под вода, уништени куќи и автомобили. https://www.youtube.com/watch?v=R9KZ8EvzwrM&feature=youtu.be

Соборен руски хеликоптер во Сирија, нема преживеани

Пет лица загинаа откако сириските бунтовници урнаа руски воен хеликоптер „ми-8“, потврди Кремљ. На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои бунтовниците влечат голо тело на еден од членовите на екипажот, како и фотографии на кои се прикажуваат документите за идентификација на руските војници. Руски извори велат дека хеликоптерот го собориле бунтовничките сили по достава на хуманитарна помош во Алепо, додека се...

Турските војници изведени пред обвинител во Александруполи, утре одат на судење

Осумте турски војници што побараа азил во Грција, во моментов се изведени пред обвинител во Александруполи. Во зависност од изјавите и од одлуката на обвинителството, војниците утре најверојатно ќе бидат изведени пред суд со обвинение дека нелегално влегле во државата и направиле обид за нарушување на меѓународните односи меѓу Грција и Турција. Хеликоптерот со кој слетаа во Грција вчера доцна вечерта...

Грција ги разгледува барањата за азил на осумте војници – пучисти од Турција

Грција ќе ги разгледа барањата за азил на пучистите од Турција во согласност со меѓународните процедури за азил. Ова го изјави потпаролот на грчката влада, Олга Геровасили, за случајот на осумте турски војници кои денеска напладне слетаа во Александруполи со турски воен хеликоптер и побараа грчки азил. Војниците беа уапсени од грчката полиција за нелегален влез во државата и се...

Турски воен хеликоптер слета во Александруполи

Седум турски војници и еден цивил побараа политички азил во Грција. Осумтемина беа во турски воен хеликоптер, кој побара дозвола од грчките власти за вонредно слетување во Александруполи. Според информациите на грчката агенција АПЕ, веднаш штом слетале, турските државјани побарале политички азил во Грција. Сите се приведени и однесени во полицијата во Александруполи. Хеликоптерот емитувал сигнал дека се наоѓа во опасност...

Делегација на МВР оддаде почит на пилотите што загинаа кај Струмица

Делегација на Министерството за внатрешни работи, денеска оддаде почит на загинатите пилоти Драги Мицев, Иљо Лопатички, Марјан Трајковиќ и Тоде Орешков на спомен-обележјето во аеродромската база Брест во Петровец, соопштија од МВР. Делегацијата на МВР била придружувана од семејствата на трагично загинатите пилоти. Хеликоптерската несреќа се случи на 10 јули 2014 година кај Струмица.

Падна воен хеликоптер на Обединетите Арапски Емирати, загинаа две лица

Се урна воен хеликоптер на Обединетите Арапски Емирати, при што загинаа пилотот и копилотот, соопштија официјални воени лица. Причината за падот и типот на хеликоптерот сè уште не се познати. - Несреќата се случила за време на рутински лет над меѓународните води – се наведува во соопштението на војската на ОАЕ. ОАЕ, една од најдобро воено опремени земји, е дел од меѓународната коалиција предводена...

Четворица загинати при пад на хеликоптер на романската итна помош

Во село на југот на Молдавија се урнал хеликоптер на романската итна помош, при што загинале четири лица. Според официјални лица во Молдавија, хеликоптерот се урнал поради магла, во близина на шума. Портпаролот на итната служба на Романија, Џорџ Ханган, изјави дека хеликоптерот пренесувал болно лице од тој регион во молдавскиот главен град Кишинев. Романија има договор со Молдавија за превоз на пациенти во итни случаи.

Четворица загинати при пад на француски полициски хеликоптер

Четворица припадници на француските специјални сили загинаа при уривање на хеликоптер во југозападна Франција. Хеликоптерот удрил во карпа во близина на местото Котрет при што загинаа сите четири членови на екипажот, односно пилотот, копилотот и двајца спасувачи. Причината за несреќата се уште не е позната. Премиерот Мануел Валс преку „Твитер“ изрази сочуство до семејствата на загинатите.

ПКК веројатно го урнала турскиот воен хеликоптер

Курдската работничка партија (ПКК) најверојатно е одговорна за минатонеделниот пад на турскиот воен хеликоптер, при што загинаа осум војници, соопштија денеска турската војска. Како што се наведува во соопштението, хеликоптерот бил погоден со ракета земја-воздух, која најверојатно била истрелана од припадници на ПКК. Турските медиуми јавуваат дека се уште е во тек истрагата за уривањето на  хеликоптерот, кој бил во мисија.

Се урна воен хеликоптер во Алжир – загинаа 12 војници

Дванаесет алжирски војници загинаа во пад на хеликоптер, објави алжирското министерство за одбрана. Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во покраината Адрар, на југозападот на земјата и оти уште двајца војници се повредени. Истрагата е во тек, но причина за несреќата веројатно е лошата видливост која е последица на песочните бури кои во последните денови го зафатија регионот.

Во пад на хеликоптер во Русија загинаа шест лица

Во пад на хеликоптер Мил Ми-8 на истокот на Русија загинале најмалку шест луѓе, соопшти руската агенција за воздухопловство „Росавијација“. Во хеликоптерот на авиокомпанијата „Восток“ се наоѓале 13 патници и тројца членови на екипажот. Леталото требало да пристигне на крајната дестинацијата во 10 часот и 20 минути по московско односно во 9.20 по средноевропско време. Бидејќи екипажот не комуницирал со надлежните...

Најмалку 11 мртви во пад на хеликоптер во Пакистан

Најмалку 11 лица загинаа во пад на воен хеликоптер во планискиот регион во Северозападен Пакистан, соопшти пакистанската полиција. Хеликопотерот кој служел за пружање медицинска помош, бил на пат кон североисточниот дел на областа Гилгит кога се срушил во близина на дистриктот Мансехра, рекол полициски службеник. Тој навел дека спасувачите досега од урнатините извлекле 11 тела и додал дека причината за несреќата е...

Во хеликоптерска несреќа на Хаваи загина еден војник

Хеликоптер „МВ-22 оспреј“ на американската морнарица доживеа несреќа при принудно слетување на Хаваи, при што загина еден војник, а 21 се повредени. За време на принудното слетување, хеликоптерот се користел за обука во воздухопловната база во Беловс на островот Оахо. Причината за несреќата се истражува.

Пронајден американскиот хеликоптер во Непал

Воените спасувачи на местото каде се урна американскиот хеликоптер, пронашле три тела, соопшти непалскиот министер за одбрана Исвор Поуџал. Претставникот на непалската Армија посочи дека во хеликоптерот имало осум лица, но засега не е познато дали некој од останатите лица преживеале. Маринците ги забележале остатоците од хеликоптерот во близина на село, на надморска височина од 3.400 метри на стрмната падина, а...

Хеликоптерите над Скопје денеска имале „рутински ниски прелети“

Хеликоптер „МИ-8“ на безбедносните сили денеска претпладне, ниско прелетувајќи го привлече вниманието на скопјани. На прашање на „Мета“, во врска со прелетите, помошникот-министер за односи со јавност на МВР, Иво Котевски, вели дека не може да потврди дека хеликоптерот е на МВР, но и дека до него не е пристигната никаква информација за евентуален настан, за кој би била неопходна воздушна...

Шест патници и едно бебе загинаа во хеликоптерска несреќа во Белград

Во хеликоптерска несреќа, која синоќа се случи во близина аеродрмот „Никола Тесла“ во Белград, загинаа седум патници, меѓу кои и едно бебе. Леталото тргнало од Рашка, кадешто било ангажирано во спасување бебе, родено пред пет дена. Посадата на воениот хеликоптер требало да го спаси бебето кое било заглавено на пат кон Крагуевац во возило на итната медицинска помош, а кое не можело...

Флорида: Се урна воен хеликоптер, се трага по четири маринци и по седум војници

Четири американски маринци и седум војници се сметаат за исчезнати откако се урна хеликоптер за време на воена вежба во американската сојузна држава Флорида. Како што јавува „Си-Би-Ес њуз“, воениот хеликоптер „ЦХ-60Н блекхок“ се урнал за време на ноќната вежба во воздухопловната база Еглин. Хеликоптерот е пријавен за исчезнат околу 20.30 часот, а остатоците од хеликоптерот се пронајдени околу два...

Хеликоптер со хашиш се урна во Шпанија

Во јужниот дел на Шпанија, во близина на шпанскиот град Кортес де ла Фрондера, денеска се урна хеликоптер полн со хашиш, при што загинаа двајцата пилоти. Според полициските извештаи, хеликоптерот се урнал откако се удрил во електричен столб. Засега не се знае која криминална група го поседувала хеликоптерот, кој превезувал меѓу 800 и 900 килограми хашиш.

Седумгодишнина од хеликоптерската несреќа кај Катлановско блато

Денеска во касарната „Страшо Пинџур“ ќе се одбележи седумгодишнината од трагичната хеликоптерска несреќа кај Катлановско блато, во која загинаа 11 припадници на Армијата. Делегации од Министерството за одбрана, Генералштабот на АРМ и од Здружената оперативна команда (ЗОК) на АРМ, припадници на Воздухопловната бригада на АРМ, како и членови на семејствата на загинатите војници, ќе положат венци цвеќе на спомен -бележјата...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...