fbpx
Таг: хеликоптер

таг: хеликоптер

Сите трагични воздухопловни несреќи на територијата на денешна Македонија

Авионската несреќа во која вчера кај Бегово Поле под Солунска Глава загина четиричлено семејство од Бугарија, кои летале со мал авион „Cessna P210“ е најновата во серијата воздухопловни несреќи кои се случиле на територијата на денешна Северна Македонија. Најголемата ваква несреќа се случи на 22.11.1993 година, кога патнички авион „Јак-42Д“ на македонскиот авиопревозник „Авиоимпекс“ се урна поради грешка на...

Повисока плата за 5% за вработените во градинките од октомври

На денешната 89. седница, Владата го задолжила Министерството за труд и социјална политика да почне подготовки за покачување од 5% почнувајќи од октомвриската плата на повеќе од 4.200 вработени во детските градинки. Како што соопштија од Владата, донесена е и одлука за продолжување со изградбата и опремувањето на 145 училишни спортски сали и рехабилитација на средни и основни училишта. Била разгледувана...

Загинаа двајца пилоти при уривање на бугарски воен хеликоптер

Двајцата пилоти ги загубија животите, а техничар е тешко повреден во синоќешната несреќа во Бугарија, кога се урна воен хеликоптер „Ми-17“. Според бугарските медиуми, несреќата се случила вчера во воената авиобаза „Крумово“ кај аеродромот во Пловдив, кога хеликоптерот кој бил на тренажен лет се сршуил на земја од височина од околу 30 метри. Животите ги загубиле командирот на екипажот, капетан...

МВР: Се трага по маж и жена на планината Ниџе, не се знае во каква состојба се

Според тоа што е пријавено околу 3 часот утрово. на планината Ниџе од страна на Република Грција се губи трагата на двајца планинари, жена и маж, кои биле во поголема група. По дојавата, почната е постапка за нивно откривање, во која покрај македонската страна се вклучени и грчките погранични служби. Македонското МВР нивните мобилни телефони ги лоцирало на 100...

Четворица загинати во судир во воздух на хеликоптер и авион во Германија

Во страотна воздухопловна несреќа што се случи во Германија, кога во градот Филипсбург се судриле хеликоптер за итна помош и мал авион, четири лица ги загубиле животите. Несреќата се случила денеска во регионот Карлсруе во покраината Баден-Виртемберг, во близина на нуклеарна централа, а причините за судирот во воздух засега се непознати.

Во хеликоптерска несреќа во Индија загинаа седум лица

Седум лица загинаа откако индиски воен хеликоптер се урна во зафрлен дел на североистокот на Индија. Како што соопшти полицијата, хеликоптерот се урнал во планинското подрачје Таванг, во индиската сојузна држава Аруначал Прадеш, која се граничи со Кина. Припадници на војската и на полицијата се на местото на несреќата, но засега не се знае причината за уривањето на хеликоптерот.

Дождот го изгасна големиот пожар во Хрватска кај Омиш, предизвикувачот е приведен

Дождот кој заврна утринава, помогна да биде речиси изгаснат големиот пожар кај градот Омиш во Хрватска, кој бил подметнат, јавуваат хрватските медиуми. Екипите од пожарникари, војници и локално население уште се борат со поединечни жаришта, односно внимаваат да не почне ново разгорување. Припадници на хрватската армија беа испратени како помош на пожарникарите во гаснење на големиот пожар во близина на...

Пожарот околу Македонски Брод сè уште е активен, евакуирани неколку жители на Растеш

Пожарот кај селото Требовље, во близина на Македонски Брод, сè уште е активен и го гаснат хеликоптери на Армијата на Македонија, два „канадери“ од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), а на помош пристигнал и хеликоптер од Бугарија. Пожарот попладнево се доближил до Лутоец и до селото Растеш, поради што биле евакуирани возрасна жена и болно дете. Пожарот кај Требовље е активен две недели, а шумски...

Обвинителство почна истрага за уривањето на хеликоптерот кај Струмица во 2014 година

По три години од хеликоптерската несреќа кај Струмица, во која загинаа четворица пилоти, Основното јавно обвинителство – Струмица почнало истражна постапка против три лица. На 10 јули 2014 година, се урна хеликоптер тип „ми 17 в5“ со регистарска ознака МАП 7712, во сопственост на МВР Скопје. Загинаа пилотите Драги Мицев, Марјан Трајковиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички. „Бројните прибрани докази и...

Се урна хеликоптер во Грција, загинаа две лица

Цивилен хеликоптер се урнал северно од Атина, при што загинале две од трите лица што биле во него, јавија грчките медиуми. Пожарникарите кои интервенирале на местото на несреќата, близу Маратон, на 40 километри северно од Атина, велат дека по падот на леталото во мочуришното подрачје, едно од лицата излегло од урнатиот хеликоптер, а другите двајца биле пронајдени во леталото во...

Се урна бугарски воен хеликоптер, загина пилот

Еден од пилотите на бугарскиот воен хеликоптер кој денеска се урна во водите на Црното Море при воена вежба почина од повредите во Воената болница во Варна, а другите двајца се исто така повредени, но се во стабилна состојба, јавија бугарските медиуми. Пред падот околу 12.30 часот, хеликоптерот „Пантер“ имал мал судир со еден од бојните бродови што учествувале на...

Се урна полициски хеликоптер во Турција, во него имало и двајца судии

Турски полициски хеликоптер се урнал синоќа во источната провинција Тунчели, јави турскиот весник „Хуријет дејли њуз“. Засега не е позната причината за падот на хеликоптерот, иако се претпоставува дека е последица на лошите временски услови. Како што јавуваат турските медиуми, хеликоптерот исчезнал од радарите еден час пред да падне. Хеликоптерот превезувал седум полициски претставници, двајца судии и тројца членови на екипажот,...

Се урна хеликоптер на војската на САД во Мериленд, еден загинат и двајца повредени

Американски воен хеликоптер од типот „УХ-60 блек хок“ ноќеска се урнал на терен за голф во сојузната држава Мериленд, за време на рутински лет, при што едно лице загинало, а две биле повредени, соопштила армијата на САД, јавуваат светските агенции. Причините за несреќата засега не се познати, соопштиле од американската војска. Според информациите во медиумите, тројцата членови на екипажот на хеликоптерот спроведувале...

Соборен хеликоптер на ирачката војска, загинаа двајцата членови на екипажот

Ирачката влада денеска соопшти дека екстремисти на Исламска држава собориле хеликоптер на ирачката војска над Мосул, при што загинале двата члена на екипажот. Министерството за одбрана на Ирак наведува дека инцидентот се случил за време на преземањето на градот од рацете на ИД. Во соопштението се наведува дека хеликоптерот е погоден со оган од земја и дека паднал на истокот на...

Четири лица загинаа во лавина на западот на Австрија

Четворица скијачи загинаа денеска, кога лавина затрупала група од осум лица, на западот на Австрија, потврди полицијата. Според надлежните, другите четворица преживеале и биле евакуирани со хеликоптер. По потрагата, спасувачките служби успеале да ги извлечат телата на настраданите скијачи, за кои се верува дека се Швајцарци. Несреќата се случила во близина на врвот Јохгрибенкоф, на 2.450 метри надморска височина. По оваа несреќа, бројот...

Тројца турски војници ќе бидат екстрадирани од Грција

Тројца од осумте турски војници што бараа азил во Грција по обидот за воен удар против Ердоган ќе бидат екстрадирани назад во Турција. Грчкиот апелационен суд денеска одлучи тројца од војниците да бидат вратени во Турција бидејќи смета дека се виновни за обид за уривање на турската влада, опструкција на работата на собранието и за кражба на хеликоптер. Одлуката предизвика големо изненадување...

Петмина загинати во пад на ирански хеликоптер

Пет лица загинаа во пад на ирански хеликоптер кој се урна во Карипско Море, соопшти државната иранска телевизија. Пронајдени се телата на четворицата членови на екипажот и на еден цивил, како и делови од хеликоптерот, но засега не се знае причината за падот. - Причината за падот на авионот ќе ја знаеме кога ќе ја пронајдеме црната кутија – велат официјални владини...

Хеликоптер се урна врз куќа во Сочи, има загинати

Едно лице загина, а пет се повредени откако хеликоптер падна на куќа во Сочи, соопшти денеска началник на итната служба на регионот. - Хеликоптер „ас-50“ падна на покрив на куќа во улицата Цимљанска. Според првичните информации, повредени се пет лица, а едно загина – рече извор во службата за вонредни состојби. Тој рече дека хеликоптерот е делумно оштетен, нема пожар, но се...

Најмалку 19 загинати во пад на руски хеликоптер во Сибир

Најмалку 19 лица загинале во пад на руски хеликоптер во Северозападен Сибир, јавуваат светските медиуми, повикувајќи се на официјални претставници на Москва. Хеликоптерот од типот „ми 8“, кој превезувал 22 работници, се урнал вчера во регионот Јамало-Ненетски во Сибир, пренесува „Би-би-си“. Рускиот претседател Владимир Путин им изразил сочувство на роднините на жртвите, соопштил неговиот портпарол. Тројца од преживеаните патници биле хоспитализирани, а...

Се запали хеликоптер на британското Кралско воено воздухопловство

Хеликоптер за обука на британското Кралско воено воздухопловство денеска морал принудно да слета на планински врв во Велс, по што се запалил, соопшти британското Министерство за одбрана. Сите четири лица кои биле во хеликоптерот Грифин безбедно го напуштиле леталото во кое се појавило „технички проблем“, стои во соопштението и се додава дека хеликоптерот по слетувањето се запалил. На снимките, кои ги...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...