fbpx
Таг: Гугл

таг: Гугл

„Гугл“ под закана за тужба од шест милијарди долари

Наскоро „Гугл“ ќе треба да се соочи со многу голема и многу скапа судска битка со казна од шест милијарди долари. Европскиот регулатор за монополи одлучил да поднесе формална тужба која „теоретски“ би можела да има огромни парични последици за компанијата. Регулаторите во Европа го набљудуваа „Гугл“ повеќе од четири години и, наводно, заклучиле дека компанијата го користела огромното влијание за да...

Часовникот на „Епл“ постави нов рекорд

Гигантот „Епл“ успеа да продаде повеќе паметни часовници во еден ден отколку што „Гугл“ успеал да продаде паметни часовници „андроид веар“ за цела година, пишува „Бизнис инсајдер“. Сите продавачи што го користат оперативниот систем на паметните часовници на „Гугл“ минатата година продале 720.000 примероци, додека „Епл“ во првиот ден продал 957.000 часовници.

„Гугл“ сака да го укине роамингот

На почетокот од годинава се појавија гласини дека „Гугл“ планира да влезе на пазарот на мобилни оператори. Сега се појавуваат информации за нивното решение за роаминг. Иако цените на роамингот почнаа да се намалуваат, повиците, пораките и мобилниот интернет во странска држава претставуваат голем трошок за многу корисници. „Гугл“ сака да застане на патот на овие трошоци и да го реши проблемот за...

„МИТ Технолоџи ривју“ рецензира студија на македонски научници

Студентката Верица Лазова и нејзиниот професор Ласко Баснарков од Факулетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), нашле нов начин да го искористат популарниот алгоритам за рангирање на интернет-страници на „Гугл“, овојпат за правење ранг-листа на најдобрите фудбалски репрезентации на сите времиња. Рецензија на нивната студија пред десетина дена објави престижниот портал „МИТ Технолоџи ривју“(MIT Technology Review). За да создадат комплетно...

„Нексус 5“ повлечен од продажба

„Гугл“ официјално го повлече од продажба телефонот „нексус 5“. Компанијата уште кон крајот на декември минатата година соопшти дека од 11 март, претходната генерација „нексус 5“ ќе биде повлечена од нивната официјална веб-страница. Моделот кој го произведува „Ел-Џи“ имаше голем успех меѓу корисниците, пред сè поради солидниот хардвер и ниската цена. Наместо тоа, сега е достапен само моделот „нексус 6“, кој го произведува „Моторола“ и...

„Гугл“ со „андроид“ ќе ги освојува бизнис-корисниците

Американскиот интернет-пребарувач „Гугл“ лансираше програма која овозможува паметните телефони што користат оперативен систем „андроид“ да бидат прилагодени за професионална употреба. „Гугл“, на својот официјален блог, објави дека програмата „андоид за работа“ (Android for Work) ќе обезбеди подобрена безбедносна алатка и функции наменети за компании кои сакаат да ги опремат своите вработени со уреди со оперативен систем „андроид“. Паметните телефони со оваа поддршка ќе...

„Јутјуб кидс“ прилагоден за деца

„Јутјуб“ ја претстави новата верзија на сервисот наменет за деца. „Јутјуб кидс“ е достапен за преземање преку „ап стор“ и „гугл плеј“. Досега „Јутјуб“ за родителите претставуваше меч со две острици. На платформата веќе постојат многу содржини прилагодени за деца, но не и ефикасен начин за уредување кој ќе ги заштити децата од непримерни содржини. „Гугл“ наведува дека „Јутјуб кидс“ не...

„Гугл стрит вју“ отсега и на Гренланд

Островот Гренланд важи за едно од најнепристапните места за живот, а компанијата „Гугл“ одлучи да го сними за својот сервис „стрит вју“. Гренланд стана 66 земја на светот која „Гугл“ ја сними и овозможи нејзин преглед низ својот популарен сервис. Државата која брои нешто повеќе од 50.000 жители, во најголем дел од годината е окована во мраз, поради што се одликува...

„Гугл“ го купи „Одиси“

Сервисот за бекап, синхронизација и за споделување мултимедијални податоци меѓу повеќе уреди, „Одиси“, го смени сопственикот. Новиот сопственик е „Гугл“, кој планира да го имплементира во својата социјална мрежа „Гугл+“. На интернет-страницата на „Одиси“ веќе е објавена порака која им објаснува на постојните корисници дека „одиси платформ тим“ наскоро ќе стане дел од „Гугл+ тим“. Исто така, им се заблагодаруваат...

„Гугл“ ќе ги пребарува и „твитовите“

Американската микроблог-мрежа „Твитер“ склучи договор со „Гугл“ благодарение на кој нивните кратки пораки ќе бидат повидливи на интернет. „Во текот на првата половина на годината, „твитовите“ ќе се појавуваат во резултатите од пребарувањето на „Гугл“, благодарение на согласноста која друштвената мрежа ја даде за пристап до објавите што ги поставуваат нивните корисници“, објави „Блумберг“. „Гугл“ претходно мораше сам да ги пребарува информациите на „Твитер“,...

И „Гугл“ наскоро ќе преведува говор во живо

Компанијата „Мајкрософт“ неодамна на својот „скајп“ ја претстави можноста за преведување човечки говор, а се чини дека таа опција наскоро ќе ја воведе и „Гугл“, пишува „Њујорк тајмс“ . „Гугл“ наскоро треба да ја објави новата верзија на „гугл-преведувачот“ за „андроид“, а надградбата вклучува и систем кој автоматски препознава говор од најпознатите јазици и ги преведува во текст. „Гугл-преведувачот“ веќе...

„Гугл“ добил 345 милиони барања за повлекување на интернет-страници

Компанијата „Гугл“ во 2014 година добила повеќе од 345 милиони барања за повлекување на интернет-страници од својот пребарувач поради авторски права. Бројката е за 75 отсто поголема во споредба со 2012 година, а се очекува да порасне во 2015 година. Кога станува збор за домеини кои најмногу се погодени со обвиненија за кршење на авторските права тоа се 4shared.com, rapidgator.net и uploaded.net....

Робин Вилијамс е најпребаруван поим за 2014 година

Во 2014 година, на „Гугл“ најпребaрувани поими се поврзани со најважните и најинтересните настани што ја одбележаа изминатата година. Прва најпребарувана тема е самоубиството на актерот Робин Вилијамс. Втор најпребаруван поим е Светското првенство во фудбал, а трет најактуелен е за ебола, смртоносниот вирус што ја зафати Африка. На четврто место е исчезнувањето на авионот на „Малезија еирлајнс“, на петто...

Паметниот автомобил на „Гугл“ вреди милиони, а изгледа како играчка

На крајот на оваа година, „Гугл“ и официјално стана автобилска компанија, откако го претстави прототипот на својот прв автомобил кој нема да има потреба од возач. За да го направат овој автомобил, им биле потребни десет години и милијарди потрошени години за да го соберат целото знаење и технологија што им овозможиле да го произведат. Речиси е идентичен со моделот што го промовираа...

Во февруари ќе пристигне новата верзија на „андроид“

Повеќето корисници на уредите „андроид“ уште со нетрпение очекуваат да ја добијат лолипоп-верзијата на оперативниот систем, а веќе на интернет се појавија гласини дека „Гугл“ подготвува нова верзија. Според неименувани извори, а наводно се работи за лица добро упатени во целата ситуација со идната верзија, според кои, новата верзија на оперативниот систем „андроид“, треба да донесе повеќе подобрувања, како и...

„Хромкест“ ја победи „Епл ТВ“ во САД

Популарниот гаџет на „Гугл“ со минијатурни димензии, „хромкест“, се чини дека е особено популарен меѓу американските корисници. Според податоците на компанијата „Паркс асошејтед“, до септември годинава „хромкест“ држел 20 отсто од пазарот за прикажување мултимедијални содржини, со што се најде пред ТВ-сервисот „Епл“, кој држи 17 отсто. За споредба, минатата година „хромкест“ не беше ниту меѓу првите пет. Околу 10 отсто...

Паметните очила на „Гугл“ ќе добијат интел-чип

Идната верзија на паметните очила „гугл глас“ би требало да користи интел-процесор. Новите „гугл глас“, наводно, ќе бидат претставени следната година. Досегашните чипови на компанијата „Тексас инструментс“, кои се наоѓаат во последната верзија на паметните очила, ќе бидат заменети со неименуван процесор „интел“. Тавиот развој на настаните, наводно, е дел од новата стратегија на „Интел“ за појава на пазарот на...

ЕУ бара „Гугл“ да се подели

Европскиот парламент со мнозинство гласови изгласа поделба на бизнисот на „Гугл“ во Европа. За усвојувањето на необврзувачката резолуција, со која Европска Унија бара од американскиот пребарувач одвојување на комерцијалните услуги од останатиот дел од активности, гласаа 384 пратеници, додека само 174 беа против. Европскиот парламент нема овластување да наложи поделба на „Гугл“, но ваквиот потег е дополнителен показател за влошување на...

Претставничкиот дом на САД ќе гласа за голема помош за Украина, Израел и Тајван

По неколку месеци одложување, Претставничкиот дом на САД е подготвен да гласа за американска воена помош од десетици милијарди долари за Украина и Израел овој викенд. Предлогот предвидува 60,8...