fbpx
Таг: ѓубре

таг: ѓубре

Опомени и казни за студентите кои ќе фрлаат ѓубре во „Пелагонија“

Екипите на „Комунална хигиена“ денеска и утре ќе го чистат дворот на Студентскиот дом „Пелагонија“, откако на социјалните мрежи се појавија фотографии од дворот на студентскиот дом полн со ѓубре. Директорот на домот, Бујар Муртезани, најави дека во иднина студентите кои ќе фрлат отпад во дворот ќе се соочат прво со опомена, потоа со парична казна, а доколку не го...

Општина Тетово сокрива податоци за Општинскиот инспекторат

Општина Тетово одбива да разоткрие детали за работата, структурата и за вработените во Општинскиот инспекторат, непочитувајќи го своето ветување дека ќе биде транспарентна, пишува „Порталб“, посочувајќи дека овие податоци треба да бидат јавни, бидејќи вработените се плаќаат од народни пари. Редакцијата пред повеќе од еден месец, врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, поднела барање...

Пренатрупаните контејнери во Тетово се нефункционални и треба да се заменат

Околу 80 отсто од контејнерите во Тетово немаат капаци и од нив се шири лоша миризба, а бидејќи не се чистат и не се одржуваат навремено се преполнуваат. Ситуацијата уште повеќе ја влошува фактот што отпадот што е фрлен во нив не е селектиран и затоа се преполнуваат со најразлични материјали, пишува „Порталб.мк“. Во Тетово има 522 контејнери, додека само...

Ќе се чека нов тендер за чистењето на коритото на Пена во Тетово

Купиштата отпадоци во коритото на реката Пена во Тетово ќе останат таму уште некое време, бидејќи, како што велат од Општина Тетово, ниту една компанија не се пријавила на тендерот за чистење на речното корито во долниот тек и за изградба на насип, пишува Порталб.мк. „Станува збор за изградба на насип на крајот од течението на реката, на излезот од...

Закинтос ги загуби сите 18 Сини знамиња

На Закинтос, еден од најпопуларните острови во Јонсокото море, му се одземени сите Сини знамиња. Локалните медиуми јавија дека Хеленското друштво за заштита на природата и Советот за туризам ги отстраниле сите Сини знамиња од островот Закинтос по жалбите дека плажите на кои им се доделени овие признанија не ги исполнуваат критериумите. Сино знаме за плажи и марини е меѓународен...

„Комунална хигиена“ ќе го преземе чистењето на Клинички центар

Екипи на јавното претпријатие „Комунална хигиена - Скопје“ утрово спроведоа чистење на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, а како што велат од Град Скопје, планирано е ова претпријатие да го преземе чистењето на болничкиот комплекс. Но за тоа да се случи ќе треба да „ги решиме правните аспекти на набавката“, велат од Град Скопје, апелирајќи граѓаните повеќе да внимаат на...

Филипче: „Комунална хигиена“ од денеска го расчистува ѓубрето во Клинички центар

Со градоначалникот на Град Скопје, постигнавме договор од денеска ЈП „Комунална хигиена“  да почне да го расчистува ѓубрето во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, односно дивата депонија кај Ургентен центар, а направивме и договор и во следниот месец тековно да се расчистува ѓубрето, сè додека не се избере на тендер фирма што ќе го врши чистењето, рече министерот...

Бејли, Герет, Пломп, Османи и граѓани собираа ѓубре на кејот на Вардар

Холандскиот амбасадор Ваутер Пломп, амбасадорот на Велика Британија Чарлс Герет и американскиот амбасадор Џес Бејли, заедно со вицепремиерот Бујар Османи денеска на кејот на Вардар зад Луна паркот го чистеа расфрланиот смет во еко акцијата, која трета година по ред ја организира амбасадата на Кралството Холандија заедно со „Пивара“ и „Пакомак“. Ова е трета по ред волонтерска еко-акција што ја...

#Одговорност е градот да не изгледа како голема канта за отпадоци

Недостигот од канти за отпадоци е голем проблем со кој се соочува скопската општина Чаир. Во нивно отсуство, ѓубрето смрди низ улиците на главниот град. Граѓаните што живеат во овој реон ги обвинуваат Општината и претпријатието за комунална хигиена дека го занемаруваат проблемот, но, исто така, и неодговорните граѓани. На главните улици воопшто нема канти за отпадоци, а и некои што...

Подземен контејнер пред споменикот на Григор Прличев во Охрид

По Струга и Дебар, како дел од проектот на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, и во Охрид ќе бидат поставени три подземни контејнери во централното градско подрачје. Локациите биле предложени од секторот за комунални дејности, сообраќај и улици и од секторот за урбанизам на Општината, а биле усвоени на седница на Советот на Охрид. Охридската јавност реагира на избраната локација...

Тетовскиот отпад повторно се носи во Русино

Блокадата за тетовскиот смет кон депонијата Русино е отстранета. Од саботата навечер камионите на Јавното комунално претпријатие „Тетово“ го носат сметот во Русино бидејќи жителите на гостиварските села постигнаа договор со Центарот за Полошки плански регион за исполнување на минимум услови за носење и за депонирање на смет во депонијата во Русино. - Договорот за носење и за депонирање смет кој...

Претоварната станица во Тетово претворена во планина од отпад

Поради блокадата кон Русино која важи за камионите на јавните комунални претпријатија од полошко, но и отежнатото носење на тетовскиот отпад до депонијата „Дрисла“, на претоварната станица за смет во Тетово, секојдневно се трупаат стотици тони отпад. Граѓаните кои живеат во близина на станицата стравуваат од појава на заразни болести. - Па има многу ѓубре на депонијата, многу смрдеа доаѓа оттаму,...

Чести пожари на тетовската дива депонија

Територијалната противпожарна единица Тетово деновиве постојано интервенира во гасење пожари, кои често се појавуваат на дивата депонија што се наоѓа на влезот од градот. Пред два дена интервенирале пет пати во гасење пожар кај депонијата. - Наша работа е да интервенираме во гасењето на пожарот, но има некој несовесен кој ја пали депонијата. Не можам да сфатам каква корист има од тоа...

Ребаланс на буџетот ќе го реши штрајкот на беровските комуналци

Преку ребаланс на општинскиот буџет, ќе се решаваат долговите на Јавното комунално претпријатие „Услуга“ од Берово, чии работници веќе четврти ден штрајкуваат, барајќи ги неисплатените четири плати. Ова е одлуката на синоќешната вонредна седница на Советот на Општина Берово. Зголемување на цените на водата и на другите комунални услуги, исто така, според претседателот на Советот, Јован Матеничарски, е едно од можните...

Охрид: „Кој фрла ѓубре е магаре“

Првомајските празници ја оставија вообичаената слика на охридското крајбрежје: свежи отпадоци, пластични шишиња, кеси, стари душеци, тоалет-хартија, храна... Годинава сезоната со убавото време за Велигден и за 1 Мај како да почна парано, плажите се полни со гости и со охриѓани кои се релаксираат на благото сонце. Факт е дека на плажите нема написи „Забрането фрлање отпадоци“, но зарем стигнавме до...

Монт Еверест стана голем контејнер

Повеќе од 700 алпинисти, туристи и високогорски водичи Шерпаси, кои секоја година минуваат повеќе од два месеци на падините на Еверест во текот на сезоната за искачување, оставаат зад себе големи количества секаков отпад, меѓу кој и измет, а проблемот сè уште не може да се реши бидејќи дури минатата година е донесен пропис, според кој, секој што се враќа...

Охридско Езеро исфрли огромни количества отпад

Огромни количества пластични шишиња, хартија, трска и друг вид отпад, подигнаа во изминативе два дена екипите на ЈП „Охридски комуналец“. Се проценува дека Охридско Езеро од своите длабочини исфрлило најмалку 30 кубни метри отпад, по должината на градскиот кеј, на потегот од пристаништето до Холандскиот парк. Во акцијата беше ангажиран ровокопач, два камиони за товарење и за транспорт на отпадот, три комунални...